Скопје, 05.04.2023: Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го одржа своето Годишно Собрание, во присуство на членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците на АЕТМ. Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска го отвори собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравни обраќања имаа Министерот за финансии, Д-р Фатмир Бесими, и Директорката на Агенцијата за пошти Г-ѓа Билјана Аврамовска Ѓоревска. Во својот поздравен ...

Дури и без надворешниот, помошен екран, Galaxy Z Flip серијата претставува одличен уред кој им овозможува на корисниците да биде полесно пренослив, а и да потсети на старите „флип“ телефони. Сепак, ваквите телефони доаѓаат и со дополнителен екран преку кој може да се видат одредени информации без да мора да се отвори целиот уред. Со тек на време овој екран беше нешто зголемен, но сепак остана практичен само за неколку работи. Според ...

Samsung, како што е случајот и со смартфоните, го има еден од најдобрите таблет компјутери на пазарот. Galaxy Tab S8 серијата е составена од три модели, а слободно може да се каже дека единствената нивна сериозна конкуренција е во iPad. Неофицијални слики ни го прикажуваат еден од моделите од наредната генерација. Galaxy Tab S9+ е прикажан од страна на @OnLeaks во соработка со нов партнер за вакви објави, WolfOfTablet. Од сликите можеме да ...

За iPad Pro серијата за идната година веќе имаме големи очекувања. Apple конечно ќе почне да користи OLED екрани за овој одличен таблет, а исто така се очекуваат и некои мали промени кај дизајнот, нешто што не е направено неколку години веќе. Најновата информација најавува дополнително намалување на дебелината на веќе тенкиот iPad Pro. Секако не се работи за драстично намалување, односно може да се очекува намалување за дел од милиметар. Ова е ...

Motorola го претстави моментално нивниот најдобар смартфон во понудата и слободно може да се каже дека ќе претставува доста добра конкуренција на останатите. Motorola Edge 40 Pro доаѓа со неколку карактеристики кои го издвојуваат од конкурентите, а тука е и нешто пониската цена од 900 евра. Телефонот доаѓа со 6,67 инчен FHD+ pOLED екран кој има стапка на освежување од 165 херци. Ова е нешто што доста ретко го гледаме и прави да 120те херци кај ...

Artemis проектот од NASA е составен од повеќе мисии кои во наредните неколку години треба да го вратат човекот на Месечината, нешто што на долгорочен план ќе ги постави основите за пат до Марс. Првата мисија, Artemis I, беше успешно завршена минатата година, поточно во декември. Тогаш Orion леталото, кое беше лансирано на SLS ракетата, успешно направи неколку кругови околу Месечината, без да слета и се врати назад на Земјата. Успехот на оваа ...

После толку неофицијални информации за уредот од Apple за проширена реалност, кој наводно е во развој повеќе години, сега на темата проговори директорот на компанијата, Тим Кук. Иако тој не дава информација дали уредот е во изработка и дали може да го очекуваме да биде презентиран на годинешната WWDC конференција во јуни, сепак открива доволно за да можеме да добиеме претстава што се случува во компанијата. Мислењата за оваа технологија и ...

Сигурен механизам за решавање спорови е од суштинско значење за успешна економска соработка и зголемување на трговијата меѓу ЦЕФТА страните и нивниот последователен влез на единствениот пазар на ЕУ. Во Подгорица се одржаа дводневни преговори за Дополнителниот протокол 7, со што се постигна напредок во формирањето на поефикасен Механизам за решавање спорови. Механизмот за решавање спорови ги уредува правилата за решавање на спорови кои можат да ...

Nearby Share е функција која Android смартфоните ја имаат од 2020 година и која овозможува лесно споделување на датотеки помеѓу уредите. Истата може да се спореди со Apple AirDrop и пред претставувањето на истата процесот не беше баш така лесен и едноставен како кај iOS. Минатата година беше најавено дека Nearby Share ќе дојде и на Windows, овозможувајќи лесно споделување на датотеки и со компјутерите. Првата бета верзија од апликацијата сега им ...

Информациите дека Apple планира промена на копчињата кај iPhone 15 Pro серијата, односно замена со фиксни копчиња кои функционираат слично со „тракпадот“ на MacBook, ги видовме и на неофицијални слики минатиот месец. Тоа што посебно привлече внимание кај овие слики беше и познатото „mute“ копче кои го имаат телефоните од Apple уште од првиот модел. Од сликата личи дека копчето ќе биде променето со класично копче, односно веќе нема да биде ...

