Како што се очекуваше, Apple денеска ја пушти најновата надградба за iOS 16, сега стигната до верзијата 16.4. Се работи за помала надградба која е пуштена два месеци после претходната, но сепак донесува неколку новини кои вреди да се истакнат. Главната новина која би ја истакнале е можноста за вклучување на функцијата „Voice Isolation“, сега и за телефонските разговори. Оваа функција досега беше достапна за апликациите како FaceTime, WhatsApp, ...

Microsoft најави дека подготвува целосно преработена верзија од Teams апликацијата, па сега ја гледаме првата јавно достапна тест верзија која корисниците можат да ја пробаат. Покрај очигледните визуелни промени, новата Microsoft Teams е побрза, поефикасна, донесува нови „паметни“ функции, а тука е и Copilot за Microsoft Teams, вештачката интелигенција која е тука да ги сумира состаноците, да креира текстови и слично. Една од главните новини ...

Делот со „виџети“ во Windows 11 е доста корисен и е нешто што требаше одамна да го има и во Windows 10. Сепак, една маана на овој дел е форсирањето на Microsoft да мора да се гледа листата со вести од нивниот Bing сервис. Во најновата тест верзија од Windows 11, поточно верзијата 25324 од Canary каналот, донесува делумно издвојување на „виџетите“ со листата со вести. Ова ќе биде постигнато со додавање на трет ред на колони, а виџетите ќе се ...

Apple треба да го претстави својот прв нов уред после повеќе години, уред/очила за проширена и виртуелна реалност, во јуни оваа година на WWDC конференцијата. За овој уред се пишува со години, па и јунската најава не е целосно сигурна, односно доаѓа како неофицијална најава од Марк Гурман од Bloomberg, кој сепак најчесто е во право. Дека денот кога Apple ќе го претстави овој свој нов уред се ближи се смета повторно неофицијалната информација ...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави првиот јавен конкурс за 2023 година, со кој 5.060.000 евра се ставаат на располагање за поддршка на домашните компании, преку јавниот конкурс за ко-финансирани грантови на микро, малите и средни компании за технолошки развој и забрзан економски раст. Целта на конкурсот е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат ...

Елон Маск го купи Twitter минатата година за 44 милијарди долари, но според информација од него испратена до вработените, мрежата сега вреди околу 20 милијарди. Меморандумот кој бил испратен до вработените и неофицијално објавен, што значи дека сепак овие информации не се точно потврдени. Иако Маск плати нешто повеќе од пазарната вредност на компанијата, сепак падот на вредноста постои, доколку овие бројки се точни. Може да се претпостави што е ...

Twitter Blue може да се каже дека е во центарот на вниманието на Елон Маск по купувањето на Twitter минатата година. Претплатата која порано само вклучуваше одредени предности во споредба со „обичните“ корисници, по ново ја вклучува сината ознака, нешто што направи доста забуна и проблеми, па Twitter Blue мораше да се одложи. Претплатата беше пуштена при крајот на минатата година, а сега истата им е достапна на сите корисници во светот. Чини 8 ...

Заедно со претставувањето на P60 серијата оваа недела, Huawei ја претстави и наредната генерација од нивниот уред на преклоп, односно од тие кои се преклопуваат по вертикалната линија и се претвораат од смартфон во мал таблет. Huawei Mate X3 е одлично направен уред кој да не беа санкциите од САД кон оваа компанија, ќе претставуваше сериозна конкуренција на пазарот и ќе ги загрижеше и притиснеше останатите. Уредот е целосно редизајниран во ...

WhatsApp за Windows повторно добива нова верзија, по целосниот редизајн кој беше официјално пуштен минатата година. Новата верзија од апликација дополнително го подобрува корисничкото искуство, па може да се каже дека ова е една од најдобро одржуваните апликации на Windows. Од Meta новата верзија ја опишуваат како побрза, односно со подобрени перформанси при вклучувањето, функционирањето и поврзувањето со другите уреди. Покрај ова подобрување, ...

24.03.2023, Скопје– Унапредување на деловното окружување за развој на сметководствено-финансиската и професијата на даночните советници, преку промоција, подигнување на професионалните стандарди и соодветно адресирање на предизвиците е фокусот на активностите на новата Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. За претседател на новата Комора е избран Ромео Костадинов, ...

Поретко читаме за Huawei по познатите проблеми кои ги имаат од компанијата со САД. Сепак, тоа не значи дека тие не продолжуваат со претставување на нивните одлични смартфони, па денеска ги имаме тие од серијата која е позната по своите камери. Претставени се три нови телефони од P60 серијата, односно P60, P60 Pro и P60 Art, а третиот телефон е посебно интересен и неочекуван додаток. Овој телефон доаѓа со нешто поразличен дизајн на модулот за ...

