Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Парагвај ја победи Турција со 1-0 и ја спакува. По поразот од Австралија во првото коло со 2-0, турската репрезентација загуби и од Парагвај (1-0) во дуел каде што Мигел Алмирон доби историски црвен картон поради покривање на устата со рака. Турците беа елиминирани од Светското првенство. Парагвај поведе по само 64 секунди. Матијаз Галарза Фонда постигна гол од далечина за резултат од 1-0. Турците имаа дури 32 удари кон голот. Сепак, за ...
Фудбалерите на Мароко забележаа важна победа против Шкотска во второто коло од Групата Ц на Светското првенство. Мароканците славеа со минимален резултат од 1:0, а единствениот гол беше постигнат во втората минута од натпреварот. Мароко покажа сериозни намери уште од самиот почеток. Во втората минута, Исмаел Саибари избега од шкотската одбрана, доби прецизно додавање во шеснаесетникот и со силен удар под пречката, го провери голманот за рано ...
Бразил го победи Хаити со 3:0 во второто коло од групата на Светското првенство. На натпреварот во Филаделфија, стрелци беа Матеус Куња во 23-та и 36-та минута и Винисиус во 45-та минута. Сите три гола на Бразил беа дело на Винисиус. Па така, тој продолжи со одлични игри на Светското првенство. Откако постигна одличен гол во првиот натпревар против Мароко (1:1) и беше прогласен за играч на натпреварот, сега ја заслужи и таа награда против ...
Фудбалерите на Бразил го победија Хаити со 3-0 во второто коло од Групата Ц на Светското првенство. „Кариоките“ победникот го решија во првото полувреме, но Рафиња, кој беше повреден, фрли сенка врз триумфот. Двоен стрелец беше Куња во 23-тата и 36-тата минута, Винисиус постигна гол во третата минута од дополнителното време на првото полувреме. Бразил сега е изедначен со Мароко на врвот со по четири бода, Шкотска има три, додека Хаити нема ...
Уште еден нов, максимален пораз на женската одбојкарска репрезентација на Македонија во годинешното издание на Европската лига 2026. На првиот од двата последни меча за ова лето во ова натпреварување, избраничките на селекторот Гавриловиќ беа поразени на домашен терен од Хрватска. МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 0:3 (15:25, 12:25, 15:25) Во СЦ Борис Трајковски, каде се одржува овој турнир, нашите одбојкарки не успеаја посериозно да им се спротивстават ...
Жељко Обрадовиќ пристигна во Атина, каде што се очекува да ги финализира преговорите со Панатинаикос во врска со преземањето на тимот за следната сезона. Според грчкиот Спорт 24, двете страни ги разгледуваат последните детали од соработката, а откако ќе се договорат сите услови, се очекува официјална потврда за доаѓањето на најуспешниот европски тренер на клупата на атинскиот гигант по 14 години. Се очекува двете страни да одржат состаноци ...
Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и следната сезона ќе биде лидер на Пелистер. По кратки преговори после завршување на сезоната, раководството на клубот и капитенот се договорија, Фитиљ останува лидер и каапитенот во составот на битолчани, кои ќе бидат предводени од Лино Червар. Можноста за трансфер во Фуксе Берлин, кој имаше сериозни намери да го ангажира Кумановски останува затворен случај, Пелистер е изборот на нашиот ...
Македонската јуниорска репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип е освојувач на бронзениот медал на клипското Европско првенство кое што во моментов се одржува во Босна. Таа одлично го изоде патот се до полуфиналето кога беше сопрена од репрезентативката на Хрватска, Клара Углешиќ од која што беше поразена со 2:0. Претходно таа беше подобра во првото коло со 2:1 од Јулија Лонска од Украина, во второто коло од Цејланаз Дурназ ...
Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби 30 дневен притвор откако судот го прифати барањето на Обвинителството. Ѓорѓиоски вчера беше уапсен во полициска акција за малверзации во 2019 година. Притвор во траење од 30 дена доби и Олгица Младеновска, која во моментите на неправилностите била задолжена за финансии на ФФМ.Петмина од 12 лица кои требало да бидат уапсени, не се најдени во нивните домови. „Според доказите обезбедени во ...
Нашиот најдобар атлетичар, Андреас Трајковски, натпреварувачот во скок во далечина, е предводник на нашата експедиција која што во следните денови ќе биде дел од Балканскиот шампионат кој што ќе се одржи во Волос. Трајковски ќе настапи утре со почеток во 19:50 часот, а конкуренцијата ќе биде исклучително силна. Во финалето ќе настапат и двајца од најдобрите светски скокачи во далечина – олимпискиот шампион Митиадис Тентонглоу од Грција и ...
