Шпанскиот тренер Алваро Арбелоа многу брзо може да добие нов тренерски предизвик. Според најавите од познатиот новинар Матео Морето, интензивно траат преговорите меѓу Арбелоа и англискиот премиерлигаш Фулам. Најавите се дека преговорите даваат позитивни сигнали и дека во најскоро време може да се очекува Арбелоа и официјално да биде промовиран во нов тренер на лондонскиот тим. : Talks between Fulham and Álvaro Arbeloa are progressing well! ...

Алваро Арбелоа не успеа да го убеди раководството на Реал Мадрид дека може да ја извршува тренерската функција и во новата сезона, а „кралскиот клуб“ веќе се реши да го врати Жозе Мурињо на оваа позиција. Но, шпанскиот стручњак наскоро може да добие нов сериозен предизвик, ни помалку ни повеќе, во англиската Премиер лига. „Би-Би-Си“ тврди дека Арбелоа е во напредни преговори со Фулам и големи се шансите тој да биде наследник на Марко Силва, ...