Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Натпревари од Лигата на шампионите, Англија, Холандија и Израел се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 36.9, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.20. Квотата од 1.95 за мечот на Макаби и Хапоел ќе биде добитна само ако во првото полувреме нема повеќе од еден гол, но и ако има помеѓу еден и три гола во вториот дел. Рода и Валвијк се очекува да не одиграат нерешено, а ако има и ...
Чави Ернандес откри дека се обидел да го врати Лионел Меси во Барселона во 2023 година, но трансферот бил стопиран од претседателот Жоан Лапорта. Поранешниот тренер на „каталонците“, кој го одведе тимот до титулата во сезоната 2022/23, зборуваше на оваа тема во разговор со легендата на бразилскиот фудбал Ромарио. „Како тренер на Барса го вратив Дани Алвеш и се обидов да го направам истото со Нејмар, Педро и Меси. Педро и Нејмар не можеа да ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше исклучително задоволен по победата од 2:1 над Брентфорд во натпревар од 34. коло на Премиер лигата. Под негово водство „црвените ѓаволи“ имаат девет победи, две ремија и два порази во 13 натпревари и се наоѓаат на третото место на табелата, со три бода пред Ливерпул. „Играта на моменти беше доста отворена. Започнавме навистина добро и морам да им оддадам признание на противниците, кои нè ...
Кошаркарите на Оклахома први се чекираа во конференциското полуфинале, откако со „метла“ ја елиминираа екипата на Феникс. Оклахома го доби и четвртиот меѓусебен дуел од серијата против Феникс, овој пат со 122-131 на гостински терен. Никола Јокиќ беше клучната фигура во победата на Денвер од 125-113 над Минесота, со што намалија на 3-2 во четвртфиналната серија. Србинот го заврши мечот со 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Орландо зголеми на ...
Фенербахче повторно направи тренерска промена, откако му даде отказ на Доменико Тедеско по тешкиот пораз во дербито со Галатасарај (3-0), кој практично ги згасна шансите за титулата. Тедеско пристигна како наследник на Жозе Мурињо, но неговиот престој во Истанбул беше краток и без посакуван ефект. И покрај засилувањата во зимскиот преоден рок, тимот не успеа да наметне доминантна игра, а поразот од најголемиот ривал само ја потврди ...
На „Олимпико“, Лацио и Удинезе одиграа вистински спектакл кој заврши без победник, 3-3, во 34-то коло од Серија А. Гостите од Удине први го отворија резултатот во 18-та минута, кога Кингсли беше прецизен за 0-1. До полувремето ја задржаа предноста, но Лацио се врати силно во продолжението. Домашните израмнија преку Пелегрини, кој донесе нова неизвесност во мечот. Во финишот следеше вистинска драма. Педро во 80-тата минута направи пресврт и ...
Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа на „Олд Трафорд“ против Брентфорд со 2-1 во 34-то коло од Премиер лигата. Стрелци за домаќините беа Каземиро во 11-тата минута и Бењамин Шешко во 43-тата, но во центарот на вниманието повторно беше капитенот Бруно Фернандеш, кој запиша 19 асистенции сезонава. Со тоа се доближи на само една од рекордот што го држат Тјери Анри и Кевин Де Бројне, кои имаат по 20 асистенции во една сезона. Домашните имаа ...
Еден од најголемите таленти на српскиот фудбал, Василије Костов, е пред трансфер во Арсенал, каде што ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Црвена ѕвезда. Иако се најавуваше рекорден трансфер, договорената сума изнесува 12 милиони евра, со можност преку бонуси да порасне до околу 20 милиони. Лондонскиот клуб веќе постигнал договор со српскиот шампион, а во зделката е вклучен и процент од нареден трансфер, што дополнително ги задоволило ...
Пелистер стигна до убедлива победа над актуелниот шампион МЗТ Скопје со 74-85, во натпревар одигран во Аеродром, во претпоследното коло од втората фаза во Суперлигата. Ова беше прв триумф на битолскиот тим на гостински терен против МЗТ по шест меѓусебни пресметки, а воедно и прва победа во Скопје по 2024 година. На исходот најмногу се израдува ТФТ, кој успеа да ја задржи првата позиција на табелата на едно коло пред крајот. Натпреварот ...
Напаѓачот на Арсенал, Кај Хаверц, не заработил посериозна повреда. Како што денеска потврдуваат сигурни извори, првичните прегледи покажале дека германскиот фудбалер избегнал потешка повреда и наскоро би можел да се врати на терените. Иако постоеше загриженост дека Хаверц можеби ја заврши сезоната и дека ќе се фокусира на закрепнување до Светското првенство, тестовите покажале дека неговото враќање е можно уште во текот на следната недела. ...
