
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Дали ова е новата Голема Тројка? На Лука Дончиќ и Леброн Џејмс им се придружи ДеАндре Ајтон, кој неодамна беше отпуштен од Портланд. Искусниот центар ќе потпише двегодишен договор со ЛА Лејкерс и ќе заработи вкупно 34.000.000 долари. Центарот од Бахамите има 26 години, а влезе во лигата во 2018 година кога беше прв избор на драфтот – пред Лука Дончиќ, Џарен Џексон, Треј Јанг… Тој беше земен од Феникс, каде што долго време беше втора офанзивна ...
Легендарниот Уругваец, Луис Суарез веројатно во декември ќе стави крај на својата блескава играчка кариера. Како што денеска пренесуваат медиумите во Шпанија, актуелниот напаѓач на Интер Мајами на крајот на оваа 2025 година му истекува договорот со клубот од МЛС и потоа нема намера веќе истиот да го продолжува или да бара нов клуб. Суарез има веќе 38 години и на своите блиски им најавил дека е ДОСТА со играчката кариера. Да потсетиме дека ...
Баерн Минхен сè уште не се откажува од идејата да го доведе ова лето Нико Вилијамс. Ова го тврдат медиумите во Каталонија. И покрај желбата на играчот да се пресели во Барселона, „Баварците“ сакаат да ја искористат лошата финансиска состојба на шпанскиот шампион и евентуалната регистрација на играчот, која е неизвесна во овој момент. Поради ова Баерн Минхен ја зголеми својата понуда за крилниот напаѓач, наводно за плата од само 12 милиони евра ...
Пред почетокот на четвртфиналните мечеви на Светското првенство за клубовиви во САД, Опта пресмета дека тимот на Челзи има најголеми шанси за освојување на турнирот! Навистина делуба неверојатно, но за тоа има објаснување. Имено причината е што Челзи е на „лесната“ страна од ждрепката, бидејќи во полуфиналето се соочува со Палмеирас, а потоа со Флуминенсе или Ал Хилал. На другата страна се четири европски тима – ПСЖ и Баерн, или Реал Мадрид и ...
Во екот на летниот преоден рок, јасно е дека ќе има и трансфери, но ќе има и шпекулации. Одамна се знае дека големите клубови понекогаш намерно пуштаат шпекулации со цел да се види како ќе реагираат навивачите за некој нивни евентуален потег или трансфер. Па така вечерва нова “бомба“ од Истанбул, а таа е дека Галатасарај го посакува голманот на Интер, Јан Зомер кој важи за еден од најдобрите чувари на мрежата во светот. Колку е ова реално, ...
ЛА Лејкерси се Холивуд за НБА, тука нема дилеми. Сепак далеку е од некоја си бајка, како што тоа сите го гледаат од страна. Дека нешто таму и тоа како “пукна“ се чини го знаат само добрите познавачи на приликите во НБА и секако меѓу “езерџиите“. Па така се наведува дека односите меѓу Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, не се баш така на завидно ниво. Тука во игра е и Остин Ривс, кој исто така има “што да му каже“ на Словенецот. Најголем доказ за тоа ...
Откако мина една сезона во турскиот Бешикташ, Чиро Имобиле, некогашниот напаѓач на Лацио, Дортмунд, Севиља, Торино, Јувентус, Џенова, во следната сезона повторно ќе игра во својата земја, во Серија А и тоа во дресот на Болоња. Како што пренесуваат вечерва медиумите во Италија, но и во Европа, договорот меѓу Бешкташ и Имобиле е раскинат и се е договорено со Болоња да се стави официјално потпис на една година со можност соработката да продолжи. ...
Селекторот на кошаркарската селекција на Турција, Ергин Атаман, денеска објави поширок список на играчи кои ќе се натпреваруваат за Европското првенство. Тој ги повика сите најдобри што ги има Турција, освен повредениот Тарик Биберовиќ, а составот изгледа одлично по имиња. Тука се и играчите на Фенербахче, што значи дека европскиот шампион ги “испеглал“несогласувањата со Атаман, а тимот што ќе игра НБА ѕвездата Шенгун, како и Ларкин, Осман и ...
Како што официјално известуваат од таборот на Тиквеш, стручниот штаб на овој тим на чело со Ѓорѓи Мојсов, за следната сезона нема да смета на шестмина играчи кои беа дел од кавадаречкиот клуб во минатата сезона. Тоа се Благоја Спиркоски, Алмир Цубара, Оливер Стоименовски, Давид Манасиевски, Филип Купанов и Арби Воша. Инаку Тиквеш во моментов преговара со неколкумина познати и признати прволигашки играчи, и ако се оди според планот Мојсов на ...
