Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, попладнево (18 ч.) во Порто против селекцијата на Унгарија ќе го одигра првиот натпревар во новото издание на Европската лига 2026. Под водство на новиот селектор Гавриловиќ, оваа селекција оди по ново искуство на меѓународната сцена. Македонија во Порто ја очекуваат два тешки меча со Унгарија (денеска) и со Португалија (утре), но ваквите натпревари мора да ги искористиме за кревање на ...
Иако на почетокот од Q2 се најде во проблем поради излетување од патеката, Марк Маркез се врати на магичен начин и стигна до нова пол позиција на патеката “Балатон“ за ГН на Унгарија. А неодамна го скрши стапалото и имаше операција на рамото. Веќе во првата кривина од вториот дел од квалификациите, тандемот на Дукати излета од патеката – Марк Маркез и Фабио ди Џанантонио се најдоа во проблеми по само две минути. Сепак, феноменалниот Шпанец ...
Капитенот на Аргентина и најдобар стрелец, Лионел Меси, веќе тренира со своите соиграчи и го надмина физичкиот проблем што го мачеше во последните десет дена, откри тренерот на светските шампиони, Лионел Скалони, на својата прес-конференција пред пријателскиот натпревар со Хондурас. 38-годишниот Меси доживеа истегнување на мускулот во победата на неговиот клуб Интер Мајами од 6-4 над Филаделфија Јунион на крајот од минатиот месец. Ова ...
На барање на јавноста во Бразил, селекторот Карло Анчелоти сепак му испрати повик на Нејмар за СП. Проблемот е во тоа што тој во меѓувреме се повреди, ама сепак остана на списоко на Дон Карло. По ова се поставува кога Бразил ќе може да смета на својата мега – ѕвезда. Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека закрепнувањето на Нејмар напредува добро и дека тој би можел да се приклучи на тимските тренинзи веќе следната недела. Нејмар ...
Конечно е откриено кој е тој мистериозен играч за кого Флорентино Перез изјави дека е спремен да даде дури 150 милиони евра само за да го донесе во Реал Мадрид. Не станува збор за Халанд, Олисе или друг, туку за Квича Кварацкелија. Ова е “бомбата“ која ја лансираат медиумите во Шпанија. “Трансфер од 150 милиони евра не е за дефанзивец. Може да биде играч од средниот ред или напаѓач. Тој е млад играч и не е од Премиер лигата. Тој е комплетен ...
Виктор Вембањама, одигра уште еден одличен натпревар и постигна 29 поени, но еден момент од финалето ќе биде најзборуван. При резултат 104:104 и само 12 секунди до крајот, Спарси имаа посед што можеше да го реши натпреварот, но Вембањама ја загуби топката, што Никси веднаш го казнија тоа и стигнаа до победата. По натпреварот, тој не се обиде да најде изговори. „Ја фрлив таа топка, згрешив, не игравме добро како тим. Моравме да го добиеме тој ...
Нов удар за Енрике Рикелме. Откако си направи проблеми со Ерлинг Халанд и Манчестер Сити, сега на ред дојде и Јирген Клоп. Веста што ја рашири штабот на кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, во која тој ја откри својата намера да го привлече Јирген Клоп доколку победи на изборите, го обиколи светот. Сепак, одговорот не се чекаше долго. Германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ побара итна реакција од претставникот на тренерот, ...
И дефинитивно. Мајкл Олисе не е на продажба. Ниту за 100 милиони, ниту за 150, ниту за било каква сума што се приближува до лудило. Пораката што доаѓа од раководството на Баерн со месеци е едноставна колку што е и категорична – Французинот е недопирлив. Реал Мадрид, воден од амбициите на Флорентино Перез, го стави баварскиот крилен напаѓач на врвот на својата целна листа за следното големо реструктуирање на тимот. Олисе е млад, екстра играч ...
Германија, која важи за еден од фаворитите, остана без талентираниот напаѓач Ленарт Карл за претстојното Светско првенство откако 18-годишникот заработи повреда на бутот. Фудбалерот на Баерн Минхен се повреди на последниот тренинг пред контролниот натпревар против САД, еден од домаќините на турнирот. Карл го започна пријателскиот натпревар против Финска во неделата, кој Германија го доби со 4-0, а исто така забележа и асистенција за еден од ...
Голем шок за селекцијата на Парагвај, откако се повреди нејзиниот најдобар играч Енсисо. Оваа репрезентација го одигра последниот подготвителен натпревар пред Светското првенство. Победи со 4:0 против Никарагва, а навивачите им приредија спектакуларно испраќање. Paraguay got quite the send off in their friendly vs. Nicaragua before leaving for the World Cup pic.twitter.com/p8Mh6fp7F0 — jwriddle (@jwriddle_) June 6, 2026 Сè започна ...
