Министерството за внатрешни работи не одговара конкретно дали има список на бугарски државјани на кои им е забранет влез во Северна Македонија. Велат дека се спроведувал Законот за странци. Бугарскиот шеф на дипломатијата тврди дека граничните власти кои не им дозволиле влез на бугарските државјани на 6 мај ги известиле дека се на црна листа. Дали на странски државјанин ќе му биде одбиен влез во Северна Македонија одлучува исклучиво ...

Свидетелствата за завршена учебна година можно е и годинава да не стигнат навреме во јуни. Тендерот за свидетелствата засега е во жалбена процедура, а Комисија за жалби по јавни набавки на 17 мај ќе одлучува, дали ќе се повтори тендерот или која фирма е најдобриот понудувач. На само еден месец пред завршување на учебната година, неизвесно е кога учениците ќе ги добијат свидетелствата. Одлуката за избор на фирма што ќе ги печати треба да ја ...

Главната вест од единаесетиот пакет санкции на ЕУ кон Русија е дека Брисел предлага казнени мерки за трети земји кои намерно ги заобиколуваат санкциите на Унијата. Се предлагаат мерки против кинески компании и Раша Тудеј, Балкан. Европската комисија минатиот викенд им го испрати на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) најновиот предлог за санкции против Русија. Единаесеттиот пакет казнени мерки, од инвазијата на Украина во февруари 2022 ...

Дали треба законите за автопатиштата на „Бехтел и Енка“ да бидат со европско знаменце е последното прашања во низата поврзани со овој проект. Овие закони требаше да се донесат до 2022. Со месеци јавноста ја мачат прашања - Колку точно ќе чини проектот, кои се роковите, дали ќе се плаќаат пенали, зошто договорот е означен како доверлив? Одговорите се „изгубија“ во изјавите на функционерите. Започнува собраниската дебата за измените на законите ...

Како што се приближува рокот за парламентарните избори, дискусијата за промената на Изборниот законик се вжештува. Додека помалите партии се залагаат за голема реформa со која би ја прекинале доминацијата на големите, правните експерти остануваат скептични околу шансите за нов изборен модел. Ќе биде ли променет политичкиот пејзаж со реформа на изборното законодавство или една изборна единица е уште едно празно ветување? На една години до рокот ...

Поради масовното убиство што го изврши тринаесетгодишник во Србија, властите предлагаат измени на законот со кои ќе се намали старосната граница за кривична одговорност на малолетниците. Обединетите нации ги повикаа земјите потписнички на Конвенцијата за правата на детето, вклучително и Србија, да не ја намалуваат минималната возраст од 14 години. Ученикот кој уби осум деца и еден обезбедувач и рани шест ученици и наставник, не може кривично да ...

Трагедијата во училиштето во Србија отвори дебата како да се заштитат децата од насилните содржини на социјалните мрежи. Училиштата може да го ограничат пристапот до некои содржини, но експертите велат - нема да има ефект. За учениците најавите за „гасење“ на некои мрежи се бесмислени. Властите пак со кампања ќе ја подигнуваат свеста против училишното насилство. За најголемиот дел од учениците, покрај училишниот ранец, мобилниот телефон е нешто ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се соочи со својот најтежок политички предизвик досега на изборите што треба да се одржат овој месец, при што опозицијата ќе добие големи шанси да стави крај на неговите две децении на власт и да ја смени својата политика. Претседателските и парламентарните избори, закажани за 14 мај со евентуален втор круг на 28 мај, ќе одлучат не само кој ќе ја води Турција, туку и како ќе се управува со неа, каде ќе ...

Сѐ поверојатно е дека матурантите нема да полагаат матурски испит на 27 мај. Вработените во Државниот испитен центар го продолжуваат штрајкот, откако со надлежните институции не успеаја да постигнат договор за зголемување на нивните плати. Од Синдикатот обвинуваат дека повисоки плати добија само функционерите. Министерот Шаќири апелира да не се доведуваат во прашање испитите. Дваесетте вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) го продолжуваат ...

Руската платеничка група Вагнер, киднапирала казахстански студент во Русија и го пратила да војува во Украина, обвинува семејството на студентот. Неговата мајка бара руските и казахстанските власти да помогнат тој да се врати дома. Не е првпат Вагнер да е обвинет дека испраќа луѓе во борба без нивна согласност. Некаде околу 18 март, 23-годишниот син на Алмира Бекенова исчезна. Откако цела недела не се чула со синот Маргулан Бекенов, студент на ...

