Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Македонската женска кадетска репрезентација се пласира во финалето на Светското училишно првенство во ракомет откако во полуфиналето ја совлада Турција со 29-22. Нашите кадетки одиграа уште еден идличен натпревар, на кој потврдија дека имаат победнички менталитет. Во првото полувреме Турција го диктираше темпото, но Македонија во чекор го следеше противникот. Пред крајот на полувремето, избраничките на Даниела Новеска успеаја да направат мини ...
Борбата за фудбалската титула во македонското првенство дефинитивно ќе биде неизвесна до самиот финиш. Фактот дека во последното коло ќе играат Вардар и Шкендија, може да значи во директен дуел главните ривали да одлучуваат и со тоа да покажеме дека го имаме едно од најнеизвесните првенства во Европа. Вардар како полека да се разбуди од „зимскиот сон“. Црвено-црните се мачеа речиси два месеца и не можеа да дадат повеќе од еден гол на меч, ...
Милан и Јувентус ремизираа без голови на „Сан Сиро“ во меч на кој двете екипи имаа главна цел да бидат меѓу најдобрите четири на табелата во Серија А за да обезбедат место во Лигата на шампионите за следната сезона. По ова реми, Милан остана трет со 67 бода, а Јувентус е на четвртото место со 64 бода. Екипите на Комо и Рома со по 61 бод чекаат од заднина. По мечот, тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, беше задоволен од освоениот бод. „Морате ...
1154 Манчестер ј. – Брентфорд (21 ч.) Манчестер јунајтед е многу блиску да биде дел од Лигата на шампионите за следна сезона, но на Црвените ѓаволи сигурно им е важно да бидат и трети на табелата пред Ливерпул и Астон вила. Одличен е билансот со 10 победи, три ремија и само три порази на Манчестер сезонава на „Олд Трафорд“. Брентфорд е деветти на табелата, а делува неверојатно дека последните шест меча на овој тим завршиле нерешено. На ...
Шефот на судиската работа во Серија А, Џанлука Роки, се најде во центарот на огромен скандал во кој наводно е вклучен и Интер. Според италијанската новинска агенција AIA, Роки е под истрага од страна на обвинителството во Милано за „наводно соучество во спортски измами“ и е обвинет за мешање во одлуките на ВАР-собата и фаворизирање на Интер. Како лице одговорно за судењето во Серија А и Серија Б, Роки е осомничен за директно мешање во ...
Тенис и фудбал ја сочинуваат денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат со тениските пресметки на АТП турнирот во Мадрид и тоа уште во претпладниевните термини. Од 11 часот, Руд е фаворит за победа над Давидович-Фокина, додека Бенчиќ треба да слави над Баптисте. Фаворити за денешни победи се и Циципас, Медведев и Церундало кај мажите, а кај жените има зголемени квоти за победи на фаворитките Коко Гоф и Каролина ...
Два меча на кои домашните екипи се во улога на фаворити се дел од денешната поуда во Прва фудбалска лига на Македонија. Покрај Охридското езеро екипата на Струга ТЛ ќе го пречека Силекс во дуелот на третиот и четвртиот на табелата. Струга ТЛ има седум бодови повеќе од Силекс, но кратовци имаат четири победи по ред и сигурно ќе сакаат да ја продолжат победничката низа. Ако тоа се случи, Силекс ќе се доближи на само четири бода до Струга. Од ...
Пет интересни мечеви кои се играат во силните европски првенства се дел од денешната понуда во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 37.76. Аталанта гостува кај Калјари, а се нуди коефициент од 2.05 за тимот од Бергамо да постигне еден или два гола во првото полувреме. Копенхаген е апсолутен фаворит за победа над Вејле и тука комбинацијата е домаќинот да води на ...
Чави Симонс е еден од лидерите во репрезентацијата на Холандија. Со 23 години, овој фудбалер на Тотенхем се очекуваше да биде главна алка во тимот на Холандија на Светското првенство кое започнува за помалку од 50 денови. Сепак, планот на Симонс за настап на Мундијалот останува само неостварена желба, затоа што се повреди и ќе мора да паузира подолг период. Холандскиот репрезентативец се повреди изминатиов викенд во дресот на Тотенхем во ...
Кадетските репрезентациии на Македонија во машка и во женска конкуренција се меѓу најдобрите четири на Светското училишно првенство во ракомет кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и денеска ќе играат за пласман во финалињата. Кадетките по голема драма, во четвртфиналето беа подобри од врсничките од Бразил со 19-18, а следениот, денешен ривал ќе им биде селекцијата на Турција. Полуфиналето меѓу Македонија и ...
