Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Има многу шпекулации околу тоа кој ќе биде тренер на Реал Мадрид во следната сезона, а најновите информации се дека Кралскиот клуб има седум кандидати за преземање на функцијата, и името на новиот тренер ќе биде објавено пред 11-ти јуни кога стартува Светското првенство. Реал сака што побрзо да договори тренер, затоа што ќе скаутираат можни засилувања меѓу фудбалерите кои ќе играат на Мундијалот. Листата на потенцијални тренери на Реал ја ...
Фудбалската репрезентација на Македонија во наредните две години ќе настапува во нови дресови од производителот „Адидас“. ФФМ го претстави новиот дрес на македонскиот национален тим, изработен од „Адидас“ во рамките на програмата UEFA Kit Assistance Scheme. Вкупно 10 европски национални селекции ќе настапуваат во ново дизајнирани дресови од програмата основана во 2007 година, која обезбеди натпреварувачка и тренинг-опрема за националните ...
Ремито од 1-1 на гостувањето кај Силекс попладнево, за Шкендија значеше губење на два можеби клучни бода во трката за титулата во Првата македонска фудбалска лига. Сега Шкендија има три бода помалку од Вардар, а скопските Црвено-црни утре гостуваат кај Башкими и може да побегнат на големи плус 6 на три кола до крај. Тетовци поведоа со гол на Ндзенге во 19-та минута, а маките почнаа кога во 71-ва минута Тамба доби втор жолт картон и Шкендија ...
Борусија Дортмунд покажува интерес за напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија, пренесуват германските медиуми. Жолто-црните сакаат да ја засилат офанзивната линија во текот на летниот преоден рок, а 22-годишниот Шпанец е една од опциите. Во списокот на клубот од Вестфалија се наоѓаат и Фисник Аслани од Хофенхајм, како и Нико Трезолди од Клуб Бриж. Од Борусија засега немаат преземено конкретни чекори за ангажман на Гарсија. Напаѓачот има ...
Венеција оваа сезона буквално се прошета низ Серија Б и по само една година повторно се врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал. Денеска во Серија Б се одиграа натпреварите од 37-то коло, а првопласираната Венеција како гостин одигра 2-2 против последнопласираната Специја. Со овој резултат Венеција уште пред последното коло обезбеди пласман во Серија А, додека Специја ги задржа само теоретските шанси за опстанок и најверојатно ...
Милан одигра солидна сезона и е на прагот да си обезбеди место за настап во Лига на шампиони на есен. Токму затоа, тренерот Масимилијано Алегри има план да донесе неколку засилувања во летниот преоден рок. По разговори со челниците на клубот, станало јасно дека Алегри главниот фокус за засилување во нападот го насочил кон англискиот премиерлигаш Арсенал. Фаворит на Алегри е Габриел Жезус. Бразилскиот офанзивец не е во прв план кај тренерот ...
Шпанскиот играч од средниот ред Дани Себаљос ќе го напушти Реал Мадрид ова лето. Себаљос не беше опција за играч во стартниот тим кај тренерот Алваро Арбелоа, па поради тоа во последните неколку недели нивниот однос се расипа. Себаљос влезе во конфликт со Арбелоа, па сега едноставно тие немаат никаков контакт и соработка. Во четвртокот, двајцата имале непријатна средба во просториите на клубот, која ја иницирал самиот Себаљос со цел да се ...
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, храбро го понесе најголемиот товар околу организацијата на Светското училишно првенство во ракомет за кадети кое се одржа во Скопје, а сега кога сето тоа заврши, успешно за Македонија и организациски и резултатски, може да се сумираат резултатите и да се даде оценка. Мицковска која и самата е професорка во средно училиште, смета дека првенството на кое ...
Фудбалската федерација на Македонија со гордост го претставува новиот дрес на македонската репрезентација, изработен од „Адидас“ во рамките на програмата UEFA Kit Assistance Scheme. Новиот дизајн е специјално персонализиран за нашиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и ADIDAS. Дресовите на македонската репрезентација комбинираат современ изглед и врвни материјали, обезбедувајќи максимална удобност и функционалност на теренот. Со ...
1001 Лидс – Барнли (21 ч.) Во вистинско време екипата на Лидс влезе во одлична форма и нема пораз на последните пет меча во Премиер лигата. Од друга страна, Барнли освои само еден бод во последните седум меча и веќе нема шанси да се спаси од испаѓање, па следната сезона ќе игра во Чемпионшип. Лидс со освојување на три бода ќе направи голем чекор кон опстанокот. Барнли со 68 примени гола ја има најлошата одбрана, па тоа треба да е мотив плус ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека побарувачката за билети за Светското првенство достигнала невидени нивоа, со веќе регистрирани 500 милиони барања. Мундијалот ќе започне за нешто повеќе од еден месец, а ова ќе биде историски затоа што прв пат ќе учествуваат дури 48 репрезентации, а ќе се игра во три различни земји и тоа САД, Канада и Мексико. „Слушнавте, имаше многу дискусии за продажбата на билети за Светското првенство“, ...
