
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Apple се’ уште нема iPhone кој доаѓа со USB-C приклучок, но се верува дека оваа година тоа ќе се промени. Причините се познати, а тоа е законот во ЕУ кој бара од производителите да го користат овој приклучок поради можноста на корисниците да со еден полнач и кабел, ги полнат сите нивните уреди, кратко кажано. Оваа година излегоа информации дека Apple планира да ја задржи контролата и заработката која ја има со Lightning приклучокот, па да ...
Google Chrome во септември со верзијата 117, заедно со редизајн на корисничкиот интерфејс, ќе добие и промена кај катанец иконата која одамна е дел од лентата за адреси. Причината за оваа промена е слабата запознаеност на корисниците со значењето на оваа икона, како и честото погрешно верување дека веб страната која е отворена е безбедна и не може да содржи вируси или да е „фишинг“ страна. Во основа, оваа икона се што кажува е дека веб страната ...
Шпекулациите се покажаа како точни, Google има работено на претставување на првиот уред на преклоп и истиот е наречен Pixel Fold. Од компанијата го прикажаа уредот и со тоа ги потврдија и неофицијални слики, а целосното претставување ќе се случи идната недела на 10 мај за време на Google I/O конференцијата. Ова значи дека покрај изгледот, немаме дополнителни информации за Pixel Fold. Објавено е кратко видео на Twitter профилот од Made by Google, ...
Скопје, 03.05.2023 – Доколку ги рангираме и разгледуваме најздравите навики, коишто може да ги поседува модерниот човек, која би била на прво место? Во дигитално доба со намален фокус и примање на информации, најздравата навика на човекот дефинитивно би требало да биде токму читањето. Но зошто само модерниот? Читањето е и би требало да биде бeзвременска навика во секоја претстојна година, декада, век. Главната причина? Читањето нѐ прави луѓе. ...
Скопје, 03 Maj 2023 – Вчера, 2 мај, се отвори настанот СРЕДНОЛЕНД на Плоштад Македонија кој ќе трае до сабота на неколку локации низ градот. Настанот е во организација на ЈУ Универзална Сала, поддржан од Град Скопје, инициран од деца и професори од средните училишта. Настанот го отвори градоначалничката град Скопје – Данела Арсовска, а присуствуваа и директорот на ЈУ Универзална Сала – Горјан Христовски, еден од иницијаторите Марина Иванова како ...
За Nothing Phone (2) веќе знаеме дека може да се очекува оваа година, иако основачот на компанијата истакна дека не планираат чести нови верзии како останатите компании. Намерно или не, се дозна и дека овој телефон ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1, па со тоа може да се очекуваат одлични перформанси, но повторно пониска цена поради користењето на лански чип. Дополнително, се најавува и дека Nothing Phone (2) ќе биде повеќе премиум во споредба со ...
Google официјално го овозможи креирањето на „passkeys“ кај сметките од корисниците и со тоа „започна крајот на лозинките“, како што истакнуваат. На овој начин корисниците ќе можат да се најавуваат без користење на лозинка, а преку користење на отпечатокот за прст, како еден пример. Passkeys претставуваат криптографски клучеви кои се чуваат на уредот од корисникот преку кои тој се најавува на својата сметка.Со користењето на биометриските функции ...
Новиот Bing официјално е пуштен во „open preview“, што во основа значи дека веќе нема листа на чекање, па сите корисници можат да го користат. Ова доаѓа по пуштањето на Bing за сите корисници, односно скратувањето на времето на чекање по приклучувањето на листата на чекање. За да се користи новиот Bing сепак има неколку услови, односно корисниците мора да се најават со нивната Microsoft сметка и страната мора да ја отворат преку Edge ...
Роботската правосмукалка Q7 Max+ се придружува на семејството Roborock со исклучително ефикасни функции за вшмукување и миење на подот. Со своите напредни функции, смарт технологија како и целосно автоматизираната станица Auto-Empty Dock Pure, го носи на ново ниво автоматизираното чистење на домот. Правосмукалката Q7 Max+ може да се пофали со подобрена моќ на вшмукување која достигнува до 4200 Pa, со што се обезбедува темелно чистење на ...
CAPTCHA системите, кои на доста страни се’ уште го користат „сложувалка“ системот за докажување дека сте човек, кратко кажано, навистина се досадни и не би ни сметало доколку ги нема. Иако поновите системи функционираат со едноставно притискање на едно копче, сепак Google има решение кое ќе ги намали ситуациите во кои и овој начин на верификација им се прикажува на корисниците. Во Canary, тест верзиите од Chrome, Google започна со тестирање на ...
