iPhone 15 Pro телефоните ќе дојдат со класични копчиња, какви што имаат сегашните модели достапни во продажба. Досега неофицијално беше најавувано дека Apple планира промена на класичните копчиња со „цврсти“ копчиња, односно такви кои не се притискаат, но оставаат впечаток дека се притиснати со мали вибрации. На овој начин функционираше копчето кај iPhone 7, односно „тракпадот“ кај MacBook лаптоп компјутерите. Информацијата доаѓа од добро ...

Се’ уште кога ќе се помисли на електричен автомобил, обично се помислува на некои од автомобилите на Tesla. Сепак, покрај старите производители на стандардни автомобили, на пазарот веќе има неколку директни конкуренти на Tesla кои некогаш имаат и подобри модели. Еден таков производител е американскиот Rivian. Компанијата е основата во 2009 година, а сегашното име го добива две години подоцна во 2011. Познатиот Маркез Браунли објави тест од ...

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2022 година на Народната Банка на Република Северна Македонија, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 33.836,8 милиони денари или 550,2 милиони евра, односно бележи пораст од 25% во однос на 2021 година. Притоа, вредноста на ...

Овој период од годината се карактеризира со зголемување на температурите и одбележување на Велигденските празници што значи дека е зголемено движењето на пешаците, а зголемен е и бројот на возила кои се упатуваат на викенд дестинации или на подалечни патувања. Токму затоа, во месец април, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, ...

Да потсетиме, минатата 2022 петте победнички стартапи добија инвестиција од 25.000 евра, што докажува дека Longest Pitch Marathon не е само настан за презентирање на идеи, туку поле за лансирање успешни бизниси. Овогодинешниот Longest Pitch Marathon има за цел да ги надмине тие достигнувања и да поттикне уште повеќе револуционерни соработки, поттикнувајќи екосистем на иновации и успех на Балканот. „Целта ни е да бидеме дел од револуционизирањето ...

Скопје, 12.04.2023 – Во денешното дигитално доба, старата изрека „Сликата вреди илјада зборови“ станува се повистинита. Без разлика дали им пишувате пораки на пријателите, објавувате на социјалните мрежи или разговарате со колегите, една слика често ги пренесува вашите мисли подобро од многу реченици. Она што порано беа гримаси, тон на гласот и положба на телото, денес се налепници, гифови, емотикони и мемиња. 9 од 10 луѓе користат емотикони ...

Наредната генерација од Galaxy S Tab серијата се очекува да биде претставена ова лето на настанот на кој ќе бидат претставени Galaxy Z Fold5 и Galaxy Z Flip5. Поголеми промени се очекуваат кај уредите на преклоп, па изгледа настанот ќе биде во знакот на овие уреди. Сега за првпат излегува неофицијална најава дека на овој настан ќе биде претставен и првиот таблет компјутер на преклоп од компанијата. Името кое се најавува е Galaxy Z Tab, што има ...

Најновата верзија од бета каналот на Windows 11 донесува неколку мали промени, меѓу кои и промена на функцијата на „Print Screen“ копчето на тастатурата. Ова копче е достапно со истата функција долго време, можеби и повеќе од 20 години, односно со неговото притискање се прави слика од екранот и истата се копира за да се искористи во било која апликација. Не сме сигурни колку од корисниците го користат ова копче, посебно што истото бара да сепак ...

Уште ја чекаме најавата на петтата и последна сезона од една од најпопуларните серии, Stranger Thigs. Најверојатно оваа сезона може да се очекува идната година, но останува да почекаме на информациите. Во меѓувреме од компанијата најавија дека ќе работат на анимирана серија Stranger Things, но за истата не дадоа ништо повеќе информации, дури серијата уште нема ни име. Тоа што го знаеме е дека анимираната серија ќе биде креирана од страна на Мет ...

YouTube, поточно Google, најави пет нови функции за претплатниците на нивниот YouTube Premium сервис. Дел од овие новини беа тестирани во некоја форма изминатиот период, па се очекуваше нивното официјално пуштање за корисниците. YouTube Premium претплатата изнесува околу 490 денари месечно, што не може да се каже дека е баш ниска сума, посебно ако се спореди со некој од стриминг сервисите за филмови и серии. Сепак, со оваа претплата се добива ...

