Вардар и официјално се враќа во Лигата на шампиони. ЕХФ потврди дека македонскиот првак е еден од тимовите кои доби вајлд-карта за да биде дел од најелитното европско клупско натпреварување. Вардар оваа информација ја најави со специјално видео, во кое прво Милан Лазаревски вели дека е време за одмор кој е сосема заслужен, но потоа доби повик од тренерот Иван Чупиќ, кој пак му вели дека одморот е завршен…. Вардар и официјално се враќа во ...

Пред Светското првенство многу навивачи се плашеа дека натпреварите често ќе бидат прекинати поради невреме. ФИФА претходно одлучи секој натпревар од првенството да биде во прекин на половина час доколку удри гром во радиус од 13 километри околу стадионот. Во тој случај, на пауза од 30 минути, громот не треба да се слушне ниту еднаш за да може играта да продолжи. Во спротивно би следел уште еден получасовен прекин. Досега организаторот имаше ...

Во текот на ноќта се одиграа два натпревари, еден од Групата Г и еден од Групата Х. Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2:2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Кевин Ленини му донесе водство на Зелено’ртските Острови во 21-виот дел со слободен удар. Уругвај го сврти резултатот на крајот од првото полувреме со головите на Максимилијан ...

Иранската репрезентација на вечерашниот меч со Белгија го има највозрасниот тим кој некогаш истрчал на меч од Светско првенство. Просечната возраст на почетниот состав на Иран е 32 години и 181 ден, што е највисока во историјата на Светските првенства. Само тројца ирански фудбалери се под 30 години: дефанзивецот Салех Хардани (27 години и 177 дена), напаѓачот Мохамед Мохеби (27 години и 183 дена) и играчот од средниот ред Саид Езатолахи (29 ...

Неверојатниот голман Беиранванд го сочува голот на Иран и донесе уште еден бод за азијците на Мундијалот. Вечерва во дуел со фаворитот Белгија, Иран ја сочува мрежата, извади 0:0 и останува во трка за место во следната рунда. Иран имаше шанса да извојува голема победа бидејќи играше со играч повеќе во последните половина час, но сепак не можеше да стигне до гол. Видовме бројни шанси во текот на 90-те минути игра, но голманите беа навистина ...

Јасно е дека кога во прашање е елитен спорт и тоа на СП, тогаш и судиите мора да бидат елитни, а и нивната заработка или хонорари. Фудбалските судии се одговорни за делење правда на натпреварите каде што играат најдобрите играчи во светот, честопати донесувајќи одлуки во дел од секундата што можат да ја променат судбината на цела нација на Светското првенство. Со оглед на обемот на самиот настан, многу фанови се прашуваат колку всушност се ...

Рафиња (29) веројатно нема да го напушти кампот на бразилската репрезентација поради повреда на мускулот. Медицинскиот персонал внимателно ќе го следи неговото опоравување секојдневно. Крилниот напаѓач се повреди во второто коло на натпреварот меѓу Бразил и Хаити (3:0) и мораше да го напушти теренот во 40-тата минута. Иако неговото закрепнување не е сосема сигурно, Рафиња се обидува да биде подготвен за осминафиналниот натпревар на Светското ...

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и шестиот пораз во исто толку одиграни натпревари во годинешната Европска лига. На последниот натпревар на турнирот во Скопје, избраничките на селекторот гавриловиќ беа совладани од Словенија. МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 0:3 (15:25, 10:25, 10:25) Во трите сета Словенија тотално ја надигра нашата селекција и во ниту еден момент не ни дозволи да се надеваме на рамноправен дуел. Со оглед ...

На натпреварот од групната фаза меѓу Шпанија и Саудиска Арабија, автоголот на дефанзивецот на Саудиска Арабија, Хасан Ал-Тамбакти беше осмиот гол постигнат во сопствената мрежа на 37 натпревари досега на тековното првенство. Рекордот беше поставен на Светското првенство во Русија 2018 година, каде што беа постигнати 12 автоголови на 64 натпревари. На последното Светско првенство во Катар во 2022 година беа постигнати само 3 автогола, но со ...

И дефинитивно Буњамин Шабани ќе биде дел од Струга Трим Лум до јуни 2028 година. По разговорите водени во духот на меѓусебно разбирање и доверба, договорот беше постигнат многу брзо, потврдувајќи го континуитетот на заедничкото патување и спортските цели на клубот во наредните години. Така, капитенот Буњамин Шабани продолжува да биде важен дел од проектот Струга Трим Лум, што го израдува дури и самиот фудбалер, со кого е веќе 6 години. ...

