Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Третиот натпревар од финалето на НБА помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс понуди многу возбуда на паркетот, но еден детаљ од трибините успеа да засени речиси сè што се случи во текот на вечерта. Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно беше во центарот на вниманието, гледајќи го натпреварот во живо од ВИП ложата во иконскиот “Медисон Сквер Гарден“. Неговото пристигнување беше една од главните теми дури и неколку часа пред почетокот на ...
Светската ракометна федерација (ИХФ) им ги додели двете достапни вајлд-карти за Светското првенство за мажи во 2027 година на Турција и Саудиска Арабија, со што се комплетира составот од 32 селекици кои ќе се појават на првенството. Оваа одлука на ИХФ е изненадувачка, ако се знае дека во конкуренција беа и Унгарија, Швајцарија, Австрија… кои многумина ги видоа како сигурни добитници на овие „лаки-лузер“ места. Со потврдениот конечен состав ...
Курасао и дефинитивно стана глобален хит откако се квалификуваше на Светското првенство за прв пат во историјата. Оваа интересна карипска земја, која има само 150.000 жители, брзо стана глобален хит благодарение на социјалните мрежи. Очигледно се прелеа од виртуелниот во реалниот живот, бидејќи успеаја да ги продадат сите произведени дресови на нивната репрезентација, објави нивниот технички спонзор „Адидас“. Особено нивниот резервен дрес, ...
Да се знае кој е кој. Секоја чест за Вини и Рафиња, ама се знае кој е најголемата ѕвезда во земјата на фудбалот. Имено сите во Бразил чекаат вести дека Нејмар се опоравил и е подготвен да игра на Светското првенство и се чини дека нема да биде долго. „Фудбалерот Нејмар овој понеделник направи магнетна резонанца. Прегледот покажа добар напредок во неговото закрепнување, во согласност со очекуваните параметри. Тој ќе го продолжи процесот на ...
Бразилецот Вилтон Сампајоќе го суди натпреварот од отворањето на СП 2026 Мексико – Јужна Африка. ФИФА ги објави раните распореди за Светското првенство во 2026 година. Натпреварите ќе се играат на 11 и 12 јуни 2026 година. Бразилскиот судија Вилтон Сампајо е назначен да го суди натпреварот од отворањето на Светското првенство во 2026 година, закажан за 11 јуни, помеѓу Мексико и Јужна Африка. Во меѓувреме, аргентинскиот судија Факундо Тељо ќе ...
Реал Мадрид се подготвува да го претстави Жозе Мурињо за нов главен тренер на тимот. Инсајдерот Фабрицио Романо известува дека португалскиот специјалист денес пристигнал во Мадрид за да ги мине формалностите околу договорот и за да се подготви за официјалната промоција, која најверојатно ќе се случи во четврток. Претходно беше објавено дека Мурињо потпишал тригодишен договор со Реал Мадрид, кој ќе важи до 2029 година. Мадридскиот клуб ја ...
Уште еден доказ дека нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлична, феноменална сезона 2025/26 во тимот на Битигхајм во 2.Бундеслига. Токму Македонецот е еден од најзаслужните што овој тим избори пласман во елитната ракометна лига во Германија со своите настапи и фантастични одбрани на голот на Битигхајм. Токму затоа Мартин Томовски е избран во идеалниот тим или најдобриот тим за сезоната која штотуку заврши. Се најде во ...
Лео Меси пристигна на “Камп Ноу“ како момче во 2000 година, помина низ сите младински селекции, а потоа прерасна во играч кој ја промени историјата на клубот. Во дресот на Барселона, тој освои практично сè што можеше да се освои, постигна стотици голови и стана симбол на генерацијата што доминираше во европскиот фудбал. Поради сето ова, многу фанови со години сметаа дека Барселона требаше да го повлече од употреба дресот со легендарниот број ...
Од вчера фудбалерите на Вардар се во “погон“ што би се рекло. Ги стартуваа подготовките за наредната сезона, пред се за настапот во Европа. Со оглед на тоа дека нашиот најтрофеен клуб по пауза од шест години ја врати титулата во своите витрини, вардарци ќе настапат во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Вчера попладне на својот тренинг камп, Вардар го одработи и својот прв тренинг под водство на новиот стратег Кристијан Фабиани. ...
Њујорк и „Медисон Сквер Гарден“ беа подготвени за уште една прослава на „Никси“, но Виктор Вембањама имаше други планови. Французинот доминираше од првата до последната минута и ги врати „Спарси“ во живот! Сан Антонио беше на работ на бездната, а потоа на сцена стапи Виктор Вембањама. Францускиот кошаркарски чудотворец одигра натпревар за паметење и им ја врати надежта на „Спарс“ дека можат да направат голем пресврт во финалето на НБА. ...
