Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, говореше за своите очекувања пред претстојното Светско првенство и откри дека сонува за финале меѓу Бразил и Аргентина. „Финале меѓу Бразил и Аргентина! Тоа би било фантастично“, изјави Нејмар, нагласувајќи дека настапот на Мундијалот и понатаму е една од неговите главни мотивации. „Секако дека размислувам за Светското првенство. Како и секој играч, би сакал да бидам таму. Се надевам дека тоа ќе се ...
Екипата на Шалке и градот Гелзенкирхен со посебно внимание го очекуваат викендот кој доаѓа. По три години играње во втората германска лига, некогашниот германски првак сега е пред промоција за враќање во Бундеслигата. Во следното коло, Шалке на својот стадион „Ауф Шалке Арена“ ќе биде домаќин на Фортуна Дизелдорф, а со евентуална победа, тимот од Гелзенкирхен повторно ќе се врати да биде дел од елитното друштво за следната сезона. До крајот ...
Во неверојатно драматична завршница екипата на ТФТ Скопје загуби во „Градски парк“ од Широки со 87:86 во финалето на плејофот од АБА 2 лигата. По овој пораз, Широки стигна до посакуваната втора победа и тоа е тимот кој следната сезона ќе игра во АБА 1 лигата, а македонскиот тим останува да бара втора шанса за влез во елитата и тоа во дуел против Борац Чачак кој е на претпоследното место во АБА 1 лигата. Во првите неколку минути двете екипи ...
Раул Асенсио и Дани Себаљос ќе го напуштат Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Централниот дефанзивец Асенсио е дел од академијата на „кралевите“ од 2017 година, по што настапуваше и за вториот тим, пред да стигне до првиот состав на 15-кратниот европски шампион. Во 2025 година Асенсио стигна и до репрезентацијата на Шпанија, додека за сениорскиот тим на Реал дебитираше во 2024 година. ...
Маркус Рашфорд моментално настапува за Барселона како позајмен играч од Манчестер Јунајтед и има желба да остане во каталонскиот клуб, но според моменталните информации тоа тешко дека ќе се реализира. Рашфорд пристигна минатото лето на едногодишна позајмица и во голема мера ги оправда очекувањата. Барселона има опција да го откупи неговиот договор за околу 30 милиони евра, но засега не изгледа дека ќе ја активира таа клаузула. Од „Олд ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс имаат меч-топка, па со победа над Хјустон ќе обезбедат пласман во конференциското полуфинале од плејофот на НБА лигата. Лејкерски веќе имаат водство од 3-1 во серијата, а вечерва имаат квота од 1.63 во понудата на Sport Life за победа над „ракетите“ од Хјустон. Орландо има водство од 3-1 против Детроит, но вечерва е голем аутсајдер, а квотата за победа на Пистонси е 1.30. Серијата помеѓу Кливленд и Торонто ...
Можеби најдобриот меч во историјата на Лигата на шампионите се одигра синоќа во Париз, на „Паркот на принцовите“, а на крајот Пари Сен Жермен со 5:4 го победи Баерн Минхен во првиот дуел од полуфиналето. Една од ѕвездите на средбата беше напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле, кој постигна два гола од петте гола за домаќините. Дембеле изјави дека Светците се задоволни од резултатот против Баерн Минхен, иако можело да биде и подобро. Францускиот ...
Барселона не успеа да ја исполни главната цел оваа сезона – освојување на Лигата на шампионите – откако беше елиминирана во четвртфиналето од Атлетико Мадрид. Сега приоритет е одбрана на титулата во Ла Лига, а тимот е на добар пат бидејќи има дури 11 бода предност во однос на Реал Мадрид. Голем удар за Барселона беше повредата на Ламин Јамал, за кого сезоната е завршена, но тренерот Ханси Флик конечно доби и добри вести. Шпанските медиуми ...
Агентот на фудбалерот на Њукасл, Ентони Гордон, минатата недела престојувал во Минхен. Таму водел разговори со раководството на Баерн за евентуален трансфер на својот клиент, пренесува Билд. На средбата биле разгледани конкретни суми и личните услови на англискиот фудбалер. Во моментов, Њукасл бара околу 86 милиони евра за својот играч. Од Баерн не се подготвени да ја платат таа сума, но најпрво сакаат да постигнат договор со Гордон, па потоа ...
Голманот насилник Естебан Андрада веќе ја дозна казната што ќе мора да ја плати за својата непромисленост. Како што е познато, пред неколку дена чуварот на мрежата на Сарагоса го нокаутира капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо. Аргентинецот е казнет дури со 13 натпревари, што значи дека нема да игра до октомври. Казната е структурирана вака – 12 меча за ударот врз Пулидо и уште еден натпревар поради двата жолти картони што ги доби пред да го ...