Сан Антонио спарс со голем пресврт стигна до триумф на гостувањето кај Порталнд од 114:93 и поведе со 3:1 во победи во првото коло од НБА плеј-офот кој се игра до четири победи. Виктор Вембањама блескаше во победничкиот тим, за 34 минути поминати на теренот постигна 27 поени (шут од поле 9 од 17), а имаше и 12 скокови, три асистенции, четири украдени топки и дури седум блокади. Последен пат еден играч со вакви бројки на меч од плејофот имал ...
Како се доближува крајот на сезоната, така се вжештува атмосферата како на трибините, така и на теренот, посебно кога се играат некои многу важни дуели. Еден таков меч вчера играа екипите на Хуеска и Сарагоса во шпанската Сегунда дивисион. Двете екипи се борат за опстанок и се во зоната за испаѓање. Пред овој меч, Хуеска беше претпоследна со 33 бодови, додека Сарагоса имаше 35 на една позиција погоре. Во дуректниот дуел, Хуеска победи ...
Баерн Минхен ги одбил понудите за трансфер од Реал Мадрид и од Манчестер сити за играчот од средниот ред Александар Павловиќ. Германскиот шампион нема намера да се раздели со 21-годишниот фудбалер, кој се етаблираше како стандарден првотимец во составот на тренерот Венсан Компани. Германскиот репрезентативец дебитираше во Бундеслигата за Баерн во октомври 2023 година, откако помина низ академијата на клубот, а неговиот договор е со важност до ...
Виљареал ја искористи предноста на домашен терен и со 2-1 ја совлада Селта Виго во натпревар од 33. коло на Ла Лига. Овој резултат најмногу му одговара на Бетис, кој со оваа победа на Виљареал се приближи уште еден чекор кон местата што водат во Лигата на шампионите, додека дополнителна добра вест за нив е и падот на градскиот ривал Севиља во зоната на испаѓање. Натпреварот започна бурно, бидејќи уште во првите минути беше досуден пенал за ...
Милан и Јувентус одиграа без голови (0-0) на „Сан Сиро“ во дербито на 34-тото коло од Серија А, резултат кој повеќе му одговараше на домаќинот. Со овој бод, Росонерите остануваат со предност од три поени пред Старата дама, во трката за врвот и местата кои водат во Лигата на шампионите. Натпреварот започна со неколку полушанси, а првото поголемо возбудување се случи во десеттата минута кога Кефрен Турам слабо шутираше. Милан првпат посериозно ...
Ѕвездата на Минесота тимбервулвс, Ентони Едвардс, нема наскоро да се врати на теренот, откако повредата на коленото што ја заработи ноќеска против Денвер Нагетс бара повеќенеделна пауза. Според информациите, Едвардс заработил модринка и истегнување на коленото, што не дава голем оптимизам во Минесота, иако лигаментите не се сериозно оштетени. Повредата се случи во момент кога тој незгодно доскокна по дуел со играчот Џонсон, при што болното ...
Црвена ѕвезда го доби „вечното дерби“ против Партизан со убедливи 3-0 и со тоа и официјално ја осигура 37-та шампионска титула. Натпреварот во Белград доби и дополнителна емоционална нота поради присуството на поранешниот македонски репрезентативец Митко Стојковски. Пред стартот на дербито, некогашниот капитен Митко Стојковски излезе пред навивачите и беше пречекан со бурни овации, во атмосфера исполнета со силни емоции. Во тој момент од ...
Галатасарај направи огромен чекор кон освојување на четвртата последовна шампионска титула, откако во дербито на Истанбул го совлада Фенербахче со убедливи 3-0. Со оваа победа, Галата уште повеќе ја зацврсти лидерската позиција и сега има сериозна предност во однос на најголемиот ривал, на само неколку кола до крајот на сезоната. Натпреварот можеше да тргне во поинаков правец, откако Талиска промаши пенал во 14-тата минута, што внесе ...
Кога посветената работа и амбициозноста ќе се спојат, среќата се заслужува и успехот порано или подоцна е неизбежен. Таков е примерот и со 28-годишниот Алексо Лембанов кој по оставката на Стевче Алушовски, доби задача да го извлече максимумот од составот на Еурофарм Пелистер во завршницата од сезоната. Ова е ново ново поглавје во неговата кариера во која има евидентен напредок, нафаќајќи се на одговорноста да го води актуелниот македонски ...
Црвена ѕвезда на убедлив начин ја завери шампионската титула, откако во големото дерби го совлада Партизан со 3-0. На Црвено-белите им беше доволен и бод за математички да го осигураат трофејот, но тие не оставија ништо на случајност и со доминантна игра стигнаа до убедлива победа и 37-та титула. Резултатот беше отворен во 18-тата минута, кога Страхиња Ераковиќ реализираше по асистенција на Александар Катаи, што беше и единствениот погодок во ...
