Вчерва и во раните утрински часови на програмата се два меча од шампионатот кој вчера стартуваше. Од 21 часот во Торонто, се среќаваат домашната селекција на Канада и БиХ, селекција за која навива цел Балкан. Сите ние посакуваме Џеко и компанија да покажат што знаат, секако и да дојдат до добар резултат на својот прв меч на Мундијалот во оваа група Б. Според најавите од Торонто, иако Босанците се гости, Џеко и другарите ќе играат пред 30.000 ...

Новиот прволигаш, тимот на Шкендија од Арачиново предмалку објави дека првиот голман Антонио Столевски и следната сезона ќе биде дел од клубот. Ова е сосема логичен развој на настаните, затоа што Столевски е херојот на овој тим, кој што во бараж дуелот против Пелистер, одбрани пенал во регуларниот дел од мечот, а потоа и во пенал серијата неколку пати го сопте противникот. Па така, сосема е нормално клубот да сака по секоја цена да го задржи ...

Актуелниот шампион, тимот на Вардар замина на базичните подготовки во Норчиа, Италија. Под водство на новиот тренер Фабиани, „црвено – црните“ неколку дена работеа во домашни услови во базата во Хиподром, за да од вчера се во Италија. Денеска е одработен стартниот тренинг, а во сабота се очекува да се приклучат и репрезенаттивците кои што добија неколку дена одмор повеќе Тоа секако се Давор Талески, Георгије Јанкулов, Бобан Николов, Дарко ...

Денеска пристигна тажна вест, на 80 години почина Светислав Димовски – Срцка, човекот кој долги години беше пирум сите спортски терени во Македонија. Веќе со децении, без оглед дали се игра ракомет или кошарка, дали настапува Македонија, Работнички или МЗТ, ниту еден настан во Скопје не помина без него. Во својата кариера има над 10.000 мечеви во било кој спорт. Тој беше душата на спортската сала, задолжен да биде се како што треба. ...

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Силекс во следниот период ќе биде посилен за босанскиот интернационалец Есмир Хасукиќ. Досегашниот играч на екипата на ГОШК Габела, доаѓа во Кратово како засилување за Европа. Во моментов кратовци се на стартот на подготвките, и се во екот на подготвување на екипата за она што следува летово. Веќе се договорени Нихад Шеро како и некогашниот македонски У21 репрезентативец Никола Богдановски. ...

По исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen. За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше ...

„Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади во својата прва сезона беше одбележан во 11 градови: Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Тетово. Решителноста на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски да поддржат проект кој овозможува бесплатен спорт за секое дете е уште една потврда дека во нашата држава на прво место се младите и иднината. Нема поубава награда ...

Германската репрезентација понуди да ги покрие трошоците за превоз на своите навивачи за последниот натпревар од групата на Светското првенство, објавува „Атлетик“. Германците ќе се соочат со Еквадор во Њу Џерси на 25 јуни, а голем дел од дискусијата пред турнирот ќе се врти околу превисоките трошоци за превоз од центарот на Њујорк до стадионот во Њујорк/Њу Џерси. Автобуски билет на таа рута моментално чини 20 долари, додека билет за ...

Гледачите по првите натпревари од Светското првенство во 2026 година, покрај головите и движењата на теренот, забележаа и еден необичен детал – речиси сите фудбалери носат розеви фудбалски копачки. Иако на почетокот се чини дека играчите на различни национални тимови го користат истиот модел, тоа е намерен тренд што го започнаа најголемите спортски брендови пред Светското првенство. Најк, Адидас и Пума ги претставија своите нови колекции во ...

Денеска почнуваме со “Коментар на денот“ за СП 2026 кое синоќа почна, и тоа со Срѓан Захариевски. Како што и ветивме секој ден на нашиот портал ќе имате можност да прочитате што мислат, од некој друг агол, познати и признати фудбалски тренери. Се разбира дека Захариевски својот коментар прво го започна со свеченото отворање, атмосферата на легендарниот „Ацтека“ стадион: “Искрено мене ми се допадна свеченото отворање, ама и не сум изненаден. ...

Навивач на мексиканската репрезентација доживеа срцев удар непосредно пред почетокот на првото коло од натпреварот од Групата А против Јужна Африка на Светското првенство. Несреќниот човек бил на пат кон натпреварот, стигнал до влезот, а потоа доживеал срцев удар. Лекарите реагирале брзо. Навивачот бил итно префрлен во болница. Во овој момент нема информации за неговата здравствена состојба. За жал, тој не е единствениот проблем. Службата за ...

Победата на Мексико од 2-0 над Јужна Африка на почетокот на Светското првенство резултираше со три црвени картони, што веднаш го покрена прашањето дали судиите станале построги отколку на претходните Светски првенства. Јужноафриканците Јаја Ситоле и Темба Зване беа исклучени, како и Мексиканецот Сезар Монтес во судиското продолжение. Интересно е што на претходните две Светски првенства, во Русија 2018 и Катар 2022, беа прикажани вкупно само ...