Еден од домаќините на овој Мундијал, репрезентацијата на САД, и официјално се пласираше во следната рунда, односно во елиминациите откако вечерва, во рамките од второто коло од групата Д, ја совлада Австралија до конечни 2:0. А имајќи во предвид дека американците беа добитни и во првото коло кога го совладаа Парагвај со 4:1, тоа значи дека уште сега со шесте освоени бода одат во следната фаза. Вечерва како и во првото коло САД покажа ...
Уште една очекувана победа на нашите одбојкари во новата сезона од Европската лига. Вечерва во Приштина, Македонија во три сета беше подобра од Косово и ја оствари планираната трета победа во овој дел од натпреварувањето. МАКЕДОНИЈА – КОСОВО 3:0 (25:12, 25:19, 27:25) Иако во првите два сета доминиравме и не му дозволивме на противникот да се приближи до нашето водствот, третиот сет изненадувачки донесе драматична завршница. Многуте грешки, ...
Ветеранот Буњамин Шабани и натаму ќе биде дел од тимот на Стргуа Трим Лум. Клубот предмалку објави дека со него е потпишана нова две годишна соработка со која што, Шабани се обврзува со клубот до 2028 година. Шабани е еден од оние кои што ја преживува реконструкцијата во тимот на Струга ТЛ, која што се случува летово, откако тимот не обезбеди излез во Европа изминатата сезона. Аналогно на тоа, јасно беше дека ќе има измени, па дел од ...
Кошаркарскиот тим на Баерн Минхен вечерва доживеа пораз од Алба Берлин во финалмата серија од Бундес лигата со конечни 71:61, со што ја постави серијата на скор од 2:2. Баварците за кој што нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна одлични 14 поени, а додаде и пет скока и две асистенции, вечерва не успеаа да издржат до крај иако имаа резултатски приклучок во поголемиот дел од мечот. Ова значи дека финалната серија ќе оди во петти ...
Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која Муриќи досега настапуваше. Тој наместо полека да паѓа во втор план, ја одигра сезоната на кариерата, а со тоа го направи и трансфетот на кариерата. Постигна 23. гола изминатата сезона, беше стрелец број два во Примера, па нормално е што Фенер се ...
Екипата на Шкендија со новиот тренер Артим Положани со победа над Копер од 2:1, ја стартуваа серијата пријателски средби на подготовките во Словенија. Попладнево во одлични услови и терен, Шкендија го победи квалитетниот ривал со головите на Спахиу и на Трумчи кој погоди на самиот крај од натпреварот. Положани даде шанса на доста фудбалери на овој дуел, како што е и тоа вообичаено во овој дел од подготвитениот период. Следниот дуел кој што ...
Градскиот стадион во Тетово, и дефинитивно добива сосема нов лик. Старите трибини повеќе ги нема, срушени се и на нивно место ќе се градат сосема нови, модерни, и според најнови стандарди. Откако изминатиов период се работеше на трите останати, во моментов и главната трибина на Градскиот стадион во Тетово се руши, и истата заминува во историјата. Овој легендарен фудбалски објект е изграден пред неколку децении, а сега според потребите на ФК ...
Екипата на Пелистер за жал следната сезона ќе биде дел од ВМФЛ шампионатот. Тоа значи дека поголемиот дел од првотимците на овој клуб си заминуваат и следната сезона ќе ги гледаме во друг дрес. Еден од оние кои нема да има проблем да пронајде нова средина, и тоа најверојатно во странство е перспективниот голман Андреј Јовчевски. Тој во моментов има неколку опции на разполагање, и секако дека во следниот период ќе се одлучи за некоја од нив. ...
Сезер Браво е турскиот менаџер. Бизнисмен, инвеститор… или кој знае што, а кој на голема врата беше најавен како голем, силен и моќен спонзор кој влегува во ГФК Тиквеш. Клубот од Кавадарци го предаде управувањето на клубот на странски инвеститор кој веднаш почна да „сече глави“ во клубот. Првиот потег, исписници за 11 играчи од ланскиот ростер од кои повеќето од играчите се локални фудбалери од Кавадарци на кои Тиквеш им е матичен клуб и кои ...
