Тест на функција која за првпат беше забележана пред неколку месеци, сега изгледа се проширува на повеќе корисници и добива поголемо внимание. Се работи за можност за објава на кратки белешки во Instagram, поточно во делот за пораки, кои можат да ги видат пријателите. Наједноставен начин да се опише оваа нова функција е преку споредба со Instagram Stories, само за кратки текстуални објави, без можност за слики и видеа. Корисниците можат да ги ...

Дојде времето за пуштањето на првите неофицијални слики кои ни прикажуваат како е можно да изгледа наредната генерација од Galaxy S23 серијата. Првите слики, поточно „рендери“ се објавени за основниот модел Galaxy S23 и за Galaxy S23+. Доста стандардно, сликите доаѓаат од „onleaks“ кој ги објавува на страните smartpix и digit. Од тоа што може да се види, доколку се покаже како точно, Samsung планира мал редизајн на Galaxy S23 серијата, редизајн ...

За време на Intel Innovation настанот кој се одржа вчера, Intel и Samsung прикажаа интересен концепт на технологија која вклучува екран кој се намотува и со тоа овозможува промена на големината и можноста за користење. Како што би се очекувало, се работи за OLED екран на кого од Samsung имаат работено изминатите години. Екранот може да ја менува својата големина од 13 до 17 инчи со намотување и одмотување на истиот. Корисниците со една ваква ...

Сите кои користеле Apple производи и нивната Handoff функција, знаат колку прави разлика поврзаноста помеѓу iPhone и Mac компјутер, односно можноста за лесно користење на компјутерот за телефонски повици, префрлување на датотеки, испраќање на пораки, користење на интернет конекцијата од телефонот и слично. Сето ова на Apple производите функционира брзо и без проблеми, па некои од Windows/Android решенијата не може баш да се споредат. На Windows ...

За време на нивниот Intel Innovation настан, покрај неколку други работи, од компанијата ја претставија 13тата генерација од нивните Intel Core процесори. Можеби процесот на производство останува истиот со претходната генерација, односно Intel 7 процесот со мали подобрувања, сепак новите процесори донесуваат доста големи подобрувања преку зголемување на фреквенцијата на работа и бројот на јадра. Предводник на новата генерација е секако ...

Meta најави дека започнува со тестирање на нова поврзаност помеѓу нивните две друштвени мрежи со што корисниците ќе можат полесно да се префрлуваат од едната и другата мрежа. Доста корисно за тие кои се активни на Facebook и Instagram, а тоа не е баш мала бројка. Тестот од компанијата најавија дека започнува во целиот свет и е достапен преку апликациите на Android и iOS, како и преку веб. Тоа што корисниците ќе можат да го направат, кога ќе ...

Покрај големиот редизајн на Windows, поддршката за Android апликации требаше да биде една од најголемите новини кај Windows 11 кој беше пуштен пред нешто повеќе од една година. Оваа функција сепак не беше пуштена со официјалната верзија од Windows 11, па нејзиното тестирање преку Windows Insider програмата почна при крајот на минатата година, а на почетокот од оваа достапноста беше проширена кај повеќето корисници. За жал, ова проширување на ...

СКОПЈЕ — 27 СЕПТЕМВРИ 2022 — Порталот за информатичка технологија, IT.mk, го реализираше второто истражување за мапирање на локалната ИТ индустрија и резултатите даваат интересна слика за една од најлукративните индустрии во моментов. Истражувањето има за цел да даде сеопфатен приказ на актуелната состојба со плати и примања, технологии, едукација и развој на ИТ кадарот, како и вработените во дигиталниот маркетинг и дигиталните уметности. ...

Шенжен / Дизелдорф, 26 септември 2022 година – vivo официјално го објави своето надградување на серијата смартфони на преклопување X Fold+. Следејќи ги дизајнерските стапки на својот претходник, овој паметен телефон продолжува да користи алуминиум и сега се одликува со мобилната платформа Qualcomm Snapdragon 8+, прилагоден безбедносен чип, како и подобрено корисничко искуство со батеријата и камерата. Покрај веќе постоечките сина и сива, X ...

Изминатиот период, меѓу другото, го користевме Huawei nova Y70, за наше големо задоволство после одреден период без многу ситуации да ги користиме телефони од овој одличен производител. Уште поинтересно после тестирање во главно на уреди од високата и највисоката класа, имавме шанса да видиме какво ќе ни биде корисничкото искуство со еден телефон кој не ја надминува границата од 200 евра и тоа доколку се купи надвор од договорите на мобилните ...

