Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Настапот во Европската лига 2026 за женскиот национален тим на Македонија завршува викендов пред домашната публика, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, кога ги пречекуваме Хрватска и Словенија. Македонија по четири загубени натпревари на претходните два турнири е на последното 24. место во генералниот пласман во Евролигата, додека Словенија во Скопје доаѓа како второпласирана, со четири победи без загубен сет, додека Хрватска е на 13. место ...
Шкендија потпиша договор со левиот бек Бојан Димоски, кој е најновото засилување на тимот во овој преоден рок. По успешното поминување на медицинските прегледи, 24-годишникот потпиша двегодишен договор со клубот и веднаш отпатува за Словенија за да се придружи на групата во подготвителната фаза. Се очекува тој да му биде достапен на тренерот Артим Положани денес, на пријателскиот натпревар против Копер од 18:30 часот. Бојан Димовски е ...
Уште една убава вест доаѓа од ракометот. Ракометната федерација на Македонија ја информира дека доби организација на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027, кој ќе се одржи од 27 до 29 ноември 2026 година во Скопје. Нашата кадетска женска репрезентација ќе настапи во групата Б, заедно со селекциите на Литванија, Косово и Грција, а турнирот ќе се игра пред домашна публика во македонската престолнина. Првите две ...
Играчот од средниот ред Исмаел Коне би можел да отсуствува 4-5 месеци поради повреда здобиена на Светското првенство во 2026 година. 24-годишниот канадски репрезентативец се повреди во натпреварот од второто коло на турнирот против екипата на Катар (6:0). Коне од Сасуоло претрпе фрактури на фибулата и тибијата, изјави Фабрицио Романо. Играчот од средниот ред на Катар, Асим Мадибо, кој повреди противнички играч, му се извини на Коне во ...
Во Нион денеска беше извршена ждрепката за главната рунда од квалификациите за Светското првенство во футсал во 2028 година. Македонската футсал репрезентација е во група со Шпанија и Финска. Натпреварите од квалификациските групи ќе се играат дома и на гости меѓу декември 2026 и март 2027 година. 12-те победници од групите и четирите најдобри второпласирани ќе се квалификуваат во елитната рунда. Останатите осум второпласирани се ...
Доколку Португалија доживее разочарување на ова Светско првенство, Роберто Мартинез сигурно ќе добие отказ. Според пишувањата на португалскиот печат, Федерацијата веќе бара солуции за негова замена, па во игра влезе 71-годишниот стратег Жорге Хезус. Актуелниот селектор на репрезентацијата, Роберто Мартинез, и сам истакна дека има намера да ја напушти својата позиција по Светското првенство во 2026 година поради истекот на неговиот договор, ...
Женската селекција на Македонија за кошаркарки „Под 17“ години имаше успешен старт на „Rising Stars“ турнирот во Букурешт. Во првиот меч на собирот во главниот град на Романија, Македонија убедливо ја совлада соодветната селекција на Молдавија со 95:27. Нашите млади кошаркарки доминираа од првата до последната минута на првиот меч од собирот во Букурешт. Ја најавија убедливата победа уште во првите десет минути од игртаа, оние во кои ...
Фудбалерите на Канада ја победија репрезентацијата на Катар со 6:0 во Ванкувер во второто коло од Светското првенство, со што се пласираа во нокаут фазата во група во која се наоѓа и Босна и Херцеговина. Канада поведе во 16-тата минута кога Ларин постигна гол, а Давид го дуплираше водството во 29-тата минута. Клучниот момент се случи во 33-тата минута кога судијата првично досуди пенал за Канада, но по интервенција на ВАР, одлуката беше ...
Зад нас се четири натпревари, сите од вториот круг на тековниот шампионат. Уште еден ден богат со голови, на сите имаше барем по еден, а белег на денот е убедливиот пораз на БиХ од Швајцарија и секако и голеадата на Канада против Катар, како и повредата на Коне за кого заврши Мундијалот. Денеска гостин на рубриката “Коментар на денот“ е нашиот редовен коментатор Артим Шаќири. -Чешка имаше водство, но на крајот сепак одигра 1:1 со Ј.Африка… ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва (20 ч.) во Приштина ќе го има и петтиот настап во Европската лига 2026. По две победи и два порази на првите четири средби на двата турнира во Струмица и Глифада, момците на селекторот Јошко Миленкоски на трет турнир ќе ја бараат и планираната трета победа. Македонија уште вчер апристигна на Косово и имаше можност да ги одржи првите тренинзи во пресрет на денешниот дуел. Миленкоски во ...
