
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Samsung ја претстави новата генерација од нивната серија од пониската класа телефони, Galaxy A04. За разлика од порано, овие телефони функционираат одлично, а имаат и по некоја понапредна карактеристика, па не е чудо што одреден процент од корисниците сметаат дека нема потреба од купување на било што поскапо. Galaxy A04 е наследник на ланскиот Galaxy A03 и иако промените не се драстични, тој сепак донесува одредени подобрувања. Екранот му е со ...
По издвојувањето како посебен оперативен систем со посебни функции за таблет компјутерите, iPadOS продолжи да биде пуштан за корисниците заедно со iOS, на чија основа уште е направен. Оваа година за првпат тоа нема да биде така, а дека работите ќе одат во тој правец стана јасно по пуштањето на iPadOS 16.1 beta, наместо да се продолжи со бета верзиите од 16.0 верзијата како што е случајот со iOS. Информациите дека пуштањето на овие два оперативни ...
Неодамна Samsung ја претстави новата генерација паметни часовници Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro, холистичка здравствена иновација опремена со паметни можности за следење на спиењето, персонализиран дизајн и подобрена издржливост што ги обликува секојдневните навики за здравје и благосостојба. Па како да го извадиме максимумот од секојдневните фитнес активности? Одберете ја вашата омилена боја, персонализирајте ги функциите и следете ги ...
Првата поголема надградба на Windows 11, кој беше претставен минатата година, доаѓа оваа есен. Што се ново донесува оваа верзија од оперативниот систем веќе знаеме, истата се тестира преку Windows Insider, а сега изгледа е познато и нејзиното име. Според Get Started апликацијата која е дел од Windows, името на првата надградба на Windows 11 ќе биде Windows 11 2022 Update. Ова е различно од именувањето на Windows 10 надградбите кои го носеа и ...
Апликациите кои овозможуваат заштитени разговори преку нивно шифрирање се голема цел за пробивање на оваа заштита. Dr. Web компанијата откри еден начин, а тоа е преку продажба на фалсификувани смартфони кои во нив имаат малициозен софтвер. Поточно, од компанијата имаат откриено смартфони кои се направени да изгледаат како некои од тие на познатите брендови, а малициозниот софтвер во нив е наменет за следење на разговорите во WhatsApp, како и ...
Судскиот процес кој го покрена Twitter во обид да го натера Елон Маск да го продолжи процесот на купување на компанијата по откажувањето од негова страна, треба да почне на 17 октомври. Судењето ќе трае само пет дена, по што ќе треба да се види кога би била донесена одлуката. Причината поради која Маск се откажа од купувањето на Twitter, за што понуди 44 милијарди долари, е тврдењето дека од компанијата погрешно ги претставуваат лажните и спам ...
Богданци, 23 август – Денеска започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по јубилеен 15-ти пат ќе се одржи во Богданци. Традиционалната меѓународна графичка работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломски и постдипломски студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и пошироко. Селекцијата на учесници ја прават ...
Huawei Consumer Business Group доби престижна награда од Здружението на експерти за слика и звук (EISA) за паметниот часовник HUAWEI WATCH GT 3 Pro. Здружението, што вклучува повеќе од 60 почитувани списанија за потрошувачка електроника, веб-страници и новинари од целиот свет, го прогласи HUAWEI WATCH GT 3 Pro за “Најдобар паметен часовник за 2022-2023” врз основа на неговите карактеристики. Huawei го добива ова признание трета година по ред. ...
Сервисите за стриминг на филмови и серии сигурно би помислиле дека веќе одамна ги имаат надминато кабелските оператори, кога ќе се земе во предвид нивната популарност. Тоа сепак за првпат се случи овој јули, барем во САД, но веруваме дека ситуацијата не е многу различна и во другите земји. Од јули оваа година, стриминг сервисите во САД имаат пазарен удел од 34,8%, додека кабелските оператори 34,4%, со што за првпат стриминг сервисите се на ...
Airbnb започна со тестирање на технологија со која треба да се намали шансата да некој простор биде изнајмен од страна на луѓе кои тоа го прават со цел да направат забава, без дозвола од издавачот секако. Оваа „анти-забава“ технологија од компанијата, односно слична, веќе ја имале тестирано во Австралија, а сега тестот го прошируваат и во САД и Канада. Целта е секако да се намали штетата која се нанесува на корисниците на Airbnb кои ги издаваат ...
