Фудбалерите на Баерн Минхен лесно го победија Вердер Бремен со 4-0 на „Алијанц Арена“ во првиот натпревар од петтото коло на Бундеслигата. Двојниот стрелец Хари Кејн ја одбележа вечерта, откако стана најбрзиот играч во историјата на клубот кој постигнал 100 гола во дресот на Баерн. Кејн ги постигна головите во 45-та и 65-та минута, надминувајќи ги рекордите на Кристијано Роналдо, Ерлинг Халанд, Луис Суарез и Златан Ибрахимовиќ во своите клубови. ...

Најдобриот стрелец на Челзи од минатата сезона, Кол Палмер, ќе биде надвор од терените околу три недели. Тоа значи дека тој нема да настапи до следната репрезентативна пауза на почетокот на октомври. Палмер ќе ги пропушти натпреварите против Брајтон и Ливерпул во Премиер лигата, како и дуелот со Бенфика во Лигата на шампионите. „Одлучивме малку да го заштитиме Кол за повредата да не се влоши. Му дадовме пауза од 2-3 недели до репрезентативната ...

Крилниот играч на Манчестер сити, Савињо, е многу блиску до нов договор со клубот. 21-годишниот Бразилец пристигна од Троја во 2024 година. Оттогаш има одиграно 48 натпревари за Граѓаните и постигна три погодоци. Во текот на летото за него пристигна понуда од Тотенхем, но трансферот не се реализираше. Репрезентативецот на Бразил оваа сезона настапи на четири натпревари и го постигна својот прв гол во мечот против Хадерсфилд во Лига купот. Денес ...

Светското првенство на ФИФА за млади до 20 години во Чиле, кое започнува овој викенд, ќе се одржи без една од најкарактеристичните алатки на современиот фудбал – системот за видео асистенција на судиите (ВАР). Наместо него, турнирот ќе биде искористен за тестирање на нов систем кој треба да им помогне на судиите – ФВС (Football Video Support). ФВС претставува поедноставена верзија на видеопрегледот, создадена да биде подостапна за натпреварувања ...

Голманот на Барселона, Жоан Гарсија, ќе паузира меѓу четири и шест седмици, а ќе мора и да замине на операција. Ова е најновата вест од каталонскиот клуб, која воопшто не е пријатна за тренерот Ханси Флик. Жоан Гарсија доживеа кинење на медијалниот менискус на левото колено. Артроскопската операција е закажана за утре, а неговото отсуство ќе трае меѓу четири и шест недели. Жоан Гарсија веднаш стана прв избор на Ханси Флик по трансферот од ...

Францускиот ас Осман Дембеле, кој ја освои престижната награда „Златна топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“, во трката за првата позиција го „прегазил“ Ламин Јамал. Бодовната разлика е голема и изнесува дури 319 гласови. Претходно, светската фудбалска јавност веруваше дека Дембеле и Јамал ќе бидат во тесна трка за оваа награда. Сепак, предмалку беа објавени официјалните податоци, според кои Дембеле освоил вкупно 1380 гласови, а Ламин Јамал ...

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал даде интересна изјава дека кога играл со Тони Крос во Баер Леверкузен во 2009 година, Германецот не бил добар додавач, и тој заедно со Ренато Аугусто го научиле Тони како да ја подобри својата техника. „Крос научи многу од мене. Технички беше добар, но му фалеше прецизност во додавањата. Јас и Ренато Аугусто му покажавме како функционира фудбалот“, се фалеше Видал кој сега игра за Коло-Коло, а Крос од летоска е ...

Жозе Мурињо признава дека е дел од историјата на Челзи, но кога Бенфика ќе се соочи со неговиот поранешен тим во Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“ во вторник вечер, Специјалниот ќе го заборави минатото и ќе се фокусира на сегашноста. „Навистина ќе биде како да си одам дома. Тоа е стадион каде што освоив три титули во Премиер лигата. Напишав историја во Челзи. Челзи припаѓа на мојата историја, јас припаѓам на историјата на Челзи. Тоа е ...

Младиот фински кошаркар Мика Муринен ќе игра за белградски Партизан. „Би ве замолил, доколку имате какви било информации, да ми дадете, да научам нешто ново“, се насмеа тренерот Жељко Обрадовиќ кога го прашаа за можното доаѓање на една од сензациите на последниот Евробаскет. Но, само половина час подоцна, претседателот Остоја Мијаиловиќ на прес-конференција потврди дека Муринен потпишал, а има и објава на Партизан на социјалните мрежи. Финскиот ...

Откако беше објавена ждрепката за егзибицискиот турнир „6 кралеви“ кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија, на социјалните мрежи се појавија многу критики од фанови на Јаник Синер кои прашуваат зошто Новак Ѓоковиќ е повластен во однос на Јаник? На турнирот ќе играат шесте најдобри на светот, паричните награди се огромни (самото учество вреди 1,5 милиони евра, а победникот добива 6 милиони), многу поголеми од тие на гренслемите, но интересно е ...

