Ударот кој го зададе пандемијата последниве неколку години остава трајни последици врз физичкото и менталното здравје на човекот, задржувајќи го фокусот на здравството, фармацевската индустрија, економијата и сл. на себе, оставајќи ги останатите сегменти од општествениот и човечкиот развој во сенка. Интегрирањето на науката и научните достигнувања во праксата и стручните знаења со цел остварување на што подобри развојни достигнувања кај децата ...

Google во август минатата година најави дека оценките и коментарите во Play Store ќе бидат прикажувани зависно од уредот којшто го користи корисникот, како и неговата локација. Ова е нешто што ќе им овозможи на корисниците на Android таблет компјутери да не ги гледаат непотребно коментарите наменети за конкретната апликација на телефоните и слично. Оваа промена беше најавено дека може да се очекува да почне да се имплементира од почетокот на ...

Една од главните новини кај iPhone 14 Pro серијата оваа година беше промената на исечокот на екранот кој беше претставен за првпат со iPhone X во 2017. Новиот исечок не е споен со горниот дел од екранот и наликува на „апче“ кое повторно ги содржи камерата и Face ID системот. Apple со новиот исечок воведе и анимации кои се случуваат околу него, па овој дел од екранот сега не е само тука за да пречи на целосната слика. Како што веќе е познато, ...

Intel од идната година ќе престане да користи две, слободно може да се каже, легендарни имиња за нивните процесори. Се работи за брендовите Pentium и Celeron. На местото на овие имиња од компанијата ќе го користат Intel Processor, нешто што според нив треба да го поедноставни изборот на корисниците. „Без разлика дали е за работа или за играње, важноста на компјутерот стана само поочигледна со огромното темпо со кое технолошкиот развој го ...

Snapchat започна со тестирање на веб пристап до сервисот во јули оваа година. Тестот им беше пуштен на ограничен број на земји, како и во главно на корисниците кои плаќаат за сервисот, со што добиваат и ексклузивен пристап до нови функции порано од останатите корисници. Сега овој пристап им е пуштен на сите корисници, па секој кој сака може да седне на компјутер и да го користи сервисот со целосна тастатура. Snapchat преку веб на корисниците им ...

19.09.2022 година – Тинејџерските години се период на разни предизвици, но и на важни животни одлуки, како што е и одговор на прашањето “Што сакам да бидам кога ќе пораснам?“. Некои ја носат оваа одлука порано, некои покасно, додека Ема Донев знае што сака да стане уште одамна – астрофизичарка. Многумина ќе се сложат дека нејзината амбиција е невообичаена, а младата надеж за светската наука со своите 14 години има голема шанса да ја исполни ...

Една од главните новини кај iPhone 14 Pro серијата е конечното воведување на Always-On екран, нешто што не беше оставено без исмејување од страна на Android корисниците кои ја имаат ова функции веќе години назад. Без разлика на времето на воведување, може слободно да се каже дека Always-On екранот кај iPhone 14 Pro изгледа многу подобро од тој кај Android конкурентите, прикажувајќи ги истите работи од „заклучениот екран“, вклучувајќи ја ...

Глобалниот технолошки гигант Xiaomi неодамна го претстави моделот од својата серија на телефони Redmi, Redmi A1. Новиот модел ги комбинира сите функции што му се потребни на еден модерен корисник во едно пакување – од камера до одличен софтвер и батерија, сето тоа по многу прифатлива цена. Redmi A1 има 6,52-инчен HD+ екран, додека процесорот MediaTek Helio A22 поврзан со 2 GB LPDDR4X меморија е одговорен за многу добри перформанси. Телефонот ...

AMD најави дека го менува системот на означување на нивните мобилни процесори, односно процесорите за лаптоп компјутерите, кои ќе бидат претставени идната година. Промената на моделот на бројките треба да им овозможи на корисниците побрзо и полесно да знаат за каков процесор за работи, без разлика на нивното ниво на познавање. Секој бројка во новиот систем ќе има точно и поедноставно значење, а од AMD истакнуваат дека имале за цел да системот ...

„Европска недела на мобилност“ е кампања во рамките на која РСБСП со активности се приклучува кон истоимената кампања која Европската комисија од 2002 година до денес ја спроведува во третата седмица од септември секоја година. Целта на оваа кампања е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на мобилност затоа што возењето велосипед е здрава навика која позитивно влијае на ...

