Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Њујорк Никс ги победија Сан Антонио Спарс на гости (94:90) и го освоија НБА прстенот по 53 години. Со уште еден пресврт, Њујорк го освои долгоочекуваниот трофеј, што го остави Сан Антонио во солзи. Спарс имаа предност во речиси секој натпревар од финалето, но на крајот очигледно искуството беше тоа што одлучи, па трофејот оди во најголемиот град во САД. По натпреварот, Виктор Вембањама, кој како и секогаш не беше премногу зборлест, им се ...
Во пресрет на големото финале на Ф4 во ЛШ, во “Ланксес Арената“ во Келн, меѓу Барселона и Фуске Белрин, се одигра мечот за 3.место меѓу досегашниот европски шампион, Магдебург и Алборг. Славеа Германците со 32:26 со што и до следниот Ф4 2027 и официјално ќе бидат трети во најелитното ракометно натпреварување во Европа. Во текот на целиот меч Магдебург беше подобар, како да имаа Германците повеќе мотиви на овој меч, на ова “утешно финале“. ...
Германија го отвора својот настап во Групата Е на Светското првенство во Хјустон со јасна цел да избегне едно од најголемите изненадувања во историјата на натпреварувањето. По разочарувачките настапи на претходните две првенства во 2018 и 2022 година, каде што завршија во групната фаза, четирикратните светски шампиони под водство на Јулијан Нагелсман бараат искупување и враќање на врвот. „Маншафт“ влегува на турнирот во одлична форма со ...
За време на тековното Светско првенство, шпанските фудбалери тренираат во специјални елеци исполнети со замрзнат гел, со цел подобро да се справат со жештините во Северна Америка. Шпанската фудбалска федерација објави дека шпанската репрезентација е една од 14-те екипи кои ја користат новата технологија, развиена од компанијата „Адидас“, на Светското првенство. Во соопштението се наведува дека елеците што ги носат нивните играчи можат да ја ...
Покрај спектаклите на тековниот Мундијал, секако дека стартуваа контраверзите, грешките и судиските одлуки кои се под знак прашалник. На синоќешниот дуел од групата Ц во кој што се сретнаа селекции на Хаити и Шкотска имаше спорна одлука. Шкотска победи со 1:0, но многу лесно можеше резултатот да оди во сосема спротивен правец. Зошто? Во финишот на мечот, Хаити имаше ситуација за пенал затоа што еден од дефанзивците на Шкотска очигледно ...
Дефинитивно на тековниот Мундијал ќе гледаме огромен број на екстра мечеви, кои што дел ќе бидат со предзнакот изненадувања. Прв од тие во серија секако беше оној синоќа во кој тимот на Катар со гол во четвртата минута од продолжението успеа да израмни на 1:1, против Швајцарија и да освои огромен, историски бод. Сепак, херојот на катарците е голманот, Махмуд Абу Нида кој што одбрани серија опасни ситуации, и го спаси тимот кога беше ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги предупреди своите играчи дека мора да бидат целосно подготвени да поминат низ изведување пенали во најмалку две нокаут рунди на патот до нивната сонувачка титула на Светското првенство. Според „Мирор“, аналитичарите на „Трите лава“ спроведоа студија во која зедоа предвид различни аспекти и статистички индикатори за да дојдат до такво предвидување. Тоа е во контекст на фактот дека постои дополнителна ...
Актуелниот македонски фудбалски шампион, екиппата на Вардар предмалку на базичните подоготвки во Норчиа, Италија, го одигра, первиот пријателски дуел, против локалниот нисколигаш Умбрија. Извојувана е победа од 2:1, со головите на Огнен Јаков и Иво Марковски. Двајцата мултиталентирани напаѓачи на „црвено – црните“ и воедно македонски младински репрезентативци. На овој дуел шанса добија поголемиот дел од младинците кои што тренерот Фабиани ги ...
Уште еден ден на СП 2026 е зад нас, се одиграа четири и тоа како интересни мечеви. Денеска во рубриката “Коментар на денот“, свое видување има Мирсад Јонуз кој ни откри и една пикентерија во врска со селекцијата на Катар. Познато е дека некогашниот селектор на Македонија, пред 5-6 години работеше успешно во Катар, како тренер на Лусаил. „Швајцарија е стабилна селекција, има квалитет, но ете, не успеа да победи. Од друга страна мило ми е за ...