Поретко читаме за Huawei по познатите проблеми кои ги имаат од компанијата со САД. Сепак, тоа не значи дека тие не продолжуваат со претставување на нивните одлични смартфони, па денеска ги имаме тие од серијата која е позната по своите камери. Претставени се три нови телефони од P60 серијата, односно P60, P60 Pro и P60 Art, а третиот телефон е посебно интересен и неочекуван додаток. Овој телефон доаѓа со нешто поразличен дизајн на модулот за ...

Идната недела или наскоро после тоа, се очекува официјалното пуштање на iOS 16.4 верзијата од овој систем која веќе одреден период е достапна за корисниците на бета верзиите. Ова е мала надградба и не донесува нешто посебно многу новини, но затоа донесува една доста корисна која е поврзана со телефонските разговори. Корисниците ќе можат да вклучат „Voice Isolation“ за време на разговорот и со тоа да го подобрат неговиот квалитет, а посебно кога ...

Google официјално започна со тестирање на нивниот конкурент на новиот Bing, наречен Bard, оваа недела. Слободно може да се каже дека Google се имаат до некаде опуштено во нивната прва позиција која никој со години не може да ја предизвика, па пуштањето на новиот Bing ги затекна до некаде, а можевме да прочитаме и дека предизвикало паника кај менаџментот. Не е толку проблемот што Google го пушти нивниот Bard нешто повеќе од еден месец по ...

Microsoft претстави уште една апликација како дел од нивниот Microsoft 365 пакет. Microsoft Loop е апликација инспирирана од се поголемото работење надвор од канцелариите, нешто што доста се зголеми пред 3 години со корона кризата. Апликацијата им е достапна на сите корисници, но се’ уште во тест фаза, односно „preview“, па корисниците треба да го имаат и тоа во предвид доколку нешто не функционира како што треба. Microsoft Loop во основа е ...

Нови видови на реклами сигурно не е нешто што недостасува кај друштвените мрежи, вклучувајќи ја и Instagram, но ете тие сепак ќе бидат воведени. Meta најавија два нови видови на реклами, а истите се замислени да им овозможат на бизнисите подобар начин на промовирање и откривање на нивниот бизнис. Првиот нов вид на реклама е во основа потсетник реклама. Потсетникот е ставен во категорија на реклами затоа што огласувачите ќе треба да платат за да ...

Valve ја најави верзијата Counter-Strike 2 од оваа најверојатно најпозната игра во светот. Играта беше претставена пред 23 години, а оваа најнова верзија доаѓа после повеќе години од моменталната верзија која има и најголема популарност. Играта започнува како модификација на тогаш познатата Half-Life, по што во 2000 Valve го презема развојот и слободно може да се каже ја прави оваа игра легендарна. Новата верзија, односно Counter-Strike 2, може ...

Nothing, компанијата од ко-основачот на познатата OnePlus, може да се каже дека одлично се пробива на пазарот. Нивниот прв производ, кој не беше смартфон, безжични слушалки за во уво, сега ја добиваат својата втора верзија. Nothing Ear (2) не донесуваат нешто посебно ново кога е во прашање дизајнот, а нема ни потреба. Тие повторно се направени со уникатниот, делумно проѕирен изглед, па корисниците навистина добиваат слушалки кои веднаш би биле ...

По откривање на пропуст кај Pixel уредите, поточно алатката кај овие телефони за правење на слики од екранот, истите програмери сега открија сличен пропуст кај Snipping Tool кај Windows 11, нешто што секако повеќе не засега. Пропустот овозможува да со посебни алатки се дојде до дел од сликата кој е исечен, односно „cropped“. Наместо податоците од датотеката за исечениот дел да бидат тргнати, тие остануваат, па иако апликациите за слики не го ...

Фактот дека роботската правосмукалка го чисти домот наместо Вас не е ништо ново. Но, што ако додадеме дека може и сама да го испрази садот за прашина, да го наполни резервоарот за вода и да ја испере крпата за чистење? Својата палета на роботски правосмукалки, овој пат, Смартус ја проширува со моделот Roborock S7 Pro Ultra. Роботската правосмукалка S7 Pro Ultra со своите напредни функции, смарт технологија и целосно автоматизирана станица ...

