Патнички воз денеска попладне излета од шините на југот на Англија, по што беше покрената голема спасувачка операција. На местото на несреќата се распоредени бројни полициски и итни служби, потврдија властите, пренесува Си-ен-ен. Несреќата се случила околу 15 часот и 54 минути по локално време во близина на железничката станица Луис, во округот Ист Сасекс, околу 70 километри јужно од Лондон. Британската транспортна полиција објави на Икс ...

Сер Алфред Џозеф Хичкок е роден на 13 август 1899 година во Лејтонстоун, предградие на Лондон, како најмладо дете на трговецот Вилијам Хичкок и неговата сопруга Ема Џејн, родена Вилан. Починал на 29 април 1980 година во Лос Анџелес, на 80-годишна возраст. Хичкок израснал во католичко семејство и се школувал во језуитскиот колеџ „Свети Игнатиј“ во Стемфорд Хил. Детството му било осамено, а позната е и анегдотата според која неговиот татко, ...

Охридското Езеро и натаму се одржува над просечното августовско ниво, покажуваат најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи. Денеска нивото на езерото изнесува 693,57 метри надморска височина, што е за 11 сантиметри над просекот за август, утврден на 693,46 метри. Во однос на дозволениот минимум од 693,10 метри, нивото е повисоко за 47 сантиметри. И температурата на водата е над просечната. Утринава во 7.30 часот биле ...

Кратките преговори со Алберт Риера вродија со плод, па управата на Црвена звезда успеа за само неколку дена да го убеди шпанскиот тренер да се пресели во Србија и да го преземе првиот тим на најтрофејниот српски фудбалски клуб, објавија српските медиуми. Информацијата ја потврди најпознатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, а наскоро се очекува и официјалното претставување на Шпанецот во Белград. Риера потпишал двегодишен договор со Црвена ...

Белгискиот репрезентативец, Јури Тилеманс ова лето го напушти „Вила Парк“ и направи трансфер во Манчестер јунајтед за 35 милиони фунти. Тилеманс во Астон вила пристигна во 2023 година како слободен играч од Лестер и одигра важна улога во успешниот период на клубот под водство на Унаи Емери. Минатата сезона помогна во освојувањето на Лигата на Европа, а постигна и гол во финалето. Tielemans’ Touches™️ pic.twitter.com/J1sLioj668 — Manchester ...

Гала-вечерта на Музејот на Филмската академија (Academy Museum Gala), еден од најпрестижните настани во Холивуд, ги објави добитниците на признанијата за 2026 година. Годинашни лауреати се актерката Шарлиз Терон, актерот Колман Доминго и познатиот режисер Џон Карпентер, пишува „Холивуд репортер“. Иако настанот е поврзан со Американската филмска академија, тој претставува посебен бренд и иницијатива на Музејот во Лос Анџелес. Овогодишното ...

Ретко е епиграфот на еден филм толку концизно да сумира сè што ќе видите. Но, кога „Тони“ (Tony), новиот филм за покојниот готвач и писател за храна Ентони Бордејн, започнува, на екранот се појавува цитат од неговата значајна книга од 2000 година „Кујнска доверливост“ – мемоари за неговите рани денови работејќи во ресторанските кујни. „Бев – искрено – разгален, несреќен, нарцисоиден, самодеструктивен и безгрижен млад кретен“, вели цитатот. ...

Тројца битолчани, за кои има сомнение дека се ловокрадци, рано утрово околу три часот биле уапсени на територијата на Националниот парк „Пелистер“, откако полицијата ги затекла вооружени, соопшти МВР. „На 13.08.2026 во 03.00 часот на место викано „Голема грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски службеници од Полициското одделение Велушина и од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишија од слобода Н.С.(33) од Битола, Р.Ј.(53) ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седуммина други луѓе обвинети за злоупотреби во „Државна лотарија“, на 24 август ќе седнат на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Ова го соопшти Судот откако Обвинителството поднесе обвинение. – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и други лица. На сите обвинети им се става на товар кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 ...

Евролигата се подготвува за голема промена во форматот, бидејќи сезоната 2026/27 е предвидена да биде последна во која натпреварувањето ќе се игра со 20 кошаркарски клуба во систем на кружни натпревари. Планот е елитното европско клупско натпреварување да се прошири од сезоната 2027/28, додека сегашниот систем на лигата би можел да се замени со конференции. Ова го откри генералниот менаџер на Олимпија Милан, Христос Ставропулос, кој ...