Атлетичарот Дарио Ивановски, олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет за настап на следните летни Олимписки игри во Париз, во борбата за остварување врвни резултати ќе има поддршка од „Макпетрол“. Компанијата, која што општествената одговорност и подобрувањето на условите за живот во заедницата ги има како свои приоритети, на 25-годишниот македонски шампион ќе му овозможи полесно да остварува резултати на најелитните ...

Корисниците на Android со уреди кои немаат баш голем простор за податоци, добиваат нова функција која треба да им ослободи дел од просторот кога се при крај од истиот. Досега достапната функција за архивирање на апликациите, Google сега ја вклучува да функционира автоматски. Апликациите кои корисникот скоро и не ги користи, автоматски ќе бидат архивирани и со тоа ќе се намали просторот кој тие го зафаќаат. Оваа функција посебно ќе се вклучува ...

Патент апликација поднесе од Apple до американската USPTO, открива одлична идеја која како и за сите вакви патенти, не можеме да знаеме дали некогаш ќе ја видиме како дел од некој производ. Во апликацијата се прикажува футрола, како таа за AirPods слушалките, но со екран на допир од едната страна. Со тоа, оваа футрола станува многу повеќе од мала кутија во која се чуваат и полнат слушалките, па корисниците би добиле повеќе функции од истата. ...

Една од најголемите предности на Apple екосистемот е што е составен од мал број на различни уреди, па од компанијата можат да скоро гарантираат одлично функционирање и комбинација на уредите. Ова до некаде важи и кај Android, посебно доколку се работи за користење на повеќе уреди од истиот производител, но кај овој екосистем работите се малку посложени. Корисниците не ретко се префрлуваат од еден на друг Android производител, па ова префрлување ...

Instagram воведе нов начин за споделување на содржина од мрежата помеѓу пријателите преку креирање на заеднички колекции. Можноста за креирање на колекции веќе е достапна за корисниците, но таа е достапна само за сопствени потреби. Со креирањето на заедничка колекција, двајца или до 250 корисници, ќе можат да ја гледаат таа колекција и се што е зачувано во истата. Секој корисник кој е дел од таа колекција ќе може да додава објави, па истата да ...

Од наше искуство, YouTube Music е можеби најдобриот сервис за стриминг на музика на пазарот, а посебно кога ќе се земе во предвид дека со претплатата се тргаат и рекламите на YouTube. Една работа беше останата зад конкурентите, иако зависи на кого му е важна, а тоа е прикажувањето на стиховите од песните. Кај YouTube Music тие се прикажуваат како обичен текст, односно целата песна е прикажана од почеток до крај. Првите знаци дека Google работи ...

Скопје, 10.04.2023 – Во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура на РСМ, како Покровител на саемот го организира 35. Меѓународен Саем на книгата, кој годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 4ти до 10ти мај, во Арена „Борис Трајковски“, каде „мирисот на нова книга“ на изложените ...

Елон Маск и Tesla го најавија отворањето на нова фабрика за производство на таканаречените Megapack батерии во Кина, поточно во најголемиот град во земјата, Шангај. Маск оваа фабрика ја најави како фабрика која ќе го надополни производството на нивната фабрика во Калифорнија, САД, а тоа ќе го прави со очекувано годишно производство на 10.000 батерии. Megapack се батерии кои не се од тие кои се користат кај електричните автомобили и слични ...

Microsoft се сериозно влезени во целта да вештачката интелигенција ја направат дел од сите нивни производи. За некои тоа е логично и навистина корисно, додека за други може и да кажеме дека малку претеруваат. Како и да е, без разлика на ставовите и очекувањата, најнов производ од компанијата која ќе добие интеграција со новиот Bing, односно неговата вештачката интелигенција, јазични модели и слично, е SwiftKey. Засега новата функција е дел од ...

Valve минатиот месец најави дека една од најпопуларните игри во светот конечно добива нова и слободно може да се каже, модернизирана верзија. Counter-Strike 2 ќе им стане достапна на сите корисници од ова лето, а исто како и досегашната верзија, играта ќе биде бесплатна. Доста информации беа објавени за што ново донесува верзијата 2 од Counter-Strike, како што е одличната „responsive smoke“, целосна преработка на мапите, подобрена графика, ...

Новиот Outlook, како што го нарекуваат од Microsoft, веќе долго време е во развој, со крајна цел да ги замени и унифицира моментално двете достапни апликации од компанијата, односно Outlook и Mail and Calendar. Оваа нова апликација доаѓа со освежен и доста подобар изглед, кодот е поедноставен и поради тоа функционира доста побрзо, а тука се и доста нови функции досега достапни само на веб верзијата на чија основа и е направена новата десктоп ...

