Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Роналдо и неговата Португалија, разочараа на премиерата на Мундијалот, откако вечерва одиграа само 1:1 против селекцијата на ДР Конго. Фудбалерите на Португалија направија грешка на стартот на Мундијалот и сега влегуваат под голем притисок во пресрет на финалните две средби во групата. Натпреварот започна одлично за избраниците на тренерот Роберто Мартинез, бидејќи Португалија поведе по помалку од шест минути игра. Жоао Невес им донесе ...
Реал Мадрид е насочен кон потписот на играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, открива весникот „Марка“. Со доаѓањето на Мурињо, „Специјалниот“ веќе ја доставил и листата на посакувани фудбалери за да се состави новиот „кралски тим“. Според „Марка“, Аргентинецот е првиот избор на менаџерот на Реал, а Челзи е подготвен да го продаде бидејќи Чаби Алонсо не е подготвен да ги задржи играчите кои не се заинтересирани за проектот. ...
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во претседателската резиденција ги прими машката и женската кадетска училишна ракометна репрезентација, кои освоија медали на Светското училишно ракометно првенство што се одржа во Скопје. Младите ракометари и ракометарки уште еднаш покажаа дека македонскиот спорт има иднина, а нивните успеси беа препознаени и од највисоко државно ниво. Претседателката на ...
Македонскиот кошаркарски репрезентатвец Ненад Димитријевиќ со 19 поени му донесе голема победа на Баерн (М) во трката за шампионската титула во Германија. „Баварците“ поведоа со 2-1 во дуелот со Алба Берлин откако денеска на гости славеа со 83-91. Нено постигна 19 поени со шест асистенции и еден скок. Мечот го заврши на две минути пред крајот поради пет лични грешки. Македонскиот кошаркарски репрезентатвец Ненад Димитријевиќ со 19 поени му ...
Во Узбекистан, со одлука на претседателот на државата, почетокот на работниот ден е одложен за три часа поради историскиот натпревар на репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година. Во првиот натпревар од групната фаза на турнирот, репрезентацијата на Узбекистан, која за првпат настапува на Светското првенство, ќе игра против Колумбија, а натпреварот почнува во 4 часот изутрина по средноевропско време (7 часот по локално време во ...
Кога некој се жали, можеби не е во право. Но, кога ќе пристигне третата критика – тогаш веќе има нешто таму. Винисиус прво се пожали на теренот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, на кој ќе се игра и финалето на Мундијалот, а сега критиките доаѓаат од редовите на Франција. Адриен Рабио се пожали по победата на Франција против Сенегал (3:1) на состојбата во која се наоѓа теренот. „Тревникот …Па, не знам дали воопшто може да се нарече така. ...
Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовавц повеќе не е тренар на Ал Араби. Нашиот стратег кој сезоната ја заврши со шампионска титула во катарскиот шампионат, одлучи после две години да ја заврши својата мисија во овој клуб. Од доаѓањето на Брестовац, Ал Араби своите клупски витрини ги исполни со бројни пехари меѓу кои и шампионскиот. Нашиот стратег освои се што можете да се освои во Катар, од тимот си оди со шест освоени пехари. ...
Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот дел од нив насочени кон најголемата ѕвезда на тимот, 41-годишниот ветеран Роналдо. Кристијано Роналдо речиси и да немаше никакво влијание врз играта во текот на целиот натпревар. Тој го заврши натпреварот со рејтинг од 6,2, најнизок меѓу португалските играчи, заедно ...
Холандскиот фудбалски гигант Феенорд го објави назначувањето на Џовани ван Бронкхорст за нов тренер на првиот тим. 51-годишниот специјалист потпиша двегодишен договор со можност за продолжување за уште една година. Феенорд претходно го отпушти Робин ван Перси. Под негово водство, тимот заврши на второто место во Ередивизие лигата во сезоната 2025/26, 19 бода зад ПСВ. Ван Бронкхорст играше за Феенорд на почетокот и на крајот од својата ...
По три одлични сезони во дресот на Согдиана, македонскиот репрезентативец Љупче Дориев го продолжи договорот со узбекистанскиот клуб. Денеска Согдиана и официјално потврди дека Дориев ќе го носи дресот на новниот тим и во наредните 4 години, практично до 2030 година. Дориев во досегашниот дел од кариерата во дресот на Согдиана блескаше во нападот. Минатата сезона иако Согдиана заврши на 8. место, Дориев беше втор стрелец во Суперлигата со 16 ...