Новото засилување на Ливерпул, Виктор Муњоз, претрпе повреда што ќе го одложи неговото враќање на теренот, официјално објави Шпанската фудбалска федерација. Фудбалерот претрпе ново истегнување на мускулот што ќе го одложи неговото враќање на терените. Играчот, кој беше претставен како ново засилување за англискиот великан, се опоравува од повредата и следи специјално дизајниран план за закрепнување, па дури и тренираше со репрезентација на ...
Австралијанецот со македонско потекло, Питер Чкламовски, од синоќа е нов тренер на англиски Салфорд Ситу, клуб познат по тоа што е во сопственост на една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал, Дејвид Бекам. Чкламовски можеби е релативно непознат во светскиот фудбал, но за него велат дека импресионирал со работата во Јапонија, каде се појавил како замена за Анже Постекоглу на клупата на Јокохама Ф. Маринос, кои потоа станаа шампиони на ...
За време на реализирањето на подготовките за новата сезона, екипата на Вардар вчера имаше прием кај градоначалникот на Норчиа, Антонио Дука. Фудбалерите беа примени од првиот човек на градот во кој треба да се реализира главната фаз аод подготовките пред почетокот на новата сезона. За „црвено-црните“ европското лето почнува со 1. коло од квалификациите за ЛШ против екипата на КуПС. За време на реализирањето на подготовките за новата ...
Натпреварот меѓу Канада и Катар синоќа беше обележан со стартовите на катарските играчи. Тие дури добија два црвени картони по ред и нема да играат во решавачкиот натпревар против Босна и Херцеговина. Првиот црвен картон му беше доделен на Хомам Ал Амин во првото полувреме додека беше последен играч во својот избор. Но, најстрашниот момент се случи во 53-тата минута. Асим Мадибо со жесток удар му ја скрши ногата на Канаѓанецот Исмаел Коне. ...
Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Кевин-Принс Боатенг, зборуваше за Кристијано Роналдо по настапот на напаѓачот на португалската репрезентација на натпреварот од Светското првенство во 2026 година против ДР Конго (1:1). „Може ли да бидам искрен? Роналдо, доколку беше тимски играч, ќе се повлечеше и ќе ги пуштeше младите да блеснат. На Португалија ѝ е подобро без него. Кога е во средниот ред, е под огромен притисок бидејќи сите ...
Една недела по почетокот на Светското првенство во 2026 година, веќе се покажани повеќе црвени картони отколку во целото издание на Светското првенство во 2022 година во Катар. Досега се одиграни 25 натпревари – со шест црвени картони – два повеќе отколку во текот на целото Светско првенство 2022, кое имаше 64 натпревари. Сè започна на првиот натпревар, меѓу Мексико и Јужна Африка, кој веднаш заврши со три исклучувања. Следните две ...
Фудбалерите на Мексико ја победија Јужна Кореја со 1:0 на стадионот „Акрон“ во Запопан, со што станаа првите кои сигурно обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство. Првото полувреме беше под очекувањата. Екипите беа изедначени, а играта беше претежно дефанзивна, па затоа немаше многу шанси за постигнување гол. Сепак, Мексико поведе во четвртата минута од судиското продолжение со голот на Ромо. Иако се очекуваше дека голот на ...
Екипата на Силекс е нашиот претставник во европските купови ова лето. Поточно, кратовци се дел од квалификациите за Лигата на Конференции, а во премиерниот настап имаа екстра тешка задача пред себе. Играат со тимот на Динамо Минкс. Па според тоа, тимот мора и адекватно да се засили, за да се претстави во добро светло. Па така, Спортспорт дознава дека кратовци се во сериозни преговори во своите редови да го вратат, Марко Ѓорѓиевски, напаѓачот ...
Наместо уште еден херојски момент на репрезентацијата на Босна на овој Мундијал, вечерва добивме показна вежба за тоа како се користат противничките грешки од страна на репрезенатцијата на Швајцарија. Конечниот резултат на дуелот од групата Б гласи 4:1, а головите беа постигнати во последната делница од мечот. Сплетот на околности доведе до тоа Босна на овој меч да одигра како така солидни седумдесетина минути, а потоа црвениот картон на ...
На репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Елје Вахи, не му е одобрена канадска виза за да може да им се придружи на своите соиграчи во дуелот со Германија. Според моменталните информации истото е сторено поради тековниот процес кој што се води против Вахи, за наводно местење на натпревари. Некогаш големата француска фудбалска надеж, кој што одигра десетици мечеви за младинските селекции на оваа земја, се реши да настапува за Брегот ...