По пуштањето на финалната верзија од iOS 16 за сите корисници, Apple продолжува со тестирање на наредните верзии од овој оперативен систем. На ред е iOS 16.1, па првата бета верзија им е пуштена на програмерите. Една од главните новини кај оваа верзија е вклучувањето на најавената функција „Clean Energy Charging“. Apple, со оваа функција која е достапна само во САД, сака да направи корисниците да го полнат својот телефон само кога во енергијата ...

Android 13 почна да им станува достапен на корисниците на Google Pixel уредите најрано досега, односно од половината на август. Корисниците на овие телефони ќе можат да ја инсталираат најновата верзија од оперативниот систем, а останатите, односно корисниците на другите производители, како и секогаш, ќе мора да се надеваат дека тоа ќе можат да го направат до крајот на годината. Со секоја нова верзија од Android се проверуваат и минималните ...

15.09.2022 г. – Сојузот на стопански комори на Македонија одбележа 18 години постоење и делување во насока на креирање на подобро деловно окружување за раст и развој на бизнисите во нашата земја. По тој повод беше организиран свечен настан кој се одржа во ресторан „Рагуза 360“ со присуство на високи претставници на државниот врв, претседателот на РСМ Стево Пендароски и премиерот Димитар Ковачевски, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, ...

Од 250 пријавени кандидати, 24 беа примени, а тројца добија и вработување на првата петнеделна бесплатна едукативна програма во Македонија наменета за студенти, но и за сите што сакаат да научат како да креираат апликации за паметни телефони. За да се квалификуваат на Инфинум академијата, апликантите требаше да поминат приемен испит. Предавањата во склоп на Академијата беа одлично организирани, лично сум презадоволна од подготвеноста на ...

Meta започнува со пошироко тестирање на нова функција за нивната Facebook друштвена мрежа која треба да им овозможи на корисниците започнување на разговори околу различни теми. Ова треба да ги замени и надогради класичните групни разговори кои сега можат да бидат поконкретни и не само во текстуална форма. Community Chats се вика новата функција и истите можат да бидат креирани преку Facebook групите, но и директно преку Messenger. Оваа функција ...

Нетавил е средина која го стимулира развојот на локалната тек-сцена, поддржува IT настани и споделување знаење. Од почетници до искусни професионалци, етаблирани организации, и организатори на настани. Секој е добредојден во овој простор кој е место за иновации, размена на визии, идеи и постигнувања. Без разлика дали си IT студент кој сака да научи повеќе или да запознае колеги или IT заедницата, или професионалец на кој му треба место за ...

Акционерите на Twitter на краток состанок гласаа за одобрување на понудата од страна на Елон Маск за купување на компанијата. Покрај гласањето за понудата, акционерите имаат гласано и за начинот на компензација на менаџерите на компанијата. Понудата на Маск за купување на Twitter е доста над пазарната вредност и изнесува 44 милијарди долари, односно акционерите би добиле по 54,20 долари од акција. Моментално не е познато дали Маск ќе мора да ја ...

По презентацијата на USB4 2.0 и брзината од 80Gbps, сега и Intel излезе со истото подобрување кај нивниот Thunderbolt стандард. Intel ја покажа новата брзина на презентација во Intel Development Center во Израел за време на Technology Tour 2022. Брзината е постигната преку USB-C кабел и користење на две Thunderbolt ленти по 40Gbps. Ова е дупло од брзината која ја има моменталниот Thunderbolt 4 стандард, а ист беше случајот и со USB4 2.0, кој ја ...

Google го има откажано претставувањето на Pixelbook 2, а целиот тим кој работел на развој на овие уреди е прераспределен во други сектори. Со ова завршува развојот на лаптоп компјутери во Google, па на корисниците им остануваат одличните алтернативи кои производителите ги прават на истиот оперативен систем, односно на Chrome OS. Оваа информација не е потврдена од страна на Google, но како и обично кога ќе почнат да излетуваат вакви шпекулации, ...

Со вчерашното пуштање на iOS 16 за сите корисници на iPhone, дојде и новата функција од оваа верзија, можноста за додавање на „виџети“ на екранот додека телефонот е заклучен. Оваа новина не треба да се измеша со веќе достапните виџети до кои се доаѓа со повлекување на десно, без разлика дали е заклучен телефонот, односно се работи за нови виџети кои може да се споредат со тие на Apple Watch. Google ќе ги ажурира своите апликации за iOS со ...

