Градскиот стадион во Тетово, и дефинитивно добива сосема нов лик. Старите трибини повеќе ги нема, срушени се и на нивно место ќе се градат сосема нови, модерни, и според најнови стандарди. Откако изминатиов период се работеше на трите останати, во моментов и главната трибина на Градскиот стадион во Тетово се руши, и истата заминува во историјата. Овој легендарен фудбалски објект е изграден пред неколку децении, а сега според потребите на ФК ...
Во рамки на реконструкцијата на Градскиот стадион во Тетово, почна да се руши и главната трибина. Останатите трибини веќе се срушени и делумно изградени. Работите за реконструкцијата на Градскиот стадион ја врши Општина Тетово, а градоначалникот Билал Касами вели дека градот ќе добие модерен спортски објект. „Се работи на модерен стадион, по стандарди на УЕФА, кој на Тетово ќе му ја донесе спортската инфраструктура што ја заслужува“, рече ...

