Фиорентина објави Фабио Гросо е новиот тренер на тимот. Новиот тренер на Виола ја започна својата тренерска кариера во 2013 година во младинскиот сектор на Јувентус. Неговото деби како прв тренер датира од 2017 година, на клупата на Бари во Серија Б. Во текот на својата кариера, тој ги тренираше и Олимпик Лион, Фрозиноне и Сасуоло, остварувајќи две промоции од Серија Б во Серија А, а во текот на неговата последна сезона на чело на Сасуоло ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ја шокираше јавноста со изјавата дека Џуд Белингам ќе мора да се бори за место во почетниот состав на Светското првенство. Белингам, кој моментално е член на Реал Мадрид, стартуваше само четири пати откако Тухел ја презеде функцијата селектор на Англија во јануари 2025 година, а на три меча на теренот влезе од клупата за резервни играчи. „Белингам е еден од стартерите, тој знае дека е еден од стартерите, но ...

Англискиот гигант Ливерпул ја пронајде замена за Мохамед Салах на „Енфилд роуд“. Новиот голгетер во дресот на Црвените треба да биде репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде. Младиот 19-годишниот крилен напаѓач ги договорил личните услови со Ливерпул, а сега се чека конечна реализација на овој трансфер. Најавата е дека Ливерпул на Лајпциг ќе му исплати дури 104 милиони евра. Во германскиот тим се задоволни од сумата, а ...

Иако е уште тинејџер, Кими Антонели покажува дека сезонава ќе доминира во Формула 1 шампионатот. На вчерашната хаотична трка во Монте Карло, Антонели победи со шест секунди пред Луис Хамилтон и се зацврсти на лидерската позиција во шампионатот. Освен на трката, Антонели беше и најбрз во квалификациите, а комплетната доминација на италијанскиот возач во тимо тна Мерцедес ја комплетира со поставување и на најбрзиот круг на трката. Уште во 12 ...

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 20 години загуби со 2:0 од врсниците од САД на контролен меч кој се одигра попладнево на неутрален терен во Бугарија. Оваа селекција која е последен чекор пред настап во У21 тимот е новоформирана со цел да нема прекин од селекциите У19 во У21. Избраниците на селекторот Александар Таневски киксираа во последните моменти од двете полувремиња. САД поведе со 1:0 благодарение на погодок во 45 ...

Роберто Манчини е блиску до враќање на клупата на италијанската репрезентација, пишуваат дел од фудбалските инсајдери во таа земја. Според Николо Схира, Италијанскиот фудбалски сојуз подготвил договор за Манчини, кој би го обврзал да биде на клупата на националниот тим во 2030 година. Манчини би заработувал по два милиони евра годишно. Четирикратниот светски првак има очајна декада барем кога се работи за настап на светските првенства. Три ...

Домаќинот Канада, потоа Швајцарија и Босна и Херцеговина како претставници на Европа, и аутсајдерот Катар, ја сочинуваат групата Б во која можни се секакви изненадувања и може да биде една од најнеизвесните на Светското првенство. Во оваа група нема селекции кои биле светски прваци и ова се тимови за кои и четвртфинале на СП 2026 би било голем успех. Канада има солиден напад со Џонатан Дејвид и Кајл Ларин, но главна ѕвезда им е Алфонсо ...

Данскиот репрезентативец и член на германскиот бундеслигаш Волфсбург, Кристијан Ериксен е отпуштен од болницата и ќе биде на домашна нега во следниот период. На синоќешниот меч меѓу Данска и Украина, во 65-тата минута Ериксен ненадејно се струполи на теренот. таа шокантна сцена кога Ериксен паѓа на тревата без свест всушност беше повторување на кошмарот од 2021 година, кога за време на дуел од Европското првенство, ѕвездата на данската ...

Флорентино Перес, кој синоќа ја доби довербата да остане претседател на Реал Мадрид, тргнува во нова офанзива. Првиот човек на Кралскиот клуб објави дека ќе ја тужи Барселона пред УЕФА за случајот „Негреира“, во кој каталонскиот гигант е обвинет за исплата на судии помеѓу 2001 и 2018 година. Истрагата откри дека Барселона платила околу 8,4 милиони евра помеѓу 2001 и 2018 година на компании поврзани со поранешниот потпретседател на Техничкиот ...

Новиот фудбалски првак на Македонија, Вардар ја продолжи соработката за соработка со спонзорот „Новоматик Македонија“. Црвено-црните и Новоматик уште минатата сезона започнаа соработка, а по успешната сезона и освоената титула, таа соработка продолжува и во следниот период. „Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите да упатам благодарнот што Новоматик Македонија беа со нас кога ја почнавме најтешката ...