Со повлекување лево на првиот „екран“ кај Android смартфоните, барем тие од Google и Samsung, се отвора посебен дел кој е наменет за прикажување на вести од страна на Discover функцијата од Google. Samsung има и своја алтернатива наречена Samsung Free, но слободно можеме да кажеме дека не се користи подеднакво како Discover. Одлуката на Samsung за промени кај оваа нивна апликација покажуваат дека заклучокот е точен. Samsung Free од овој месец ќе ...

Првичните очекувања за годинешната надградба на iOS беа дека истата ќе биде повеќе насочена кон подобрување на перформансите и исправка на грешките во системот. Подоцна, истиот извор, Марк Гурман, најави дека од Apple сепак ги имаат променето плановите, па iOS 17 ќе дојде со неколку доста барани новини од страна на корисниците. Сега член на форумот на MacRumors, кој досега се има покажано како добар извор, тврди дека ја знае едната од тие доста ...

Messenger едно време стана доста сложена апликација, која дури беше наречена и платформа поради големиот број на функции кои ги имаше, меѓу кои и игри. После паметна одлука од страна на Facebook, игрите беа префрлени на главната апликација, а Messenger повторно стана апликација за правење на разговори и ништо повеќе. Сега од Meta повторно експериментираат со игри во Messenger, а овој пат како дел од видео повиците. Корисниците сега можат да ...

WITCON е конференција чијашто главен фокус и цел е технологијата и иднината. Преку панели спикери-професионалци од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последните неколку години, предизвиците со кои компаниите се соочуваат и како ги решаваат истите. Низ неколку часа на активни панели на различни теми ќе бидат дискутирани трендовите во индустријата, но и покрај нив и ќе се разговара и за што е она ...

Скопје, Северна Македонија, 5 април 2023 – Samsung подготви специјална понуда во која корисниците кои ќе купат смартфони од серијата Galaxy S23 или Z добиваат на подарок паметен часовник Samsung Galaxy Watch5 44 мм во графитна боја или Samsung Galaxy Watch5 40мм во розово – златна боја. Промоцијата трае од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година или додека не се потроши залихата за подароци. Паметниот екосистем на Samsung Ова е период од ...

WWDC 2023 конференцијата Apple ќе ја одржи на 5 јуни, односно од 5 до 9 јуни, но првиот ден е тој кој нас не интересира. Покрај другите најави, Apple на овој настан ќе ги претстави наредните верзии од нивните оперативни системи. Како и секогаш, дел од уредите кои се постари нема да ја добијат најновата верзија, па сега ја имаме и неофицијалната листа на iPhone и iPad уреди кои нема да можат да бидат надградени на iOS 17, односно iPadOS 17. ...

Oбјавeни се добитниците на овогодинешниот конкурс „Trash for art 2023“ во организација на „Пакомак“ и „Нула отпад“. И оваа година конкурсот предизвика големо внимание кај креативците од различни категории кои учествуваа со навистина интересни дела. „Trash for Art“ како дел од иницијативата за чиста и здрава средина, кој веќе традиционално се одржува со години, беше отворен за сите што сакаат да ја покажат својата креативност и да изработат ...

Поради која и да е причината, Google како да се најдоа затекнати од наглото популаризирање на ботовите за разговор направени на основа на генеративната вештачка интелигенција и јазичните модели. Нивниот Bard беше пуштен во ограничена тест форма дури при крајот на минатиот месец, но коментарите се дека „тој“ наводно не е способен како двата најголеми конкуренти, ChatGPT и Bing Chat. Директорот на Microsoft се приклучи кон коментарите и изјави ...

Galaxy Z Fold серијата од Samsung веќе е главна на пазарот и доста подобрена во споредба со првите верзии. Од Galaxy Z Fold5, кој треба да биде претставен ова лето, се очекува дополнително подобрување, а посебно на некои од послабите точки кои останаа. Според информации кои веќе можевме да ги прочитаме, Galaxy Z Fold5 ќе дојде со нов механизам за преклопување. Овој механизам ќе биде помал и полесен, а исто така ќе го превиткува екранот на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1013
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
64%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 15ᴼ
4.12
60%
1010
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
48%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.4
57%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
66%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
45%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
59%
1011
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
58%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52