Meta најави две нови функции кои ќе станат дел од нивната апликација WhatsApp за сите корисници на Android и iOS верзијата во неделите што следат. Новите функции се поврзани со групните разговори во апликацијата, нешто на кое од компанијата му даваат посебно значење, а тоа може да се види од претставувањето на „Заедниците“, па наваму. Администраторите на групи ја добиваат можноста да контролираат кој може да се приклучи во групите, а кој не. ...

Google го најави нивниот конкурент на новиот Microsoft Bing минатиот месец. Наречен Bard, овој нов додаток на Search е направен на основа на вештачката интелигенција, поточно генеративната вештачка интелигенција. Тоа значи дека исто како и конкурентите, Bard може да креира одговори врз основа на поставените прашања, односно дадените насоки. Без разлика што можевме да прочитаме дека во компанијата биле сериозно загрижени од успехот на ChatGPT од ...

Новиот Bing, кој ја има можноста да креира текст врз основа на насоките од корисниците, сега ја добива истата можност за слики. Корисниците ќе можат да дадат повеќе насоки, по што Bing ќе им креира целосно нова слика. Оваа нова можност на Bing, Microsoft ја најави денес и истата ќе биде интегрирана во пребарувачот, но за почеток само доколку се избере Creative стил на одговори. Покрај во самиот пребарувач, Bing Image Creator, како што е ...

Apple нема проблем со продажбата на iPhone телефони, што значи дека претставувањето на таков кој се преклопува, не е нешто што ќе направи голема разлика за компанијата со најпопуларниот телефон во светот. Сепак, со години веќе читаме дека тоа не е нешто на кое не се размислува во компанијата, па не се исклучува можноста некогаш во иднина да биде претставен преклоплив iPhone. Можевме да прочитаме дека можно е попрво да биде претставен iPad, па ...

Струмица, 21.03.2023 година – Како дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“ во Струмица веќе шест месеци со интензивно темпо се работи на изградба на велосипедски патеки на повеќе локации во градското подрачје. По овој повод, Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и Раководителот на Одделението за Меѓународна Соработка и Европски Фондови, Ѓоко Ристовски, заедно со тимот кој го раководи проектот, извршија обиколка на ...

Иднината на игрите од Netflix е во „cloud“ гејминг сервис, нешто што ќе овозможи играње на игрите директно од апликацијата, без инсталирање, но и играње од било кој уред, вклучувајќи ги и телевизорите. Оваа информација ја имаат дадено од компанијата минатата година, а истата е потврдена и сега. Тоа што останува е само да се почне со посериозен развој на овој сервис, но изгледа дека сепак години ќе поминат пред да биде пуштен. Начинот на којшто ...

Неколку пати досега можевме да прочитаме дека Apple планира промена на стилот на копчињата кај iPhone 15 Pro серијата. Тие наместо како досега да бидат класични физички копчиња, ќе бидат направени нешто слично како што функционира „touchpad-от“ кај MacBook компјутерите. Тоа значи дека копчето ќе биде рамно, нема да се притиска, а „информацијата“ дека е притиснато ќе се добива преку мали вибрации кога ќе се проба да се притисне на тој дел. ...

Сигурносниот појас е склоп од ремени со сигурносно копче, уред за приспособување и приклучоци кои што можат да се врзат во возило на моторен погон и е проектиран да го намали ризикот од повреди на лицето што го носи во случај на судир или на ненадејно забавување, со ограничување на подвижноста на телото на лицето кое го носи. Не само возачот, туку и секој патник во возилото треба да користи сигурносен појас. Придобивки од користењето на ...

Македонски Телеком прославува 100.000 корисници на оптика коишто, по тој повод, ќе можат да активираат поголеми оптички брзини без дополнителен надомест. Приватните корисници ќе можат да ги активираат следните брзини во зависност од интернет пакетот: корисниците на интернет пакетот S, наместо 20 Mbps ќе добијат брзина од 60 Mbps, оние на M наместо 60 Mbps ќе добијат 100 Mbps, додека оние на L наместо 100 Mbps ќе добијат 300 Mbps, а на XL ...

Google во тест верзиите од Chrome започна со тестирање на можност за оставање на белешки на веб страните. Ова може да се гледа како на еден додаток на омилените веб страни, како и едноставна алтернатива на Collections функцијата во Microsoft Edge. Во основа, корисниците ќе можат да притиснат со десното копче на било која веб страна, па на новата можност во менито наречена „Notes“, односно белешки. Со тоа ќе им се отвори посебна лента на десната ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
43%
1011
weather icon

Белград

23ᴼ / 20ᴼ
1.03
53%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1012
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
45%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.45
56%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
53%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52