Капитенот и најдобар стрелец на Англија, Хари Кејн, верува дека жештината „нема да биде фактор“ благодарение на режимот на тренинг на тимот за претстојното Светско првенство. Англија го отвора турнирот против Хрватска на 17 јуни во Арлингтон, Тексас, но претходно Гордиот Албион ќе го одигра својот последен контролен натпревар против Костарика в среда во Орландо, Флорида. „Искрено, не мислам дека жештината беше толку лоша. Очигледно се ...

Поранешениот напаѓач на Манчестер јунајтед и Арсенал, Робин ван Перси, е разрешен од функцијата тренер на Феенорд по 18 месеци поминати на таа позиција. Ван Перси се врати во својот матичен клуб во февруари 2025 година, но и покрај обезбедениот пласман во Лигата на шампионите, си замина по сезона без освоен трофеј. Четириесет и двегодишниот стручњак го водеше клубот на 58 натпревари, со биланс од 30 победи и 19 порази. На местото главен ...

Одлуката на една од најжестоките навивачки групи во Европа предизвика вистинска бура во фудбалските кругови откако беше потврдено дека планира целосен бојкот на домашните натпревари во следната сезона. Најверните навивачи на Лацио официјално најавија бојкот на сите домашни натпревари во сезоната 2026/27. Покрај тоа што нема да присуствуваат на натпреварите на домашен терен, ултрасите соопштија дека нема да купуваат ниту сезонски билети за ...

Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинес, изрази уверување дека Бернардо Силва би бил идеално засилување за Барселона. По победата на Португалија со 2:1 над Чиле во пријателски натпревар во саботата, шпанскиот стратег беше запрашан за можниот трансфер на искусниот играч и неговото вклопување во тимот предводен од Ханси Флик. Во својот одговор, Мартинес не штедеше пофалби за 31-годишниот играч од средниот ред. „Мислам ...

Групата А ќе го отвори Светското првенство 2026, а според имињата на хартија не спаѓа меѓу најатрактивните групи на турнирот. Првиот натпревар ќе го одиграат Мексико и Јужна Африка, исто како и на Мундијалот во 2010 година. Во групата се наоѓаат уште Јужна Кореја и Чешка. На овој меч легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити ќе влезе во историјата како прв на кој се играле три меча од отворањето на Светските првенство – 1970, 1986 и ...

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен му честиташе на Александер Зверев за освојувањето на титулата на Ролан Гарос. Во финалето на турнирот, германскиот тенисер го совлада Флавио Коболи со 6:1, 4:6, 6:4, 6:7(5), 6:1 и ја освои својата прва гранслем-титула. „Ти честитаме за првата гранслем-титула, Алекс Зверев!“, објави Баерн Минхен на социјалните мрежи. Зверев е познат како голем навивач на баварскиот гигант и често јавно ја покажува својата ...

6776 Холандија – Узбекистан (20:45) Мечот во Њујорк ќе биде последна проверка и за Холандија и за Узбекистан. Двете селекции загубија на првите контролни дуели, Холанѓаните од Алжир, додека Узбекистан од Канада. Многумина ги гледаат Лалињата како еден од фаворитите на ова првенство, па сосема јасно е дека од нив се очекува победа над дебитантот на Мундијалите. Предлог тип: 1 & 3-5 (1.93) 6731 Франција – Северна Ирска (21:10) Франција по ...

Искусниот шпански десен бек Дани Карвахал ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид по повеќе од две децении минати во кралскиот клуб. Иако во последните недели најмногу се поврзуваше со трансфер во Милан, според италијанските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучил и амбициозниот Комо, кој од клупата го предводи поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас. Договорот на Карвахал со Реал Мадрид истекува на крајот од овој ...

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира тенисот со осум од 16-те понудени меча. Шест натпревари се од фудбалот, а два од кошарката. Првиот натпревар започнува веќе во 11 часот, а тоа значи дека треба да побрзате, да го одберете вашиот пар, да ги посетите уплатните места на Sport Life и да ја зголемите добивката на тикетите. Понеделничкиот Супер тип започнува со осумте ...

Усман Дембеле наводно побарал од својот репрезентативен соиграч Килијан Мбапе да преземе поголема одговорност во дефанзивните задачи и повеќе да придонесува за тимската игра. Според француските медиуми, Дембеле во последниот период станал една од највлијателните фигури во соблекувалната на француската репрезентација и директно му порачал на капитенот дека за доброто на тимот мора повеќе да учествува во одбраната. „Усман Дембеле достигна ...

