Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Полски земјоделец во петокот со трактор изора 200 метри новоасфалтиран пат, тврдејќи дека минува преку неговиот имот, и предизвика голема материјална штета за која му се заканува затворска казна до 10 години, објави „ТВП ворлд“. Полицијата го приведе 60-годишниот маж, откако со трактор „Урсус“ уништи дел од новоасфалтираниот пат во Гливице, во јужна Полска. На видеото што градоначалничката на Гливице, Катаржина Кучинска-Будка, го објави на ...
Речиси три години во новата зграда на улица „Иван Козарев“ број 6 во општината Кисела Вода се вселени дел од станарите иако зградата е без технички прием и нема имотни листови, а инвеститорот допрва ќе прави измени при градба на објектот. Од Општина Кисела Вода, на прашањата поврзани со моменталниот статус на објектот, објаснуваат дека инвеститорот до Општината поднел барање за измени во текот на градбата. Оваа административна постапка е ...
Вчера бил најтежок ден од почетокот на сезоната на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, информираше преку видеопорака директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот биле изгаснати 46 пожари, додека шест останале активни и денеска. Во меѓувреме, денеска се појавиле и нови пожари. „Еден од најтешките пожари е во близина на Прилеп, покрај магистралниот пат ...
Со пораки дека различностите не треба да нè делат, туку со нив мудро да управуваме, дека Рамковниот договор треба да се надградува, со предупредувања дека ако се урнат главните столбови на Договорот, во прашање се доведува мирот и стабилноста на државата, но и дилеми дали на Македонија ѝ е потребен нов договор, државниот врв и партиите одбележаа 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор, со кој се стави крај на конфликтот во 2001 ...
Водителката и новинарка Александра Јовановска од МТВ ужива во првиот летен одмор со својот син Лука. Таа сподели неколку моменти од летувањето, на кои се гледа како малиот Лука ужива покрај вода. „Во последно време…“, напиша Јовановска на објавата со фотографиите од Лука, кој за неколку месеци ќе го прослави својот прв роденден. Александра стана мајка на 10 ноември 2025, кога го роди Лука, првото дете со нејзиниот долгогодишен партнер Ангел ...
Нов воздушен инцидент е регистриран во близина на романско-украинската граница, откако радарскиот систем на романското Министерство за одбрана во текот на ноќта следел пет воздушни цели. Еден од дроновите накратко навлегол во романскиот воздушен простор, објави романски „Њуз“. Според романското Министерство за одбрана, инцидентот се случил ноќта меѓу 12 и 13 август. Околу 1:27 часот радарите регистрирале група од пет воздушни цели во близина ...
Судењето на мајка која е обвинета за убиството на своите три деца денес продолжи со 13-тиот ден на сведочења пред судот во американската сојузна држава Масачусетс, пренесува „Си-ти инсајдер“. Линдзи Кленси е обвинета дека на 24 јануари 2023 година, во подрумот на семејниот дом во Даксбери, Масачусетс, со еластични ленти за вежбање ги задавила петгодишната Кора, тригодишниот Досон и осуммесечниот Калан. Обвинителството тврди дека Кленси е ...
Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, Андон Чибишев вели дека не го разбира мотивот и потребата да се шират (дез)информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли. Тој се огласи преку објава на Фејсбук по вчерашната паника во јавноста за безбедноста на скопската вода. „Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата ешерихија ...
Скопското обвинителство непосредно пред истекувањето на рокот за истрага, поднесе обвинение против поранешниот вицепремиер Артан Груби и му го продолжи куќниот притвор како второобвинет за злоупотреби во „Државна лотарија“ за кривично дело злоупотреба на службената положба. Обвинение е поднесено против вкупно осум лица кои се товарат дека во 2023 и 2024 година ги злоупотребиле овластувањата и должностите и ја оштетиле „Државна лотарија“ за ...
На денешен ден, пред две години, во 86-тата година од животот почина Лазар Лечиќ, едно од најголемите имиња во историјата на македонската и југословенската кошарка. Лечиќ повеќе од шест децении беше дел од кошарката, а најголемиот дел од својата кариера го посвети на развојот на КК Работнички, клуб кој со особена љубов го нарекуваше „мојот Работнички“. Како тренер беше препознатлив по својата енергија, харизма, тактичка подготвеност и ...