Научниците од три универзитети, King Abdullah University of Science and Technology, University of Jeddah и University of California, Berkeley, развија и презентираа нов тип на соларна ќелија која треба да ги реши некои од проблемите на сегашните. Како главен проблем на стандардните соларни ќелии се позицијата на сонцето, прашината која се наоѓа на нив, па сето ова се додава на ефикасноста на собирање на енергија од сонцето која во оваа фаза на ...
Во контекст на предложената даночна реформа од страна на Министерството за финансии, АНАЛИТИКА тинк тенк укажува на следното: Најавената даночна реформа која сама по себе имплицира големи промени во даночниот систем, не беше објавена официјално и транспарентно, а граѓанскиот сектор како еден од главните чинител во целиот процес не беше дел од консултативниот процес со цел да придонесе во истиот. Зголемување на акциза на цигари како извор на ...
Apple оваа недела ги пушти верзиите iOS 15.6.1, iPadOS 15.6.1 и macOS 12.5.1. Како што може да се види од малата промена на бројката на верзијата, овие надградби не донесуваат нови функции, туку се пуштени за затворање на неколку посериозни безбедносни пропусти. Два пропусти се сметаат како најважни и се истакнува дека тие веќе се искористуваат, што значи дека се препорачува корисниците на овие системи што поскоро ги инсталираат овие нови ...
Ring е компанија која го произведува најверојатно најпознатото паметно ѕвонче за влезните врати. Amazon ја купи оваа компанија пред неколку години, па сега е дел од нивната понуда. Видеа кои се снимени со Ring се познати по друштвените мрежи веќе подолг период, а во главно поради интересните и смешни ситуации кои ги имаат начекано. Нив секако ги објавуваат нивните сопственици. Оваа компанија неколку пати беше позната и по проблемите поврзани со ...
Netflix работи на нова претплата за нивниот сервис која треба да има пониска цена и со тоа да привлече дополнителни корисници кои можеби дотогаш сметале дека сервисот е скап. Оваа пониска претплата ќе дојде со реклами, а Netflix веќе го избра Microsoft како партнер за рекламниот дел. Уште нема точни информации кога може да се очекува пуштањето на оваа нова претплата, а од компанијата уште се во процес на развој, како и договарање на авторските ...
Скопје, 18 август 2022 година – На 10 август, Samsung ја претстави најновата серија на иновативни Galaxy уреди, вклучувајќи ги смартфоните Galaxy Z Fold4, Z Flip4, Watch5 и Buds2 Pro, во својот потпис „Unpacked“ формат. Во наредниот период ќе воведе целосно ново Samsung Galaxy искуство со тоа што на корисниците и фановите ќе им овозможи непосреден пристап до новите уреди пред да пристигнат во продавниците. Оваа најава дополнително беше ...
Според информациите, Microsoft ќе се врати на поранешниот начин на пуштање нова верзија од Windows на секои три години, а во меѓувреме Windows 11 ќе добива почесто нови функции, а не само еднаш или два пати годишно. Сепак, додека тој план не биде официјализиран, ја чекаме првата поголема надградба со нови функции на Windows 11 кој според сегашниот план треба да биде пуштена во есен. Windows 11 22H2 е првата поголема верзија од Windows 11 од ...
После подолго време на тестирање на апликацијата, Meta ја пушти целосно новата верзија од WhatsApp за Windows десктоп компјутерите. Оваа нова апликација е целосно изработена за овој оперативен систем, односно не е прилагодена како што често се случува. Поради „native“ преработката на WhatsApp, корисниците добиваат подобри перформанси на апликацијата која исто така доби и освежен изглед кој може да се каже дека малку потсетува на Messenger. Втора ...
Минатиот месец ја видовме новата верзија од легендарниот Winamp после подолго време, со што стана јасно дека развојот на оваа апликација дефинитивно продолжува како што се најавува. Сепак, во време кога повеќето корисници музиката што ја слушаат е преку некој од достапните стриминг сервиси, симнувањето на посебни песни не е нешто што е практика веќе. Winamp соодветно ќе се прилагоди на оваа ситуација, па во месеците што следат ќе почнат да ...
Инженери од University of Florida и University of New Hampshire за време на Black Hat USA 2022 презентираа концепт технологија која може да се користи за напад и контрола на уредите со екрани на допир. Сепак, оваа технологија може да најде примена и во лабораториите каде контролата на одредени уреди не може да се прави директно од човекот. Концепт технологијата е наречена „невидлив прст“, а името доаѓа од фактот дека инженерите успеале да го ...
