Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
И тоа каков “земјотрес“ во селекцијата на Португалија. Критиките кон репрезентацијата на Португалија продолжуваат по разочарувачкиот реми против ДР Конго во првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година. Ѕвездите на тимот, вклучувајќи ги Кристијано Роналдо и Бернардо Силва, беа во центарот на незадоволството, но најострите коментари беа упатени кон играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Неговиот настап ...
Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека во координација со Министерството за внатрешни работи и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска направила голема акција на неколку локации во главниот град Скопје, а поврзана со работењето на Фудбалската Федерација на Македонија. Истата донела претреси во повеќе домови, деловни објекти, и кај повеќе физички лица, а приведени ...
Во организација на Македонскиот олимписки комитет и Амбасадата на Италија во Скопје, денеска во кафулето Espresso ST Café во East Gate Mall беше отворена изложбата насловена „Where Mediterranean Waves Unite – XX Mediterranean Games Taranto 2026“, посветена на претстојните XX Медитерански игри кои оваа година ќе се одржат во Таранто, Италија. Изложбата преку внимателно избрани фотографии ја претставува богатата историја на Медитеранските ...
Денеска актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Вардар, на базичните подготовки во Норчиа, Италија го одигра вториот пријателски меч. Во дуелот со Селеционе Сполерто Валнерина, Вардар обезбеди победа од 4:1. Головите беа постигнати во првиот дел, и се дело на Бабунски, Закариќ, Омерагиќ и Торес. Вардар продолжува со активностите на подготовките во Италија, планира да одигра уште неколку средби, пред да се ...
Како што и беше најавувано, дефанзивецот Бојан Илиевски ја прифатри понудата на хрватскиот клуб НК Истра и својата кариера ќе ја продолжи во елитниот шампионат на таа земја. Иако имаше понуда од Струга ТЛ да остане и натаму во некогашниот шампион на Македонија, одбрамбениот репрезентативец на Македонија сепак се одлучи за првпат во својата кариера да игра во странство. Како што велат информациите Илиевски е веќе нов член на НК Истра, ...
Откако пред само неколку часа се дозна точниот термин и сатницата на одигрување на првиот меч од квалификациите за Лигата на Шампионите кои нашиот првак Вардар ќе го игра на домашен терен против финскиот шампион КуПС, а веќе се пуштени во продажба и билетите за дуелот. Истиот кој што е закажан за 07.07 во 19:00 часот на Арена Тодор Проески, а билетите ќе бидат со популарна цена од 200 денари. Вардар по долго време повторно е дел од ...
Иксуство и квалитет во одбраната на Силекс. Тоа треба да го донесе Дарко Илиески (30) во тимот на Александар Васоски. Илиевски е најновото засилување за кратовци, секако звучно име во мак – фудбалот. Илиески е некогашен младински репрезентативец на Македонија, а во својата досегашна кариера играше за екипите на Металург, 11 Октомври, Победа, Тиквеш, Борец, Шкупи, Пелистер, Струга ТЛ, има интернационална кариера во Албанија, Ерменија, Иран а ...
Сега е и официјално. Вардар својот прв меч во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите против КуПС ќе го игра на 7 јули (вторник) со почеток од 19 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Ова го потврдија и од таборот на нашиот шампион кого го чека тешка битка против составот од Финска. Реваншот во Финска за седум дена од првиот меч во Скопје. Инаку познато е дека ако Вардар успее да ја мине оваа пречка тогаш во 2.квалификациско коло ...
Откако утринава по македонско време заврши првиот круг, денеска на програмата се четирите меча од групите А и Б, со што стартува вториот круг од групната фаза на Мундијалот. Супер дуел треба да биде во Лос Анџелес каде се среќаваат Швајцарија и БиХ. Тимот на Сергеј Барбарез можеби жали за пропуштената победа, но на крајот сепак е задоволен со бод против потенцијалниот главен конкурент за второто место во Групата Б. Сега, сепак, се соочуваат ...
Ретки се моментите на големите натпреварувања каде две навивачки групи, кои навиваат за две селекции ќе направат заедничко шоу. Но кога се во прашање фановите на БиХ се е можно. Во опуштена атмосфера, со пиво и разговор за фудбал, двете групи навивачи многу брзо пронајдоа заеднички јазик. Сè кулминираше кога, во еден момент, започна заедничкото пеење на веќе добро позната навивачка стих, која речиси се претвори во „химна“ на фудбалската ...