Интересно. Денеска на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, Работнички и Силекс по третпат одиграа пријателски меч ова лето и по третпат ремизираа, овојпат со резултат 0:0. Ова и за двете екипи беше “генералка“ во пресрет на настапите во Лигата на Конференции, да потсетиме дека во 1.квалификациско коло, Работнички на првиот меч (10 јули) му гостува на Торпедо и тоа во Унгарија, а Силекс исто гостува, но кај Дечиќ во Црна Гора. ...
КК Работнички го комплетира и остатокот од стручниот штаб, односно соработниците кои треба да му помагаат на Владимир Мирковски. Негов прв асистент ке биде Сашо Тодоровски Цефи, еден од на познатите тренери во земава и човек кој работи во кошарката безмалку четири децении. Тодоровски долго време беше дел од Работнички како член на стручниот штаб на Марин Докузовски, работеше и со Емил Рајковиќ, а потоа и како негов асистент во Астана и ЦСКА ...
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, од вчера тргна во поход на својот на 25-ти гренслем во кариерата и осми трофеј на Вимблдон. Првата пречка успешно ја мина, а веќе утре го чека и меч од второто коло. Противник ќе му биде домашниот тенисер, Британецот Дан Еванс. Мечот ќе се игра на “Централниот стадион“ и тоа од 14.30 часот. Интересно е тоа што досега Новак има одиграно еден меч со овој тенисер и тој го загубил и тоа на земја во ...
Вардар – Напредак 2:2 е епилогот од денешниот пријателски меч кој се одигра во Словенија. Ова беше и последната контрола за нашиот најтрофеен клуб пред настапот во Европа. Стрелци на головите за Вардар беа Дурански и Закариќ. Инаку и на овој меч стратегот Гоце Седлоски комбинираше со составот против српскиот суперлигаш со цел да ја провери моменталната форма на своите избраници. Експедицијата на Вардар утре се враќа во Македонија каде до 10 ...
Карлос Алкараз успеа попладнево да ја мине и втората пречка на годинашниот Вимблдон. Шпанецот со ефектни и максинални 3:0 го победи Оливер Травет од Велика Британија и со тоа се пласираше во третата рунда од најголемиот турнир во светот на тенисот. Карлито во меч кој траеше нешто повеќе од два часа, првиот сет го доби со 6:1 во гемови, додека во вториот и третиот славеше со по 6:4 за конечни 3:0 и победа. Нема дилеми дека Карлос Алкараз е еден ...
Македонскиот младински репрезентативец Никола Величковски летово ќе има нов клуб, откако го напушти тимот на Септември Софија. Младиот напаѓач се разделува со својот прв интернационален тим, и наесен ќе има нова средина. Тој потекнува од школата на Вардар, каде што и дебитираше за да потоа се пресели во Работнички, па потоа и во екипата на Македонија ЃП. За младинските селекции на Македонија има преку дваесет настапи и постигнато пет гола. ...
Македонско-српската комбинација Обрад Марковски и Никола Јовиќ со неверојатен пресврт во решавачкиот сет стигнаа до победа и пласман во четвртфиналето во игра на двојки на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Тие успеаја да ги елиминираат четвртите носители Алехандро Банкалари и Николас Виљалон Валдес од Чиле. Во решавачкиот сет што се игра на поени (по 1-1 во сетови) Марковски и Јовиќ беа во негатива на почетокот со 4:0, но потоа направија ...
Ибраим Олаосебикан (25), интернационалецот од Нигерија и официјално е нов фудбалер на Вардар. Играчот за врска, кој може да игра и во офанзивата како и на левата крилна позиција, од денеска е во дресот на нашиот најтрофеен клуб. Раководствата на Вардар и Брера, клуб за кој досега играше Нигериецот, ги средија сите потребни документи и овој трансфер сега и е официјализиран како што веќе напоменавме. Инаку Олаосебикан мораше порано да се врати во ...
Денеска нашиот репрезентативен капитен Енис Барди наполни 30 години. Се говори дека има шанси да се врати во Шпанија, каде мина пет години во Леванте, каде имаше одлични настапи а сеуште се сеќаваме на негвите фантастични голови, пред се од слободни удари, во дресот на Леванте. Денеска Ла Лига, чест на неговиот роденден, медија тимот на Ла Лига на социјалните мрежи потсети на неговите фантастични голови. Секако дека во тие пет години, од 2017 ...
Алекс Баена и официјално е нов играч на тимот на Атлетико Мадрид. Детето на Виљареал пристигнува во Мадрид за сума од 45 милиони евра плус пет со евентуалните бонуси. Баена има 148 настапи за првиот тим на клубот, постигна 26 гола и 40 асистенции, и ја освои Лигата на Европа со овој клуб пред четири години. Секако, има статус на репрезентативец на Шпанија, во чиј состав беше при освојувањето на ЕВРОТО во 2024 година. You want it, you got it 🏅 ...
