
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Deutsche Telekom, односно во нашата земја Македонски Телеком, во својата понуда на смартфони за корисниците додадоа и два модели направени под нивниот бренд, односно T Phone и T Phone Pro. Како што беше истакнато на официјалната презентација на телефоните, целта на Телеком е да на корисниците им понуди смартфон со 5G можности, карактеристики во средната класа, а по цена која е и повеќе од конкурентна. Со достапноста на два различни модели ...
Преку писмо до адвокатите на Twitter, Елон Маск информира дека планира да продолжи со договорот за купување на компанијата. Како што знаеме, тој сакаше да се откаже од договорот, односно од намерата за купување на мрежата, поради тврдењето дека лажните и спам сметки сочинуваат многу поголем процент од тоа што официјално се кажува. Поминаа месеци во обвинувања кои резултираа со тужба од страна на Twitter за што судењето требаше да почне за две ...
Минхен, ГЕРМАНИЈА, 4 октомври 2022 година – Глобалната технолошка компанија Xiaomi денеска ја претстави својата најнова водечка серија на паметни телефони – долгоочекуваната серија Xiaomi 12T. Со најнапредните технолошки иновации, Xiaomi 12T Pro и Xiaomi 12T имаат систем на камера за сите оние на кои им треба нов начин да ја изразат својата креативност со врвни перформанси Врвна камера за фотографии богата со детали И двата модели од серијата ...
Минхен, ГЕРМАНИЈА, 4 октомври 2022 година – Xiaomi денеска ги претстави новите уреди од широк спектар на AIoT уреди кои значително го подобруваат модерниот живот – Xiaomi Robot Vacuum X10+, Xiaomi Truclean W10, Xiaomi TV Q2 серија, Xiaomi Smart Band 7 Pro, Redmi Pad. Темелно и автоматизирано чистење: Robot Vacuum X10+. Xiaomi Robot Vacuum X10+, најновиот во линијата Xiaomi роботски правосмукалки, целосно го олеснува чистењето на просторот. ...
На само неколку денови пред претставувањето на Google Pixel Watch, како и Pixel 7 смартфоните, неофицијално објавена реклама целосно го прикажува овој прв паметен часовник од компанијата. Google веќе го прикажа неколку пати изгледот на часовникот, но преку ова видео многу подобро може да се види и да се добие претстава што точно да се очекува. Преку рекламата може да се видат и некои од функциите на часовникот, нешто што од Google сепак уште го ...
Измените во законските решенија врз основа на кои производителите ќе мора да го прифатат USB-C приклучокот во ЕУ, без изгласани со големи мнозинство во Европскиот Парламент. Останува уште одлуката која следи после Парламентот од страна на Советот на Европа, по што измените стануваат официјални. Според новите правила, до крајот на 2024 година сите мобилни телефони, таблет компјутери, дигитални камери, слушалки, рачни видео конзоли, преносни ...
Скопје, 4 октомври – Со креативни билборди поставени на неколку места низ Скопје, Халкбанк ја најавува новата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“. Топлата и емотивна порака е испратена преку силни илустрирани сцени од секојдневието на повозрасните луѓе. „Да ги слушнеме и гушнеме“ тргнува од прашањето: Што им е потребно на постарите за да почувствуваат задоволство или радост? Најважно е да се чувствуваат корисно. Да почувствуваат дека ни се ...
Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2022 година од страна на Народната банка на Република Северна Македонија трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите и понатаму е значителен. Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 70% од ...
По објавата на првиот „твит“ кој е изменет по објавата, Twitter покажа дека пуштањето на оваа функција за корисниците е блиску. Од компанијата оваа можност денеска ја пуштија за првата група на корисници, како што беше најавено, кои плаќаат за Twitter Blue претплатата. Покрај потребата од Twitter Blue претплата, во оваа фаза исто така ќе биде потребно да се биде корисник од една од трите земји кои ја добија новата можност, односно Канада, ...
Конкретни младински иницијативи и заложба за нивно финансирање, амандмански предлози и други законодавни иницијативи, како и симулации на собраниски активности како практична настава за учениците се само дел од идните активности кои Локалниот младински совет ќе ги достави до Општина Валандово од каде ќе бидат упатени за реализација до законодавниот дом – овие заклучоци беа во фокусот на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на ...