Хванг организираше спектакуларeн камбек на Јужна Кореја против Чешка (2:1) во првото коло од Групата А. Сега како играч од средниот ред на холандскиот Феенорд, прво израмни за Кореја со фантастичен потег. На овој гол му претходеше низа од 25 додавања, петта најдолга низа што доведе до гол на Светско првенство од 1966 година. Откако ја прими топката пред шеснаесетникот, тој ги „скрши“ и дефанзивецот и противничкиот голман ја погоди мрежата со ...

Мексиканскиот играч од средниот ред Жилберто Мора стана првиот играч роден по финалето во 2006 година кој играл на натпревар од Светското првенство. Мора е роден на 14 октомври 2008 година, повеќе од две години откако Италија ја победи Франција во финалето на Светското првенство во 2006 година, натпревар кој беше обележан со збогувањето на Зидан со фудбалот и ударот со глава во градите на Марко Матераци. Со 17 години и 240 дена, тој стана и ...

Бројките, резултатот, коефициентот и секако УЕФА кажува дека не можеме да се пофалиме дека имаме екстра судии во мак – фудбалот. Исклучок е Ивана Пројковска која беше во елитната група на женски судии и таму и остана. Пројковска во последно време и тоа покажува дека има квалитет, а тоа некој надвор и тоа како знае да го цени, па затоа таа суди во ЛШ, на првенствата ширум светот. Едноставно квалитет. За разлика од нејзе сите наши машки судии ...

Иако веќе неколку месеци трае сагата за евентуалниот трансфер на Мајкл Олисе во Реал Мадрид, а Баерн Минхен бара 250 милиони евра, сега во игра за спектакуларниот офанзивец се вклучува и ПСЖ. Францускиот гигант Пари Сен Жермен не планира да застане по освојувањето на Лигата на шампионите, а челниците на клубот веќе интензивно работат на создавање тим кој би можел да доминира во европскиот фудбал во наредните години. По сезоната од соништата ...

Во реприза на мечот од СП 2010 година, селекцијата на Мексико славеше со 2:0 против Јужна Африка на отворањето на Мундијалот 2026. Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу подобро издание од противникот, сосема заслужено ги освоија првите бодови во групата „А“ и најавија кандидатски статус за место во нокаут рундата. Со брзиот гол на Хулиан Кињонес во 9. минута, Мексико поведе со 1:0 и најави атак на трите бода. Во продолжение, ...

По состанокот во Мексико Сити, ФИФА објави радикални промени во Правилникот за трансфери, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година. Новите одредби, кои се резултат на двегодишни преговори и судски спорови со синдикатот на играчи FIFPro, лигашките здруженија и европските клубови, внесуваат револуција во системот што беше воспоставен во 2001 година. Меѓу најважните иновации се задолжителниот удел на играчот во надоместокот за трансфер и ...

Милан и натаму продолжува со потрагата по нов тренер. И покрај медиумските извештаи, сè уште не е донесена никаква одлука за назначувањето на Оливер Гласнер како наследник на Алегри на клупата на „роисонерите“, пишува инсајдерот Фабрицио Романо. Матијас Јаjсле од Ал Ахли и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, исто така се разгледуваат како кандидати. Според новинарот Матео Морето, Гласнер почнал да губи во трката за ...

Хулиан Кињонес е авторот на првиот гол на Светското фудбалско првенство 2026. Со погодокот во 9 минута, офанзивниот фудбалер во составот на селекторит Хавиер Агире, Мексико обезбеди водство од 1:0 против Јужна Африка во премиерниот меч на Мундиалот. Мексиканците беа далеку подобар тим во ова полувреме и чусто чудо е што не успеаја барем вторпат да го погодат голот на Вилијамс. Кињонес ја погоди и стативата, додека Раул Хименез не успеа да ...

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, е најдобриот поентер по првиот викенд во Европската лига 2026. Сумирајќи ги поединечните постигнувања на првите 9 турнири кои се одржаа изминатиот викенд, нашиот коректор е лидер на листата на најдобри поентери со реализирани 42 поени. Ѓоргиев ја предводеше Македонија до победа на средбата со Луксембург, а беше и едне од најзабележителните во поразот од Холандија на ...

Пред два дена Реал Мадрид потпиша неверојатен договор со Адидас, како што го нарече Флорентино Перез, најважниот договор во историјата на фудбалот. Според шпанските медиуми, договорот со Адидас е таков што Реал Мадрид ќе добива 120 милиони евра по сезона, но секако тоа не е сè.„Ас“ ја носи веста за тоа колку всушност вреди дресот на Реал Мадрид по сезона и тој е убедливо највреден, ако ги погледнеме приходите на клубот, во светот. Само од ...

