
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Иако се посакуваше титула од СКП, сепак Манчестер Сити е елиминиран уште во осминафиналето во еден спектакуларен меч против Ал – Хилал и тоа 3:4. Секако дека ова е непријатно за стратегот Пеп Гвардиола, но самиот пораз не е ништо во споредба со ужасната вест која тој на доби после мечот, а тоа е дека Родри повторно се повреди. “Не може полошо од ова. Родри се пожали на повреда и во 53.минута беше заменет. По мечот добив непријатни вести за ...
Трансферот на Флоријан Вирц и тоа како би можел да му направи проблеми на унгарската ѕвезд, Доминик Собослаи. Јасно е дека конкуренцијата е голема, жестока за првиот тим па така Арне Слот ќе си има слатки маки на кого да му укаже доверба во стартниот тим на Ливерпул во следната сезона. Провејува мислењето дека со доаѓањето на Вирц, Унгарецот едноставно нема шанси да биде стартер. Матјаш Естерхази, агентот на Собосла си има свој коментар за ова: ...
Ете, и тоа се случи. Трката во Формула 1 за Големата награда на Азербејџан следната година ќе се одржи во сабота. Светската автомобилска организација (ФИА) заедно со челниците на Формула 1 донесоа одлука за промена на датумот на трката, сето тоа по предлог на властите во Баку, бидејќи трката следната година се совпаѓа со Националниот ден на Азербејџан. Па така, наместо на 27 септември, истата ќе се одржи на 26-ти, а сите активности на најбрзиот ...
Битолски Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник на утрешната ждрепка во Лозана каде ќе бидат формирани натпреварувачките групи во квалификациите, но и оној регуларен дел од сезоната во ФИБА Лигата на шампионите. Екипата од Битола е еден од 24.тимови-учесници во квалификациската рунда од најквалитетното натпреварување во организација на ФИБА. На ждрепката ќе ги очекуваат своите ривали во еден од трите квалификациски турнири за ...
Енис Барди од денеска и официјално е екс играч на тимот на Бодрумспор. Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија го реши прашањето околу неговиот стар клуб летово, и се разделува со него и има отворено врати да пронајде нова средина. Бодрумспор беше втората турска дестинација за Барди, откако веќе беше дел од тимот на Трабзон. Бодрум чудесно и покрај супер екипата испадна од најдоброто турско фудбалско друштво, по што поголемиот дел ...
Дресот со бр.10 во Баерн Минхен има нов сопственик. Тоа е Џамал Мусиала, еден од најдобрите германски фудбалери и секако еден од најдобрите во тимот на “баварците“. Иако млад, има само 22 години офанзивецот уште сега е клучна фигура во германскио гигант. 𝙅𝘼𝙈𝘼𝙇 𝙈𝙐𝙎𝙄𝘼𝙇𝘼 🔟 Jamal Musiala übernimmt die Rückennummer 10 nach der #FIFACWC! 🔥 🛒 Gratis Musiala-Flock zum 25/26-Trikot 👉 https://t.co/hl1aGd9WTd#MiaSanMia #FCBayern #Musiala ...
Вечерва од 21 часот по македонско време, Реал Мадрид во Мајами се среќава со Јувентус во меч кој ќе го одреди патникот во 1/4 финалето на СКП. По тој повод вчера тренингот на “кралевите“ го посети и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој се задржа во кус разговор со стратегот Чаби Алонсо. Инаку Алонсо може да биде задоволен од последните информации од докторскиот тим на Реал Мадрид. Откако ги прескокна сите три меча во групната фаза ...
Досегашниот член на екипата на Шкендија и некогашен младински но и сениорски репрезентативец на Македонија, Ристе Јанков е нов чувар на мрежата на тимот на Македонија ЃП. Искусниот голман доаѓа како засилување на голманската позиција, каде што тука и натаму е Андреј Ефремов. Јанков е дете на Работнички, имаше еден интернационален излет, а потоа пристигна во таборот на шампионот Шкендија. Таму ја делеше минутажата, не беше стандарден, па реши да ...
Од таборот на Пелистер предмалку објавија дека со напаѓачот Вилдан Керим е обновена соработката и тој и следната сезона ќе биде дел од овој клуб. Тој веќе има 30 години, искусен прволигашки играч, па Пелистер очигледно е задоволен од неговите настапи. Минатата сезона забележа 27 настапи при што постигна два гола и три асистенции. Керим беше дел од Детонит, Вардар, Гостивар, Скопје, Борец, а има и интернационално искуство од Косово, односно ...
Од најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, тимот на ФК Вардар предмалку ја лиферуваа информацијата дека во портфолиото на спонзори кои што во моментов го финансираат клубот се појавува нов субјект. Оној кој што во моментов се појавува како спонзор на повеќе екипи ширум Европа во најразлични шампионати, и кои тоа го прави со огромно задоволство. Планот на извршниот директор, Миленко Неделковски, а и на целата управа на ФК Вардар полека ...
