
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



На 14 март во Чифте амам започнува модниот настан Деновите на италијанскиот дизајн во Скопје, кој се одржува под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост”. Настанот го организира Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Италијанската трговска агенција, „Ист гејт мол“ и Моден викенд Скопје. Деновите на италијанскиот дизајн се отвораат со мастерклас на Лука Боскардин, познатиот италијански дизајнер на играчки, а ќе ...
Од 6 до 9 март, во Драмски театар во Скопје ќе гостуваат четири ансамбли, од кои три се од независната сцена. Сите претстави почнуваат во 20 часот. На 6 март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги играат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. Следниот ден гостува „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат Марјан Наумов, Гоце ...
Женскиот гудачки квартет „Дестини“ од Бугарија ќе одржи концерт во Скопје на 18 април во Филхармонијата. „Дестини квартет“ е меѓународен музички проект кој соработува со аранжерот Маурицио Абени, кој соработува со светски познатиот италијански тенор Андреа Бочели. Квартетот свири преработки на светски познати хитови, а во Скопје ќе одржи двочасовен концерт, најави „МГ продукција“. Квартетот доаѓа во Скопје по настапите во Австрија, Франција и ...
Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“, ја доби наградата за највпечатлив филм (Best Impact Film) на 30. издание на меѓународниот филмски фестивал Седона во Аризона, САД. Фестивалот се одржа од 24 февруари до 3 март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет. Ова е шеста фестивалска награда за „Бизнисот на задоволството“, по оние во Бугарија, Перу, Панама, Романија и Албанија. „Прва награда ...
Од 7 до 14 март, во скопското кино Синеплекс ќе има оскаровска недела, со наслови кои годинава се номинирани за Оскар. Ќе се прикажат филмовите „Спајдермен: Ширум пајак-вселената“, „Опенхајмер“, „Барби“, „Убијци на цветната месечина“, „Наполеон“ и „Кутрите“. Свеченото доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука ќе се одржи по 96. пат на 11 март во Лос Анџелес. Од киното велат дека цената на билетот за сите проекции од ...
Камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт под свеќи во камерната сала на Филхармонијата на 12 април од 20 часот. Како солист ќе настапи бугарскиот виолинист Марио Хосен. Ќе диригира маестра Ѓурѓица Дашиќ, а оркестарот и Хосен ќе свират дела од Вивалди, Паганини, Холст и Глас. Од „Профундис“ велат дека илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената. „Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар ‘Профундис‘ ќе биде иновативен, креативен и ...
На 258 страници собрани се животот и делото на основоположникот на музичката уметност во Македонија, Сергеј Михајлов. Книгата за режисерот на првата опера во Македонија „Палјачи“, која била изведена на 29 август 1925 во Штип, содржи голем број досега необјавени податоци за него и стотина фотографии. Промоцијата е закажана за 7 март во 12 часот на Факултетот за образовни науки во Штип. Промотори се проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и ...
В петок од 19 часот, во црквата „Света Софија“ во Охрид концерт ќе одржи тенорот Федерико Сера од Италија, во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот е по повод 8 Март и ќе биде посветен на дамите, вели организаторот Охридско лето. „Веќе трета година одржуваме концерти преку цела година, надвор од фестивалската програма од 12 јули до 20 август. Имавме новогодишен концерт со оркестарот на Националната опера и балет, а сега следи ...
Најголемата светска криптовалута биткоин за првпат ја надмина вредноста од 69.000 долари. Новиот рекорд изнесува 69.202 долари, со што е надмината вредноста од ноември 2021, кога достигна 68.999 долари. Вредноста на биткоинот порасна за 160% од август наваму, од кои 44% дојдоа минатиот месец, што е голем контраст во однос на февруари 2022, кога настапи 18-месечна „криптозима“, предизвикана од серија корпоративни банкроти и скандали. Растот на ...
Режисерот Џејмс Ган преку фотографија на Инстаграм објави дека почнало снимањето на новиот филм „Супермен“. Снимањето почнало на 29 февруари, роденденот на Супермен. На фотографијата на Ган го има логото од оделото на Супермен со црвена, жолта и сина боја и препознатливото „С“ и наликува како да е покриено со снег. Филмот првично беше најавен под насловот „Супермен: Наследство“, но сега Ган објави дека останува само „Супермен“. Од објавената ...