Освојувачот на Лигата на шампионите со три различни екипи, Холанѓанецот Кларенс Сидорф, го прогласи Хвича Кварацхелија за „најдобар фудбалер во светот“. Настапот на Грузиецот беше клучен за успехот на ПСЖ против Баерн Минхен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, при што постигна два гола. Педесетгодишниот поранешен играч на Ајакс, Милан и Реал Мадрид изјави: „Кварацхелија е најдобриот играч во светот и ќе станува сè ...
Тотенхем доби нов сериозен удар во борбата за опстанок откако напаѓачот Доминик Соланке ќе мора да паузира до крајот на сезоната поради повреда. Според информациите, англискиот репрезентативец заработил делумно кинење на бутниот мускул, повреда која е потврдена по последните медицински прегледи. Соланке се повреди во завршницата од првото полувреме на натпреварот против Вулверхемптон и веднаш беше заменет. Оваа ситуација претставува сериозен ...
Полека се загрева атмосферата пред Мундијалот, а се очекува селекторите наскоро да ги објават проширените списоци со најмногу 55 фудбалери на кои сериозно сметаат. Во фокусот ќе биде составот на најсилните светски репрезентации и изборите што ќе ги направат нивните предводници. Француските медиуми веќе отворија една чувствителна тема. Mожно е едно звучно име да остане без место во авионот за Светското првенство. Станува збор за Кингсли Коман, ...
Жозе Мурињо јасно стави до знаење дека во моментов не размислува за камбек во Реал Мадрид, иако сè погласни се шпекулациите дека би можел да го наследи актуелниот тренер Алваро Арбелоа. Искусниот португалски стратег, кој сега го води Бенфика, потенцираше дека неговиот фокус е целосно насочен кон обврските во Лисабон. „Мојата следна цел е да ја вратам Бенфика во Лигата на шампионите“, изјави 63-годишниот тренер во интервју за италијанскиот ...
Атлетико Мадрид и Арсенал вечерва (21 часот) на „Метрополитано“ го играат првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Фудбалскиот свет сѐ уште е под импресии од синоќешната голеада во Париз, па повторно се размислува кој би можел да биде стрелец ако фаворизирате еден од тимовите. Доколку Атлетико Мадрид го искористи домашниот терен и стигне до триумф, а Антоан Гризман биде стрелец, квотата е одлична (7.00). Специјалниот сингл за ...
Грузискиот репрезентативец Хвича Кварацхелија нема намера да го напушти Пари Сен Жермен ова лето и покрај интересот од Арсенал, откри неговиот татко Бадри. Крилниот напаѓач, кој има 25 години, е целосно фокусиран на проектот на францускиот гигант и амбициите за нова титула во Лигата на шампионите. Англискиот клуб долго време се поврзува со негово ангажирање бидејќи менаџерот Микел Артета сака да ја засили офанзивата во летниот преоден рок. ...
ФИФА предложи, а ИФАБ на вонредна седница во Ванкувер едногласно усвои две промени во Правилата на фудбалската игра. Станува збор за највисокото тело кое ги дефинира и ги менува правилата во фудбалот, а новите одредби ќе стапат на сила веќе за Светското првенство што започнува за околу месец и пол. Првата промена, неформално наречена Lex Vinicius, е директно поврзана со случајот што предизвика големи реакции во фудбалската јавност. Според ...
Бет билдерите на Sport Life се за дуелот Атлетико Мадрид – Арсенал и имате по две варијанти кои ги фаворизираат двата тима, а квотите се 20.0 и 25.0, по две такви во четирите Бет билдерски комбинации. Има понуда во која се бара победа на Атлетико со директен придонес од Хулијан Алварес, има опција победа на Арсенал со гол или асистенција на Букајо Сака како два од четирите услови за добивка, а тука се и опции во кои се бара двата тима да ...
Македонскиот претставник ТФТ оствари историски резултат и со пласманот во финалето на АБА 2 лигата, но сега ќе се обиде да направи уште една сензација и да влезе во регионалното кошаркарско друштво. Кошаркарите на ТФТ го загубија првиот меч од финалната серија против Широки бријег на гости, но вечерва (19 часот) ќе игра на домашен паркет. Клучно ќе биде ТФТ да го издржи ритамот во текот на целиот меч, она што не им успеа на избраниците на ...
Најтрофејниот фудбалски тренер на денешницата, Хосеп Гвардиола, не го гледаше феноменалниот натпревар ПСЖ – Баерн и шокира многумина кога го видоа на стадионот во Стокпорт, каде што во време на дуелот во Париз не го гледаше својот ексклуб од Минхен, туку дуел од англиската трета лига по ранг (Лига 1). Стокпорт, кој ќе игра бараж за влез во Чемпионшип, загуби дома од веќе испаднатиот Порт Вејл со 1-2 и никој не може да објасни зошто Гвардиола ...