Криумчарите им наплаќаат високи суми на мигрантите за транзитот низ земјава, но често тие и физички ги малтретираат. Ситуацијата е потрагична за ониe мигранти кои настрадале во сообраќајни несреќи додека шверцерите бегале од полицијата, со што загубиле раце или нозе. Mал број мигранти побарале азил во земјава, но поголемиот број од нив тоа го направилe токму поради тешките повреди кои ги добиле во земјава. Голем број мигранти или бегалци кои ...

Контрадикторни се одлуките на Советот на обвинители и Судскиот совет во однос на постапките околу обвинителката Ленче Ристоска и претседателката на Советот Весна Дамена, вели во интервју за РСЕ Министерот за правда Кренар Лога Министре, како ги коментирате во целост случувањата во Судскиот совет, телото кое е надлежно за избор и разрешување на судии? Со многу загриженост ги следиме сите настани таму. Веќе го имаме кажано нашиот став – Дека ова ...

Свечената церемонија за крунисување на Чарлс Трети е славење на традиција стара над илјада години во британската монархија. Со кралска позлатена кочија до Вестминстерската Опатија пристигнаа Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила во последната милја од седумдецениското патување од наследник до монарх. „ Не дојдов за да ми служат, туку за јас да служам“ беше првата порака што Чарлс ја испрати за време на чинот на крунисувањето. ...

Судскиот совет повторно ја одложи седницата за избор на претседател, со што дополнително ја зголеми загриженоста за независноста на судството. Причината за одложувањето на денешната седница на Судскиот совет засега е непозната. За помалку од пет месеци, две претседателки на Судскиот совет беа сменети, што предизвика сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија. И двете обвинија дека причина за нивната смена е политички ...

Со европско знаменце ќе се носат измени на закони за изградба на автопатиштата што треба да ги гради конзорциумот „Бехтел -Енка“. Тоа што се носат на овој начин, откако претходниот обид во собранието е блокиран од опозицијата, не значи дека „роковите не газат“, вели првиот вицепремиeр Артан Груби. Владата предлага со европско знаменце во Собранието да се носат измените на законите потребни за побрза и поевтина изградба на автопатите од ...

Вооружени напади во училишта се честа појава во САД, но Балканот не памети вакви трагедии. И во Европа низ годините се случија грозоморни убиства на деца во училишта и градинки Додека училиштата треба да бидат најбезбедното место за учениците, каде на децата ќе им биде обезбедена максимална заштита, посведочивме на незапаметен масакар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде навидум еден обичен училишен ден заврши погубно за 9 ...

„Прекувремената работа ги убива работниците, ќебапи за работниците, а бифтеци за функционерите, пратениците нека работат 60 часа неделно“. Ова се дел од пораките на двата синдикални протести во Скопје кои се оддржаа пред Владата по повод денот на трудот Први мај. По сто и педесет години битката за основни работнички права во земјава се враќа отпочеток, со барање за ограничување на работното време на 40 часа неделно. Синдикалците кои денеска ...

Изборот на „колегиум“ на нов претседател на Судски совет по десетдневно „натегање “ околу процедурите за разрешување на претходниот, повторно го става во фокус на јавноста прашањето за дисциплинската но и кривичната одговорност на судиите кои се огрешиле во вршењето на функцијата. Со многу загриженост ги следиме настаните во Судскиот совет, ова нема да придонесе во зголемувањето на довербата во правосудниот систем, изјави министерот за правда ...

Ова е повторен масовен злосторнички напад по нападот врз нашите деца- напад врз нашата земја, ова е терористички чин, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста по убиствата во Младеновац. Полицијата го уапси напаѓачот кој уби осум, а рани 14 лица. Терористички чин. Вака српскиот претседател Александар Вучиќ го нарече масовното убиство кое се случи синоќа во околината на Младеновац, кај Белград. „Вчерашниот ...

Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми, вели поранешната врховна судијка Вера Коцо во интервју за Радио Слободна Европа. Таа вели американската амбасадорка со право реагираше за Апелициониот суд, а оправдувањето на Апелација не „држи вода“. Судијке, за помалку од пет месеци се сменија две претседателки на судскиот совет. И двете претседателки и Павлина Црвенковска и Весна Дамева обвинија за ...