NASA во текот на вчерашниот ден успешно ја заврши својата DART – Double Asteroid Redirection Test мисија и покажа дека со точна прецизност може да погоди вселенско тело на голема оддалеченост. Целта на оваа мисија, односно на судирот со вселенско тело, е одбрана на Земјата од можни катастрофални удари во иднина од страна на астероиди или комети. Мала промена на орбитата на некој астероид, на пример, може да направи голема разлика во тоа да тој ...

Dynamic Island е една од главните новини која дојде како дел од новиот исечок кај iPhone 14 Pro серијата. Оваа нова функција ги става некои од известувањата, како и можните активности од апликациите околу новиот исечок, со интересно направени анимации и со тоа овој празен дел го прави повеќе корисен. Новата функција веднаш беше критикувана и исмејувана од страна на Android корисниците, иако веднаш можевме да видиме како истата е рекреирана од ...

Првиот паметен часовник од Google конечно ќе стигне на 6. октомври, за време на официјалното претставување на Pixel 7 серијата. Од компанијата веќе го прикажаа часовникот, па знаеме и што да очекуваме, но како и секогаш, се остава доволно и за настанот кој претстои. Google пушти уште едно видео на кое нешто повеќе се прикажува Pixel Watch, неговиот дизајн, достапните ременчиња, како и дизајнот на различните „лица“ кои ќе можат да се ...

26.09.2022 г., Загреб – Сојузот на стопански комори на Македонија денеска потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Хрватска cо цел преземање на заеднички активности за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Меморандумот беше потпишан во рамките на бизнис форумот кој се одржува денеска во Загреб од страна на потпретседателот на Сојузот, проф. д-р Орце Симов и Лука Буриловиќ, ...

Во статија за неговото искуство со новиот iPhone 14 Pro Max, познатиот Марк Гурман од Bloomberg направи и неколку најави и предвидувања за што може да се очекува од iPhone идната година. Главната најава е дека iPhone 15 Pro Max нема да биде вака наречен, а Apple ќе го замени со нов начин на именување кој го воведе со Apple Watch и ќе се вика iPhone 15 Ultra. Овој модел веќе ги има најголемиот број на карактеристики од целата серија, а со оваа ...

Mozilla објави истражување преку кое се обидува да покаже каква е состојбата со интернет прелистувачите на пазарот, а со тоа и отвореноста на интернетот, развојот на интернет технологиите, но на крај и на слабата популарност на нивниот Firefox. „Five Walled Gardens“ е името на истражувањето преку кое од организацијата ги истакнуваат алатките со кои се служат компаниите како Microsoft, Google, Apple и Amazon за справувањето со конкуренцијата и ...

Порано од обично, Android 13 излезе од својата бета фаза и им стана достапен на корисниците на Pixel уредите од Google минатиот месец. Дали ова значи дека и останатите корисници можат да очекуваат порано нивниот телефон да биде надграден на Android 13, останува да видиме во месеците што следат. Samsung исто така ја пушти својата бета верзија од One UI 5.0, направена на основа на Android 13, порано, па со тоа почнаа очекувањата дека и Samsung ќе ...

Шест златни и еден сребрен медал освоија членовите на скопски „Макпетрол“ на младинскиот карате турнир „Куп на Македонија“. Преку ова изборно натпреварување ќе се селектира репрезентацијата што ќе учествува на претстојното светско првенство во Коња, Турција од 26 до 30 октомври. На турнирот учествуваа 220 каратисти од 49 клубови. Седум члена на „Макпетрол“ се натпреваруваа во индивидуална конкуренција во дисциплината борби. Кај постарите ...

Apple Watch Ultra е новиот часовник кој Apple го претстави овој месец, кратко кажано, како директна конкуренција на пазарот каде главниот играч и Garmin. Во овој сегмент од пазарот во главно се заинтересирани корисниците кои често спортуваат, а посебно тие кои планинарат и слични нешто поекстремни спортови. Меѓу другото, една од главните карактеристики на Apple Watch Ultra е неговата издржливост и е направен од титаниум, како и сафир кристал на ...

Microsoft оваа недела ја пушти првата поголема надградба за Windows 11, наречена Windows 11 2022 Update. Оваа верзија донесува одреден број на новини кои прават да вреди да се ажурира системот. Во најавата за оваа надградба, Microsoft потврди еден дел од гласините дека од компанијата ќе почнат да пуштаат почести мали надградби на Windows 11, наводно наречени Moments, иако ова име не беше искористено. Тоа што не се погоди како точно е ...