Поранешната победничка и водителка навогодишниот избор за „Мис Универзум Канада“, Ешли Калингбул, го прекина финалето на натпреварот за да упати јавна критика на двете натпреварувачки поради тоа што носеле скандалозни костими кои содржат елементи на традиционалната облека на домородните народи. Калингбул, која е припадничка на домородниот народ Кри и првата староседелка што ја освоила оваа титула во 2024 година, реагираше за време на ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа. Сепак, рече Ангелов, опасноста продолжува. – Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но ...

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето на лице осомничено за шпионажа, кое било лишено од слобода на граничниот премин Мердаре. Станува збор за Ф. С., кој по одлука на Специјалното обвинителство е задржан во полициски притвор 48 часа, јавија косовските медиуми. По апсењето, истражители од Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тешки кривични дела, со судски налог, извршиле претрес во домот на осомничениот во селото Драгаш, ...

Дарвин Нуњез би можел повторно да заигра со Мохамед Салах ова лето, откако поранешниот напаѓач на Ливерпул, наводно, постигнал договор за трансфер во Трабзонспор. Нуњез е надвор од плановите на Ал-Хилал и една година по заминувањето од Ливерпул, ова лето повторно бара нов клуб. Иако пред некое време се поврзуваше со враќање во Ливерпул, а интерес за него покажуваше и Њукасл, најверојатната дестинација за Уругваецот е Турција. Турскиот ...

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ официјално ја претстави новата серија паметни телефони „Пиксел 11“, која носи повеќе меморија, новиот чип „Тензор Г6“ и значително поголема интеграција на вештачката интелигенција, пишува „Евроњуз“. Основниот „Пиксел 11“ сега доаѓа со 256 гигабајти простор за складирање, додека верзијата од 128 гигабајти е укината. Почетната цена изнесува 899 долари, односно околу 770 евра, што е за 100 долари повеќе од ...

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја елиминираше Елина Свитолина со 6:3, 1:6, 6:3 и се пласираше во финалето на турнирот во Торонто, Канада, каде што ќе игра за титулата со Елена Рибакина, која ја победи Коко Гоф со 2:1 во сетови во одличен финиш. Швјонтек ја победи Свитолина, од која ги загуби двата претходни мечеви оваа година, и се пласираше во своето прво финале оваа сезона. Нејзин ривал во дуелот за трофејот ќе биде Рибакина, која ја ја ...

Фудбалска Европа вчера се запозна со еден од најголемите таленти од генерацијата 2009 – Брајан Џомени Маџо. Напаѓачот на Астон вила постигна гол на своето деби за клубот од Бирмингем против Пари Сен Жермен во Суперкупот на Европа, израмнувајќи на 1:1. Маџо е роден во Енфилд, Англија на 12 јануари 2009 година и има само 17 години. Неговата физичка градба потсетува на Ромелу Лукаку, а поради неговата висина, силата и голгетерскиот инстинкт, ...

Адина Михај (31) и нејзиниот партнер Мадалин Думитру (30) се осудени на по 17 години затвор поради смртта на двајца мажи кои ги дрогирале и ограбиле. Михај се претставувала како сексуална работничка и договарала средби во домовите на жртвите, додека Думитру ѝ помагал во изработката на профили на интернет. Двојката во јуни ја признала вината за убиство од небрежност, а пресудата им била изречена денеска во судот во Оксфорд, објави „Скај њуз“. ...

Откако славниот Роџер Федерер повторно ги одбра Истра и Лошињ за семеен одмор, на хрватскиот брег се појави уште една тениска легенда. Рафаел Надал беше виден во Примоштен, каде што помина мирна и опуштена вечер, достојна за летен одмор, пренесуваат хрватските медиуми. Шпанската тениска легенда вечераше во познат ресторан во Примоштен, а потоа беше виден како шета по калдрмата на градот и ужива во опуштената далматинска атмосфера. Доаѓањето ...

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ го имаше својот прв настап на Европското првенство што се одржува во Париз, Франција. Во квалификациите, во својата група 2 го освои шестото место (од 10 натпреварувачи) со време од 1:52,59 мин. во дисциплината 200 метри слободно. Ова време претставува и нов државен рекорд (на 50 метарски базени), и за 15 стотинки го урна стариот рекорд на Александар Маленко од Европското јуниорско првенство во ...

Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го организирал бомбашкиот напад врз куќата на познатиот истражувачки новинар Сигфридо Ранучи. Според неговиот адвокат, намерата на Лавитола била новинарот, кој воедно е и негов пријател, да добие посилни безбедносни мерки. Признанието го дал пред истражителите откако бил уапсен на почетокот на неделата, пишува „Гардијан“. Во октомври минатата година, пред домот на Ранучи во место во ...

Од летувалиште преполно со туристи до сцена на масовна евакуација. За само неколку часа дел од Халкидики се претвори во борба со огнот и времето. Густ чад го покри небото над Касандра, пламените јазици се спуштија кон куќите, патиштата се затворија, а стотици жители и туристи спасот го бараа кон морето. Големиот шумски пожар што избувна денеска околу 14 часот во близина на Сивири и во почетокот зафати ниска вегетација, поттикнат од силниот ...

Денеска фудбалерите на Партизан славеа по вторпат против Тобол на гости во Казахстан со резултат 2:1 во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Српскиот клуб беше подобар и на првиот меч во Белград со 3:0, и со конечни 5:1 обезбеди пласман во плејофот. Домаќините рано во седмата минута поведоа со прекрасниот гол на Чесноков кој со волеј ја затресе мрежата на Круниќ. Пресвртот на гостите следуваше во вториот ...

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваната 13-та сезона од хорор-серијалот на Рајан Марфи, „Американска хорор приказна: 13“ која на едно место ќе ги собере најголемите ѕвезди и најпознатите ликови од сите претходни сезони. Премиерата е закажана за 24 септември, а сезоната ќе се состои од 13 епизоди, пишува „Холивуд репортер“. „Како ’Avengers‘ во хорор издание“ Рајан Марфи откри дека 13-тата сезона нема да биде фокусирана само на една тема, ...

Уште еден работник, кој, за да биде ситуацијата уште потрагична, бил на само две години пред пензионирање, загинал на работното место, соопшти МВР. Ова се случило во фирма во скопската општина Аеродром, каде работникот бил прегазен од машина-вилушкар, која сама се придвижила, според полициското соопштение. „На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина ...

Рекордно нискиот водостој на Дунав повторно го извади на површина она што реката го крие повеќе од осум децении. Кај Прахово, недалеку од Ѓердап, во тек е сложена операција за извлекување на потонати германски воени бродови од Втората светска војна, а во нив сè уште има бомби, гранати, мини и муниција што може да биде смртоносна и денес, пренесе Време. Во овој дел од Дунав се лоцирани десетици германски воени пловила, а голем број од нив се ...

Актерот Мел Гибсон откри нови детали за долгонајавуваниот петти дел од филмската франшиза „Смртоносно оружје“ („Lethal Weapon“), по години во кои зборуваше за можноста за продолжување на серијалот. Во ново интервју, Гибсон објасни како би изгледал петтиот филм и каде би се наоѓале неговите ликови по толку години. Тој откри и дека сака да ја преземе режисерската палка, што било желба и на покојниот режисер Ричард Донер. пишува „Дедлајн“. ...

Белгискиот фудбалски репрезентативец Жереми Доку го продолжи договорот со Манчестер сити до јуни 2031 година, потврдија актуелните англиски шампиони во четврток. Претходниот договор на 24-годишниот играч беше важечки до јуни 2028 година. Доку дојде во Манчестер сити во 2023 година од францускиот Рен и досега одигра 131 натпревар за клубот од Етихад, постигнувајќи 22 гола. Минатата натпреварувачка сезона, Доку беше најдобар играч за клубот од ...

„Одисеја“ стана филм со најголема заработка во кариерата на режисерот Кристофер Нолан, заработувајќи повеќе од 1 милијарда долари на глобалните кино благајни за помалку од еден месец по објавувањето, пишуваат странските медиуми. Блокбастерот, чија премиера беше на 17 јули, е адаптација на античкиот грчки еп на Хомер и го следи Мет Дејмон како Одисеј, грчкиот крал на Итака, на неговото опасно 10-годишно патување кон дома по Тројанската војна. ...

Холивудската актерка Никол Кидман (59) во интервју за септемвриското издание на „ Британски Вог“ отворено зборува за своите професионални успеси, но и за длабоките лични промени по разводот со музичарот Кит Урбан со кого беше во брак 19 години. Седејќи во клуб во лонданскиот кварт Нотинг Хил, Кидман го опишува својот моментален живот како застанување на работ на непознатото. Минатиот септември таа поднесе барање за развод во Нешвил, а ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75