Веб апликациите кои може да се инсталираат на компјутерите или на мобилните, односно таканаречените PWA – progressive web apps, се одлична алтернатива за сервисите кои немаат апликација. Овие апликации, со мала измена на веб страната или веб апликацијата, можат да бидат инсталирани на било кој уред и да се однесуваат како обичните, односно стандардните апликации на тој оперативен систем. Со тек на годините, можностите на овие апликации се имаат ...
Неколку корисници изминатиот период излегоа на друштвените мрежи со слики од нивната YouTube апликација како го има означено 4K квалитетот за гледање на видеата како Premium функција. Ова значи дека од компанијата планираат највисоката резолуција на YouTube да ја направат достапна само за нивните YouTube Premium корисници и веќе да не е бесплатна, односно достапна за сите. Со оглед на тоа дека засега информацијата доаѓа само од корисниците на ...
Со пуштањето на Windows 11 Insider Preview Build 25211, која е дел од Dev каналот, Microsoft се реши да врати една мала, но доста барана функција назад кај нивниот оперативен систем. Се работи за можноста за вклучување на Task Manager апликацијата директно преку менито до кое се доаѓа со десен клик на „таскбарот“. Ова мени е доста намалено во споредба со претходните верзии од Windows, па сега со десен клик на таскбарот се добива само една ...
На почетокот од минатиот месец Twitter најави дека внатре во компанијата веќе се тестира „edit“ функцијата, а исто така најавија дека наскоро ќе им биде пуштена на корисниците на Twitter Blue, претплата за мрежата која на корисниците им овозможува одредени дополнителни функции. Од компанијата минатата недела го објавија и првиот „твит“ кој е изменет по неговата објава, а ова е првиот ваков јавно објавен „твит“. Од компанијата во објавата ...
OnePlus влезе на пазарот на паметни часовници во март минатата година претставувајќи го нивниот прв паметен часовник OnePlus Watch. Една од главните карактеристики на часовникот, покрај добрата цена, беше најавата дека батеријата може да издржи и до две недели на користење. Од компанијата сега го претставија и нивниот прв паметен часовник од Nord брендот, кој го користат кај смартфоните од средната класа, односно од тие со нешто пониска цена. ...
ФИНТЕК МК ве поканува на промотивен настан за првата финтек академија во Македонија. На 4ти октомври со почеток во 19:00 часот ќе се одржи првиот Satellite настан во Netaville. Финтек МК ги поканува сите студенти на додипломски студии да ни се придружат и да дознаат повеќе за академијата, модулите, влијанието на финтек индустријата и да ја запознаат македонската финтек заедница. Низ неформална средба ќе ги споделиме нашите активности како Финтек ...
Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се оформени локалните младински совети – тела кои треба да се залагаат за интересите на младите. Преку овој процес го пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Тие да бидат слушнати! Климатската криза со која се соочуваме бара итни мерки и се што е направено доцна само може да не чини повеќе. Затоа е важно овие промени да дојдат од вашите заедници, и оттаму ...
Tesla минатата недела на нивниот Tesla AI 2022 настан го презентираа хуманоидниот робот „Optimus“, поточно досегашниот развој кој во иднина е планиран масовно да се произведува и продава. Дека од компанијата работат на нешто ваков беше презентирано за време на Tesla AI 2021, но во меѓувреме направени се доста напредоци. Optimus е робот кој од компанијата имаат за цел да се продава за помалку од 20.000 долари, што значи би требало да е достапен ...
Скопје, 30 Септември 2022 – Bloomberg Adria, мултимедијална платформа која на локалните и регионалните бизнисмени ќе им ги донесе најрелевантните деловни и финансиски вести, се претстави пред македонската бизнис заедница, на настан кој се одржа вчеравечер во хотел Панорамика. Како дел од партнерството меѓу престижниот глобален бренд Bloomberg и швајцарската компанија MTel, беа формирани пет уредувачки центри – Љубљана, Загреб, Белград, Скопје и ...
Cloudflare го претстави Turnstile, замена за CAPTCHA која треба да биде паметна, поедноставна и побрза, а исто така и да ја зачува приватноста на посетителите на веб страните. Технологијата зад Turnstile е нешто што од компанија веќе одреден период го користат и развиваат, а сега ја прават достапна за сите заинтересирани корисници бесплатно. За разлика од CAPTCHA системот кој функционира на основа на внес од страна на корисникот, односно ...