Адријано Галијани откри дека одбил понуда да стане претседател на Монца, а промоцијата на Монца во Серија А во 2022 година повеќе му значела отколку титулата освоена со Милан во Лигата на шампионите. Некогашниот директор на Милан веќе не е дел од Монца, па отворено зборуваше во едно интервју. „Со силни емоции си одам од клубот кој го сакам уште од мојата петта година, кога мајка ми ме носеше на стадион во мојот град. Им благодарам за понудата да ...

Германската тениска легенда Борис Бекер, кој е најмладиот шампион на Вимблдон во историјата, гледа одраз на себе во фудбалската ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал. Бекер го советува 18-годишникот да биде претпазлив во искушенијата на славата и богатството. Јамал го имаше своето деби за Барселона на 16-годишна возраст и оттогаш постави голем број рекорди за клубот и шпанската репрезентација. Бекер, исто така, направи сензационален пробив кон ...

Барселона во наредните неколку натпревари нема да смета на првиот голман Жоан Гарсија, ниту на крилото Рафиња. Гарсија кој синоќа против Овиедо направи кикс по кој прими гол од 40-тина метри, се повредил денеска на тренинг и ќе паузира околу три недели, што значи дека на средбите со Реал Сосиедад, ПСЖ и Севилја, на голот на Барса ќе мора да биде полскиот ветеран Војчех Шченсни. Рафиња истотака нема да игра против Сосиедад, а мали се шансите да ...

Легендата на Баерн Минхен и воопшто на германскиот фудбал, но и поранешен извршен директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге, искрено призна дека не може да го прежали фактот дека Флоријан Вирц го одбра Ливерпул, а не баварскиот гигант кога летово си замина од Баер Леверкузен. „Треба чесно да кажам дека сè уште жалам за Флоријан Вирц бидејќи мислам дека тој би бил многу подобар во Баерн Минхен отколку во Ливерпул“, кусо искоментира Румениге. ...

Усман Дембеле ја освои Златната топка, на второто место заврши Ламин Јамал, а фудбалерот на Барселона го доби трофејот „Кепа“ за најдобар млад фудбалер. Сепак, претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, смета дека Шпанецот не се закити со Златната топка само поради возраста. „Ако имаше 23 години, сигурен сум дека Јамал ќе ја освоеше Златната топка, но бидејќи е млад, му го дадоа само трофејот ‘Кепа’. Ако продолжи да игра на ова ниво, мислам дека ...

Новото засилување на Ливерпул, Уго Екитике, игра одлично на стартот од новата сезона, но направи глупост на мечот од англискиот Лига куп против Саутхемптон, кога во 85-тата минута го постигна победничкиот гол, а потоа го соблече дресот за да прослави, но заборави дека веќе има жолт картон и беше исклучен. Британските медиуми најавија дека Црвените ќе го казнат две неделни плати, или околу 570.000 евра, но Арне Слот сега ги демантира тие пишувања ...

Останува само уште еден ден за типување на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Веќе голем број типувачи ги имаат пополнето своите типови, па може да се предвиди и исходот од викенд-натпреварите. Повеќе од 60% од играчите веруваат во победа на Реал Мадрид на гостувањето кај градскиот ривал Атлетико, а гостинска победа се очекува и на Арсенал, и тоа кај Њукасл. Во победа на Топчиите на „Сент Џејмс парк“ ...

Светското првенство во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, во вкупно 16 града, од кои дури 11 се во Соединетите Американски Држави. Сепак, претседателот на најмоќната земја во светот, Доналд Трамп, најави дека е можно дел од натпреварите да се префрлат во други градови доколку биде утврдено дека не се безбедни. „Светското првенство ќе биде безбедно. Ако утврдиме дека не е безбедно да се игра во некои градови, тогаш ќе ги промениме, ...

Репрезентативецот на Австрија, Давид Алаба, во 2021 година како слободен фудбалер пристигна од Баерн Минхен во Реал Мадрид и се очекуваше да биде големо засилување за Кралевите. Сепак, повредите, а пред сè, проблемите со коленото не му дозволија да го даде максимумот, а Реал Мадрид очајно се обидуваше да се ослободи од него летово. На крајот австрискиот репрезентативец остана во Мадрид, но ова за него ќе биде последна сезона на „Сантијаго ...

Иако беше најавено дека во вторникот ќе се гласа за исфрлање на Израел од УЕФА, сепак до такво нешто не дојде, пред се поради дипломатскиот притисок, а точката воопшто и не беше ставена на дневен ред. Сепак, британски „Тајмс“ најавува дека гласањето ќе се случи следната седмица, а кај членките на УЕФА постои расположение да го поддржат исфрлањето на Израел од меѓународните натпреварувања. Тоа би значело дека израелските екипи ќе бидат исклучени ...