Премиерата на втората сезона на ТВ-серијата „Куќата на змејот“ ќе биде во јуни годинава на „Ејч-Би-О макс“, изјави Џи Би Перети од „Ворнер брос“. Тој рече дека тоа е една од сериите кои треба да придонесат за пресврт во овој медиумски гигант по тивкиот период за филмот и телевизијата, делумно поради штрајковите во Холивуд минатата година. Перети не наведе конкретен датум на премиерата. Претходно беше објавено дека втората сезона ќе има осум ...
Надреални и со многу детали, официјалните постери за годинашните Олимписки и Параолимписки игри во Париз ги нагласуваат историските обележја и спортските објекти на градот. Двата постера се дизајнирани од парискиот уметник Уго Гатони и се надополнуваат со што се добива двоен постер. Инспирирани се од надреалистичкото уметничко движење, со детали и прецизност какви што ретко се гледаат. „Париз 2024“ му оддава почит на „Надреалистички манифест“ на ...
Хрватскиот рок бенд „Парни ваљак“ ќе одржи концерт во Скопје на 18 мај, во салата „Јане Сандански“, со новиот пејач Игор Дрвенкар, кој дојде по смртта на Аки Рахимовски. Хрватската јавност го познава 31-годишниот Дрвенкар од телевизиски музички емисии, пеел во неколку бендови, а настапувал и во мјузикли. Рахимовски беше еден од основачите на „Парни ваљак“ во 1975 и остана во бендот сè до ненадејната смрт во јануари 2022. „Наша голема желба и ...
Четири дена откако беше објавено дека се брка целиот хонорарно вработен персонал, во Младински културен центар во Скопје се одржа првиот концерт во новонастанатите услови. Гостуваше полскиот дет метал бенд „Хејт“ (Hate), а фановите начекаа не несекојдневна, туку досега невидена глетка, што многумина кратко ја прокоментираа како жална и чудна. Вратата од делот каде што се бифето и кино Фросина беше заклучена, платото беше пусто, мрачно и без маси ...
Поп-пејачката Бојана Скендеровски вели дека од прво слушање на демо снимката веднаш се пронашла во песната „Лажни светови“, која ја промовираше сношти. Автор на песната е нејзиниот колега Александар Тарабунов-Тара. „Тара е многу талентиран, тој е наследник на големиот пејач Ванчо Тарабунов. Кога патувавме на заедничка турнеја, постојано пееше: народно, модерна поп-музика, евергрини, сѐ може да испее. Така се договоривме да ми напише песна. Она ...
УЕФА и официјално го претстави новиот формат на Лигата на шампионите, кој ќе дебитира следната сезона. Место 32, отсега ќе има 36 екипи, поделени во четири групи со по девет клуба, кои ќе сочинуваат една голема табела. Во првата фаза секој клуб ќе одигра по осум меча, против два тима од секоја група и ќе собира бодови за пласман во следната фаза. Квалификациите за ЛШ ќе бидат отворени, во зависност од пласманот на клубот во домашното првенство и ...
„Џез лектира“ е насловен концертот на Националниот џез оркестар на 16 март (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ). Од Оркестарот велат дека на концертот ќе се осврнат на дел од творештвото на биг бендот на Каунт Бејси и на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка Дајан Шур, меѓу другото, добитничка на Греми награда за најдобра џез пејачка во 1986 и 1987. Специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ. „И ...
Поп-пејачот Влатко Лозаноски- Лозано гостува во песна на српската поп-група „Фрајле“, заедно со хрватската поп-пејачка Сања Долежал, од групата „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ. Во песната „Пријател“, пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина, и Лука Баси од Словенија. Од женското музичко трио „Фрајле“ од Нови Сад кое ќе одржи концерти во Скопје на 15 и на 16 март во Филхармонијата, велат дека песната е бајка за ...
В четврток (7 март) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Сила“. Како солисти ќе настапат Пачо Флорес на труба и Лео Рондон на гитара, и двајцата од Венецуела, а диригент е маестро Мануел Ернандес-Силва од Шпанија. На концертот ќе се изведе симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е Пачо Флорес, кој е посветен на аргентинскиот композитор Астор Пјацола. Мануел Ернандес-Силва дипломирал на престижниот Државен ...