Македонски кошаркарски стратег, Заре Марковски следната сезона ќе го предводи романскиот тим Крајова. Тој денеска и официјално е промовиран во нов тренер на романскиот состав. Крајова е тим кој претходната сезона ја заврши на третото место зад Клуж и Орадеа. Марковски е искусен стратег со огромно искуство и во Романија ќе се обиде да направи одличен резултат со новиот состав. Македонски кошаркарски стратег, Заре Марковски следната сезона ...

Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери. Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за продажба на Едуардо Камавинга или Орелиен Чуамени ова лето. Федерико Валверде не е во игра за трансфер, и покрај интересот од Англија. Реал Мадрид го смета уругвајскиот играч од средниот ред за клучен играч во идниот проект. Се очекува Валверде да остане редовен играч во Реал Мадрид, ...

Шпанија ја покажа својата вистинска сила и ја обезбеди првата победа на Мундијалот. Вечерва, шпанската фудбалска репрезентација ја декласираше Саудиска Арабија со 4:0 и дојде на врвот во групата Х. Актуелните шампиони на Европа го подобрија својот впечаток и го искажаа својот гнев по неочекуваното реми во првото коло против Зеленортските острови. Во 10-тата минута по убава акција и асистенција од Ојарзабал, Јамал постигна гол за 1:0. Ова ...

По само неколку дена откако беше потврден неговиот трансфер во Казахстан, Јани Атанасов веќе ја запиша и првата асистенција во тамошниот шампионат. Македонскиот репрезентативец во дресот на Актобе имаше успешно деби во новиот клуб Актобе. Атанасов асистираше во 55. минута од мечот за победа на Актобе над Астана со 2:0. По само неколку дена откако беше потврден неговиот трансфер во Казахстан, Јани Атанасов веќе ја запиша и првата ...

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена од Бугарија со убедливи 97-68 на пријателскиот меч во рамките на подготовките за претквалификациските дуели против Ирска и Луксембург за Европското првенство 2029. Бугарија го отвори мечот со 12-2, водеше и со 18-15, после првата четвртина беше 28-20. Во втората четвртина, Македонија успеа да дојде на негатива од шест поени 39-33, но тука и застана. Противникот пред одморот дојде на плус 16 ...

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески од Таеквондо клуб Бутел освои златниот медал на престижниот меѓународен турнир Г1 Сараево Опен во категоријата кадетки до 51 килограм. Во првото коло Тунески беше слободна како прв носител, а потоа следуваа победите над Доргу од Турција со 2:0, над Ткачева од Русија со 2:0, над Сивиќ од БиХ со 2:0 во полуфиналето и во финалето триумф над Гушева од Русија со 2:0. Младата македонска ...

Јапонија го продолжи својот импресивен настап на Светското првенство во 2026 година, со убедлива победа од 4-0 против Тунис, проследена со огромни прослави низ целата земја. Илјадници навивачи излегоа на улиците на Токио и други градови за да го прослават еден од најубедливите триумфи на „Самураите“ на Светското првенство. Особено беше живо на познатиот премин Шибуја, каде што навивачите се собраа носејќи знамиња, шалови и дресови на ...

Уште еден податок за тоа колкава фудбалска величина е Лука Модриќ. Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација ќе го има својот 200-ти настап за „коцкестите“ против Панама, станувајќи само четвртиот играч што стигнал до „Клубот 200“. Само тројца играчи ја достигнале оваа неверојатна бројка. Кристијано Роналдо има 229 настапи за Португалија, по него Кувајќанецот Бадер Ал-Мутава со 202, а Аргентинецот Лионел Меси неодамна се приклучи на ...

Андреас Трајковски го освои 4. место во скок во далечина на Балканското првенство во атлетика за сениори и сениорки, кое овој викенд се одржува во Волос, Грција. Својот најдобар резултат Андреас го оствари во шестата серија, кога скокна 7,68 метри, што му го донесе четвртото место во исклучително силна конкуренција. Борбата за медалите беше на највисоко ниво, а за место на победничкиот подиум беше потребен скок над 8 метри. Златниот медал го ...

Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и Германија, привлекува сè поголемо внимание. Со победата над Брегот на Слоновата Коска, Германија го обезбеди врвот во својата група и според сегашните проекции, ја чека малку полесен противник во првиот нокаут натпревар. ...