Њујорк уште еднаш го урна Сан Антонио за втора победа на гости, овојпат со 105:104 за “двоен брејк“ и за водство во серијата од 2:0 во големото финале во НБА. Никси веќе ги шокираа Спарси во првиот натпревар и со победа од 105:95 веднаш ја одзедоа предноста на домашен терен. Во вториот, беше уште подраматично – Њујорк славеше 105:104 по завршницата во која Сан Антонио имаше сè во свои раце, но една голема грешка на Виктор Вембањама одлучи. ...
Плазма Спортските игри за млади од оваа година за првпат се одржуваат во Македонија, носејќи со себе една исклучително важна мисија – бесплатен спорт за секое дете. Но, овие игри се многу повеќе од натпреварување и резултати. Тие се место каде што младите учат што значи да се биде дел од тим, како да се почитува противникот и како преку играта се градат вистинските животни вредности. Преку спортот, децата растат не само како спортисти, туку ...
Неколку дека во македонските фудбалски кулоари ТОП тема е одлуката на Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија, во врска со казната за ФК Шкендија, и инцидентите кои се случија на финалниот Куп натпревар против Силекс одигран на Арената во Скопје. Како што е добро познато, ФК Шкендија одби да ги прими медалите за освоеното второ место за што доби највисока казна во историјата на мак фудбалот, од 105.000 евра и забрана ...
Очигледно дека преписката на инволвираните страни кога е во прашање казната за ФК Шкендија, суспензијата овој клуб да не игра во Купот на Македонија следната сезона, како и рекордната глоба на име на пари што ја изрече Дисциплинската комисија при ФФМ ќе потрае. Откако се јави ФК Шкендија, па возврати Фудбалската Федерација на Македонија, сега на ред дојдоа со соопштение да излезат и навивачите на клубот од Тетово. Популарните Балисти јавно ...
Вториот ден од Европската минибаскет конвенција, која се одржува во Скопје, беше во знакот на практичната работа и едукацијата, под водство на реномирани меѓународни експерти од областа на развојот на младинската кошарка. Учесниците имаа можност да стекнат нови знаења, методи и алатки за поефикасно воведување на кошарката кај најмладите категории, како и за промовирање на здрави животни навики, спортски вредности и правилен развој на децата ...
Ненад Костиќ Коле плачеше за Един Авдиќ за време на преносот од натпреварот Олимпијакос-Панатинаикос. Српскиот коментатор не можеше да ги скрие солзите за човекот со кого ја делеше кабината со години. Тешко му беше да зборува за човекот со кого помина добар дел од својот живот. Во неколкуте реченици што успеа да ги изговори, Коле се обиде да ја опише празнината што ја остави смртта на Един. Тој зборуваше за нивните заеднички патувања, ...
ФИФА објави радикална промена за претстојното Светско првенство во 2026 година. Сите 26 играчи од секоја репрезентација на Светското првенство ќе бидат на теренот за време на националните химни. На сите претходни меѓународни фудбалски натпревари, само почетните единаесет играчи беа на теренот за време на химните, а резервите се редеа на страничните редови со менаџерот и тренерскиот персонал. Сепак, ова ќе се промени на претстојното Светско ...
Второто полуфинале од машкиот дел на турнирот Ролан Гарос нема да се игра. Италијанецот Матео Арналди му го предаде мечот на својот сонародник Флавио Коболи само дваесет минути пред да излезат на теренот Филип-Шатрие. Арналди мораше да се откаже од своето прво полуфинале на Гренд слем поради болест, а десеттиот носител Коболи стигна до финалето без борба. Според соопштението на организаторите на турнирот, 25-годишниот Арналди, кој како ...
Ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, е прогласен за играч на сезоната во Ла Лига, објави шпанската лига. 18-годишникот им помогна на каталонските гиганти да ја одбранат титулата и стана првиот играч што ја освои наградата за играч на месецот во лигата три пати во една сезона. Тој заврши како најдобар стрелец на Барселона во Ла Лига со 16 гола и 11 асистенции. Менаџерот на Барселона, Ханси Флик, беше прогласен за тренер на годината во ...
Женската А – репрезентација на Македонија вечерва на гостувањето во Ла Вела, славеше со 0:1 против домашната селекција на Андора и тоа со голот на Николовска во 86.минута во меч од квалификациите за СП во Лига Ц од 5.коло во групата 3. Ова е втора победа за составот на селекторот Александар Андов во овој циклус, и втора против Андора, ако се знае дека пред три месеци дома славевме со 3:0. И Андора и Македонија си имаа свои шанси, сепак на ...