Тренерот на Астон вила Унаи Емери остро го критикуваше ВАР системот по поразот на неговиот тим со 1:0 од Нотингем форест, во првиот меч од полуфиналето на Лига на Европа. Шпанскиот стратег беше лут затоа што играчот за врска на Нотингем форест, Елиот Андерсон не добил црвен картон поради опасниот старт врз Оли Воткинс. Андерсон остана неказнет за лизгачки старт за освојување на топката, а потоа со „отворена копачка“ го удри Воткинс во ...
Возбудувањата во 30. коло на Прва фудбалска лига на Македонија започнува денеска со два меча кои ќе се играат од 16 часот. Актуелниот првак Шкендија ќе гостува во Кратово против Силкес во дербито кое може да реши многу енигми, кога се работи борбата за титулата. Шкендија претрпе два порази во последните четири кола, а секогаш е предизвик да се победи во Кратово. Силекс е речиси стоосто сигурен дека на крајот ќе биде на четвртото место на ...
Фудбал и само фудбал има во денешната понуда на Супер тип во Sport Life. Возбудувањата ќе започнат уште од 15 часот кога се играат дури четири натпревари од Серија Б, а интересно е дека сите четири фаворити имаат речиси ист зголемен коефициент за победа. За победи на Модена, Венеција и Монца квотите се по 1.74, а Палермо да слави во дуелот против Каранцаро е со квота од 1.76. Ла Коруња пред своите навивачи да победи против Леганес е со 1.60 ...
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино најави дека Светското првенство кое ќе започне за нешто повеќе од еден месец треба да биде место за обединување и потврди дека репрезентацијата на Иран ќе биде дел од завршницата. „Причината е мнгоу едноставна, мораме да се обединиме. Мора да ги спојуваме луѓето, тоа е моја одговорност, наша одговорност. Фудбалот го обединува спортот, ФИФА го обединува спортот“, рече ...
Пет интересни мечеви се дел од денешната понуда во Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој се добива е 41.64. Алтах е домаќин на ЛАСК Линц и тука е потребно да нема повеќе од еден гол во првото полувреме, додека во вториот дел треба да има меѓу еден и два погодоци, за да биде добитна квотата од 2.20. Викинг да постигнува најмалку по еден гол во двете полувремиња во дуелот ...
Многумина никогаш не слушнале за Дин Џејмс, но токму тој може да предизвика хаос во холандската Ередивизие. Холандски играч кој настапува за тимот на Го Ахед Иглс, е репрезентативец на Индонезија и има шет настапи. Неговата одлука да ја претставува Индонезија може да има домино ефект врз првенството на Холандија, бидејќи можеби играл како фудбалер без право за настап. Сè кулминираше откако НАЦ Бреда претрпе пораз од Го Ахед Иглс на 15 март. ...
Мечот од втората романска лига меѓу екипите на Волунтари и Бихор ќе се памти, но не по фудбалски мајстории, туку поради една бизарна ситуација. Се играа последните моменти од мечот кога на теренот тешко се повреди еден фудбалер и мораше да интервенира возилото за Брза помош. Во текот на мечот врнеше пороен дожд, а теренот изгледаше ужасно, па кога Брзата помош влезе на теренот, едноставно заглави во калта. За да може Брзата помош да излезе ...
Минесота тимберволфс на свој терен го победи Денвер со 110:98 и на тој начин со вкупни 4:2 во победи се пласираше во полуфиналето на Западната конференција од НБА плејофот, каде ќе се сретнат против Сан Антонио спарс. Последната четврта победа на Минесота против Денвер е вистински подвиг затоа што играа без двајца клучни играчи. Ентони Едвардс и Донте Дивинченцо не беа во составот на Минесота, но и покрај нивното отсуство, Волците покажаа ...
Откако англискиот клуб Барнли го официјализираше збогувањето со Скот Паркер и изборот на новиот привремен менаџер кој се вика Мајкл Џексон, корисниците на социјалните мрежи не ја пропуштија можноста да ја поврзат веста со славниот американски пејач кој почина во 2009 година. Пејачот Мајкл Џексон имал само 15 години кога се родил тренерот Џексон, па тешко може да се каже дали го крстиле Мајкл по него. Како и да е, на социјалните мрежи има ...