Boom Supersonic е американска компанија која работи на враќање на суперсоничните летови, а е и првата приватна која работи на развој на ваков авион. Од компанијата веќе го имаат концептот на авионот кој треба да почне да се произведува наскоро и е наречен Overture. Познатата американска авиокомпанија American Airlines објави дека има постигнато договор за нарачка на 20 Overture авиони, со можност да нарачаат уште 40 доколку се помине како што ...
Елон Маск доби една мала победа во судската постапка која ја започна Twitter преку која од компанијата се надеваат дека ќе го натераат да го продолжи купувањето на мрежата од кое се откажа минатиот месец. Конкретно, судијата во постапката му одобри пристап на Маск до документи од поранешен директор во Twitter кој од негова страна се смета како клучен за информациите кои му се потребни. Информациите кои Маск ги бара се поврзани со начинот на ...
Google оваа недела го заврши развојот на Android 13 и ја пушти финалната верзија до програмерите, односно AOSP, како и за корисниците на Pixel уредите од компанијата. Како и секоја година, корисниците на другите брендови ќе мора да почекаат додека ги добијат изменетите верзии од Android 13 од производителот на нивниот уред, а тоа обично се случува во наредните неколку месеци. Добра вест е што корисниците на Samsung оваа година нема да мора многу ...
Познато е верувањето дека развојот на технологијата, со сите свои предности, донесе со себе и еден голем негативен ефект, а тоа е намалувањето на потребата да луѓето го „користат мозокот“, кратко кажано. Поточно, поради достапноста на информациите лесно преку мобилните, како и можноста за запишување на разни работи кои порано моравме да ги памтиме, се верува дека тоа нема баш добар ефект на паметот. Научниците ова го нарекуваат „дигитална ...
Според информации од The Wall Street Journal, Apple и тогашен Facebook имаат договарано можна соработка преку која Apple би добивале дел од заработката на Facebook. Начинот на којшто наводно тоа би се направило е преку воведување на верзија од Facebook со месечна претплата со која корисниците ќе добијат можност да ја користат мрежата без реклами. Apple поради тоа што им наплаќа на компаниите процент, од 15 до 30% од тоа што корисниците ќе го ...
Лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати „Макпетрол“ оваа година одбележува значаен јубилеј, 75 години од своето основање. Во овие 75 години „Макпетрол“ овозможи сигурен и ефикасен енергетски крвоток во целата држава. Компанијата растеше и се развиваше обезбедувајќи ја потребната енергија за потрошувачите, постојано стремејќи се кон подобрување на своите производи и услуги. – Јубилеите не се само обични датуми со кои одбележуваме и ...
Директорот и ко-основач на OnePlus, Пит Лау, на Twitter објави две слики и го постави прашањето „Што мислите дека е ова?“. Со оглед на тоа дека неговата компанија е на пазарот на смартфони, не е тешко да се претпостави што може да е тоа на сликите. Механизам за уред на преклопување е првата претпоставка која најверојатно е точна, па оваа објава може да се земе како најава за претставување на еден ваков уред. Интересно, иако имаше неколку ...
Со новиот концепт на ТИРЗ воведовме механизми за заштита на јавниот интерес“, изјави Јован Деспотовски директор на ТИРЗ за вестите на Канал 5. „Апсолутно сите клиенти, и потенцијални и актуелни, поминуваат низ процес на детална проверка. Ангажираме меѓународна ревизорска куќа која во првичниот извештај за оваа компанија не индицираше никаде сериозен ризик. И самиот договор кој што го потпишавме вчера содржи заштитни клаузули. Доделувањето на ...
Star Trek: Picard ќе има уште една и последна сезона која според најавите треба да биде пуштена идната година. Првиот трејлер од сезоната најавува појавување на повеќето карактери од Star Trek: The Next Generation кои беа главни во серијата и омилени кај фановите. Овој прв трејлер не открива многу други информации за што може да очекуваме од третата сезона од оваа серија, која има поделени мислења за тоа колку е добра. Главната причина за ...
Оваа недела се покажа одлична за „фановите“ на смартфоните на преклоп. По претставувањето на Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4 од страна на Samsung, Motorola го претставија нивниот Moto Razr 2022, а подоцна излегоа и Xiaomi со нивниот MIX Fold 2. Од тоа што можевме да го видиме, Xiaomi изгледа ќе го привлече главното внимание, па штета што нивниот уред изгледа нема да може да се купи секаде во светот. MIX Fold 2 е уред на преклопување кој е ...