Скопје, 4 мај 2023 – Денес, Samsung Electronics го претстави интерфејсот One UI 5 Watch, кој ќе биде достапен на уредите Galaxy Watch подоцна во текот на годината. Новиот софтвер е дизајниран да обезбеди уште поперсонализирано и поинтуитивно искуство поврзано со здравјето и вклучува подобрувања за поддршка на подобар сон – често пати занемарен, но многу важен дел од целокупното здравје – како и различни фитнес и безбедносни карактеристики. ...
Една работа која излезе на површина со друштвените мрежи, а посебно со корона кризата, е степенот до кој компаниите вршат модерирање на содржината, односно одлучуваат што е вистина, а што не и соодветно на тоа дали нешто треба да остане објавено. Ова излегува надвор од основните правила на забрана на насилство и слични екстремни негативни форми на изразување. Корисниците кои објавуваат секакви работи се познати и проблем одамна, но начинот на ...
Оваа година телефоните на преклоп, поточно тие кои се превиткуваат по хоризонталната линија, се очекува дека ќе го променат малку стилот и ќе вклучат доста поголем надворешен екран. Вакви се шпекулациите и за Galaxy Z Flip5 кој треба да дојде со надворешен екран доста поголем од досегашниот. Ова би овозможило да екранот се користи за доста повеќе функции од сега достапните кои беа ограничени од доста малиот екран. Од најновата слика, објавена од ...
Microsoft Designer е уште една апликација од Microsoft која е направена како директен конкурент на некоја доста позната апликација на пазарот. Во овој случај се работи за конкуренција на Canva и сличните апликации, па корисниците сега добиваат уште една опција. Кратко кажано, ако не сте запознаени ни со Canva, се работи за апликации кои овозможуваат дизајнирање на објави на друштвените мрежи, реклами, банери и слични графички работи преку ...
Во најновата бета верзија за Android од WhatsApp, кај помал број на корисниците, се има појавено нова функција која овозможува полесен и побрз трансфер на разговорите од еден на друг телефон. Тоа се постигнува без користење на Google Drive, моменталното решение кои бара бекап на разговорите на овој сервис, па потоа симнување на другиот телефон. Поголемата брзина на новиот начин е овозможена поради начинот на пренос на податоците, а тоа е ...
Не дека и досега не беше ова јасно и очигледно, но еве сега и официјално, Windows 10 22H2 е последната верзија од овој оперативен систем и истиот веќе нема да добива нови функции. Оваа верзија беше пуштена во втората половина од минатата година и ќе остане до крајот на поддршката на оперативниот систем планирана за 14 октомври 2025 година. Windows 10 22H2 не донесе некои нови функции, па во главно беше помала надградба која исправи неколку ...
Компанијата „Макпетрол“ е најпосакуваниот работодавач меѓу нафтените компании во земјава, одлучија посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком. Признанието за најпосакуван работодавач синоќа им беше врачено на претставниците на „Макпетрол“ на свечената манифестација што се одржа во хотелот „Лимак“ во Скопје на која беа прогласени најуспешните компании-работодавачи во осум категории. Според ...
Петтиот дел од познатиот филм Indiana Jones со Харисон Форд, Indiana Jones and the Dial of Destiny треба да излезе во јуни. Каков ќе биде филмот останува да видиме, но една работа која беше најавена го привлекува вниманието, а тоа е користење на технологијата, како и вештачката интелигенција за „подмладување“ на скоро 80 годишниот актер. Интервју на режисерот на филмот, Џејмс Манголд, за Total Film, ни открива нешто повеќе за овој процес, а тој ...
После неколку години пауза, а слободно може да се каже и дека веќе заборавивме на серијата, Netflix го најави пуштањето на шестата сезона од Black Mirror. Не е откриена точна дата, па информацијата е дека сезоната ќе биде достапна за стриминг од јуни. Сатиричната серија досега одлично се покажа, иако има дискусија дали поновите сезони се покажаа добро како првата. Преку преувеличени примери оваа серија се обидува да ги прикаже можните негативни ...