Аријана Гранде ја потврди обновената романса со поранешното момче Рики Алварез, откако за првпат објави нивни заеднички фотографии на Инстаграм. Во средата, на 12 август, 33-годишната поп-ѕвезда сподели серија фотографии од различни моменти, меѓу кои се најдоа и неколку дискретни фотографии со Алварез, со кого беше во врска од 2015 до 2016 година. На една од фотографиите, Гранде ги фотографира нивните усогласени комбинации пред огледало, без ...
„Спотифај“ ќе започне да ги означува профилите на музички изведувачи создадени со вештачка интелигенција со ознака „ВИ лик“, а нивната музика по правило нема да се појавува во уредувачките и алгоритамските препораки на платформата, пишува „ТекКранч“. Компанијата соопшти дека од средината на септември корисниците на „Спотифај“ ќе почнат да забележуваат ознаки „ВИ лик“ на одредени профили на изведувачи. Ознаката ќе покажува дека идентитетот на ...
Денеска со почеток од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ фудбалерите на Шкендија ќе го играат реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против шкотскиот Хибернијан. Тетовските „црвено-црни“ од првиот меч имаат минимална негатива (2:1) која играчите на тренерот Артим Положани ќе се обидат да ја анулираат пред своите навивачи за пласман во плејофот. Во однос на првиот меч одигран во Единбург каде ...
Француската фудбалска федерација (ФФФ) официјално го објави новиот стручен штаб на Зинедин Зидан, кој го наследува Дидие Дешан. Највозбудливата вест е враќањето на легендарниот чувар на мрежата, Фабиен Бартез, кој ќе ја преземе функцијата тренер на голманите. Назначувањата, лично одобрени од претседателот на федерацијата, Филип Дијало, врз основа на предлозите на Зидан, носат здив на свеж воздух и богато искуство. Повторното обединување на ...
Речиси еден месец ќе помине, а иако премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавуваа дека многу брзо ќе се исчисти водата во Гостивар, откако беше загадена со фекалии, ниту Институтот за јавно здравје, ниту Агенцијата за храна и ветеринарство немаат дадено официјална потврда дека водата е чиста и може да се пие. Додека премиерот е на екскурзија, министерот за внатрешни работи, кој го водеше кризниот ...
Комисијата за заштита на конкуренција на својата официјална страница објави Известување за концентрација со која „Проекс интернационал Л.Л.Ц“, Косово ќе стекнe контрола над „Тинекс маркет“ ДООЕЛ Скопје. Комисијата информира дека на 10.8.2026 година, до неа е доставено известување за концентрација со која „Проекс интернационал Л.Л.Ц“. со седиште во Приштина има намера да стекнe контрола врз Друштвото за трговија на мало „Тинекс маркет“ ДООЕЛ. ...
Денес околу 37.000 луѓе, што биле прогонувани од режимот на поранешна Источна Германија (ГДР), добиваат надомест во вид на пензија, изјави повереничката на Бундестагот за жртвите на диктатурата на СЕД, Евелин Цупке. СЕД, односно Социјалистичката партија на единството на Германија, беше владејачка партија во ГДР од 1946 до 1989 година. Право на месечен надомест имаат луѓето што во ГДР биле затворени подолго од 90 дена поради политички ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува искрено и длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и сите кои го познаваа и соработуваа со Лирим Хајредини. Хајредини повеќе од 16 години ја извршуваше функцијата оперативен директор на телевизијата Алсат, каде што остави значаен професионален белег и придонес во медиумскиот сектор. Неговата професионалност, посветеност и придонес во медиумската заедница ќе останат ...
Петнаесетгодишната Кристина, која беше исчезната и се трагаше по неа од вчера попладнето, е најдена денеска во Охрид, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Слободен печат“. „Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила ...