Европа денеска ќе го добие новиот првак во Лигата на шампиони, откако актуелниот шампион Магдебург беше елиминиран во полуфиналето на фајнл-фор завршницата. Во битката за тронот силите ќе ги одмерат Барселона која е најтрофејна и Фуксе Берлин, мечот е закажан во 18 часот. Претходно ќе следи мечот за третото место помеѓу Магдебург и Алборг (15 часот). Ланксес Арена во Келн урна рекорд по посетеност кога станува збор за Ф4, а таму од лице ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека неговиот тим треба значително да ја подобри својата игра по ремито 1-1 со Мароко во првиот натпревар од Групата Ц на Светското првенство. Бразил имаше лошо прво полувреме и изгледаше неорганизирано, што Анчелоти го призна. „Не игравме добро: имавме неколку проблеми, тимот беше неурамнотежен, губевме многу топки и во таа смисла мора да бидеме подобри“, рече италијанскиот тренер. Мароко поведе ...
Њујорк Никс го освоија својот трет НБА шампионски трофеј откако и четврти пат ги совладаа Сан Антонио. На оваа титула чекаа 53 години и ја додадоа на оние од 1970 и 1973 година. Иако бонусите не беа главниот мотив, играчите сепак ќе добијат значителна парична награда. Играчите ќе поделат околу 9,1 милиони долари (околу 7,86 милиони евра) од фондот за плејофот. Сепак, оваа сума е мала во споредба со нивните годишни плати. Сепак, оваа награда ...
Македонскиот национален кошаркарски состав утре и официјално ќе ги стартува подготовките за „А“ групата од претквалификациите, а закажани се натпревари против Ирска и Луксембург. Со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи првиот собир на нашата машка сениорска репрезентација во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Селекторот Жозеп Мариа Берокал, во согласност со својата стратегија, состави поширок список на кошаркари, меѓу кои се и нови ...
Вчера видовме многу работи за време и по маестралното финале на грчкото кошаркарско првенство, во кое Олимпијакос го победи Панатинаикос на домашен терен со 89:85 и со тоа ја одбрани титулата. Тајрик Џонс од Олимпијакос направи срамен потег по натпреварот кога го удри најдобриот играч на „зелените“ Кендрик Нан, откако двајцата беа исклучени поради тепачка на крајот од третата четвртина. Денес, грчките медиуми донесуваат нови информации за ...
Вардар од пред неколку дена замина на подготовки во Италија. Денеска „црвено-црните“ ќе го имаат првиот тест, а противник ќе биде аматерска селекција на Умбрија. Мечот се игра во градот Фолињо. Според информациите од таборот на македонскиот првак петте репрезентативци ќе поминат процес на медицински проверки и физички тестови, па дури потоа ќе можат да се стават на располагање на тимот. Во Фолињо ќе играат: Диковски – Мишковски, Најдовски, ...
Една од најконтроверзните ситуации на Светското првенство досега продолжува да предизвикува бројни реакции, а откако навивачите, аналитичарите и поранешните фудбалери се огласија, конечно се огласи и ФИФА. Сето тоа се случи на натпреварот помеѓу Швајцарија и Катар, кој заврши со резултат 1:1. Во 14-тата минута беше досуден пенал за Швајцарците откако катарскиот голман собори противнички играч во шеснаесетникот. Сепак, веднаш потоа се ...
Австралија на најдобар моожен начин тргна на Светското првенство победувајќи ја Турција со 2-0. Натпреварот беше динамичен и имаше неколку шанси од самиот почеток. Турција прва се закани сериозно преку Арда Ѓулер во 27-та минута, но голманот Патрик Бич направи брилијантна одбрана. Неколку моменти подоцна, Иранкунда искористи одлично додавање, го помина голманот Чакир и рутински шутираше во долниот лев агол за да ѝ даде на Австралија водство ...
Катар постигна голем бод против Швајцарија во 94-тата минута, а два часа по натпреварот, ФИФА направи промена и голот во судиското продолжение беше прогласен за автогол од швајцарскиот дефанзивец Миро Мухајм. Буалеми Куки го прослави голот од 1-1 во судиското продолжение против Швајцарија. Апсолутно сите мислеа дека тој го постигна историскиот гол за Катар што им го донесе првиот бод на Светското првенство. Сепак, два часа по натпреварот, ...
Њујорк е нов шампион во НБА. После 53 години чекање, Никси ги победија домашните Спарси со 94-90 во петтиот натпревар од финалето за конечни 4-1 во серијата. За Њујорк ова беше прва титула од 1973 година. Херој на победата беше неверојатниот Џејлен Брансон со 45 поени. Никсите влегоа во натпреварот со слаб шут, погодувајќи само четири од 22 шута во првата четвртина, која ја завршија со само 13 поени. Спарси, охрабрени од домашната публика и ...
Бразил – Мароко 1:1 е исходот од мечот од групата Ц на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. Без Нејмар тимот на Карло Анчелоти неубедлив, далеку е овој Бразил од вечерва да дојде до својата шеста шампионска титула, но да видиме, ова е само првиот меч на СП. Мароко добар, знае што сака, веројатно ќе нема проблем за да се пласира во нокаут – фазата. Саибари и Винисиус беа стрелците, уште во првото полувреме, на овој меч кој заврши без победник. ...