Македонската одбојкарска репрезентација по три скоро израмнети сета со пораз против фаворитот Холандија го започна првиот турнир од годинешната Европска Лига 2026. Иако бевме блиску барем до еден сет, сепак, моќната репрезентација на „лалињата“ одигра квалитетно во дуелот во спортската сала „Парк“ во Струмица и на крајот успеа да ја исполни целта. Ослабениот состав на Македонија поради повредата на Љафтов, одговори сосема солидно во трите ...
Одличниот бек на Њујорк Никс, Џош Харт, изненади со својата реакција на новинар кој носеше ознаки на англискиот фудбалски клуб Арсенал. „Знаете дека Арсенал го загуби финалето на Лигата на шампионите? Тогаш зошто го носите тоа ѓубре на себе? Арсенал ја освои Премиер-лигата на среќа. Тие имаа ВАР на своја страна. Арсенал не е скромен. Тие никогаш не ја освоиле Премиер-лигата. Лондон е син, никогаш нема да биде црвен. Само напред, Челзи“, рече ...
Од Битола стигна нова порака – спортот обединува, создава пријателства и вредности, но и моменти кои ќе се паметат цел живот. Младите дечиња кои ги сакаат спортот добија уникатна шанса – бесплатно да се натпреваруваат. Сето ова го овозможува Плазма Спортските игри за млади кои за првпат оваа година се одржуват во Македонија. А, кој рече дека најмладите не можат да донесат вистински возбудувања на спортските терени, ќе погреши. Во Битола беше ...
Искусниот, и досегашен член на тимот на Ливерпул, Енди Робертсон летово ќе го промени клубот. Од 1 јули и официјално е член на екипата на Тотенхем, која што откако конечно на крајот од сезоната обезбеди опстанок во Премиер лигата, летово ќе проба да го реновира составот. Левиот бек го напушта „Енфилд“ по девет многу успешни сезони во кои освои многу титули и трофеји. Спортскиот директор на Тотенхем, Јохан Ланге, не го криеше своето ...
Некогашниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, денеска имаше супер – деби како предводник на А-репрезентацијата на Таџикистан. Имено популарниот Мрме со своите избраници како домаќини, во пријателски натпревар успеа да ја победи Индија со 3:1. Стрелци на головите беа Бобоев уште во 9.минута од пенал, Каримов во 62.минута, неколку минути подоцна Панчисханбе зголеми на и 3:0. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот со гол во ...
Ракометната федерација на Македонија ја потврди оставката на Наум Танески од селекторското место во младинскиот национален тим. За нова предводник на оваа генерација е назначен Игор Илиевски, кој ќе ги преводи млдинците на ЕП во Романија. „Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на г-дин Наум Танески, за нов селектор ...
Машката сениорска репрезентација во ракомет на плажа во понеделник во хотелот “Green Space” во Охрид официјално ќе започне со подготовки за претстојниот меѓународен турнир во Полска. За селектор на македонската репрезентација во ракомет на плажа е назначен, Наум Бабачев. По неколкудневните подготовки, националниот тим ќе отпатува за градот Плоцк, Полска, на 12 јуни, каде ќе учествува на меѓународен турнир во конкуренција на европски ...
Македонија вечерва е домаќин на првиот турнир од одбојкарската Европска Лига во салата „Парк“ во Струмица. Наш прв ривал е селекцијата на Холандија, а во пресрет на премиерниот дуел, капитенот на нашиот национален тим, Никола Ѓоргиев објективен во очекувањата. „Започнува уште една Европска лига, најубавото и она за што работевме целиот овој период. морам да ги пофалам феноменалните подготовки, иако не бев во Крушево, реакциите од сите беа ...
Иако има само уште неколку дена до самиот старт на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, еден од учесниците сеуште нема добиено комолетна документација за влез во Америка. Верувале или не, репрезентацијата на Иран сеуште чека одобрување на визите во американската амбасада во Турција, па од таму да замине за САД. Ова го потврди претседателот на фудбалската федерација на Иран, Мехди Таж. „Разговарано е со претставниците на ФИФА по повод нашите ...
Големата звезда на колумбискиот фудбал и еден од најдобрите играчи на оваа земја на сите времиња, Хамес Родригез е на огромен удар на домашната јавност. Пред заминувањето на Мундијалот, репрезенаттивците на Колумбија беа испратени со најголеми почести од страна на државниот врв. Претседателот на Колумбија Густаво Петро. Сите беа пресреќни што се дел од овој настан пред се ќерката на претседателот Петро, Антонела. Таа со воодушеување ги ...