Три клупски и два репрезентативни меча се дел од Квотите на денот во Sport Life за понеделник. Понудените квоти се движат помеѓу 1.85 и 2.25, додека петте меча искомбинирани на ист тикет прават квота од 38.5. На мечот од финското првенство помеѓу КТП и Хака се очекува дека една од екипите ќе има водство на полувремето, а на крајот ќе има победник. Доколку тоа се случи, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна. Понудената квота од 2.20 за дуелот ...

Вистински хаос се случи за време на полуфиналниот натпревар од израелското кошаркарско првенство меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим. Натпреварот беше прекинат во третата четвртина поради ракетна тревога поврзана со напади од Иран, што предизвика сериозна загриженост за безбедноста на сите присутни во салата. The semifinal game between Hapoel Tel Aviv and Hapoel Jerusalem was stopped in the third quarter due to fire from Iran. ...

Флорентино Перес останува претседател на Реал Мадрид и во следните четири години, откако убедливо победи на претседателските избори во клубот. Неговиот противкандидат Енрике Рикелме во кампањата ветуваше дека ќе го донесе Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабе“, но очигледно не успеа да ја добие довербата на мнозинството членови на клубот. Перес освои околу две третини од гласовите, а сега вниманието е насочено кон неговото ветување дека ќе ...

Петкратниот светски првак Бразил претрпе тежок удар непосредно пред стартот на Светското првенство. Селекторот Карло Анчелоти остана без единствената вистинска опција на позицијата десен бек, откако Весли Франк заработи повреда на мускулот на левата нога за време на контролниот меч против Египет. По направената магнетна резонанца, лекарите потврдија дека повредата е сериозна и Весли е тој е „прешкртан“ од составот. На негово место, селекторот ...

Италија минимално со 1:0 славеше на гости кај Грција во контролен меч. За Аѕурите ова е втора победа во последните пет дена, откако претходно со 1:0 славеше и над Луксембург. Интересно е тоа дека како на мечот против Луксембург, така и сега против Грција, стрелец на единствениот гол беше младиот напаѓач на Интер, Франческо Еспозито и тоа во 17 минута. Погодокот со кој Италија славеше над Грција може да го видите ТУКА. Овие две победи на ...

Репрезентацијата на Хрватска со 2:1 славеше над Словенија во пријателски меч одигран вечерва во Вараждин. Ова беше последна средба на Коцкестите пред патувањето во САД, каде ќе бидат дел од Светското првенство. Откако во првото полувреме немаше голови, серијата погодоци ја најави капитенот на Хрватска, Лука Модриќ. Фудбалерот кој во септември ќе наполи 41 година, уште еднаш покажа дека е вистински виртуоз и погоди со шут надвор од ...

Фудбалерите на Раковица ја освоија титулата во Меѓуопштинската лига Белград – група Б и од следната сезона нема да бидат во најнискиот ранг на нтпреварување. Пресреќни беа фудбалерите и навивачите на овој тим, па веднаш по завршување na последниот меч започна големо славје. Вистински хит беше кога на теренот се појави трактор, кој извозе победнички круг со трофејот освоен за првото место во оваа лига. 🚨🇷🇸Just a regular Saturday in Serbia, ...

Пеп Гвардиола призна дека во моментов нема јасна претстава кој ќе биде неговиот следен чекор во кариерата. Ова е негово прво јавно обраќање откако минатиот викенд го напушти кормилото на Манчестер сити. Каталонецот присуствуваше на настан организиран од фондацијата на Јохан Кројф, каде што се осврна на десетте години поминати на „Етихад“ и зборуваше за својата иднина. Неговиот последен натпревар на клупата на Сити беше поразот од 2:1 против ...

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен (34) се струполи на теренот на средина од второто полувреме од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина. Тоа е истиот фудбалер кој доживеа срцев удар за време на натпреварот на Европското првенство пред пет години. Тогаш, Ериксен беше реанимиран на теренот и веднаш беше пренесен во болница. Потоа од болницата стигнаа добри вести дека брзо се освестил, па нецела година подоцна се врати на ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека не сака да звучи алармантно, пред првиот натпревар на Светското првенство, но призна дека „многу играчи сè уште не се 100 проценти подготвени“ за настап на планетарниот собир. Суперѕвездата и капитен на селекцијата, Лионел Меси од клупата за резервни играчи гледаше како Аргентина го победи Хондурас со 2-0 во пријателски натпревар во Колеџ Стејшн, Тексас. Аргентинскиот капитен, кој наскоро ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76