Google официјално воведе поддршка за „passkeys“ во мај оваа година кога им овозможи на корисниците да се најавуваат со помош на овие „клучеви“, наместо со нивната лозинка.
Сега од компанијата сакаат да го зголемат бројот на корисници кои ја користат оваа доста побезбедна и побрза можноста за најавување, па ќе почнат со еден вид на понуда за користење.
При најавување на Google сметките од компанијата сега ќе почнат да ги информираат корисниците за можноста да креираат „passkey“, со објаснување зошто тоа би го направиле.
Со креирањето на ваков клуч, на сметката автоматски ќе биде вклучена и опција за приоретизирање на клучевите на местото од лозинките, па на корисниците секогаш ќе им биде прво понудено да се најават со нивниот клуч.

Passkeys инаку се доста побезбеден начин за најава на сметките кој не користи лозинка. Кратко кажано, овие клучеви може да се наречат подостапна верзија од најавувањето со физички клучеви.
Со користењето на овие клучеви корисниците веќе не мора да паметат лозинки, а со тоа се намалува и ризикот од нивно пробивање.
Со тек на време се планира целосно тргање на можноста за најава со лозинки, па единствениот начин кој ќе остане се „passkeys“, но за тоа има уште време.