Премиерлигашот Барнли предмалку го претстави Лум Чауна, досегашниот играч на римски Лацио за нов член. Барнли плати 12 милиони фунти за неговите услуги, плус 10% од следниот трансфер на напаѓачот. Французинот иако доста млад со само 21. година веќе има 130 мечеви од Серија А, и Лига А како и Лига 2 шампионатите. „Горд сум што на овој ден потпишав за толку посебен клуб. Разговарав со менаџерот за време на Европското првенство ова лето и имавме ...
Искусниот македонски ракометар, Дејан Манасков потпиша нова соработка со тимот на Е.Пелистер, каде што настапуваше досега, факт кој што вели дека тој и следната сезона ќе биде дел од сега веќе актуелниот шампион на Македонија. Левото крило и официјално „парафираше“ договор за следната 2025/26 сезона, со што ја израдува ракометна Битола. Манасков има две титули шампион на Македонија со Е. Пелистер, а зад себе остави дури четиринаесет сезони во ...
Кошаркарскиот клуб Работнички има нов тренер, во името на Владимир Мирковски. Искусниот стратег доаѓа на местото на Горан Самарџиев, кој го водеше тимот во изминатиот период. Мирковски потпиша двегодишна соработка со тимот на Работнички, а доаѓа по повеќе годишното искуство во Србија, поточно последно во КК Војводина. Со ова КК Работнички врти една сосема нова страница во своето функционирање. Сега е на ред реконструкција на екипата, па потоа и ...
Македонскиот тенисер Обрад Марковски по трите победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања доживеа пораз во првото коло од главниот турнир. Поуспешен од него беше Георги Георгиев од Бугарија кој со 2-1 во сетови (63 36 63) по три часа игра го совлада Марковски. Во првиот сет единствениот брејк Георгиев го направи во шестиот гем за водство од 4:2 во гемови. Во вториот сет Марковски имаше предност од 3:0 откако направи брејк во ...
Нова лавина од негодувања наскоро го очекува светот на фудбалот. Причина за тоа е кандидатурата на Катар да биде домаќин на Сверкото клупско првенство во 2029 година. Се би било тоа во ред, доколку Катар повторно не оди по свое што се вели, и не планира да го организира турнирот во зимските месеци кога на Блискиот исток единствено е и исводливо тоа поради нормалните температури тогаш. Ова нормално ниту малку нема да му се допанде на фудбалот во ...
Утре екипата на Тиквеш ги стартува летните овогодинешни подготовки. Со нова управа, стар тренер, во името на Ѓорѓи Мојсов, и неколку нови имиња кои што го засилуваат тимот за претстојната ПМФЛ сезона. Во домашни услови, како што е тоа праска, кавадарчани ќе започнат со работа, а потоа следува заминување во Турција, поточно во местото Болу, каде што ќе биде одработен главниот дел од подготовките. Што се однесува до новите имиња, на првата ...
Женската репрезентација на Македонија„ Под 18“ години денеска отпатува за Литванија, каде веќе од утре ќе ги почне настапите на ЕП од Дивизијата „Б“. Нашата женска јуниорска репрезентација ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 4. јули (четврток), од 12 часот, во Арената во Алитус против селекцијата на Романија. Наредниот ден, на 5. јули, од 17 часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Германија. На 6.јули од 19:30 часот, ...
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди денеска слави роденден. Полни 30. години. Сега веќе искусниот играч за врска е синоним за нашиот национален тим со кого, Македонија ги направи најголемитен фудбалски успеси во историјата. Играше за Европското првенство во Полска за играчи до 21. година во 2017 година и беше дел од онаа наша златна генерација на Македонија. Потоа во 2021 година беше главна карика во нашиот состав ...
Искусниот Дарко Глишиќ во следната сезона ќе го носи дресот на Македонија ЃП. Искусниот лев беј доаѓа во таборот на „Лавовите“ како дел од засилувањата кои ќе значат прволигапки тим. МЃП избори пласман во првата лига, и сега е на ред подготовката за истата. По Ристе Јанков и Мартин Талаков, пристигна и Глишиќ како новитет. Некогашниот македонски репрезентативец има 33. години во моментов. Има големо искуство со играње во домашниот шампионат, во ...
Екипата на Пелистер го доби противникот за квалификацискиот турнир за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. На стартот ќе игра против Реџо Емилија, доколку излезе како победник во тој случај ќе вкрсти подобриот од Орадеа – Антверп. Пласман во финалето ќе значи дека ќе чека од ПАОК – Дерби и Бурсаспор – Ловен. Патот до билет за место во ЛШ е исклучително тежок, ќе се играат три квалификациски турнири со по осум екипи, на кои само трите ...
Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокерес, се договори со Арсенал. Според информациите двете страни ќе потпишат соработка која ќе трае до 2030 година. Она што останува е во следниот период да се официјализира договорот. Манчестер Јунајтед претходно беше заинтересиран за напаѓачот, но играчот одби да се пресели во тим кој нема да игра во Лигата на шампионите. Минатата сезона, 27-годишниот Швеѓанец одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, ...