Додека сите погледи на фудбалската јавност се свртени кон СП 2026, во Реал Мадрид и тоа како се работи на создавање на супер тим. Имено Ибрахим Конате официјално е играч на Реал Мадрид откако потпиша со клубот како слободен агент. Трансферот доаѓа по завршувањето на неговиот петгодишен престој во Ливерпул. Францускиот репрезентативец се обврза кон „Лос Бланкос“ со четиригодишен договор што ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2030 ...
Сега веќе се знае дека по завршувањето на СП, Роберто Мартинез нема да биде селектор на Португалија. Ама ново е тоа што преговара со Ал Наср, тимот од Саудиска Арабија на Кристијано Роналдо, ова го објавува угледниот RMC Sport. Договорот на Шпанецот со Фудбалската асоцијација на европскиот шампион од 2016 година истекува по завршувањето на Светското првенство, а како што стојат работите, 52-годишниот стручњак веќе го планира следниот чекор ...
Светската ракометна федерација ги потврди термините за натпреварите од групната фаза на Мундијалот во Германија. Македонија ќе игра во групата Х, која ќе се одржува во „ГЕТЕК Арена“ во Магдебург. Избраниците на селекторот, Кирил Лазаров за противници ги добија Исланд, Бахреин и Јапонија. Мундијалот нашите ракометари го отвораат на 15 јануари со дуел против Јапонија од 18:00 часот, додека на 17 јануари во истиот термин ќе играат со Бахреин. ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на истрага во која се опфатени уште 15 лица, пренесе Портал Икс од извори. „Според информациите со кои располагаме, предмет на истрага се и три компании поврзани со случајот. При претрес кај Ѓорѓиоски, како што дознаваме, биле пронајдени пари во кеш. Повеќе детали за акцијата се очекуваат во текот на денот од Министерството за ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја прифати поканата која стигна на наша адреса испратена од страна на Романската национална федерација која ќе го организира „Rising Stars“ турнир под покровителство на „Мастеркард“, а кој опфаќа учество на селекции „Под 17“ години од четири балкански држави. Покрај организатороѕ Романија, и нашите две национални селекции, на овој собир во главниот романски град ќе бидат и У17 селекциите на Грција и на ...
Интересно беше и во изминатиот ден на тековниот Мундијал. Ја видовме Португалија која разочара, проследивме едно големо дерби меѓу Англија и Хрватска, како и дуелите Гана – Панама и Узбекистан – Колумбија. За овие мечеви свое видување има Мирсад Јонуз, редовниот наш коментатор во рубриката “Коментар на денот“. -Португалија разочара, критиките се кон Роналдо… „Според мене ова е најголемото разочарување. Јас да сум на местото на Мартинез и јас ...
Со 13 репрезентативци во составот селекторот Јошко Миленкоски одлучи машката сениорска репрезентација да отпатува во Приштина, на последниот, трет турнир за Македонија, во годинешното издание од Европската лига. Во последниот пресек селекторот Миленкоски одлучи дома да останат младите Лука Ристоски, Ване Арапов, како и Јован Милев, додека од претходно е познато дека за целиот циклус надвор од комбинација е и повредениот Александар Љафтов. ...
Португалската репрезентација се надеваше на поинаков резултат во првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство против ДР Конго, но има шанса да го подобри својот настап во следните натпревари, напиша на социјалните мрежи суперѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо. Португалците не успеаја да ги победат Африканците, со кои ремизираа 1-1. „Ова не е почетокот на кој се надевавме, но ништо не е завршено. Држете ги главите горе и ...
Играчот од средниот ред на ДР Конго, Нгал’ајел Мукау, изјави дека неговиот тим немал конкретен план да го запре Кристијано Роналдо во првиот натпревар против Португалија на Светското првенство во 2026 година. Португалија и ДР Конго одиграа нерешено 1-1, при што африканскиот тим освои вреден бод против еден од фаворитите во групата. Роналдо беше во центарот на вниманието пред натпреварот, но ДР Конго успеа да ја запре Португалија и да ја ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, влезе во жестока расправија со Џордан Пикфорд за време на првиот натпревар на Англија на Светското првенство против Хрватска кој заврши со 4-2. Англија поведе во Далас откако беше реализиран пеналот на Хари Кејн, а инцидент што не го забележаа телевизиските камери се случи кратко потоа. А медиумите тврдат дека селекторот на Англија му извикал на својот голман: „Прави како што ти кажувам!“ Пикфорд му ...