Победите на Нотингам форест и Рајо Ваљекано вечерва придонесоа на повидок да биде варијантата Шпанија да има пет, а Англија дури шест екипи во Лигата на шампионите следната сезона. Премиер лигата има гарантирани четири места, петтиот веќе го добија благодарение на резултатите на англиските екипи во еврокуповите, а ако Нотингам форест ја освои Лига Европа, и Шумарите ќе бидат дел од европската елита. Форест ја победи Астон вила со 1-0 и има ...
Вечерва се одиграа првите полуфинални дуели во Лига Европа и Конференциската лига, а најголема предност пред реваншот оствари Кристал Палас кој со 3-1 славеше на гости во Краков (Полска) кај украински Шахтар. Англискиот тим поведе после само 21 секунди игра со погодок на Исмаила Сар и тоа е најбрз гол во историјата на Конференциската лига, a втор најбрз во историјата во полуфиналињата или финалињата во еврокуповите. Палас е пред пласман во ...
Новак Ѓоковиќ во последно време често гледа кошаркарски натпревари од Евролигата, па и вечерва беше во Пиреја каде Олимпијакос го растури Монако со 94-64 и сега грчкиот тим е на една победа од пласман на фајнал-форот кој ќе се игра во Атина. Со 2-0 поведе и европскиот првак Фенербахче против Жалгирис. Најдобриот тенисер на сите времиња во „Мир и пријателство“ седеше до најдобриот грчки кошаркар Јанис Адртокумбо, а кога од трибините згрме ...
Мексиканскиот легендарен голман Гилермо Очоа објави дека летово ќе ја заврши својата кариера, и тоа со присуство во составот на репрезентацијата на претстојното Светско првенство на кое неговата земја е една од домаќините. За Очоа кој во јули ќе наполни 41 година, тоа ќе биде шести Мундијал, со што ќе го дели рекордот заедно со Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а ќе го надмине својот сонародник Рафаел Маркез кој играше на пет светски ...
Фудбалери од прволигашки клубови во Холандија наводно ги изгубиле своите работни дозволи откако ја промениле националноста и оваа афера наречена „Паспортгејт“ силно ја тресе Ередивизие. Скандалот избувна откако НАК Бреда, се жалеше на суд по тешкиот пораз од Го Ахед Иглс, на наводно неправилен настап на играчот на Орлите, Дин Џејмс. Случајот е доста сложен. Џејмс е роден во Холандија, но нема работна дозвола затоа што, откако станал ...
Иранската фудбалска репрезентација ќе се натпреварува на Светското првенство во 2026 година, рече претседателот на Светската фудбалска федерација, ФИФА, Џани Инфантино, на 76-тиот Конгрес на ФИФА во Ванкувер. „Има доволно проблеми низ целиот свет. Има доволно луѓе што се обидуваат да го поделат светот. Ако никој не се обиде да обедини, што ќе се случи со нашиот свет? Мораме да го направиме тоа и имаме оваа можност. Секако, иранскиот тим ќе ...
Ретко кој верува дека победникот од полуфиналето Атлетико Мадрид – Арсенал може да ја освои Лигата на шампионите, а една од причините е што овие два клуба се сметаат за „губитнички“. Атлетико и Арсенал се во топ 6 клуба кои одиграле најмногу натпревари во елитното европско клупско натпреварување, без да ја освојат титулата. Двата клуба имаат играно финалиња, но ги губеа. „Вечно вториот“ Арсенал, е на второ место и на ова рангирање на клубови ...
Николас Џексон би можел да ја продолжи кариерата во Италија, откако неговата иднина повторно стана неизвесна. Во моментов напаѓачот настапува како позајмен играч во Баерн Минхен од Челзи, но германскиот гигант нема намера да го откупи неговиот договор. Тоа значи дека летово 24-годишниот фудбалер ќе се врати во Лондон, каде што исто така не е во плановите на клубот. Интерес за него покажува Јувентус, кој е подготвен да го доведе на позајмица, ...
Три натпревари од НБА плејофот се ноќеска на понудата, а интересно е дека на сите три, во улога на фаворити се гостинските екипи. Денвер гостува кај Минесота која има предност од 3:2 во победи, но домашниот тим ќе биде без главниот адут, Ентони Едвардс кој е повреден. Токму затоа, Минесота иако игра на свој терен и е на чекор од пласман во следната фаза, е во улога на аутсајдер. Притисокот на домашниот терен ќе го имаат екипите на Атланта и ...
Виетнам одлучи да се впушти во најамбициозниот спортски проект, можеби на сите времиња, и започнува со изградба на стадион што би можел да прими дури 135.000 навивачи. Иако многумина би очекувале ваков мегаломански проект да се одвива во САД, Кина или дури некаде во Европа, тој се појави на далечниот исток од Азија. Архитектурата на новиот стадион е инспирирана од традиционалните виетнамски мотиви и има облик на древниот тапан „Донг Сон“, кој ...