По промената на правилата за броење на прикачените датотеки од Outlook.com како дел од просторот на OneDrive минатата година, Microsoft минатиот месец најави уште една слична новина.
Сликите кои корисниците ги чуваат во OneDrive, а ги додаваат подоцна во посебни албуми, ќе се бројат два пати, исто како да биле прикачени на сервисот два пати.
За разлика од првата одлука, оваа со сликите може да се каже дека е до некаде претерана, а од компанијата сепак имаат дојдено до истиот заклучок.
Оваа промена требаше да почне да се применува од 16 овој месец, но од Microsoft решија да не започнат со истото, односно ја откажаа промената.
Објаснувањето е едноставно, имало доволно реакции од корисниците, а сигурно и од медиумите, па од компанијата се имаат решено да ги послушаат корисниците.
„На 31 август 2023 година, почнавме да информираме за претстојна промена на нашата инфраструктура за складирање во облакот што ќе резултира со промена во начинот на кој податоците на фотографиите и фотоалбумите на OneDrive се вбројуваат во вашата вкупна квота за складирање. Оваа промена требаше да започне да се применува на 16 октомври 2023 година. Врз основа на повратните информации што ги добивме, го приспособивме нашиот пристап, повеќе нема да ја спроведеме промената. Ќе го задржиме сегашното искуство со фотоалбуми, како што е денес.“ – истакнаа од Microsoft.