Драган Мијалковски ќе одржи концерт во Скопје, на 2 април во Националната опера и балет, објави радио „Буба мара“ организаторот на настанот. Легендарниот поп-пејач на концертот ќе слави 60 години музичка кариера. Минатиот месец, тој на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ доби награда за трајни музички вредности, настапи со ревиски оркестар и најави дека наскоро ќе одржи концерт. Во организација на радио „Буба мара“ и неговиот ...
Исчезна споменикот на кунг фу мајсторот Брус Ли во Мостар и босанските медиуми пишуваат дека никој не знае каде е, ниту кој го отстранил. „Н1 Сараево“ објави дека градските власти и комуналното претпријатие на Мостар тврдат дека немаат никаква врска со отстранувањето на статуата. И министерството за внатрешни работи кажа дека засега нема никакви официјални информации за овој несекојдневен настан. Споменикот на Брус Ли, кој национално нема ...
Мал егејски остров прво стана целосно енергетски самостоен, а потоа засекогаш ја затвори локалната депонија, станувајќи прв остров со нула отпад. Тилос е сместен во југоисточниот дел на Егејското Море и на прв поглед изгледа како типичен грчки, медитерански остров, но е уникатен дури и во светски рамки. До него за околу два и пол часа може да се стигне од Кос или Родос. Тилос отсекогаш бил отворен за нови, напредни идеи и неговите 700 постојани ...
На 6 март, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе има промоција на монографијата за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“ од Весна Дамчевска. Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција. „Со издавањето на оваа книга, многубројните архивски материјали расфрлани по депоа и усните сеќавања на скопјани се ...
Кантавторката Раје собори рекорд на Британските музички награди (Brit Awards) откако слевеше во шест од седумте номинирани категории. Досегашниот рекорд го држеа Адел, „Блур“ и Хари Стајлс, кои имаа освоено по четири награди на едно доделување. Раје исто така е првата жена која е прогласена за текстописец на годината, додека Кајли Миног ја прими наградата за глобална икона. Примајќи ги наградите боса, 26-годишната Раје изјави: „Уметницата која ...
Полските дет метал ветерани „Хејт“ (Hate) утре (4 март) ќе одржат концерт во Скопје, што ќе биде нивно второ гостување во Македонија досега. Концертот во Младински културен центар, што е во организација на „Терорвоид“, е дел од неколкуте настапи на групата во источна Европа овој месец. „Хејт“ има објавено 12 студиски албуми од основањето во 1991 година. Низ поставата поминале бројни музичари, па како единствена константа остана фронтменот Адам ...
Каролина Гочева одржа два полни концерта во петокот и во саботата во скопскиот клуб „Пјур“. Поводот беше 1 март, како еден од нејзините хитови кој се вика „Први март“, а поп-ѕвездата на шега вели дека овој ден го чувствува како свој празник. „Последниве години, повеќе пораки добивам на први март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот. Нејзините концерти се еднакво успешни и посетени и во поголеми сали и во клубови, и во помали ...
Во чест на 60 години од смртта на Милтон Манаки, на 5 март во Кинотеката ќе се прикажат документарниот филм „Манаки – Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки и опусот од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната „камера 300“. Од 18 часот, Роберт Јанкулоски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на Македонскиот центар за фотографија, ќе одржи ...
Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што го организира издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ќе трае до 1 јули, а добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на [email protected] како ворд или ...
Велика Британија ја објави песната со која оваа година ќе оди на Евровизија. Оли Александер ќе ја претставува Британија, а песната собра повеќе од 100.000 прегледи на Јутјуб во првите пет часа. Се вика „Дизи“ и многумина со нетрпение ја чекаа. Британија прво застана на второто/третото место во прогнозите за Евровизија, а потоа падна на седмото место. Според реакциите на луѓето на интернет, „Дизи“ може да биде закана за Украина, која важи за ...
Изложбата „Мала изложба за мечтаење“ на македонскиот уметник Дарко Алексовски ќе се отвори денеска (1 март) во 19 часот во поп-ап галеријата „Гаража Камба“ во Загреб. Кураторка на изложбата е Сара Микелиќ. Изложбата е поделена на три меѓусебно поврзани сегменти: дванаесетте претходни изданија на „Мал прирачник за мечтаење“, ново издание реализирано во соработка со Стела Микулин и Жељко Бељан и дела создадени на работилница за фанзини, која се ...