Мартин Филиповски, гитаристот на „Некст тајм“ искрено кажа што мисли за Јаков Јозиновиќ, а ги искоментира и критиките дека тој и брат му се популарни со обработени песни. Близнаците Мартин и Стефан Филиповски од дуото „Некст тајм“ гостуваа во емисијата „Полиграф“ кај Стефонатор, каде што зборуваа за својата музичка кариера, авторските песни, но и за обработките на македонски народни песни по кои во последните години станаа особено ...
Андреј Рајатоски, познат по неговите ангажирани видеа како „Градинарот“, како и здружението „Млади од семејна разновидност“ и „Зелени пионери“ се добитниците на Наградите за младинско учество за 2026 година. Наградите беа доделени вчера по повод Меѓународниот ден на младите, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во ...
Британскиот актер Ентони Хопкинс на 21 август ќе го објави својот дебитантски албум со класична музика, насловен „Животот е сон“ („Life Is a Dream“). Албумот содржи 12 композиции што Хопкинс ги создавал во текот на шест децении, а ќе го објави издавачката куќа „Дека рекордс“ („Decca Records“), пишува „Еуроњуз“. На снимањето, одржано во април во лондонската палата Александра, учествувал Филхармонискиот оркестар, со кој диригирал Густаво ...
Маж и жена се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во близина на кичевското село Тајмиште, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале кола и товарно возило. „Несреќата се случила околу 8 часот и во неа учествувале патничко и товарно возило. Повредени се маж и жена кои биле во патничкиот автомобил. Тие биле пренесени во Општата болница во Кичево за укажување лекарска помош“ соопшти МВР. ...
Браќата Ендру и Тристан Тејт, обвинети за силување, чувале цела залиха пасоши со различни лажни имиња за да патуваат во странство — меѓу кои и едно име преземено од негативец од роман за познаниот британски шпион Џејмс Бонд, пренесува „Њујорк пост“. Тристан Тејт имал мексикански пасош со својата фотографија и датум на раѓање, но со името „Владимир Скорпиус“, името на главниот негативец во шпионскиот роман за 007 „Скорпиус“, се наведува во ...
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во Мркоњиќ Град рече дека „Српската Црква е иста и во Мркоњиќ Град и во Пирот и во Мелбурн и во Скопје“. Од Синодот посочуваат дека МПЦ-ОА, е „легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“, како и наследничка на Јустинијана Прва и на обновената Охридска ...
На 11 август 1999 година, Војчех Кубјак за момент ги симнал заштитните очила за да го фотографира затемнувањето на Сонцето. Во тие неколку секунди не почувствувал ниту болка, ниту печење, ниту каков било знак дека нешто сериозно се случува. Дури подоцна сфатил дека видот му е трајно променет, пишува „РТЛ Белгија“ („РТЛ“). Пред 27 години, Брисел, како и голем дел од Европа, за кратко потонал во темнина поради целосното затемнување на Сонцето ...
Фолк-пејачот Зоран Ванев, кој е роден во Штип, а долги години живее во Швајцарија, со отворено писмо упати серија обвинувања за начинот на кој се организира и финансира фестивалот „Макфест“. Тој ги повика Општина Штип, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство да го испитаат трошењето на јавните средства за фестивалот. Во писмото насловено „Скандал од Макфест до Пастрмајлијада: Како народните пари од ...
Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 пронашле тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. „Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите“ соопштија од Царинската управа. Ова е четврти ...
Утрово е пронајдено телото на еден од двајцата португалски државјани кои исчезнаа пред два дена заедно со уште двајца во Јадранското Море. Телото било забележано од хеликоптер. Потрагата по четвртиот сè уште е во тек, објави Индекс. Четворица млади Португалци исчезнаа во Јадранското Море за време на невреме, имало бранови над три метри Вчера по неколкучасовно пребарување во каналот Велебит беа пронајдени живи маж и жена, а интензивните ...
Душан Влаховиќ официјално e нов играч на Бешикташ, а при пристигнувањето во Истанбул со себе донесе нешто што никој не го очекуваше – две гајби домати. Според турските медиуми, причината за необичниот багаж е поврзана со преговорите за трансферот. Челниците на Бешикташ, кои престојувале во Белград додека се договарал трансферот, наводно биле воодушевени од доматите што ги јаделе за време на заедничката вечера во еден белградски ресторан. ...