По заминувањето на Перо Стамески, нов тренер на сениорскиот тим на Бадел 1862 е Дарко Димитриевиќ. Секако дека ова е одлична одлука на првите луѓе на овој клуб, ако се знае дека Димитријевиќ беше тренер во најголемата школа која некогаш постоела во Македонија, Јуниор. Дарко е истакнат македонски тренер со тридецениско професинално искуство во спортот зад кого стојат генерации успешни кошаркари. Назначувањето за прв тренер го официјализираше и ...
Флуминензе успеа со 2:0 да го победи Интер во осминафиналето на СКП. По триумфот овој тим е единствен од Рио де Жанеиро кој и натаму остана на првенството. Ботафого и Фламенго се веќе дома, па затоа на своите социјални мрежи луѓето од медиа тимот на Флуминензе им се потсмеваа на своите градски ривали: „Ботафого! Фламенго! Какво е времето во Рио“ што наиде на еуфорија кај фановите на Флуминензе. Oi, @Botafogo! Oi, @Flamengo! Como está o clima ...
Многу “врева“ се дигна, пред се на Островот и меѓу фановите на Манчестер Сити по елиминацијата на “граѓаните“ од СКП и тоа во осминафиналето и тоа поразот од Ал-Хилал. Јасно е дека никој тоа не го очекуваше, а најмалку фановите на Сити. Исто така факт е еден од најголемите виновници за поразот е голманот Едерсон, кој во последните месеци ни од далеку не е во својата препознатлва форма. На мечот со Ал -Хилал од шест шута дури четири завршија во ...
Висок е 221 см, важи за еден од најталентираните НБА играчи и има само 21 година, Виктор Вембањама е голема ѕвезда, посебно во САД и секако во својата Франција. Дека не знае да игра добро, одлично, само кошарка, доказ е видеото подолу на кое се гледа како високиот центар на Сан Антонио играјќи фудбал постигнува мајсторски гол од слободен удар. Вакви голови постигнуваат само мега – ѕвезди од типот на Меси. Токму затоа фановите се прашуваат ова ...
Најголемата сензација во досегашниот дел од Светското клупско првенство во САД, секако дека ја направи Ал-Хилал со победата над Манчестер Сити, со кој тимот од Саудиска Арабија се пласира во четвртфиналето а “граѓаните“ на Пеп Гвардиола си одат дома. Секако дека голема беше радоста и еуфоријата во тимот на новиот стратег Симоне Инзаги, кој ете успеа да го победи Пеп. Италијанецот по мечот не го криеше своето воодушевување: „Знаевме дека мора да ...
После 36 години посветеност на кошарката, Перо Стамески, тренерот на Бадел 1862 стави крај на својата кариера. Тој е вистинска историја во овој тим, но и во женската кошарка. Стамески освои 9 шампионски титули со сениорскиот тим, 6 во Купот на Македонија и бројни трофеи во младинските категории. Бадел 1862 на својата официјална страница му се заблагодари на Стамески. „После 36 години несебична посветеност, пожртвуваност и искрена љубов кон ...
Нова “бомба“ во Истанбул. Не помина ни половина година откако Ал Наср го плати на Астон Вила за 77.000.000 евра, Џон Дуран ја напушта Саудиска Арабија. Во следната сезона Колумбиецот ќе го носи дресот на Фенербахче. Две недели турскиот гигант работеше на условите за доаѓање на колумбискиот напаѓач, Жозе Мурињо го убеди Дуран, а клубовите се согласија за сува позајмица. Затоа, Фенер нема да има право да го купи 21-годишникот, чија цела плата ќе ...
И дефинитивно Никола Јокиќ во следната сезона ќе игра во посилен Денвер. Нагетси одлучија да направат значаен потег на пазарот – Мајкл Портер Џуниор повеќе не е член на франшизата од Колорадо. Крилниот играч, еден од столбовите на тимот што ја освои шампионската титула во 2023 година, се пресели во Бруклин Нетс, во размена што вклучуваше и незаштитен избор од првата рунда во 2032 година. Во спротивна насока дојде Камерон Џонсон, силно и ...
Голема, невидена сензација на СКП. Ал-Хилал во осминафиналето одигра совршен меч и успеа со 4:3 да го победи Манчестер Сити и со тоа да се пласира во следната фаза. Секако дека славјето кај играчите на тимот од Саудиска Арабија беше големо, а посебно во соблекувалната. Се почна со Србинот Александар Митровиќ, кој не играше поради повреда, а потоа се продолжи со еуфорична прослава. Така и треба, па не секој ден се победува Манчестер Сити и си ...
До пред некој месец Интер беше во рајот, но работите тргнаа во лоша насока. Тимот од Милано не успеа да дојде до ниту еден трофеј, а во финалето во ЛШ доживеа дебакл. Тренерот Симеоне Инзаги си замина во Саудиска Арабија, на негово место дојде Кристијан Киву, но проблемите останаа. Интер ни од далеку не е оној Интер кој беше до пред некој месец. По елиминацијата од Флуминензе во осминафиналето на СКП, капитенот Лаутаро Мартинез прво им се ...
