
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Досегашниот играч на тимот на ПСВ Ајндховен, Малик Тилман, и официјално стана дел од екипата на БАер Леверкузен. Американскиот интернационалец, е доведен како замена за Флоријан Вирц, кој што е добро познато дека замина во екипата на Ливерпул. Тилман го чини тимот на Баер цели 35 милиони евра, што ќе рече дека тој е најскапиот играч кој овој клуб го довел во своите редови. Напаѓачот се обврза на соработка до 2030 година. ✍️ It’s official. Malik ...
Стефан Ристовски својата кариера ја продолжи во екипата на Сараево. Помалку неочекувано, искусниот десен бек се одлучи да ја прифати понудата од легендарниот босански клуб, и да ги занемари оние од Блискиот исток. Ристовски веќе е дел од тимот, и се приклучи на подоготовките кои се во полн ек. Секако, голем удел во ваквиот развој на настаните има и Крсте Велкоски кој што од летово е еден од водечките луѓе на ФК Сараево, онаму каде што е ...
Освојувачот на Купот на Македонија, и најтрофејниот наш фудбалски колектив, ФК Вардар со предност од три гола, ќе замине на реваш дуелот од првото квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Ла Фиорита во Сан Марино. На домашен терен, на Арената Тодор Проески во Скопје, Вардар во четвртокот обезбеди триумф од 3:0 со головите на Омерагиќ, Јанкулов и Мато, со што со едната нога е веќе во следното коло и двомечот со швајцарски ...
Легендарниот фудбалски стратег, Луис ван Гал за една локална холандска телевизија ја објави ситуацијата околу неговата здравствена состојба. Поточно околу неговата борба со канцерот на простата, кој му беше дијагностициран пред две години. Ван Гал овјави прекрасна вест дека во моментов се е во ред со него, и дека терапиите кои што ги правел вродиле со плод. „Ракот повеќе не ме мачи. Сè се среди, па сега можам да објавам. Одам на преглед на ...
Искусниот Стефано Пиоли денеска и официјално е претставен како нов тренер на екипата на Фиорентина. Тој доаѓа на местото на Рафаеле Паладино, кој што си замина по завршувањето на минатата сезона. За Пиоли, ова ќе биде втор мандат во Фиренца, откако беше на чело на „Виола“ од 2017 до 2019 година пред да го преземе Милан. Пиоли писледно беше дел од екипата на Ал Наср, а овдека се обврза на договор кој е со времетраење до 2028 година. „Многу сум ...
Четирикратната олимписка шампионка Сидни Меклафлин-Леврон откри дека веќе размислува да ја заврши атлетската кариера. Една од најголемите ѕвезди во светската атлетика отворено проговори за своите идни цели и призна дека повеќе не ја гледа атлетиката како централен „Почнав да трчам кога имав шест години, па сега се речиси 20 години. Трчам професионално веќе седум години. Постигнавме многу, но чувствувам дека мојот живот не е само атлетика“, рече ...
Иранскиот судија Алиреза Фагани ќе го суди финалето меѓу Пари Сен Жермен и Челзи на Светското клупско првенство. ФИФА му ја довери задачата на 47-годишниот Алиреза Фагани, кој ќе биде одговорен за финалето кое се игра утревечер (21 ч.) во Њу Џерси. Фагани стана судија на ФИФА во 2008 година и судеше, меѓу другото, и на финалето на Олимписките игри во Бразил, каде што домаќините се сретнаа со Германија. Иранецот го судеше и натпреварот за ...
Селтик останува сериозно заинтересиран да го врати Бојан Миовски во шкотската Премиер лига , но сега се соочува со силна конкуренција од Германија. Фрајбург и повратникот во Бундеслигата, Хамбург исто така се заинтересуирани за македонскиот репрезентативец. Миовски беше клучен играч за Абердин, постигнувајќи 44 гола на 98 натпревари пред да се пресели во Џирона минатата година. Сепак, неговиот престој во Шпанија не одеше како што треба, па ...
Новиот прволигаш Башкими утре заминува во Бугарија каде во Банско ќе ја реализира главната фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона. Пред заминувањето од клубот најаваија дека очекуваат тимот да биде засилен со некои нови имиња, а и за време на престојот во Банско се планираат дополнителни засилувања со кои ќе се комплетира тимот за следната сезона. Кумановскиот состав веќе закажа и контролни средби за проверка на формата. Првиот ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години денеска (15:30 ч.) ќе се сретне со Грција во првиот меч од разигрувањето за пласман од 5. до 8. место на Балканското првенство во Бања Лука. Избраниците на селекторот деан Стојанов, остварија една победа и два порази во групната фаза и не успеаја да се пробијат во битка за медал. Сепак, заеднос о селекциите на грција, Црна Гора и БиХ во следниве два дена ќе се борат за што ...