Apple оваа недела ја пушти верзијата 16.0.2 од iOS 16 која донесува доста важна исправка за корисниците на новите iPhone 14 и iPhone 14 Pro. Работата започна со објава на неколку видеа во кои корисниците на новите iPhone телефони забележуваат вибрирање на камерите кога се обидуваат да сликаат со TikTok, меѓу другите. Подоцна официјално беше потврдено дека навистина постои проблем кога камерата се користи со други апликации, односно проблемот не ...

За време на GTC конференција која се одржа оваа недела, Nvidia презентира неколку новини, меѓу кои и новата GeForce RTX 40 серија на графички картички која донесува доста големи подобрувања, а посебно кај новите игри кои ќе бидат развивани. Новата серија на графички е направено во целосно новата Ada Lovelace архитектура која ја користи 4nm технологија од TSMC. Изминатите години се покажа дека производителот број еден на чипови е TSMC, па кога ...

Microsoft оваа недела ја пушти првата поголема надградба на Windows 11, која доаѓа околу една година по официјалното пуштање на овој нов оперативен систем. Windows 11 2022 Update е името на надградбата кое е поедноставено за разлика од ваквите кај Windows 10. Една добра вест дојде со најавата на надградбата, а тоа е дека не само што гласините испаднаа во право дека Microsoft ќе пушта почесто помали надградби за Windows 11 во текот на годината, ...

Скопје, 22.09.2022 г. – Како двигател на дигитализацијата и како компанија која е целосно посветена кон развојот и реализацијата на општествено-одговорни проекти, А1 Македонија ја најавува „A1 Academy“– иницијатива за неформално образование која на учесниците ќе им даде можност да ја реализираат својата пасија за учење и стекнување дигитални вештини. “А1 Academy” е целосно бесплатна и дизајнирана за млади од 18 до 25 години кои сакаат да ...

Microsoft ќе одржи настан на 12. октомври со почеток во 16:00 часот по македонско време. Настанот ќе може да се следи во живо, а од поканата не може да се види нешто кое открива што може да се очекува од настанот. Од поканата само може да се види позадината од Windows 11 во различни бои, па со оглед на месецот и гласините, се очекува ова да биде Surface настан. Три Surface уреди се очекуваат, според Windows Central, а тоа се Surface Pro 9, ...

Како што се очекуваше, Microsoft ја пушти првата поголема надградба за Windows 11 за сите корисници. Како и обично, тие што сакаат веднаш да ја добијат ќе мора самите да проверат за нови верзии во Windows Update, a Microsoft ќе ја пушта за корисниците постепено со цел намалување на можноста за проблеми. Со пуштањето на Windows 11 2022 Update, Microsoft даде одговор на гласините колку често ќе може да се очекуваат вакви надградби, односно како ...

Фондот за иновации и технолошки развој, Центарот за трансфер на технологија и иновации при Факултетот за електротехника и информациски технологии – ИНОФЕИТ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), потпишаа Меморандум за соработка, со цел воспоставување и унапредување на механизмите за поддршка на процесите на дигитална трансформација кај македонските компании преку воведување и примена на дигитални решенија. Преку ...

„Дали ова копче работи? Истражување на неефективните кориснички контроли на YouTube“. Со ваков наслов на истражувањето Mozilla докажува дека корисниците немаат голема контрола кога е во прашање користењето на механизмот на YouTube за насочување на алгоритамот каква содржина ќе продолжи да им предложува. Корисниците имаат четири директни начини како избор за реакција кога на YouTube им се прикажуваат видеа кои тие не сакаат да ги гледаат. ...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави нов јавен повик „Предизвик за млади истражувачи 5 – Зелени проекти” наменет за ученици од целата држава, чија цел е поттикнување на креативното размислување кај младите и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод. Повикот е наменет за сите основни и средни училишта, кои можат да аплицираат со истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, организирани во ...

Скопје – 19 Септември 2022. – Samsung Electronics Co., Ltd. ја објави својата нова еколошка стратегија, сеопфатна иницијатива за приклучување кон глобалните напори за борба против климатските промени. Ова ги вклучува обврските за постигнување нула нето емисии на јаглерод диоксид низ целата компанијата и планира да користи повеќе обновлива енергија, како и да инвестира и да истражува нови технологии за развој на енергетски ефикасни производи, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.73
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 12ᴼ
0.89
72%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
87%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
1.39
81%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52