Интер одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Торино, но и понатаму е на чекор до освојување на титулата во Серија А. Нераѕурите сега имаат дури 10 бода предност пред Наполи на четири кола до крајот, па им е потребна само уште една победа за да ја заверaт 21-та шампионска титула. Интер имаше одличен почеток и поведе со головите на Маркус Турам во 23-тата минута и на Јан Бисек во 61-та минута, а клучна улога одигра Федерико Димарко, кој запиша ...
Борусија Дортмунд одигра убедлив натпревар и со 4-0 го совлада Фрајбург во последниот меч од 31-то коло во Бундеслигата, со што и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Иако уште минатото коло остана без шанси да го симне Баерн Минхен од врвот, тимот од Дортмунд влезе максимално мотивиран да ја задржи втората позиција и да стави крај на серијата од два порази. Милионерите тргнаа силно и веќе во осмата минута поведоа преку ...
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако заработи повреда на бутниот мускул при победата од 3-1 во Премиер лига против Кристал Палас, изјави директорот на египетската репрезентација Ибрахим Хасан. 33-годишниот фудбалер, кој веќе најави дека ќе го напушти актуелниот шампион на Англија по крајот на сезоната, ја поздрави публиката кога излезе од игра поради повреда во 60-тата минута. Според Хасан, сепак, ...
Челзи се пласираше во финалето на ФА купот, откако на „Вембли“ го совлада Лидс јунајтед со 1-0. Единствениот погодок го постигна капитенот Енцо Фернандес во 23-тата минута, по одлична акција на Челзи. Тимот од Лондон до оваа победа доаѓа по серија тешки резултати во Премиер лигата, каде што имаше пет последовни порази без постигнат гол, а претходно беше елиминиран и од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Челзи го започна мечот со неколку ...
Вардар приреди вистинска голеада и убедливо го совлада Тиквеш со 7-0 пред своите навивачи, во натпревар од 29-то коло на Првата македонска фудбалска лига. Пелистер оствари важна победа од 0-1 против Брера на гости. Тиквеш настапи со дури шестмина играчи под 21 година, што Вардар максимално го искористи и уште од старт ја презеде контролата на играта. Натпреварот започна фуриозно. Веќе во третата минута Стефан Цветковиќ го отвори резултатот за ...
Штутгарт и Вердер одиграa 1-1 во еден од поинтересните натпревари од 31-то коло на Бундеслигата, во дуел во кој двата тима влегоа со сосема различни цели. Победата на Хофенхајм претходниот ден и борбата на Вердер за бодови во трката за опстанок му дадоа дополнителен мотив на Штутгарт да се врати на позициите што водат во Лигата на шампионите. И покрај тоа што Вердер оваа сезона има променливи резултати на гостински терен, нивните претходни ...
Хаос го потресе италијанскиот фудбал, а епицентарот е судискиот свет. Шефот на судиите во Италија, Џанлука Роки, е под истрага од обвинителството во Милано за „соучество во спортска измама“. Во фокусот на истрагата се неколку натпревари од сезоната 2024/25. Во таа насока, Роки објави дека се повлекува од функцијата раководител на судиите во Серија А и Серија Б, барем додека трае истрагата. „Во врска со настаните, во договор со Италијанската ...
Фудбалерите на Комо славеа на гостувањето кај Џенова со 0-2 во 34-тото коло од Серија А. Комо денес не беше премногу доминантен, но успеа да ги искористи своите шанси и целосно да ги неутрализира нападите на домаќинот. Веќе во десеттата минута гостите поведоа, кога Довикас погоди со глава по одличната асистенција на Да Куња за 0-1. Тоа беше резултатот што остана на сила до средината на второто полувреме, а во 68-та минута Диало се најде на ...
На натпреварот помеѓу Рајо Ваљекано и Реал Сосиедад од шпанската лига, имаше една крајно контроверзна и ретко видена ситуација, а во главна улога беа со судиите на терен и тие во ВАР собата. Во 69-та минута, Рајо даде гол за 2-2 и тука почна шоуто. Судијата беше повикан да погледне снимка и откако виде, донесе одлука која шокираше многумина. Не само што голот на Рајо беше поништен, туку судијата досуди пенал за Реал Сосиедад поради наводен ...
Екипата на Ковентри после 25 години се врати во Премиер лигата, а денеска на последниот меч на домашен терен во Чемпионшип сезонава, го победија Рексам со 3-1 и одржаа шампионска прослава. На стадионот сè беше во светлосина и бела боја, и во знакот на слогаот „Се вративме“. Тимот на менаџерот Френк Лампард го крена и трофејот за првото место во англискиот Чемпионшип, а и пехарот беше украсен во боите на Ковентри. Лампард кога дојде на чело ...