Шкендија претрпе тежок удар во борбата за титулата откако на домашен терен во Тетово беше поразена од Башкими со 2-3 во 29-тото коло од Првата фудбалска лига. Иако домаќините први дојдоа до водство преку Фабрис Тамба, гостите направија целосен пресврт уште во првото полувреме. Надежта за бод ја врати Бесарт Ибраими во вториот дел, но Шкендија не успеа да избегне трет сезонски пораз пред својата публика. По натпреварот, тренерот Јетон Беќири ...
Каљари оствари важен триумф на Сардинија славејќи против Аталанта со 3-2 пред домашните гледачи. Со овие три бода, тимот сега е на добар пат да обезбеди опстанок во Серија А. Пол Менди во првите осум минути постигна два гола за Каљари, но Аталанта се врати комплетно во игра во финишот на првиот дел, откако двоен стрелец беше и Џанлука Скамака. Победничкиот гол за Каљари го постигна Џенаро Борели во 47-та минута од мечот. Каљари оствари ...
Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, изјави дека е подготвен за работа во рускиот клупски фудбал, доколку добие соодветна понуда. „Би размислил за ангажман во Русија. Ми треба конкретна понуда за да ја разгледам. Мојата професија е тренер и ако се појави добра можност, подготвен сум да работам во еден од руските клубови“, ги пренесуава неговите зборови руските медиуми. Гатузо неодамна ја напушти функцијата ...
Два многу интересни натпревари ќе се играат вечерва во плејофот од НБА-лигата бидејќи екипите на Детроит пистонс и особено Денвер нагетс се притиснати до ѕид и немаат право на кикс. Детроит беше најдобар тим на Истокот во регуларната сезона, но губи 1-2 од Орландо кој мораше преку плејин да влезе во плејофот. Ако Орландо слави и вечерва, ќе биде на прагот на пласман во следното коло, што би било изненадување и свовиден срам за Детроит, кој во ...
Денеска е посебен ден за македонската женска кадетска репрезентација, тимот имаше двојна причина за радост: обезбеден пласман во финалето на Светското училишно првенство во ракомет, а голманката Марија Дуноска прослави роденден. Марија го доби најубавиот роденденски подарок – победа за паметење, прославена заедно со македонската делегација. На Марија ѝ посакуваме среќен роденден и уште многу успеси во иднина, како на теренот така и надвор ...
После денешниот пораз на Шкендија на свој терен против Башкими, Вардар е блиску до освојување на шамшионсата титула во Првата македонска фудбалска лига, но работата е далеку од завршена. Вардарци имаат солидни четири бода предност на четири кола до крај, што значи во игра се 12 бодови. Титулата може да се решава во последното коло кога се игра големото дерби на двата водечки тима, но може да биде готово уште пред да одигрувањето на последното ...
Башкими во Тетово ја совлада Шкендија со 3-2 и направи огромен чекор кон опстанок, а овој пораз за тетовци е голем чекор назад во трката со Вардар за титулата. Сега Вардар има четири бодови предност во однос на Шкендија, а останаа уште само четири кола. Во последната рунда на 23-ти мај, Вардар ќе ја пречека Шкендија. Никел Ор со два гола од кои едниот феноменален, беше јунак на кумановските Црно-зелени, а Шкендија беше жртва и на ВАР ...
Поради голем интерес, двата финални натпревари во женска и машка конкуренција на Светското училишно првенство во ракомет ќе се одиграат утре во големата сала „Јане Сандански” во Скопје, по следниот распоред: 14:00 часот Македонија – Хрватска (женска конкуренција) 16:00 часот Македонија – Израел (машка конкуренција) Влезот во салата „Јане Сандански” е слободен за сите кои сакаат да ги поддржат двете репрезентации на Македонија. Федерацијата ...
Полуфиналето помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен многумина го нарекуваат финале пред финалето, кој и да оди од нив во мечот за титула во Лигата на шампионите, ќе биде фаворит таму. Германците делуваат импресивно и ефикасно, но и Светците кои се актуелни европски шампиони, играат одлично. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кажа дека нема подобар од неговиот тим. „Ова се двата најдобри тима, а и Арсенал има одлична сезона. Во однос на конзистентноста, Баерн ...
Играчот од средниот ред на Милан и хрватската репрезентација, Лука Модриќ, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на јаболчницата. Ветеранот има двојна фрактура на јаболчницата и ќе мора да биде опериран, па нема да може да му помогне на Милан во преостанатите натпревари од сезоната. Модриќ ќе може да учествува на Светското првенство, но веројатно ќе игра со заштитна маска. Модриќ се повреди во судир со глави со Мануел Локатели ...