Шпанија го победи Перу со 3-1 во нивниот последен тест пред почетокот на Светското првенство во 2026 година. Микел Ојарзабал повторно постигна гол за „Фуријата“, а Педри и Феран Торес одиграа одлично за тимот на Луис де ла Фуенте. Шпанците не наидоа на сериозен отпор, иако Перу беше тимот што упати повеќе удари. Сепак, „Инките“ не ги искористија своите шанси. Де ла Фуенте успеа да испроба различни тактички опции за натпреварот со ...
Секоја чест за Јамал, за Кејн, за Мбапе или Дембеле, за Халанд, да не говориме за Меси и Роналдо, но првата мега – ѕвезда во моментов во светот на фудбалот е само Мајкл Олисе и никој друг. Франција има напад да се “смрзнеш“, Мбапе, Дембеле, Дуе и др., но Мајкл Олисе е нешто нестварно. И не само поради синоќешниот хет- трик против С.Ирска, туку за се она што овој фудбалски романтичар го прави оваа сезона во дресот на Баерн Минхен и ...
И дефинитивно еден е Перо Антиќ. Човек со ДУША, човек со ГОЛЕМО СРЦЕ. Човек кој во овие времиња ја враќа надежта дека луѓето се луѓе. Нашиот прославен некогашен кошаркар, некогашен претседател на КФМ, го одржа ветувањето и покажа на дело дека е човечка грамада. По повод полуматурската вечер на Марјан, синот на неговиот прерано починат пријател и музичар Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, Перо се погрижи овој важен ден за момчето да биде ...
Македонија домаќин на Европско првенство во фудбал? Па и не е така неможно. Според шпекулациите што се појавија во последните месеци, домаќини на ЕП 2036 гoдина би можеле да бидат Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Македонија и Албанија. Таквиот модел би овозможил организирање на големо натпреварување во дури шест земји од регионот за прв пат во историјата. Доколку УЕФА прифати таква понуда, сите шест домаќини автоматски би обезбедиле место ...
Репрезентацијата на Иран истигна во Мексико пред почетокот на Светското првенство, а вниманието на јавноста го привлече значката што ја носеа играчите на реверите во спомен на жртвите од ракетниот напад врз основното училиште во градот Минаб. По симнувањето од авионот во Тихуана, репрезентативците на Иран носеа златни значки со бројот „168“, што го претставува бројот на загинати во нападот на 28 февруари. Меѓу жртвите имаше и голем број ...
Масовниот четиридневен настан на ФИБА, Европската минибаскет конвенција и курс за тренери, заврши со огромен минабаскет хепенинг во неделата во Скопје. Конвенцијата, која е годишен настан организиран од ФИБА Европа во соработка со програмата „Кошарка за добро“ на Фондацијата ФИБА, по прв пат беше домаќин на Кошаркарската федерација на Македонија. На фестивалот учествуваа над 300 деца од 50 младински клубови, кои се натпреваруваа и учествуваа ...
Вечерва се одиграа две пријателски средби на кои настапија и тоа како силни селекции, кои важат за фаворити на претстојното СП 2026. Франција во Лил, на последната контрола пред патувањето на Мундијалот, со 3:1 славеше против С. Ирска. Сите три гола беа дело на фантастичниот Мајкл Олисе, посебно убав беше последниот. Нема што, Олисе е фудбалски генијалец. За разлика од него Килијан Мбапе иако имаше неколку шанси, сепак не успеа да се запише ...
Денеска, исто како и Вардар и Силекс, и Шкендија ги стартуваше подготовките за наредната сезона, поточно за европските предизвици што ја чека оваа екипа. Интересно е тоа што Шкендија сеуште нема официјално назначено нов шеф на струката по заминувањето на Јетон Беќири. Токму затоа главни на стартот од подготовките беа неговите досегашни помошници на чело со Бурхан Емурлаи. Инаку јасно е дека Шкендија мора што побргу да го назначи наследникот ...
Македонија повторно има причина за гордост. Најдобриот македонски бодибилдер, Ивица Јанев – Ице, уште еднаш го крена македонското знаме на највисокото место и испиша нова златна страница во историјата на македонскиот бодибилдинг. На престижниот Мр Олимпиа Аматер Шпанија, најголемата и најзначајна аматерска бодибилдинг сцена во светот, Јанев е првиот Македонец кој стана шампион на Олимпиа Аматер и да го освои првото место во категоријата ...
Познатото досие што Реал Мадрид го подготвуваше во последните неколку месеци веќе е на пат кон седиштето на УЕФА. Во него, „кралскиот клуб“ поставува невидено барање – повлекување на титулите освоени од вечниот непријател Барселона. Повеќето од потезите на Флорентино Перез во неделите пред изборите, како и за време на самата кампања, имаа за цел да постигнат примерна казна за каталонскиот клуб во случајот „Негреира“. Неговите фотографии со ...