Deezer, познатиот конкурент на сервисите како Spotify, додаде нова можност кај нивната веќе вградена функција за препознавање на песни, SongCatcher. Новиот додаток кај SongCatcher, покрај со пуштање на некоја песна, сега може да препознава песни кои на корисниците им се вртат во главата, како што истакнуваат од компанијата, но не можат да се сетат за кои се работи. Апликацијата ќе може да ги препознава песните со едноставно потпевнување или ...
Донесен во 1995 година, Законот за средното образование е вкупно 32 пати менуван и дополнуван. За жал, до овој момент никогаш не биле спомнати средношколското организирање и демократија. Затоа Сојузот на средношколци се реши со овој предлог закон да го врачи средношколското раководење и демократија токму во рацете на секој еден средношколец во државата. Овој закон го регулира и демократизира ученичкото организирање за првпат во историјата на ...
Google како дел од нивната алатка „results about you“, која ја направи достапна од оваа недела, ќе почне да ги известува корисниците доколку некој од нивните лични податоци се дел од пребарувањата. Новата алатка во основа се користи за да се провери дали личните податоци како што се телефонскиот број, адресата на живеење и имејл адресата се дел од резултатите при пребарување преку Google Search. Корисниците потоа ќе можат да поднесат барање до ...
Women in tech Македонија со гордост ја најавува втората конференција за дизајнери “UIUXMKD vol. 2.- Think and create outside the box” којашто ќе се оддржи на 15-ти октомври со почеток од 12:00ч. во просториите на Нетавиле, ул. Никола Тесла бр.9, Скопје. На оваа конференција ќе бидат присутни искусни дизајнери кои ќе го споделат своето искуство за следните теми: Конференцијата е отворена за сите, не заборавајте да се регистрирате бидејќи местата ...
Машкиот и женскиот тим на македонската карате-репрезентација се пласираа во финале во дисциплината борби на Светските универзитетски игри што се одржуваат во Самсун, Турција. На ова глобално натпреварување, кое што од годинава е именувано како „Светски куп на боречки спортови“, пријавени се 1.100 учесници од 300 универзитети од 50 држави. Македонската универзитетска карате репрезентација е предводена од селекторот Бошко Заборски, кој исто така ...
После период на шпекулации, Microsoft во мај оваа година конечно ја пушти и го официјализира постоењето на нова верзија од Outlook апликацијата за Windows. Корисниците на beta верзијата од Office можеа да ја пробаат новата верзија, а за истото мораше да се има бизнис имејл сметка. Од оваа недела достапноста се проширува на сите корисници, односно сега можат да ја користат и корисниците на „обични“ outlook.com сметки, односно Hotmail.com и ...
Марк Закерберг преку Facebook најави дека WhatsApp добива можност за испраќање на линк со чие притискање корисниците можат да се приклучат кон некој групен аудио или видео повик. Новата можност ќе биде лесно видлива во делот за повици од апликацијата, а функционира едноставно и исто како што е случајот со апликациите како Zoom или Microsoft Teams. Корисниците со притискање на можноста добиваат линк кој потоа можат да го испратат до луѓето кои ...
Ширењето на 5G технологијата има трансформирачко влијание врз многу аспекти на современиот живот. 5G е многу повеќе од гигабитни брзини; покриеноста и пропусниот опсег што ги обезбедува нè водат чекор поблиску до дигиталната иднина. Дојче Телеком и неговите национални подружници континуирано инвестираат за да обезбедат покриеност со 5G мрежа секаде. Сепак, главната бариера за пристап до придобивките од поврзаната технологија денес е високата ...
Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави предизвикот за воспоставување лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE, преку кој ќе се инвестира во развој на иновациска инфраструктура и ќе се овозможи технички услови за усовршување на средношколците и младите. Предизвикот за воспоставување на лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE има за цел на младите креативци од 15 до 29 години да ...
SwiftKey, апликација која Microsoft ја купи во 2016, е најверојатно најдобрата ваква апликација која моментално е достапна на било која платформа. Успешноста во учењето на стилот на пишување на корисникот, исправање на грешките и предлози за нареден збор при пишувањето, се скоро недостижни од страна на другите тастатури апликации. Оваа апликација не беше ажурирана на iOS повеќе од една година, па почна да се поставува прашањето што се случува ...