Сериозен инцидент ја потресе јавноста во Грција вечерва. По крајот на големото кошаркарско финале помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, во кој што Олимпијакос ја освои титулата, Тајрик Џонс во подрибинскиот простор физички се пресмета со Кендрик Нан. И тоа на најбрутален начин, удирајќи го со тупаница в лице. Со оглед на големината на Џонс, попусто реагираа голем број на редари и полицајци. Нивниот дуел траеше цел меч, но секако во рамките на ...
Фудбалската репрезентација на Египет беше принудена да направи значајни промени на своите дресови за Светското првенство, откако ФИФА пресуди дека не им е дозволено да ги носат седумте ѕвезди, кои ги симболизираат рекордните седум титули на тимот на Африканскиот куп на нации. Тие традиционално се прикажани над грбот на земјата и станаа иконски на дресот на „фараоните“. ФИФА изјави дека овој симбол треба да се отстрани. Светската фудбалска ...
На нешто повеќе од еден час до стартот на дербито на денот меѓу Бразил и Мароко, селекторите на двете репрезентации ги објавија стартните состави. На полноќ, Бразил и Мароко ќе ја отворат Групата Ц на Светското првенство. Избраниците на Карло Анчелоти влегуваат во турнирот како еден од главните фаворити, додека Мароко се стреми да го повтори квалитативниот резултат што го постигна пред четири години, кога стигнаа до полуфиналето во Катар и ...
Готово е. Италија има нов селектор. Според информациите објавени од Фабрицио Романо, најпознатиот инсајдер кога станува збор за трансфери и тренерски промени, Роберто Манчини ќе ја преземе италијанската репрезентација. Или по пауза од пет години се враќа на селекторската клупа. Романо, кој ретко греши во своите проценки и информации, наведува дека веќе е постигнат договор меѓу двете страни. Манчини ќе се врати на клупата на четирикратниот ...
Актуелниот македонски фудбалски шампион, екипата на Вардар веќе се подготвува за она што летово претстои, а тоа е секако настапот во квалификациите за Лигата на Шампионите. „Црвено – црните“ се веќе на подготовки, и тоа во Норчиа, Италија, каде што базично ќе темпира форма во следните недели. Од друга страна пак се работи на пополнување на ростерот односно на испразнетите места. Едно од нив му припаѓаше на еден од најдобрите поединци на ...
Швајцарија поведе во 17-тата минута од натпреварот против Катар во Санта Клара, на крајот беше 1:1. Емболо постигна гол од пенал кој беше досуден од сомнителна позиција.Дали на повидок е скандал? ВАР системот на натпреварот од Светското првенство помеѓу Швајцарија и Катар како да заспа. Ова е мислењето на многу фудбалски фанови. Пред да се досуди пеналот за Швајцарија, беше активирана просторијата за ВАР. Ситуацијата беше сомнителна, но на ...
Македонскиот кошаркарски стручњак, Александар Тодоров од денеска е нов генерален менаџер на романскиот кошаркарски тим Рапид Букурешт. Веста ја објавија од романскиот клуб на социјалните мрежи. 52-годишниот Александар Тодоров се враќа во Романија по четири сезони минати во оваа земја. Нашиот стратег со себе носи и 25 години искуство во кошарка на високо ниво, како тренер во 4 различни земји. Како главен тренер, тој освои шампионски титули во ...
Бразил – Мароко 1:1 по првото полувреме од дербито на денот, од првиот меч во групата Ц на СП 2026. Проследивме одлично полувреме, на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси на кој сепак повеќе се очекуваше од фаворитот Бразил. Од друга страна Мароко одличен, дури и поведе во 21.минута со прекрасниот гол на Саибари по асистенцијата на Диас кога мина како брз воз покрај одбраната на Бразил и успеа да го матира Алисон. Сепак избраниците на Карло ...
Катар направи огромно изненадување во 1. коло од Групата Б на Светското првенство. Со гол во 94-тата минута, им украде бодови на Швајцарците. Иако многумина не го очекуваа тоа, стадионот во Санта Клара беше исполнет. Имаше голема поддршка од двете страни, а кога Катар постигна гол за израмнување, настана лудило. Коментаторот во оваа земја падна во целосна екстаза. Во кабината владееше делириум, а емоциите беа нереални. Вака изгледаше тоа. ...
Порталот на албански јазик „Опен ТВ“, излезе со ексклузивен разговор со поранешниот селектор Благоја Милевски кој ја потврди комуникацијата со раководните лица на Шкендија и можноста тој да седне на клупата на клубот од Тетово. „Да, имам разговори со Шкендија и сите опции се отворени…“, е дел од изјавата на Благоја Милевски. СпортСпорт уште пред десетина дена го најави интересот на Шкендија за Благоја Милевски и шансата екс-селекторот на ...