Убави вести за сите тениски фанови. Роџер Федерер се враќа на стадионот „Артур Еш“ ова лето на Отвореното првенство на САД во 2026 година, откако швајцарскиот тенисер потврди дека ќе игра во егзибициски натпревар. 20-кратниот шампион на Гренд слем, кој ќе се пензионира во септември 2022 година на 41-годишна возраст, повторно ќе им даде шанса на фановите да го видат на теренот на „Флашинг Медоус“. Речиси четири години по неговиот последен ...
Вториот колапс на Кристијан Ериксен во Оденсе синоќа најверојатно ќе биде причина за крајот на импресивната кариера на 34-годишниот играч од средниот ред, тврди авторитетното данско издание „Болд“. Како што е објавено, инцидентот со познатиот фудбалер се случил во 64-тата минута од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, кој потоа беше прекинат. Колапсот на Ериксен на теренот застрашувачки потсетуваше на она што се случи пред пет ...
Американецот со македонски пасош, и досегашен член на кошаркарскиот клуб на Панатинаикос, Ти-Џеј Шортс, летово ќе ги промени клупските бои но по се изгледа нема да пристигне во Црвена Звезда. Туку, како што јавуваат медиумите во Израел, тој заминува во тимот на Хапоел, каде што веќе има и договор. Шортс дефинитивно заминува од Атина, каде со неговиот просек од нешто над осум поени по меч и не беа баш најзадоволни. Па така, опции имаше на ...
Првата македонска судијка со значката на ЦЕВ, Елеонора Петровска, во првиот викенд од Европската лига 2026 ја доби и првата номинација како меѓународен судија на натпревари од овој ранг. Петровска беше дел од судискиот колегиум кој делеше правда на натпреварите од турнирот број три во Струмица, на кој ОФМ и машката сениорска репрезентација на Македонија беа домаќини. Таа беше во друштво на искусните арбитри – Александрос Милонакис (Грција), ...
Интересно е за нас во Азискиот шампионат, посебно ако се знае дека и нашиот репрезентативен капитен Филип Кузмановски е дел од составот на Кувајт Спорт Клуб. Па така по двете победи на тимот на македонскиот ракометар, против Ал Наџма и Ал Араби, денеска во меч од третото коло, Кузмановски и неговиот состав го претрпеа и првиот пораз и тоа од Ал Калеј, од Саудиска Арабија, со 34:31. Македонецот беше добро затворен од противничкиот тим, но ...
РК Прилеп продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на на суперлгашот е Андреј Стојановски, македонски ракометар кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на РК Пролет. Роден на 21 август 2004 година, Стојановски е производ на младинската школа на Пролет и важи за еден од најперспективните млади македонски ракометари на својата позиција. Покрај настапите во домашната Суперлига, Андреј има и репрезентативно ...
Тренерска промена во тимот на ФК Партизан. Досегашниот стратег Срѓан Благојевиќ е нов тренер на рускиот тим Акрон, додека на стадионот на ЈНА пристигнува и тоа како познато лице. За нов тренер на Партизан е поставен Саша Илиќ, легендата на „црно-белите“ кој што веќе одработи мандат во клубот. Официјалната промоција на Илиќ е закажана за утре на официјална прес конференција во клупски простории. Партизан има огромни проблеми од организациски ...
Некогаш еден од најголемите фудбалски таленти на планетава, и член на репрезентацијата на Белгија Дивок Ориги на само 31. година ја заврши својата кариера. Некогашниот напаѓач на Ливерпул и стрелец на неколку клучни голови во годините на големите успеси на овој тим преку социјалните мрежи и официјално стави крај на фудбалската кариера. „Благодарам до сите мои обожаватели ширум светот, кои што ми помогнаа да станам она што сум. Секој ...
Од денеска најавите и официјално се остварија. Интернационалецот од Португалија, Мигуел Пиреш и дефинитивно е нов член на Вардар. Досегашниот офанзивец на Силекс направи трансфер од Кратово во нашиот најтрофеен клуб и ќе биде и тоа како големо засилување во офанзивата на „црвено – црните“. Пиреш за Вардар потпиша едногодишен договор до јуни 2027 година. Португалецот имаше одлична сезона во дресот на Силекс, не само што со 11 постигнати ...
Некогашниот светски шампион со репрезентацијата на Италија, Фабио Гросо, и официјално е нов тренер на тимот на Фиорентина. Клубот предмалку го потврди Гросо како нов кормилар, кој што го презема клубот по уѓазната сезона, пред се на резултатски план, во која што тимот од Фиренца долго време стравуваше и за својот опстанок. „Фиорентина со задоволство објавува дека Фабио Гросо е назначен за нов главен тренер на првиот тим“, се вели во ...