Кошаркарите на Алба на сензационален начин ја освоија титулата шампион на Германија. Во „мајсторката“ против Баерн (М) на гостински терен, Алба направи неверојатно враќање од -20 поени и на крајот славеше за титула. Екипата од Берлин денес го победи Баерн Минхен со резултат 84:81 и ја доби серијата со 3:2. Ова беше последниот натпревар во одличната тренерска кариера на Светислав Пешиќ, славниот Србин кој планираше да се збогува со титула. ...

Најтрофејниот европски тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ, ќе биде шеф на тренерскиот штаб на Панатинаикос од Атина по втор пат во својата кариера. Денеска, 21 јуни, поранешниот тренер на Партизан и жива легенда на европската кошарка официјално беше назначен за тренер на грчкиот клуб, објави сопственикот Димитрис Јанакопулос. Како што објави SDNA, како и други грчки медиуми, деталите од договорот на Обрадовиќ се познати. „Најголемиот ...

Ете и тоа го има на Мундијалот. Добра причина да се прекршат правилата. Холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима отидоа во соблекувалната на Курасао по историскиот бод против Еквадор. Иако надвор од протоколот, кралската брачна двојка отиде во соблекувалната за да им честита на играчите на прекуокеанската територија на Холандија и на селекторот Дик Адвокат. Со нив беше и најмладата ќерка – принцезата Аријана. Ова не е прв пат ...

Постои голема веројатност да го добиеме првиот одложен меч на СП. Временската прогноза за Филаделфија во САД е за грмотевици доцна во понеделник попладне по локално време. Таму ќе се одржи вториот натпревар на Франција од Групата И на Светското првенство против Ирак (почеток во 23 часот часот по македонско време во понеделник наспроти вторник). Иако сè уште не се во сила, правилата за грмотевици се исклучително строги. Временската прогноза ...

Машката репрезентација на Македонија на кошаркари „Под 17“ години со пораз од Романија (син тим), 92:74, го заврши својот настап на турнирот „Рисинг старс“ во Букурешт. Домашната селекција имаше две одлично одиграни четвртини, првата и третата. Период од играта во кој се стекна со решавачката предност на овој меч, последен за двете селекции на турнирот во главниот град на Романија. Романците подобро го отворија натпреварот, во првата ...

Германија победи против Брегот на Слоновата Коска со 2-1 во второто коло од Светското првенство благодарение на головите на Дениз Ундав, со што обезбеди пласман во второто коло. Тимот на Јулијан Нагелсман доби шест бода, но го загуби својот стартен голман. Нико Шлотербек (26), дефанзивец на Борусија Дортмунд, почувствува проблем со левата нога по само 13 минути, откако се судри со Амада Дијало. Лекарите му ставија мраз на глуждот и тој се ...

Марк Маркез, возач на фабричкиот тим на Дукати, ја освои трката за Големата награда на Чешка, одржана на патеката во Брно во Мото ГП. Ова е 101-та победа во кариерата што ја забележал 33-годишникот од Сервера. Аи Огура стартуваше од првата позиција, а 25-годишниот Јапонец му се спротивстави на дуото од фабричкиот тим на Дукати до крајот на вториот круг. Губеше сила, па беше престигнат од Франческо Бањаја, а веднаш потоа и од Маркез. Секако, ...

Пелистер се засили со средниот српски бек Алекса Колаковиќ, кој во редовите на битолскиот тим доаѓа од Сант-Рафаел. Станува збор за српски репрезентативец, кој е деветто засилување во таборот на Лино Червар. „Мозаикот за сезоната 2026/27 го комплетираме со доведување на уште еден среден бек. Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски ...

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски е атрактивен за бројни тимови ова лето. После успешната епизода во дресот на Тренто, тој би можел да остане во Италија. Тамошните медиуми пишуваат дека Јакимовски има добра понуда од Наполи, тим каде што тренер е Јасмин Репеша и во следната сезона ќе се натпреварува во ФИБА Еврокупот. Тој е на мета и на Валенсија, тимот за кого настапуваше Ненад Димитријевиќ. Јакимовски во Серија А имаше просек ...

Трагична вест доаѓа од Островот. Светот на фудбалот беше потресен од тажната вест од Велс. Марк Хјуз, прославениот велшки фудбалер и тренер, објави дека неговиот син Алекс Хјуз починал ненадејно на 38-годишна возраст. Оваа неочекувана загуба го остави семејството Хјуз во длабока жалост. Во кратко соопштение за медиумите, Марк Хјуз побара разбирање и почитување на приватноста во овој исклучително болен период. Иако не играл фудбал ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07