Капитенот на чешката репрезентација Ладислав Крејчи верува дека тимот ќе ги продолжи добрите настапи од неодамнешните натпревари и на Светското првенство. Тој вечерва ќе се соочи и со својот соиграч од Вулверхемптон, Хванг Хи-чан, во дуелот против Јужна Кореја. „Подготвени сме, возбудени и едвај чекаме сè да започне“, рече Крејчи пред тренингот пред натпреварот. Чешка е во серија од шест натпревари без пораз пред да влезе на Мундијалот, ...

Мексико се соочува со бран протести непосредно пред почетокот на Светското првенство во фудбал, кое го организира заедно со САД и Канада. Членовите на синдикатите на наставниците протестираат пред стадионот „Ацтека“ барајќи повисоки плати и укинување на законите за пензии, а заедно со нив се и роднините на таканаречените исчезнати лица, жртви на криминални банди и длабоката држава. Стотици демонстранти се вратија во областа во близина на ...

На нешто повеќе од еден час пред стартот на првиот натпревар на СП 2026, веќе ги имаме и официјалните состави со кои ќе тргнат Мексико и Јужна Африка. Домаќините ќе изгледаат поофанзивно на теренот, Јужноафриканците со засилена дефанзива. Чија стратегија на крајот ќе биде поуспешна, онаа на Агире на клупата на Мексико, или онаа на Брос на клупата на Ј. Африка? Mexico XI: Rangel; Reyes, Montes, Vásquez, Gallardo; Lira, Fidalgo, Gutiérrez; ...

Жозе Мурињо и официјално е назначен за главен тренер на Реал Мадрид. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година, објави мадридскиот гигант. „Управниот одбор на Реал Мадрид, кој се состана денес, четврток, 11 јуни, под претседателство на Флорентино Перез, одлучи да го назначи Жозе Мурињо за главен тренер на првиот тим за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година. Жозе Мурињо ќе му се придружи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат ...

На Ролан Гарос, тенисерите беа бесни поради недоволниот награден фонд, дури се спомена и бојкот, но на крајот заврши со благи мерки кои не влијаеја на ништо, како што е скратување на прес-конференциите на 15 минути. Сепак, неколку водечки играчи изјавија дека очекуваат одговор од Вимблдон, а Ол Ингланд Клубот го објави наградниот фонд за 2026 година – рекордни 64,2 милиони фунти, што е зголемување од 20 проценти во однос на минатата година. ...

Првиот техничар на македонската одбојкарска репрезентација, Ѓорги Ѓоргиев следната сезона ќе го носи дресот на Црвена Звезда. Како што потврдија вечерва од српскиот клуб, Ѓиргиев доаѓа како нивно големо засилување. „Големо задоволство е да објавиме добредојде за новио техничар на Црвена Звезда, искусниот македонски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев. Ѓоргиев во Црвена Звезда доаѓа од екипата на Алтерн од Франција“, напишаа од ОК Црвена Звезда. ...

Реал Мадрид испратил официјална понуда за Бернардо Силва, пишува Фабрицио Романо. Преговорите за потпишување на 31-годишниот играч од средниот ред се во напредна фаза. Жозе Мурињо врши притисок за потенцијален договор, а Реал Мадрид е уверен во своите шанси против Барселона и Атлетико Мадрид. Португалецот е приоритетна цел за Мурињо, кој ќе ги предводи „Лос Бланкос“ во новата сезона. За потсетување, Бернардо стана слободен агент откако го ...

Во пресрет на стартот на 23.СП убаво ќе биде да видиме кои рекорди можат да бидат урнати на овој Мундијал.Неколку играчи ќе бркаат индивидуални рекорди, особено имајќи предвид дека проширеното издание во 2026 година ќе има повеќе натпревари од кога било досега. Германецот Мирослав Клосе моментално е на врвот на листата на стрелци на Светските првенства на сите времиња со 16 гола на четири турнири. И Лионел Меси и Килијан Мбапе би можеле да ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
31%
1009
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
5.66
36%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
3.09
46%
1012
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
7.72
39%
1010
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
10.9
33%
1009
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.0
59%
1012
weather icon

Атина

33ᴼ / 29ᴼ
4.63
60%
1009
weather icon

Тирана

32ᴼ / 30ᴼ
4.12
51%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
35%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
5.66
24%
1005
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
41%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
69%
1009
Currency

61.5217

Currency

53.0864

Currency

71.9465

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Кобалт

56.29

Родиум

282926.57

Алуминиум

3.26

Паладиум

41828.12

Иридиум

252383.36

Бакар

13.19

Калај

56.46

Платина

56231.66

Злато

141161.07

Цинк

0.00

Сребро

2096.79

Рутениум

53852.50