Њузлетер 05.05.2023 - Урбан хаос во Националниот парк Маврово, случувањата во Судскиот совет, слободни, но непрофесионални и медиуми под политичка контрола. Како Маврово стана бетонска џунгла? Беззаконие според Закон, но и со заобиколување на законите е она што се случува со години во Националниот парк Маврово. Се гради наголемо, што легално, што на диво, па се легализира, а надлежните си ја префрлаат вината за уништувањето Маврово. Ова почна ...

Еден ден по пукањето во белградското училиште, луѓето носат цвеќе за настраданите во центарот на Белград, пред школото кое ден претходно беше место на нападot. Тринаесетгодишен ученик на 3 мај пукаше и уби осум деца и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник. Граѓани и ученици денеска палеа свеќи, полагаа цвеќе и плишани мечиња пред основното училиште во Белград, на местото на масовното пукање во кое тинејџер уби осуммина негови ...

Во Северна Македонија новинарите не работат во непријателско опкружување, но поради дезинформациите и недостигот на професионализам опаѓа довербата на јавноста во нив, што ги изложува независните медиуми на закани и напади, наведува во својот извештај „Репорери без граници“. Годинава има скок во рангирањето, но тоа не треба да не залажува, велат од новинарските организациии. Северна Македонија се враќа во групата на земји во кои има ...

Актуелниот амбасадор на САД во Србија и поранешниот во земјава, Кристофер Хил вели дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и дека процесот за остварување на таа цел е одговорност на политичките лидери тука. Според него отворените прашања во регионот треба да се решаваат на мирен начин, бидејќи последиците ги чувствуваат сите други Пораки за поголема соработка меѓу земјите од Западен Балкан, потреба од справување со корупцијата и водење ...

Многу млади спијат со телефонот до глава за случајно да не пропуштат нешто и да бидат 'аут' наместо 'ин'. Иако живееме во дигитално време, не треба да дозволиме мобилниот телефон да го диктира начинот на живот, вели психологот Софија Георгиевска. Единасетгодишната ќерка на скопјанецот Сашо поминува најмалку три часа дневно со телефонот во рака. „Имаме контрола на тоа што гледа, но на некои видеа има реклами кои не можеш да исконтролираш кога ќе ...

Децата од генерација Алфа, или родените по 2010-та, не избрале да живеат во дигитално време кога вештачката интелигенција го менува светот кој го гледаат преку екран. Што ги разликува од генерацијата Z? Треба да ги разбереме, да го извадиме позитивното кај нив, порачува професорката Тамара Ќупева. Четиринаесетгодишниот Гоце од Скопје според возраста припаѓа на Генерација Z (зет) каде влегуваат млади родени од 1996-та до 2010-та година. Неговиот ...

Граѓански движења, невладини организации, фракции бараат свое место на политичката сцена во земјава. За трета политичка опција има простор, оценуваат политичките коментатори, но само ако се обедини, за да не се разлеат гласовите и да не им се дозволи на големите партии пак да доминираат. Тоа што ниедна од големите партии нема рејтинг повисок од 20 отсто остава голем простор за трета опција, но новите сили треба да се окрупнат, за да не им се ...

Црна Гора повторно се свртува кон кинеска компанија за изградба на нов пат, иако пред девет години контроверзниот автопат, финансиран и изграден од Кина, ја втурна оваа балканска држава длабоко во долгови. Црна Гора потпиша меморандум за разбирање со кинески конзорциум кон крајот на март за изградба на автопат од 54 милиони евра (59 милиони американски долари) што подобро ќе ги поврзе крајбрежните градови Будва и Тиват, обезбедувајќи нова рута ...

Њузлетер 28.04.2023 - Највисоките функционери за април ќе добијат речиси дуплирани плати. Администрацијата е пренатрупана, но ќе нема отпуштања, а квалификувани работници заминуваат во странство. Дигитализација без отпуштања од работа Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу најави дигитализација во државата, а истовремено тврди дека има недостиг од вработени во јавниот сектор. Донекаде е точна оваа констатација на ...

Судскиот совет ја одложи седницата на која требаше да се гласа за нов претседател, откако вчера беше разрешена претседателката Весна Дамева во постапка која правосудната фела ја оцени како незаконска. Претседателот Пендаровски оцени - вакви сцени не му доликуваат на тело со многу одговорна улога. Седницата на Судскиот совет за избор на нов претседател е одложена за 2-ри мај откако за тоа се изјаснија седум членови, а четворица беа против. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
56%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
3.58
57%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52