Една од најавите на Елон Маск уште пред да го купи Twitter, беше дека кодот на мрежата треба да биде отворен и достапен на сите. Поточно, се мисли на кодот од алгоритамот кој се користи за препорака и прикажување на објави, па после неколку најави истиот беше пуштен во јавноста, барем поголемиот дел. Една од главните причини за отворање на кодот се критиките кои самиот Маск ги имаше за истиот, кој сметаше дека Twitter во голем дел прави цензура ...

Новиот Bing сега може да одговара со слики и видеа, односно истите да ги прикаже во одговорите, наместо само да даде линкови до веб страни како досега. За да вклучи слики или видеа во своите одговори, Bing треба да биде конкретно прашан да ги прикаже истите. На пример, од насловната слика можете да видите дека му кажавме на Bing да ни прикаже слики од Скопје. Тој по краток текстуален одговор, во продолжение прикажа повеќе слики од градот со линк ...

Изворите на неофицијални информации веќе немаат граница кога објавуваат нешто ново, па еве сега почнаа да излегуваат детали за Galaxy S24, серија која Samsung ќе ја претстави на почетокот од идната година. Според извори од SamLover, главниот модел од серијата, односно Galaxy S24 Ultra ќе дојде со поголема стапка на освежување на екранот од досегашната, па наместо 120, ќе има стапка од 144 херци. Ова можеби нема да биде важно за повеќето ...

Еден од најголемите и најпознатите настани за компјутерските игри, E3, кој за првпат после 2019, односно корона кризата, требаше да биде со физичко присуство, целосно е откажан и нема да се одржи ниту онлајн. Оваа информација е потврдена од страна на ESA – Entertainment Software Association кои почнале да ги известуваат своите членови за одлуката. Причината за откажување на Е3 во основа се сведува на недоволно големиот интерес од страна на ...

Фановите на Start Trek добиваат уште една нова серија, иако не можеме да кажеме дека сите нови серии се добри како постарите, а посебно со влијанието на „просветлените“ луѓе кои мора да се вмешаат во се. Без разлика на тоа, сепак ќе почекаме да излезе серијата, па да видиме дали ќе вреди да се гледа, а продукцијата ќе биде од страна на Paramount+ и ќе започне со снимање идната година. Новата серија ќе го носи името Star Trek: Starfleet Academy и ...

Колку пати пишувавме за уредот за проширена реалност од Apple, а никако врз основа на официјални информации, веќе станува смешно колку пати изгледа се имаат променето плановите. Уредот требаше да биде претставен наводно оваа пролет, па бил одложен за во јуни на WWDC 2023. Оваа информација доста долго издржа, но сега повторно се пишува за ново одложување. Познатиот Минг-Чи Куо објави дека Apple не биле оптимисти дека уредот за проширена реалност ...

Јасно е дека доколку Netflix сакаат нивните игри да бидат поголем фактор на пазарот, односно да бидат повеќе популарни и играни, истите ќе мора да бидат достапни на сите видови на уреди, а не само на мобилните како што е сега случајот. Сега исто така, игрите се инсталираат, па планот за во иднина да се „стримуваат“ како филмовите и сериите, дефинитивно ќе го промени кон подобро овој дел од сервисот. Дел од кодот откриен во iOS верзијата од ...

Не треба да не чуди зошто Google се’ уште одложува официјално вградување на „режим за читање“ во нивниот Chrome. Главната причина поради која се користи овој режим е нешто што не им одговара баш на компанијата која живее од реклами, па иако Chrome има ваква можност, таа не е официјално вклучена. Сега од компанијата конечно претставија официјален режим за читање, односно reading mode, како дел од нови функции наменети за образованието, каде што ...

Како што е многу често случајот, работи кои се веќе одамна стандардни за другите производители, кај Apple се голема работа која постепено се воведува. Конечното користење на OLED панели кај екраните од своите компјутери навистина е голема вест и ќе направи голема разлика кај едни од најдобрите уреди на пазарот. Досега можевме да прочитаме дека Apple за идната година планира да почне да користи OLED панели кај iPad Pro уредите, а поради тоа тие ...

Apple официјално ја откри датата на која ќе се одржи нивната главна годишна конференција за програмерите, WWDC 2023. Првиот и главен дел од конференцијата ќе биде 5 јуни, а целата конференција ќе трае до 9 јуни. Повторно конференцијата ќе биде во најголем дел онлајн, но на првиот ден ќе има неколку настани на кои избрани луѓе ќе може да присуствуваат лично, а тука се и настаните за студентите. На WWDC 2023 ќе ги видиме новите верзии од ...