Една од главните новини која беше претставена како дел од новите iPhone 14 Pro уреди, беше интересната и уникатна „Dynamic Island“ функција. Dynamic Island воведува анимации околу новиот и помал исечок кај iPhone 14 Pro, истите се навистина добро смислени, а прикажуваат информации од одредени известувања, активни „тајмери“, пуштени песни и слично. Очекувано, веднаш по претставувањето на новите телефони од Apple, Dynamic Island функцијата ја ...

Заедно со iOS 16 во текот на вечерта вчера, Apple ја пушти и финалната верзија од нивниот оперативен систем за паметните часовници, односно watchOS 9. Оваа нова верзија од watchOS донесува доста повеќе од Apple Watch Series 8, па наша препорака е само да го ажурирате вашиот часовник, доколку го имате ланскиот модел и да го оставите купувањето на нов за идната година, освен ако не се решите за Apple Watch Ultra, конкурентот на Garmin. Иако ...

Од вчера вечер Apple официјално ја пушти финалната верзија од iOS 16 за сите корисници на iPhone, поточно за корисниците на iPhone 8 и понови верзии. Тоа значи дека сите кои сакаат да ја инсталираат оваа најнова верзија од оперативниот систем, веќе можат да отидат во Settings > General > Software Update, каде ќе им биде понудена инсталацијата на iOS 16. Главната новина кај iOS 16 е екранот кога телефонот е заклучен, односно „заклучениот ...

Со почеток во 19:00 часот овој четврток, 15.07.2022, ќе се одржи онлајн настан за сајбер безбедност и заштита на приватноста, во организација на Women in Tech Macedonia. Во денешниот свет, информациите се многу клучни и ние треба да ги заштитиме. Целта на настанот е да ја едуцира публиката за важноста на заштита на приватноста, методи за заштита и безбедности аспекти. Нашиот реномиран професионалец за сајбер безбедност, Драган Илиевски ќе ...

На големо разочарување на Сојузот, на почетокот на учебната 2022-23 година, средношколците беа пречекани од добро познатиот проблем со недостаток на учебници. Овој проблем е исклучително алармантен, особено во претходните неколку години. Во овој период, Сојузот на средношколци активно ја следи ситуацијата и апелира за нејзиното решавање. Сепак, проблемот е далеку од решен и сѐ уште претставува голема пречка во ученичкото секојдневие. Оваа година ...

Скопје, 12 септември 2022. – Samsung подготвија посебна промоција каде корисниците со купување на паметните телефони од серијата Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4 на поклон ќе го добијат паметниот часовник Samsung Galaxy Watch5 40 mm во розово-златна боја. Промоцијата трае од 12.09.2022 до 16.10.2022 година или до истекот на залихите. Исто така, со купување на телефон од серијата Galaxy S22, за време на промотивниот период остварувате право на ...

Apple ги претстави четирите модели од iPhone 14 серијата минатата недела, а во САД тие се веќе достапни во преднарачка. Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо објави информација за тоа колку овие нови модели се нарачуваат од корисниците. Според него, Pro моделите се покажуваат добро во споредба со ланските модели, односно iPhone 14 Pro корисниците го нарачуваат слично како ланскиот модел, додека iPhone 14 Pro Max има подобри резултати од минатата ...

Четири златни, шест сребрени и пет бронзени медали, односно вкупно 15 одличја освоија членовите на карате клубот „Макпетрол“ на купот на шампиони што викендов се одржа во Подгорица. На меѓународниот турнир во Црна Гора скопскиот тим замина со 13 спортисти кои што се натпреваруваа заедно со 626 претставници на 59 клубови од седум држави. Со златни медали се закитија: Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (+68 кг.), Петар Спасеновски (-87 ...

Една од стандардните можности на другите друштвени мрежи никогаш не стана достапна на Instagram. Ова е една од работите кои ја прави Instagram мрежата поразлична, па можноста да се сподели туѓа објава едноставно не беше во рамките на стилот на оваа мрежа. Ова изгледа ќе се промени, па од Instagram веќе ја тестираат можноста за споделување на друга, односно туѓа објава на сопствениот профил. Оваа можност се нарекува „repost“ и очекувано може да ...

Google планира да го направи попријатно разговарањето со луѓето кои додека се на телефонски повик прават уште нешто, како куцање на тастатура, грицкање чипс, преместување работи и слично, а тука се секако и останатите звуци од околината. Се работи за веќе стандардното користење на технологија за поништување на заднинската бучава која во овој слуачј доаѓа при телефонските разговори. Новата функција моментално е дел од тест верзиите од Android 13, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
67%
1013
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
88%
1015
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.39
74%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
85%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
61%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
74%
1013
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
0.89
78%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52