Се чини дека сега веќе нема дилеми за тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња. По она што се случи утринава на мечот Аргентина – Алжир, сега се е јасно. Лео Меси е фудбалски БОГ. Лео Меси е нај, нај, на сите времиња а со тое речиси се сложуваат сите оние кои го разбираат фудбалот. Свој коментар за настапот на Лео на првиот меч на ова СП на светскиот првак, имаше и Златан Ибрахимовиќ: “Меси со хет-трикот го надмина Роналдо. Секако дека ...
Роналдо Вебстер заминува од Шкендија и тој не е со екипата на стартот од подготовките откако фудбалерот од Јамајка го има известено клубот дека заминува и дека се активира клаузулата од 400.000 евра за неговата слобода. Тој е пред трансфер во Универзитатеа од Крајова, првакот на Романија каде Вебстер треба да биде големо засилување пред настапуте на овој клуб во квалификациските кола од Лигата на шампионите. Вебстер беше еден од најдобрите ...
Кристијано Роналдо стана вториот фудбалер во историјата кој играл на шест Светски првенства. 41-годишниот напаѓач е стартер за Португалија во натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година против ДР Конго (1-1, прво полувреме). Претходно, Лионел Меси играше на своето шесто Светско првенство. Aргентинскиот напаѓач постигна хет-трик на натпреварот против Алжир (3:0). Кристијано Роналдо стана вториот фудбалер во историјата ...
Германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг денеска објави дека Оле Вернер поднел оставка од функцијата главен тренер на тимот. Клубот објави дека наскоро ќе го објави името на својот нов тренер, кој треба да седне на клупата почнувајќи од предсезоната. Претходно беше објавено дека нов тренер ќе биде Мартин Демикелис, кој моментално работи во Мајорка. Минатата сезона, Лајпциг заврши на третото место во Бундеслигата под водство на Вернер. ...
Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука и неговите соиграчи од Алжир загубија со 3-0 по хет-трикот на Лионел Меси. Токму Зидан помладиот, кој играше со заштитна маска поради неодамнешна фрактура на вилицата, беше на голот на селекцијата на Алжир. Веднаш по вториот гол, камерите го покажаа неговиот ...
Меси, Меси, Меси…. фудбалскиот свет уште еднаш е восхитен од она што ги прави Аргентинецот. Лео Меси повторно испиша историја. Аргентинскиот капитен ги постигна сите три гола во победата на својот тим од 3-0 над Алжир во првиот натпревар од Светското првенство, станувајќи најдобар стрелец на турнирот на сите времиња. Подвигот на Меси беше дочекан со пофалби од сите страни, а меѓу многуте реакции беше и Бразилецот Роналдо Назарио да Лима. ...
Македонската тениска репрезентација втора година по ред избори пласман во Втората Светска група од Дејвис купот. На натпреварувањето што се одржа во Кишињев, македонските тенисери го освоија третото место откако во решавачкиот дуел ја победија Црна Гора со 2:1. Претходно во групата Македонија загуби од домаќинот Молдавија, а постигна победи против Косово и носителот Грузија. – Успеавме да се вратиме во Втората Светска група, тоа и ни беше ...
Сега веќе официјално се знае дека и РК Вардар аплицирал за место во Лигата на Шампионите во ракомет. Европската ракометна федерација објави дека 27 екипи се регистрирани за сезоната 2026/27 на ЕХФ Лигата на шампионите за мажи. Од регистрираните екипи, 21 доаѓаат од земја со фиксно место во натпреварувањето. Овие федерации се рангирани од прво до десето место врз основа на резултатите во сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25: Германија, ...
Интересен, можеби и неверојатен податок. Имено Барселона ќе добие 1,35 милиони евра од трансферот на Марк Кукуреља во Реал Мадрид. Дефанзивецот се приклучи на академијата на Барселона од Еспањол во 2012 година, имајќи еден настап за првиот тим. Во 2020 година, Кукуреља беше продаден од Каталонците на Хетафе, а од мадридскиот тим се пресели во Брајтон пред да заврши во Челзи. Па така според механизмот за солидарност на ФИФА, 5% од ...
И тоа како се зголемуваат шансите Жељко Обрадовиќ да стане нов тренер на Панатинаикос. Најтрофејниот тренер во Европа е на прагот да се врати на местото на најголемиот успех, во тимот со кој освои пет титули европски шампиони, само неколку дена откако сопственикот на „зелените“ Димитрис Јанакопулос му ја врачи отказ на сега веќе поранешниот тренер Ергин Атаман. За навивачите на ПАО ова е веста на годината, а за навивачите на Партизан – тажна ...