Легендарниот офанзивец на Тетекс и Вардар, но и на Пирин од Благоевград, Стојмир „Цоле“ Урошевиќ, е нов гостин во Хуманитарниот тикет на Спорт Манија. Фудбалерот чија задача беше да постигнува голови, но и да асистира, сега ќе се обиде да донира онаму каде што ќе биде најпотребно. Фудбалската кариера ја започна во Тетекс, каде што блесна на почетокот на 80-тите години на минатиот век, а потоа неминовна беше преселбата во скопски Вардар, каде ...

Скоти Пипен е легендарно крило од златниот период на Чикаго булс и член на оригиналниот Дрим тим на САД од 1992 година. Запрашан да направи споредба на НБА-лигата од негово време и тоа што сега се игра во најсилната кошаркарска лига, Пипен беше дециден: „Мислам дека е невозможно да се направи споредба. Денеска ова е сосема поинаква игра. Се промени начинот на којшто се промовира, начинот на којшто се суди, а и играчите сега се поинакви, поголеми ...

Некогашната голема светска ѕвезда Нејмар најверојатно нема да се врати на теренот до крајот на 2025 година. Информацијата која ја објави бразилскиот новинар Родолфо Гомес вели дека Нејмар нема да има доволно време да закрепне за да се врати на теренот во следните три месеци. Покрај медицинските проблеми кои ги има, Нејмар има стекнато и многу лоши навики кои дополнително го отежнуваат неговото враќање на теренот. „Тој е зависен од виски, од ...

1701 Стразбург – Олимпик Марсеј (20:45 ч.) Пет од последните шест меѓусебни дуели на овие два тима завршиле нерешено (трипати било 1:1, а двапати 2:2). Стразбург сезонава започна одлично и има четири победи во пет кола, додека тимот од Марсеј е со три победи и два порази, без реми. Според традицијата, а и формата во која се наоѓаат двата тима сезонава, може да се очекуваат погодоци. Предлог тип: Х2&2-4 (1.98) 1801 Баерн Минхен – Вердер ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, во изминатиов период неколкупати го обвинуваше селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, како еден од главните виновници што двајца клучни играчи на каталонскиот гигант се повредија за време на репрезентативните обврски. Тинејџерот Ламин Јамал не игра веќе неколку средби, но се очекува конечно да се врати во составот и да биде подготвен, нешто што не може да се каже и за Гави. Играчот за врска заработи тешка ...

Фудбалот доминира, но може да се најдат и две тениски пресметки и уште три хокеј мечеви на коишто има зголемени квоти во денешната понуда во Супер типот. Возбудувањата започнуваат со тениските мечеви на кои Бенчиќ и Мусети ја имаат фаворитската улога и за нивни победи се даваат квоти од 1.47 и 1.40. На хокеи дуелите, домашниот терен треба да го искористат Саипа против Јукурит, Локомотив во пресметката со Автомобилист, како и Волфсбург против ...

Седумнаесетгодишниот Рио Нгумоха потпиша нов договор со Ливерпул до 2028 година. Се верува дека договорот вреди околу 60.300 евра годишно, максималната плата за прв професионален потпис за Ливерпул, иако тој може да заработи повеќе преку бонуси. Ова е значително повеќе од годишната плата за стипендија што ја добиваше претходно, која изнесуваше околу 16.700 евра. Ливерпул мораше да почека додека Нгумоха не наполни 17 години во август пред да му ...

По еден меч од пет атрактивни европски првенства се дел од денешната понуда во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 38.85. Баерн Минхен на свој терен го пречекува Вердер и тука треба да има погодоци и тоа од еден до два гола во првиот дел, а на крајот да биде со 3+ погодоци, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 2.05 квота. Стразбург и Олимпик ...

Барселона потешко од очекуватата стигна до победа на гостувањето кај Овиедо со 3:1. На полувремето Барселона губеше со 1:0, а историјата и традицијата покажуваше дека кога каталонците биле во негатива по првите 45 минути кај Овиедо никогаш не победиле. Претходно, во 12 меча на кои Барселона на полувреме губела кај Овиедо, имаше 11 порази и само едно реми. Сепак, оваа непријатна традиција за Барселона заврши синоќа, затоа што во второто полувреме ...

По речиси 20 години активна фудбалска кариера, Серхио Бускетс реши дека е доста. Ветеранот заминува во пензија и тоа на крајот од сезоната во МЛС шампионатот, кој завршува за неколку недели. Бускетс од 2023 година се пресели во Интер Мајами за да повторно биде заедно со Лионел Меси, Жорди Алба, а подоцна и со Луис Суарес со кои „газеа“ додека играа заедно во Барселона. Бускетс преку видео спот објави дека кажува збогум на професионалното играње. ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
88%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.9
80%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.46
95%
1028
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
83%
1029
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
84%
1026
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.57975

Родиум

258009.74

Платина

61733.50

Алуминиум

2.90

Бакар

10.93

Цинк

3.03

Сребро

2128.87

Злато

139470.53

Калај

42.35

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Паладиум

52470.02

Рутениум

29192.88