Дали сте подготвени да го подигнете вашиот стартап на следното ниво? Или имате иновативна идеја која наоѓа примена во земјоделието, производството на храна или одржливиот туризам? Дали сте претприемач/ка или сопственик/чка на мал бизнис во наведените индустрии? Тогаш новиот повик на Преда Плус Фондацијајата за Agritech и Tourtech е совршена можност за вас. Имате можност да добиете грант до 40.000 евра доколку со вашата стартап идеја предвидувате ...

Последниот FE, односно Fan Edition, модел кој го претстави Samsung беше пред две години, односно Galaxy S21 FE моделот. Можевме да прочитаме дека оваа серија е откажана, по подоцна дека повторно е вратена во игра, но неофицијалните информации сега не носат во друг правец на очекувања. Samsung наводно не работи на развој на нов FE смартфон, односно не треба да се очекува претставување на Galaxy S23 FE. Наместо овој телефон, како дел од истата ...

Марк Гурман, редовниот и одличен извор за информации од Apple, на почетокот од годината најави дека iOS 17 нема да биде некоја посебно голема надградба, па се што треба да се очекува е подобрување на перформансите, исправка на „багови“ и слични подобрувања. Како причина за ова беше истакнато вниманието кое од компанијата го имаат насочено кон развојот на нивниот прв уред за проширена и виртуелна реалност, уред кој според сите досегашни ...

Скопје, 29.03.20223 – Започнува реализацијата на проект за справување со загадувањето на воздухот во пет општини и проект за унапредување на капацитетите на општините и поддршка на рамномерниот регионален развој, кои Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги реализира со поддршка на Шведска. Денеска беа презентирани главните цели и активности на Програмската рамка за соработка помеѓу Шведската агенција за меѓународна развојна ...

По откривање на пропуст кај Pixel уредите и нивната алатка за слики од екранот, од истите програмери беше откриен пропуст и кај Snipping Tool апликацијата која е достапна кај Windows 11 и Windows 10. Овој пропуст овозможува да слики кои се изменуваат со Snipping Tool, односно се сечат, па потоа се зачувуваат во истата датотека, ги зачувуваат оригиналните информации кои потоа може да бидат откриени. Ова секако не е нешто што корисниците би сакале ...

Apple за корисниците во САД кои го користат Apple Pay, пуштија нова можност за одложено плаќање, односно плаќање на рати. Apple Pay Later во периодот што следи ќе им стане достапен на помал број корисници, но во месеците што следат се планира пуштање на сите корисници во земјата. Apple Pay Later на корисниците им овозможува да ги поделат плаќањата на четири делови, односно овозможува четири рати при купување кои се исплаќаат во рок од шест ...

Пред претставувањето на Windows 11, главното внимание го привлекуваше верзија од Windows наречена Windows 10X. Голем дел од функциите на оваа верзија, а посебно визуелните елементи, станаа дел од Windows 11, но сепак некои од главните новини останаа како идеја и делуваше дека се откажани. Познатиот портал кој ги следи сите новости околу Microsoft, Windows Central, објавија дека Microsoft продолжува со плановите да го модернизира Windows, а овој ...

Елон Маск најави дека од 15 април само корисниците кои се верификувани ќе можат да гласаат на анкетите, а овие корисниците исто така ќе бидат единствените кои ќе се прикажуваат како предлози во For you листата на новости. Првата реакција на оваа одлука е дека ќе направи проблем со популарноста на мрежата, но Маск тврди дека ова е единствениот реален начин со кој може да се справат со ботовите со вештачка интелигенција. Маск потоа додава дека ...

Како да се изгради успешна кариера и да се задржат квалитетните кадри во домашната земја? Понекогаш успешната кариера не е поврзана со напуштање на земјата. Оваа теза е точна за стотина млади професионалци кои работат за американски компании, а живеат во Македонија. Тие не ја напуштаат земјата туку работат за американскиот пазар. Компанијата Пантелеон ГС е пример за компанија што нуди таква можност на професионалците од нашата земја. Високи ...

Apple Music Classical е нова апликација од Apple преку која од компанијата посебно сакаат да им овозможат слушање на класична музика на љубителите на овој „жанр“. Апликацијата намерно е издвоена од главната апликација, иако и преку неа може да се слуша класична музика. Слушањето преку посебната апликација, односно преку Apple Music Classical, треба да овозможи нешто подобар алгоритам направен конкретно за овој вид на музика, а ќе бидат достапни ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1013
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
64%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 15ᴼ
4.12
60%
1010
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
48%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.4
57%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
66%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
45%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
59%
1011
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
58%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52