Јувентус му понудил на Манчестер Јунајтед сума од 10 милиони евра + 5 милиони евра како бонуси за потписот на Џејдон Санчо. Торинскиот клуб продолжува да го следи 25-годишниот крилен напаѓач, но засега нема конкретни информации за текот на преговорите. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Јуве му понудил на Манчестер Јунајтед 10 милиони евра, кои не ги задоволуваат барањата на „црвените ѓаволи“, но со бонусите би можело да се наде и причина за ...
Она што го најавивме се исполни. МЗТ Скопје и следната сезона нема да биде дел од АБА-лига, иако имаше шанса да аплицира за место. Актуелниот македонски првак нема финансиска сила за да ги исполни условите, прво да плати 200.000 евра, а потоа да направи конкурентен тим за ова натпреварување. Во овој момент МЗТ Скопје е далеку од јадранската елита, па АБА-лига за Македонија засега останува далечна. Раководството на тимот од Аеродром не е ...
Бенфика и официјално го доби 21-годишниот дефанзивец Рафаел Обрадор од Реал Мадрид. Според „Ас“, трансферот изнесувал 5 милиони евра. Претходно беше објавено дека Обрадор ќе биде дел од договорот за доведување на 22-годишниот дефанзивец Алваро Карерас од Бенфика во Реал Мадрид. Португалскиот клуб потпиша 5-годишен договор со младиот Обрадор, до 2030 година. Минатата сезона, Шпанецот играше за Депортиво и имаше 33 настапи во Сегунда. Сега ...
Освојувачот на Светското првенство во 2022 година со репрезентацијата на Аргентина, се враќа по 2-годишната суспензија поради допинг и следната сеозна ќе игра на Апенините. 37-годишниот Папу Гомез вчера потпиша договор со италијанскиот второлигаш Падова. Искусниот играч од средниот ред потпиша договор со Падова на 2 години, но засега се уште ќе мора да тренира сам. Поради суспензијата тој нема да може да му се приклучи на новиот тим до 19 ...
Младиот напаѓач на Реал (М); Ендрик би можел да пропушти значителен период од новата сезона поради повреда. Напаѓачот на Реал Мадрид заработи повреда на тетивата во последниот натпревар од Ла Лига против Севиља (2-0), поради што не учествуваше на Светското клупско првенство. Бразилецот отпатува за САД и во понеделникот учествуваше на дел од тренингот со тимот пред натпреварот со ПСЖ (0:4). Сепак, играчот неодамна доживеа рецидив на повредата. ...
Европската одбојкарска конфедереција за во вторник (15 јули) точнo на пладне ја закажа ждрепката за новата сезона во сите европски клупски натпреварувања. Секако, во прв план е новата сезона во најсилната Лига на шампиони и во машка и во женска конкуренција, каде и оваа година Македонија ќе има свои преставници. Шампионот во машка конкуренција, Струмица, се пријави за најсилното натпреварување веќе четврта година по ред, додека својот деби ...
Нотингем Форест го ангажираше Жаир Куња од Ботафого. 22-годишниот дефанзивец потпиша петгодишен договор до летото 2030 година. Играчот се приклучи на тимот од Премиер лигата по враќањето од Светското клупско првенство. Жаир играше во Сантос од 10-годишна возраст пред да се пресели во Ботафого во февруари 2025 година. Централниот бек има искуство и играјќи за младинската репрезентација на Бразил, со која ја освои титулата во Јужна Америка до 20 ...
Српскиот фудбалски суперлигаш, ОФК Београд, вечерва го промовираше нашиот голман Марко Алчевски како свое најново засилување. Алчевски пристигна во Белград од Израел скаде настапуваше за екипата на Хапоел Ерусалим. 23-годишниот Алчевски доаѓа на „Карабурма“ на едногодишна позајмица од израелскиот клуб. Тој веќе има 17 настапи за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и се уште чека прв сениорски настап. Алчевски му се ...
Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, зборуваше за можното понатамошно проширување на списокот на тимови во Формула 1 и најави дека не ја исклучува можноста за влез на 12-ти тим во шампионатот во иднина. „Сè уште мислам дека треба да го зголемиме бројот на тимови, а не бројот на трки во една сезона. Возачите доаѓаат кај мене и ми велат: „Ве молам, да нема повеќе трки. Кога го отворивме тендерот во 2023 година, врз што се темелеше исходот? ...
По катастрофалниот пораз од ПСЖ (0:4) во полуфиналето на Светското клупско првенство раководството на Реал (М) е на пат да се ослободи од тројца фудбалери во тимот. Според шпански извори, Лука Модриќ не е последниот кој го напушта тимот ова лето, затоа што Чаби Алонсо посочил уште три имиња кои нема да му требаат за следната сезона. Станува збор за Родриго, Дани Себалос и Брахим Дијаз. Алонсо не ги гледа овие тројца во комбинациите за следната ...
Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид против Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство. Иако се надеваше на победа и пласман во финалето, 38-годишниот хрватски играч од средниот ред се емоционално се збогува. Тој после 13 историски години во редовите на „кралевите“ си оди. Модриќ испрати трогателна порака до претседателот Флорентино Перез, неговите соиграчи и навивачите: „Претседателот ми беше многу ...
Тоа беше бројот што го носеше со гордост, водејќи нè до безброј победи – а Диого Жота засекогаш ќе биде бројот 20 на фудбалскиот клуб Ливерпул. По консултација со неговата сопруга, Руте, и семејството, клубот објави дека бројот 20 ќе биде повлечен во чест и спомен на Диого на сите нивоа, вклучувајќи ги и женскиот состав и Академијата. Овој потег е признание не само за неизмерниот придонес што нашето момче од Португалија го даде за успесите на ...
По денешниот убедлив пораз од Јаник Синер во второто полуфинале на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред новинарите ги сумираше впечатоците од настапот и поразот во овој дуел. Новак во мечот влезе повреден, а по завршувањето на вториот сет мораше да добие медицинска помош поради проблем со левата нога. „Имав многу проблеми. Не се чувствував удобно на теренот. Не сакам да зборувам детално за повредата и да се жалам дека не можам да играм ...
Макаби сè уште не одлучил каде ќе ги игра своите натпревари од новата сезона во Евролигата. Некои информации велат дека клубот од Тел Авив сега во прв план ја им апреселбата во Дубаи, иако во опција е и салата „Александар Николиќ“ во Белград. Останува одлуката да биде донесена во соработка со новиот спонзор – финансиската платформа Rapyd, која инсистира Макаби да игра во Дубаи. Идната сезона и кошаркарскиот клуб Дубаи ќе учествува и во ...
Виктор Ѓокерес не се појави на предсезонските подготовки на Спортинг. Напаѓачот не се врати на предсезонските тренинзи како што беше планирано. Играчот ќе се обиде да го убеди португалскиот клуб да го продаде на Арсенал. Швеѓанецот веќе ја известил претседателката на Спортинг, Фредерика Варандас, дека повеќе нема да игра за клубот, објави новинарот Бен Џејкобс. Договорот со Арсенал е во напредна фаза и сега би можел да се реализира брзо, а ...
Светскиот рекет број 1, Јаник Синер е вториот финалист на Вимблдон, откако вечерва во второто полуфинале убедливо со 6:3, 6:3, 6:4 го совлада најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ. Синер денеска покажа дека е подготвен за голема пресметка со Ѓоковиќ, но Србинот како да немаше сили за овој дуел. Италијанецот за првпат во својата кариера стигнува до финалето на најпрестижниот Грен Слем турнир обезбедувајќи ја шестата последователн ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години загуби од Турција во мечот од 3. коло на Балканското првенство во Бања Лука. Нашите млади одбојкари денеска го одигра анајлошиот меч на првенството и не успеаја во ниту еден од трите сета посериозно да му се спротивстават на ривалот, кој славеше со 0:3 (15:25, 9:25, 11:25). Турција со настапите на ова Балканско првенство покажа дека е прв фаворит за златото. На натпреварите во ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска одлучи да го префрли англискиот клуб Кристал Палас во Конференциската лига, поради сопственички врски со францускиот клуб Лион, кои ги поврзуваат двата клуба преку американскиот бизнисмен Џон Текстор. УЕФА објави дека нејзиното Тело за финансиска контрола на клубовите го прифатило барањето на Лион за учество во Лигата на Европа, второлигашкото европско натпреварување. Одлуката доаѓа само неколку ...
Машката селекција на Македонија за кошаркари „Под 18“ години денеска патува за Ботевград, каде во наредните денови ќе реализира дел од планираните активности. За време на викендот ќе одигра две средби против јуниорската репрезентација на Швајцарија. Првиот ќе се игра утре попладне, од 18.часот, вториот пак е предвиден за 13. јули (недела), со почеток од 12.часот (двата натпревари ќе се играат по локално време). На пат за Бугарија, селекторот ...
Чаби Алонсо иако бил свесен дека одлуката е конечно, сепак директно го прашал Флорентино Перез дали има шанси Лука Модриќ да остане, поточно одлуката да го напуштат да се поништи. Иако претседателот на Реал Мадрид го призна неговиот несомнен квалитет, клубот одлучи дека е време да се продолжи понатаму и помладите играчи да почнат да преземаат одговорност, пишуваат тамошните медиуми. „Претседателе, никогаш не сум видел човек кој толку многу ја ...