Потенцијалното назначување на вонреден комесар за управување со Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) предизвика силна реакција од УЕФА. Европската Куќа на фудбалот ја предупреди Италија дека земјата може да го изгуби статусот на кодомаќин на Европското првенство во 2032 година, а клубовите од таа земја ризикуваат исклучување од европските клупски натпреварувања. Можноста за назначување специјален администратор во Федерацијата, поддржан ...
Јасно е дека Реал Мадрид следната сезона ќе има нов тренер бидејќи клубот и втора година по ред остана без ниту еден трофеј. Алваро Арбелоа дојде како привремено решение по отказот за Чаби Алонсо и воопшто не ги задоволи критериумите за клуб како Кралскиот. Неколку имиња се споменуваа како можни тренери на Реал Мадрид, а меѓу нив најзвучни беа Јирген Клоп, Зинедин Зидан и Дидие Дешан. Сепак, Флорентино Перес подготвува вистинско изненадување. ...
Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде претесна да ги собере сите љубители на ракометот кои сакаат да го гледаат реванш дуелот од полуфииналето на ЕХФ Европскиот куп помеѓу ГРК Охрид и словенечки Целје. Еуфоријата се чувствува, резултатот од првиот меч (минимален пораз од еден гол разлика) дава големи и реални надежи дека Гладијаторите ќе влезат во финалето. На пет дена пред мечот, клубот објави дека продадени се сите билети. ...
Струга цели три години чекаше на домашен триумф над Силекс, а попладнево не само што победи, туку и дефинитивно си го потврди третото место на табелата во Првата лига. Стружани славеа со сигурни 2-0 во дуелот на поранешните шампиони на Македонија и сега имаат предност од 10 поени во однос на денешниот противник на четири кола до крајот на првенството. Третото место на табелата е значајно, бидејќи во случај тетовска Шкендија да го освои Купот ...
Во Sport Life ништо не е невозможно, а доказ за тоа е и тикетот во Кочани. Со влог само од 50 денари, одигра 31 натпревар, кои беа погодени, па сосема заслужено си доби неверојатна сума од 945.859 денари нето. На тикетот беа одиграни различни игри, но доминираа двојните шанси и двојни шанси во комбинација со голови. Поголемиот дел од натпреварите се одиграа во саботата, но добивката се славеше во неделата навечер, кога заврши последниот меч, ...
Откако женската кадетска репрезентација на Македонија славеше над Турција за финале на Светското ракометно првенство за средни училишта, тоа им појде од рака и на нивните колеги од машката селекција, кои ја декласираа Србија и ќе играат меч за злато. Македонските ракометари беа убедливи и победија со 30-19 во полуфиналето против Србија, па утре ќе играат во финалето од училишниот Мундијал во Скопје. Македонија доминираше во текот на целиот ...
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес, и понатаму е главна трансфер цел на Барселона за претстојниот летен преоден рок и покрај сериозните финансиски потешкотии кои би ја придружувале евентуалната зделка. Според шпанските медиуми, уште во јануари спортскиот директор на Каталонците, Деко, одржал неколку средби со претставници на играчот, но засега нема конкретен напредок во преговорите и ситуацијата останува во застој. Од Атлетико ...
Реал Мадрид и втора сезона по ред нема да освои ниту еден трофеј, а Кралевите сега се соочуваат со нов проблем. Според шпанските медиуми, Килијан Мбапе нема да игра за Реал Мадрид до крајот на сезоната, и тоа само за да биде поодморен за настапот со Франција на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Ваквиот потег доколку се покаже како вистински, е само уште еден проблем за Кралевите, но и за сè она што се случува во Реал Мадрид во ...
Новата работна седмица започнува со фантастичните квоти во Бет билдерот на Sport Life. Натпревари од италијанската Серија А и англиската Премиер лига имаат квоти и до 20.00. Трите најинтересни вечерни натпревари имаат по две опции, а квотите се навистина „набилдани“. Каљари и Аталанта имаат квоти од 15.00 и 16.00, додека Лацио и Удинезе имаат квоти од 14.00 и 15.00. Најголемите квоти се за мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Брентфорд – 15.00 ...
Кошаркарската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за мечот од претквалификациите за Европското првенство против Ирска. Дуелот се игра на втори јули во салата „Лазар Лечиќ” со почеток во 18 часот, а билетите се по симболична цена од 200 денари и се продаваат преку МКтикетс. Македонија е лидер во групата со максимални четири победи од четири натпревари, а со победа против Ирска и теоретски ќе го обезбедиме местото во ...