Google Meet ја доби можноста видео повиците кои се прават преку сервисот да бидат во 1080p, односно Full HD резолуција. Ова секако не треба да се објаснува зошто е добро, а главните конкуренти веќе одамна ја нудат можноста. Можеби делува чудно што од Google го истакнуваат ова посебно, но треба да се знае дека за да се користи оваа резолуција, камерата на корисникот треба да е барем 1080p, односно системот не прави зголемување на резолуцијата од ...
Microsoft го презентира нивниот нов домен, cloud.microsoft, којшто ќе го користи како еден домен за сите нивните сервиси и апликации, за почеток од Microsoft 365 пакетот, порано наречен Office. Како пример како ќе изгледаат домените на сервисите во иднина е, teams.cloud.microsoft, а ова важи за било која од апликациите. Иако овој домен е додаден во листата на компанијата, ќе помине одредено време додека се направи целата миграција. Microsoft ...
Скопје, 27.04.2023 – Откривањето на безвременскиот свет на класиците, но и на новите наслови на реномирани, а и на нови надежни автори во модерното доба во кое се наоѓаме, е привлечна занимација, којашто дава живот на забрзаното и навидум монотоно секојдневие. А, покрај моментите, кога дружбата со омилените книги ја пронаоѓаме во комфорот на својот дом, во природа, или во преферираниот кафе бар, со совршена атмосфера за „потонување“ во ...
Phone Link апликацијата, која со години е тука да овозможи поврзување на Windows компјутерите со Android телефоните, сега ја добива оваа можност и за iOS корисниците. Microsoft ја најавија и почна да ја тестира оваа нова можност од почетокот на годината, а сега истата официјално им станува достапна на сите корисниците на Windows 11. Како што најавуваат од компанијата, сите корисници треба да ја добијат до средината на мај. Phone Link for iOS ...
Наредната генерација од Motorola RAZR се очекува да дојде со доста поголем надворешен екран и со тоа тој да има повеќе функции од обично прикажување на часот, времето и известувањата. Сликите од телефонот ги објави Evan Blass, а сега тој излезе со понови слики кои подобро го прикажуваат екранот заедно со можностите за негово прилагодување. Од тоа што може да се види од сликите, надворешниот екран ќе го зафаќа скоро целиот простор на едната ...
Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2022 година. ,,Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129.374 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за 8. Од вкупно 1.354 институции, 60% се на локално ниво, а 40% ...
Регулаторното тело од Обединетото Кралство, CMA – Competition and Markets Authority, донесе до некаде неочекувана одлука да го блокира купувањето на Activision Blizzard, една од најпознатите во светот гејминг компанија, од страна на Microsoft. Оваа одлука доаѓа по сличната одлука од страна на американската FTC донесена во декември минатата година, а се чека и на одлуката на ЕУ. Microsoft и Activision Blizzard постигнаа договор за купување во ...
За Galaxy Z Fold5 се најавува доста голема промена која ќе направи линијата каде екранот се превиткува многу помалку да се забележува. Тоа треба да се постигне со промена на видот на механизмот за преклоп, а со тоа ќе се овозможи и целосно затворање на уредот и помала дебелина. Сепак, што се однесува до некои други промени, се верува дека Z Fold5 нема да биде нешто посебно различен од ланскиот модел, а ова посебно се однесува на форматот, ...
Британската компанија Zelim, како дел од неколку технологии кои ги развива за поморски спасувања, развива и посебни беспилотни возила кои би се користеле во ситуации кога е опасно да се испрати екипа. Ова би придонело спасувачката мисија да започне веднаш, нешто што е многу важно за шансите да се најдат преживеани луѓето. Две возила се развиваат за оваа намена, едното наречено Guardian кое е замислено да се пушта од бродови, а другoтo Survivor ...
WhatsApp добива можност за користење на повеќе телефони со една сметка, а корисниците ќе можат да активираат до четири дополнителни телефони на ист начин како што сега активираат десктоп или таблет компјутери. Ова ја отвора можноста за корисниците кои имаат повеќе од еден телефон да го користат WhatsApp и на другите уреди во исто време. Првиот телефон останува главниот преку кој се активираат сите дополнителни уреди. Доколку главниот телефон не ...
Microsoft пушта неколку помали надградби во текот на годината за Windows 11, иако главната доаѓа еднаш годишно во есен, преку кои додава нови функции, како и исправки на одредени грешки. Овие надградби се посебни од безбедносните надградби кои ги има секој месец. Поради проблемите кои не ретко се појавуваат кај одреден број на компјутери, сепак ги има огромен број на различни видови, надградбите се пуштаат постепено, а изминатите години ...