По поразот на Хрватска од Англија со 4-2, Гана ја победи Панама со 1-0 во драматична завршница во вториот натпревар од Групата Л. Победничкиот гол на Јиренки во 95-тата минута не само што ѝ донесе на Гана клучни три бода, туку и го стави младиот Ганец во историја на Светското првенство. Со 20 години и 153 дена, Јиренки стана најмладиот фудбалер во историјата на Светското првенство што постигнал победнички гол во судиското продолжение и што ...
Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа на првиот натпревар од Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше нарушена со солзи по првиот гол. Иако Меси по натпреварот спомена „тешки денови“ надвор од спортот, точната причина за неговите солзи не е откриена. Еден аргентински новинар ја откри. Аргентина, како бранител на титулата, го започна натпреварувањето со победа од 3-0 над Алжир, а 38-годишниот Меси беше ...
Навивачите на Англија кои патуваа на Светското првенство во САД се соочуваат со исклучување од стадионот ако пеат навредливи песни против американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер. Предупредувањето дојде пред првиот натпревар на англиската репрезентација, во кој екипата на Томас Тухел ја победи Хрватска (4:2), пишува „Мирор“. Англија е во групата Л, а по дуелот со Хрватска во Тексас, ќе се соочат со натпревари ...
Спортската јавност беше згрозена од настаните во петтиот натпревар од финалето на грчката лига помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, а некои од казните за сторителите на инцидентите се познати. Комитетот за спречување на насилство изрече ригорозни казни за главните актери на инцидентите во арената ОАКА – Кендрик Нан и Тајрик Џонс, како и за самите клубови, Панатинаикос и Олимпијакос. Центарот на Олимпијакос Џонс беше казнет со вкупно 100.000 ...
И дефинитивно и официјално. Првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Динамо Минск и Силекс, на 9 јули, ќе се игра на неутрален терен и тоа во Бугарија. Градот Стара Загора ќе биде домаќин на овој меч и тоа на стадионот на Берое. Ова е поради фактот дека УЕФА не им дозволува на клубовите од Белорусија да бидат домаќини во фудбалска Европа поради војната во Украина. Инаку познато е дека реваншот од овој двомеч меѓу ...
Четирите натпревари од Светското првенство во 2026 година одиграни вчеравечер и ноќеска привлекоа вкупно 281.223 гледачи на стадионите, што е нов рекорд за посетеност во еден ден од турнирот, објави ФИФА. Претходниот рекорд датира од 28 јуни 1994 година, пред 32 години, исто така во Соединетите Американски Држави: тој ден беа присутни 277.070 навивачи. Натпреварите меѓу Франција и Сенегал (Њујорк), Ирак и Норвешка (Филаделфија), од Група I, ...
Во можеби најдобриот натпревар на Мундијалот досега, Англија ја победи Хрватска со 4-2 на отворањето на групата Л на Светското првенство. Извонреден натпревар меѓу големите ривали во Далас, кој на крајот заврши со победа на Англичаните, кои на тој начин направија голем чекор напред кон втората фаза од натпреварувањето. Хари Кејн ја доведе Англија во водство со гол во 12-тата минута. Лука Модриќ го фаулираше Нони Мадуеке во шеснаесетникот, а ...
Француски Олимпик Марсеј е казнет со десет милиони евра поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА, но ќе може да се натпреварува во Лигата на Европа 2026/27 со условна казна. Во соопштение објавено денеска, УЕФА објасни дека францускиот клуб има условна санкција во врска со учеството во Лигата на Европа. Засега, Марсеј може да се натпреварува во натпреварувањето, но сепак, ќе му биде забрането да учествува во натпреварувањата ...
Машката одбојкарска репрезентација им аполовичен успех по првите четири настапи во Европската лига 2026. Две победи и исто толку порази, се чини дека и беа некој мпланиран минимум за селекторот Јошко Миленкоски и неговите избраници, кој и самите го истакна апред одигрувањето на првите два меча на турнирот во Струмица. Пред нашите одбојкари викендов се уште две нови средби, со кои ќе заврши годинешното издание на ова силно европско ...
Францускиот фудбал денеска остана без Ерик Рој, тренерот на Брест, кој почина на 58-годишна возраст. Според соопштението од неговото семејство, тренерот се борел со рак на панкреас три и пол години, а починал оваа среда. „Во текот на овој период, тој продолжи да живее со сила што сè уште нè импресионира денес, воден од љубовта кон неговото семејство, од фудбалот, од неговата работа и од таа страст што никогаш не го напушти. Она што го ...