РК Прилеп потпиша уште еден ракометар кој потекнува токму од овој град. Станува збор за Стефан Лозаноски, кој после една сезона помината во Грција, се враќа во својот матичен клуб. „По една сезона помината во Грција, Лозаноски повторно се враќа во својот матичен клуб, носејќи со себе дополнително искуство, зрелост и квалитет стекнати на меѓународната сцена. Стефан е добро познато име за прилепската публика, ракометар кој секогаш го дава ...
Вардар се засилува со младиот и талентиран голман, Марија Дуноска. Новиот “чувар на мрежата” беше најдобар кадетски голман ланската сезона во кадетската лига и доби признание на Ф4. Оваа сезона беше дел од македонската репрезентација која го освои сребрениот медал на Светското училишно првенство во ракомет. Покрај ова од ЖРК Вардар се пофалија дека ги продолжија договорите со најдобри стрелци изминатата сезона, одличните крила и македонски ...
Македонскиот младински репрезентативец, Матеј Гаштаров постигна гол на денешниот пријателски меч на неговиот тим Црвена Звезда против нисколигашот, Јединство путеви. Дуелот заврши со убедливи 5:0 за шампионот на Србија, а Гаштаров постигна убав погодок. Тој ова лето повторно е дел од подготовките на првиот тим на Црвена Звезда, односно тренерот Дејан Станковиќ се одлучи да ги впише во списокот на потенцијални првотимци за следната сезона. ...
Новопромовираниот премиерлигаш Ковентри Сити ќе патува кај шампионот Арсенал во првиот натпревар од сезоната 2026-27 во Премиер лигата. На почетокот на сезоната, во петок, 21 август, „небесно сините“ ќе го играат својот прв натпревар во елитата по 25 години и тоа токму против шампионот, кој до првата титула во Премиер лигата од 2004 година беше предводени од Микел Артета. Хал Сити, кој се пласираше преку плејофот, ќе биде домаќин на ...
Фудбалската федерација на Иран поднесе официјална жалба до ФИФА поради строгите ограничувања за патување со кои се соочува нивната репрезентација за време на Светското првенство во САД. Федерацијата тврди дека правилата што им дозволуваат да влезат во земјата само еден ден пред натпреварот и бараат да ја напуштат истиот ден ги нарушуваат подготовките на тимот, додека американските власти нагласуваат дека условите биле договорени однапред. По ...
Откако ЕХФ ја објави листата на сигурни учесници во Лигата на шампиони, како и оние кои чекаат вајлд-карта за истите, и воедно најави дека во понеделник ќе биде објавена комплетната листа, од Србија дојде интересна вест. Според тамошните медиуми, Партизан е еден од оние тимови кои добиле зелено светло за настап во Лигата на шампиони. Српскиот клуб е предводен од поранешниот македонски селектор, Раул Гонзлаес, кој со Вардар успеа да се закити ...
Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е А.Б. од Желино. Тој освои џекпот вреден 7.140.125 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Гаминг Професионал Казино СТАР на 10.06.2026 година во Желино. Среќната игра е 20 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 08.06.2026 до 14.06.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно ...
Пред нас се нови четири натпревари од кои секако очекуваме повторно добар фудбал со многу голови. Бразил игра со Хаити и е на поправен, САД во случај на победа и официјално се во нокаут – фазата, останува да се види што може Турција против Парагвај. По неочекуваното реми 1-1 против Мароко во првиот натпревар, тимот на Карло Анчелоти е под императив за победа и подобрување на гол-разликата за да се врати на вистинскиот пат. Бразилците се ...
СВР Струмица изветува дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднела кривична пријава против К.С.(66) и М.Г.(54), двајцата од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“. „Првопријавениот, како претседател и второпријавениот, како секретар на Општински фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 година во повеќе наврати ...
Нашата машка селекција „У17“ години го одигра својот прв натпревар на турнирот во Букурешт. За противник ја имаше селекцијата на Романија. Во доста изедначен меч, во кој двете селекции се менуваа во водството, пресудна беше серијата од (10-0) која Романија ја направи во средишниот дел од последната четвртина, доволна за конечен триумф од 68-81. Со серија од шест поени, на почетокот на последната четвртина, во рок од само една минута, ...
Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш денеска со официјално соопштени потврди дека се разделува дури со 11 фудбалери од минатогодишниот ростер. Тоа најавува сериозен „рез“ во тимот, кој минатата сезона не успеа да ги исполни поставените цели. Од Управниот одбор на Тиквеш објавија дека клубот го напуштаат и дел од најискусните, како Даниел Мојсов, а со него и Никола Најдовски, Кристијан Ѓорѓиевски, Кристијан Стојкоски, Мартин Стојанов, Берат Садик, ...