На големо разочарување пред се на бразилскиот народ, Нејмар нема да биде дел ниту од вториот меч на нивната репрезентација на Мундијалот против селекцијата на Хаити. Официјалната информација е дека селекторот Анчелоти одлучи Нејмар да не патува воопшто на овој меч туку да остане во базата и да се опоравува дополнително, за да евентуално биде способен за настап во третото коло или пак елиминациите. Нејмар пристигна повреден во ...
Денеска стартува вториот круг на СП 2026 од групната фаза. Генерално се гледа добар фудбал, имаше и две големи изненадувања на мечевите Шпанија – Зеленортска Острови 0:0 и Португалија – Конго 1:1. Некои од фаворитите си ја покажаа силата како Германија, Англија, Франција, секако Аргентина… Кога сме кај головите може да бидеме задоволни, со оглед на тоа дека се игра отворен фудбал има и доста голови. Што се однесува до листата на стрелците ...
Во мечот одигран во Атланта, САД, на тековното Светско првенство кое што покрај во оваа земја се одржува и во Мексико и Канада, репрезентациите на Чешка и Јужна Африка предмалку одиграа реми со резултат 1:1. Чесите одлично го започнаа мечот и поведоа по само шест минути игра. Грешката во потесната одбрана на Јужна Африка ја искористи Садилек кој реализираше за водство од 1:0. Резултатот не се промени се до самиот финиш на мечот кога Јужа ...
И официјално. Во следната 2026/27 сезона во АБА кошаркарската лига ќе се натпреваруваат 20 клубови, значи официјализирано е проширувањето, ама и натаму ќе нема клубови од Македонија кои ќе мора да се задоволат со настап во АБА 2. Регионалната АБА ќе има 20 клубови учесници во сезоната 2026/27, одлучи Собранието на регионалното натпреварување. Членовите на Собранието на АБА лигата донесоа одлука според која Цибона од Загреб ќе се врати во ...
Хари Кејн и синоќа против Хрватска покажа дека е еден од најдобрите фудбалери во светот, веројатно и најдобар напаѓач во моментов. Капитенот на Англија со два гола ја поведе својата селекција со победа на стартот од Мундијалот со 4:2. Сепак има и такви кои го критикуваат Кејн за неговиот настап. Еден од тие е Диди Хаман, некогашен репрезентативец на Гермаија а сега аналитичар. Тој смета дека Кејн сè уште не се докажал на големата сцена. И ...
Сосема логично и без изненадување, екипата на Интер објави дека е потпишан нов договор со актуелниот тренер Кристијан Киву, кој што ќе го води тимот до Џузепе Меаца до 2028 година. Киву е тренер на Интер од 9 јуни 2025 година. Киву го одведе тимот до двојната круна изминатата сезона, и се покажа како идеално решение во моментов за потребите на Интер. Интересно е што Киву стана само вториот кој што во историјата на Интер стана шампион на ...
Досегашниот играч на тимот на Осасуна, Виктор Муњоз и официјално е нов играч на Ливерпул. Интересната ситуација се состои во фактот што тој во моментов е дел од репрезентацијата на Шпанија, па лекарските прегледи за својто нов клуб ги направи во базата „Ла Роха“ во Тенеси, САД. Тој потпиша повеќегодишен договор со што го прави трансферот на кариерата. Англиските медиуми велат дека истиот е на шест години. Муњоз е второто засилување во тимот ...
И дефинитивно Реал Мадрид создава брутален тим. “Кралевите“ повеќе не сакаат да дозволат сезона без трофеј и потсмев од сите страни, па затоа Жозе Мурињо ќе има брутално скап тим направен по негова желба. Следниот потег е понуда за Михаел Олисе. По Светското првенство, Реал Мадрид ќе даде сè од себе за францускиот репрезентативец Мајкл Олисе. Според информациите што доаѓаат од Шпанија, 24-годишниот крилен напаѓач е некој за кого „Кралевите“ ...
Ете, и тоа го има. Африканските репрезентации честопати на големите турнири носат не само шарена и бучна навивачка екипа, туку и локална „магија“. За време на натпреварот на Светското првенство помеѓу Гана и Панама, камерите фатија еден исклучително необичен момент што предизвика бран коментари. Во 16-тата минута од натпреварот, еден од навивачите на Гана одлучи да изведе ритуал токму на трибините. Извади мал сад, истури бел прав во дланката ...
Секоја чест за сите останати спротови, ама фудбалот е нешто посебно, и тоа посебно кога е време на СП. Милијарди луѓе се покрај ТВ екраните, се радуваат, тагуваат. Има вести и информации, видеа на социјалните мрежи од голови и радости, а ова видео од средно училиште во Киншаса е нешто посебно. Играше нивната селекција ДР Конго против Португалија и кога дојде голот за 1:1, следуаше вистинска експлозија. Токму затоа е видео на денот. ...