1940 Хапоел Тел Авив – Макаби Хаифа (18.30 часот) Иако остануваат уште осум кола до крајот и многу бодови се во игра, Хапоел нема добри шанси да стане шампион на Израел, а Макаби Хаифа речиси ни теорија. Хапоел е на 12 бода минус во однос на лидерот Беитар и ако победи, ќе остане на четвртото место, но со негатива од девет бода. Макаби Хаифа загуби пет од последните шест лигашки мечеви, додека Хапоел имаше само еден пораз во претходните 13 ...
Ослабениот Вардар 1961 претрпе пораз од 23-33 од Монпелје во првиот меч од четвртфиналето во Европската лига на ЕХФ и чудо ќе биде потребно за Црвено-црните да се најдат на фајналфорот во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа. Тренерот Иван Чупиќ не можеше да смета на бековите Јака Малус и Дмитро Хориха, но вардарци добро се држеа во првото полувреме. Сепак, кобна беше серијата од 7-2 на стартот на вториот дел, кога беше скршен ...
Ако ги уплатите петте квоти на денот во Sport Life на ист тикет, ќе добиете вкупна квота од 41.37, а меѓу предлозите се четири фудбалски и еден кошаркарски натпревар. Тромсо дома да не загуби од Бран, а на мечот да паднат од еден до три гола, е комбинација за која квотата е 2.20. Квота од 2.15 за Ал-Наср – Ал-Ахли ќе добиете ако уплатите дека во прво полувреме ќе има 1-2 гола, а 1-3 гола во второто полувреме. Потоа малку да разбиете, доаѓа ...
Сан Антонио спарс со 4-1 во победи го елиминираше Портланд трејлблејзерс и оди во западното полуфинале, каде за противник ќе ги има Минесота или Денвер. Мамузите петтиот меч од серијата со Пионерите го добија со 114-95, а Виктор Вембањама имаше 17 поени, 14 скока и шест блокади. Вембањама има 13 блокади на последните два меча, пред него такво нешто во дресот на Спарс имаат направено само уште легендите Дејвид Робинсон и Тим Данкан. Сега ...
Денешниот Супер тип на Sport Life е разновиден, има зголемени квоти за натпревари од дури пет различни спортови, а посебна привлечност дава богатата понуда за натпреварот на денот, Атлетико Мадрид – Арсенал. За Атлетико – Арсенал имате дури осум зголемени квоти и на конечен тип и на други игри во кои се вклучени голови, па имате избор што да искористите како џокер за подобрување на потенцијалната добивка на тикетите, во зависност од тоа дали ...
Голманот на Баерн, Мануел Нојер, постави антирекорд, прими пет гола без да направи ниту една одбрана. Последниот голман што направил ваков лош настап во плејоф од Лигата на шампионите беше Ед Де Гои во 2000 година за Челзи во четвртфиналето против Барселона, кога исто така прими пет гола без да има одбрана. Нојер стана првиот голман во 21-виот век кој бранел олку лошо во нокаут фазата од ЛШ. Германскиот ветеран имаше одлично издание на ...
После спектаклот ПСЖ – Баерн кој им припадна на Светците со 5-4, француската легенда Тјери Анри упати и пофалби и критики. Поранешниот напаѓач рече дека пеналот досуден кон крајот на првото полувреме за играње со рака од страна на Алфонсо Дејвис е срам за Лигата на шампините, а додаде дека Мајкл Олисе го направил Нуно Мендеш да изгледа како „изгубен играч од академијата“. „Секој сака да слави по резултат од 5-4, но мора да бидеме искрени и ...
Тренерите на ПСЖ и Баерн Минхен, Луис Енрике и Венсан Компани, се сретнаа во микс зона по нивниот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Тимовите постигнаа девет гола, парижаните победија со неверојатни 5-4, а Компани го гледаше натпреварот од трибините бидејќи беше суспендиран. „Како го виде натпреварот од трибините? Дали ти се допадна?“ праша Енрике. „Не, не ми се допадна“, одговори Компани со насмевка на лицето. Тренерите на ...
Пари Сен Жермен со 5:4 го победи Баерн Минхен во првиот меч од полуфиналето во Лига на шампиони. Ова е дуел кој ќе се памти во историјата на ЛШ, а тренерот на ПСЖ, Луис Енрике вели дека никогаш досега немал видено таков интензитет на игра. „Никогаш не сум видел таков интензитет и физичко ниво. Мораме да им честитаме на сите. Заслуживме да победиме, заслуживме да извлечеме нерешено и заслуживме да изгубиме денес. Беше фантастичен натпревар“, ...
Оваа работна недела за еден обложувач кој уплатил тикет во Тетово, започна на најдобар можен начин. Во понеделникот, обложувачки махер нареди 10 фудбалски мечеви и со само 40 денари уплата, успеа да си заработи преку 3.000 евра. На десетте мечеви, погоден е вкупен коефициент од 5.527, што за многумина е невозможно да се направи таков тикет, а овој дури е и добитен. Стратегијата е многу јасна, а тоа е сите 10 средби да се одиграат на голови. ...