Томи Јоору се врати во КуПС и е промовиеран како големо засилување во средниот ред во тимот на првакот од Финска пред квалификациските дуели од Лигата на шампионите против Вардар. Станува збор за 27 годвишен фудбалер кој ја го има и репрезентативниот статус во својата земја, но и покрај неколкуте повици тој се уште го чека дебито за својата земја. Она што е интересно е тоа дека Јоору во изминатата сезона настапуваше во романската екипа ...
Попладнево во Нион се одржа жрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Од вчера знаеме дека Шкендија во тоа стартно коло се среќава со Европа (Гибралтар) а Силекс со Динамо Минск (Белорусија). Овие мечеви се играат на 9 и 16 јули. Во случај да ја минат првата пречка, тогаш нашите два претставника во Лигата на Конференции ќе играат во втората квалификациска рунда, а таму ги чекаат следните противници. Шкендија, би се сретнала ...
Македонија доминира на Европското училишно првенство во Баскет 3х3. Нашите незапирливи момци остварија уште еден гигантски триумф овојпат го совалдаа домаќинот Србија. Во супердраматичен и неизвесен натпревар, македонските кошаркари покажаа карактер, ладнокрвност и огромно срце, славејќи против силниот српски состав со 17:16! Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски продолжуваат да ја воодушевуваат публиката со ...
По истекот на договорот, Гледи Мици го заврши својот престој во Струга ТЛ. Фудбалерот од Тирана дојде во Струга Трим Лум минатото лето, забележувајќи вкупно 30 настапи во првенството и купот. Неговото искуство дојде до израз во некои од натпреварите, па така од клубот истакнуваат дека се цени неговиот придонес даден во дресот на клубот од Струга. Инаку Мици пред извесно време долги години беше член и на Шкендија. Интернационалецот од ...
Денешната анализа на мечевите од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада ја одработува Горазд Михаилов. Искусниот стратег прецизно го нотира моментот по кој Франција синоќа се „разбуди“ против Сенегал па со головите на Мбапе обезбеди старнта победа на овој турнир. Исто така, и Михаилов како и преостанатиот дел од светот доби уште една потврда. А тоа е дека Лионел Меси фудбалски едноставно не е од оваа планета. Франција ужасна до ...
На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и неговата Португалија која игра против ДР Конго. Со овој меч стартува “Последниот танц“ на легендариот Кристијано. На програмата од 22 часот е мега – дербито меѓу Англија и Хрватска. Дојде и тој ден. “Коцкестите“ конечно го започнуваат своето патување на ...
Едноставно му се може. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ова лето (ќе) оди на натпреварите од Светското првенство што се одржуваат во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико со приватен авион. А како поинаку би гравитирал помеѓу Мексико Сити, Лос Анџелес, Њујорк, Ванкувер, Мајами и други градови домаќини на Светското првенство? Тоа летање наводно го обезбедила „Кватар ервејс“, па првиот човек на ФИФА патува илјадници и ...
Тоа е тоа. Реал Мадрид официјално објави дека португалскиот репрезентативец Бернардо Силва ќе се приклучи на клубот. Силва пристигнува во шпанскиот тим како слободен агент откако се раздели со Манчестер Сити. 31-годишниот Португалец ќе го носи тимот на „Лос Бланкос“ во следните две сезони, а неговиот договор е до 30 јуни 2028 година. За поранешниот капитен на Сити имаше интерес и од Барселона и Атлетико Мадрид, но на крајот Силва одлучи да ...
Експедицијата на Шкендија веќе е во Словенија, во својата база Терме Чатеж каде до крајот на месецот ќе се подготвува за тоа што ја чека прво во фудбалска Европа, а потоа и во новата сезона во ПМФЛ 2026/27. Познато е дека тетовци во Артим Положани имаат нов стратег, а познато е и со кого Шкендија во овој период ќе одигра пријателски натпревари. На 19 јули противник ќе биде составот на Копер (Словенија). Потоа на 23 јули тетовци ќе се ...
Денеска точно на пладне во Нион, како што и беше најавено, се одржа ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Па така го дознавме и евентуалниот противник на Вардар во оваа квалификациска рунда, а тоа е победникот од двомечот Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс). Се разбира дека ако Вардар сака двомеч со еден од овие два тима, ќе мора претходно да го елиминира тимот од Финска на стартот од овие квалификации, мечевирте се играат ...