Ретко кој можеше да претпостави дека големиот фаворит, тимот на Манчестер Сити ќе биде поразен од Ал-Хилал со 3:4 во осминафиналето и така рано ќе биде елиминиран од СКП. Чудото се случи во Орландо, тимот од Саудиска Арабија одигра маестрално, успеа да го победи во шокантен натпревар големиот Сити и заслужено оди натаму, во четвртфиналето каде што ќе ги одмери силите со бразилскиот Флуминензе. По мечот во Орландо, по поразот, се огласи и Пеп ...
Шок и невидена сензација на СКП! Манчестер Сити си оди дома. Четата на Пеп Гвардиола беше поразена од Ал-Хилал со 4:3 и тоа по продолженијата. Па така место „планирано“ четвртфинале меѓу Сити и Интер, ќе гледаме меч меѓу Фламенго и Ал-Хилал. Ова беше прв пораз на “граѓаните“ на ова СКП и правец дома, нема поправен. Ова е голема сензација. Ретко кој помислуваше дека по одличните партии во групната фаза, еден тим од Саудиска Арабија ќе го ...
Бразилскиот Флумиминензе е победникот од осминафиналниот меч против Интер, против европскиот вице-шампион и тоа со 2:0. Па така бразилскиот тим се пласира во следната фаза на Светското клупско превенство каде во 1/4 финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Ал-Хилал. Кано уште во 3.минута му донесе водство на својот тим, откако ја искористи погрешната поставеност на одбраната на Интер. Ретко кој се надеваше дека тој гол, тој ...
Поранешниот прв „пик“ на НБА драфтот, Деандре Ејтон, е слободен да си бара нов клуб. Портланд Треилблејзерс ќе го откупат неговиот договор од 35,6 милиони долари кој истекува следното лето. Ејтон и неговите претставници ги контактирале Блејзерси за откуп, бидејќи тој има намера да се пресели во поконкурентен тим. Тој сега ќе може да потпише со кој било тим, дури и со оние со ограничувања, и покрај тоа што заработува повеќе од 14,1 милиони ...
Се разбира дека денешната “бомба“ во светот на фудбалот е најавеното заминување на Лео Меси од Интер Мајами. Од друга страна интересна вест доаѓа од Островот, а таа е дека Астон Вила нема намера да го откупи Маркус Рашфорд и дека тој се враќа во Манчестер Јунајтед. Јасно е дека гигантот од “Олд Трафорд“ сака по секоја цена да го продаде својот напаѓач, ама едноставно нема понуди репрезентативецот на Англија кој има желба да замине во Барселона. ...
Дебитантот во ПМФЛ, Арсими од Чегране, продолжува да се засилува. Вечерва раководството на Арсими го промовираше Армин Бешагиќ (26), интернационалец од БиХ. Овој играч за врска низ својата кариера играл за екипите на Искра, Јајце, Бихаќ, бил дел од Академијата на Сараево а последен клуб му бил Игман од Коњиц. „Добредојде Армин Бешагиќ КФ Арсими со задоволство го претставува најновиот трансфер, Армин Бешагиќ, многу квалитетен и искусен играч од ...
Големиот бразилски талент Ендрик е пред заминување од Реал Мадрид. Како што пренесуваат медиумите во Шшанија, новиот стратег на “кралевите“, Чаби Алонсо и не бил толку импресиониран од перфомансите на младиот Бразилец па сега се појави опција дека може да оди во Јувентус. Да потсетиме дека Ендрик требаше веќе да биде опција во нападот на “кралевите“, но во минатата сезона не покажа премногу, иако реално и не добиваше многу често шанса и ...
Лазе Мајнов е нов претседател на РК Аеродром, на клубот кој и во следната сезона ќе игра во ракометната Прва лига на Македонија.Ова доаѓа откако и официјално беше објавено дека досегашниот претседател, Дарко Петровски, по цели 25 години се полекува од оваа функција. Инаку Мајнов е некогашен репрезентативец на Македонија, познато ракометно име, некогашен член на Вардар, Металург, Загреб, Еурофарм Работник. Со доаѓањето на Мајнов на чело на ...
Од денеска и Струга Трим Лум е на подготовки. Некогашниот двоен шампион на Македонија, под водство на новиот стратег Бледи Шкемби ги стартуваше летните подготивки за следната 2025/26 сезона. Како што и беше најавено, денеска на својот комплекс во Струга, фудбалерите на овој тим се запознаа со својот нов тренер кој доаѓа од Албанија. Тука беше и спортскиот директор Бесарт Исаку, а потоа беше одработен и првиот тренинг. Со цел екипата да биде што ...
И тоа каква “бомба“ од Аргентина. По се изгледа дека Лео Меси нема намера да го продолжи договорот со Интер Мајами и дека во јануари, на шест месеци пред почетокот на СП 2026, има намера да потпише за друг клуб. Ова денеска го пренесе новинарот на ЕСПН Аргентина, Естебан Едул: „Лео Меси и неговото семејство во петокот ми кажаа дека размислува тие шест месеци пред Мундијалот, да игра за друг клуб.Во еден момент преговорите со Интер Мајами за ...