
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



РК Алкалоид синоќа го изгуби натпреварот со данскиот тим Силкеборг 23:31. Тоа беше натпревар од третото коло во Лигата на Европа на ЕХФ. Натпреварот се играше скоро и изедначено во почетните десетина минути, но потоа данскиот тим ја зголеми брзината, а на тоа се надоврзаа и многуте технички грешки и промашени седмерци од страна на ракометарите на Алкалоид. Добро почна и второто полувреме, но секогаш кога Алкалоид ќе дојдеше до шанса да се ...
Се сеќавате ли кога поодамна (средината на октомври) власта вети дека ќе најде начин за најмногу две недели да си ги скрати преголемите плати? И? Поминаа ли за нив двете недели? Околу илјада македонски функционери, министри, пратеници, директори… нема да треба да се грижат околу трошењата за Нова година. Платите кои пред половина година им ги покачија за рекордни 78 проценти ќе им останат и до тогаш. Така барем вчера најави министерката за труд ...
Ракометниот репрезентативец на Македонија, Филип Кузмановски, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Овој трансфер, клубот од Битола го потврди на социјалните мрежи. Претходно, сега веќе поранешниот клуб на Кузмановски, Вецлар, објави дека спогодбено се разделил со македонскиот репрезентативец. -Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Еурофарм ...
Грција одби да го поддржи писмото со кое се бара од Европската комисија да ги отвори првите пет поглавја од разговорите за пристап во ЕУ. Ова го изјави дипломатски извор за порталот „Еурактив“, со оценка дека на овој начин Атина врши притисок врз Тирана да покаже „креативност“ за да се реши тековната билатерална криза која настана во мај поради апсењето на етничкиот Грк. кандидат за градоначалник Фреди Белери, кој се кандидираше под знамето на ...
Жителите на островот Исланд стравуваат од голема вулканска ерупција. Во последните неколку дена земјотресите на Исланд не престануваат, имаше денови кога земјата се тресеше речиси 1.000 пати, пренесуваат медиумите од оваа земја. – Се плашам дека никогаш повеќе нема да го видам мојот дом. Ситуацијата е ужасна, вели Исланѓанецот Гисли Гунарсон, кој морал да го напушти родниот Гриндавик поради страв од вулканска ерупција, пренесува Би-би-си Гисли е ...
Масовни депортации, забрана за влез на муслиманите, царини за сите увезени стоки, крај на војната во Украина, отпуштање државни службеници. Oва се дел од ветувањата на Доналд Трамп, за кои вели дека ќе ги реаизира доколку повторно стане претседател на САД „Гласот на Америка“ пренесува анализа на „АП“ дека, доколку се спроведат, плановите на Трамп ќе означат големи промени во владата, дури и поголеми отколку во неговиот прв мандат. Првите четири ...
Словенечката Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата го забрани за употреба познатиот енергетски пијалак „Прајм“. Инспекцијата на управата извршила контроли на пијалакот при што е откриено дека во оптек има две верзии. Подоцнежната проверка на состојките покажа дека енергетскиот пијалак ја содржи состојката Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалаци во ЕУ, но е дозволена во друга храна. Така, оваа ...
Торбата со алатки што ја изгубија астронаутите на НАСА Јасмин Могбели и Лорал О’Хара може да се види во вселената. Могбели и О’Хара ја изгубиле торбата додека правеле поправки во Меѓународната светска станица (ISS) на 1 ноември, објави „Гардијан“. Вредноста на алатките кои биле во торбата вредат околу 100 илјади евра. – При поправка е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не ...
Дигиталниот номадски начин на живот зема се поголем замав. Па така компанијата „Remitly“ која пружа финансиски услуги, претставила листа од градови ширум светот во кои луѓето сонуваат да се преселат (според пребарувањата на Гугл). Истражувајќи го обемот на пребарување на изразот „move to (city)“ на Гугл, компанијата составила листа и прогласила еден град најпопуларен за оние кои сакаат да се преселат. Најпосакуваната дестинација за преселување ...
Македонија станува се позадолжена држава. Премногу често големи кредити се земаат. Се чини, земјава веќе е и презадолжена. Задолжи се за да се раздолжиш и така уште повеќе задолжи се. По ваков принцип, се чини, функционира состојбата со надворешниот долг во државата кој од година во година станува се поголем и сега стаса до околу 8,3 милијарди евра. Огромна сума. Сепак, од друга страна, министерството за финансии пред десетина дена се пофали ...
РК Алкалоид, денеска ќе го пречека претставникот на Данска Бјерингбро-Солкеборг во Лигата на Европа на ЕХФ. Дебитантот на европската сцена, Алкалоид, во првите две кола доживеа пораз на домашен терен од Војводина и одигра нерешено против Ла Риоха во Шпанија. Данскиот тим има победа над Ла Риоха и пораз од Војводина. Кире Лазаров кој е тренер на ракометарите на Алкалоид е дециден: -Нашата публика ќе има можност да гледа еден квалитетен натпревар ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болницата Ал-Шифа, најголемата во градот Газа, речиси е претворена во гробишта бидејќи околу болницата има тела кои не можат да се однесат во мртовечници или да се закопаат. Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, изјави дека околу 600 луѓе останале во болница, пренесува Би-Би-Си. Директорот на болницата Мохамед Абу Селмија изјави дека израелските власти се уште не дале дозвола тела на ...
Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари објави дека припадниците на ИД извршиле рација во детската болница Рантиси во градот Газа. При рацијата тие го нашле командниот центар на палестинската милитантна група Хамас. – Хамас се крие во болниците. Под болницата, во подрумот, го најдовме командниот и контролниот центар на Хамас, елеци за бомбаши самоубијци, гранати, пушки АК-47, експлозивни направи и друго оружје, компјутери, пари, ...
Поради силниот тренд на депопулација, на Хрватска ќе и недостасуваат стотици илјади работници од сите профили и ќе мора да ги увезува однадвор. Ова го истакна гувернерот на ЦНБ, Борис Вујчиќ, кој предупреди дека демографските движења се такви што земјата има сериозен пад на бројот на жители во работната група и мора да прибегне кон привлекување нова работна сила од странство. На Хрватска ќе и недостигаат дури 400.000 работници, бидејќи многу од ...
Агенти на американската тајна служба, кои ја штитат внуката на американскиот претседател Џо Бајден, отвориле оган кога три лица се обиделе да упаднат во необележаното возило на тајната служба во Вашингтон, соопшти денеска тајната служба. Агентите задолжени да ја заштитат Наоми Бајден, внуката на американскиот претседател, биле со неа во населбата Џорџтаун во неделата доцна вечерта кога виделе три лица како го кршат прозорецот на паркиран ...
Уште еден голем пропуст на фармацевтската индустрија. „Талидомидот“ беше активна состојка во седативот кој беше широко дистрибуиран кај многу мајки во светот во раните 60-ти. Подоцна беше откриено дека предизвикува малформации на екстремитетите, цртите на лицето и внатрешните органи кај неродените деца. Австралија ќе упати национално извинување до сите граѓани погодени од трагедијата со „талидомид“, изјави во понеделникот премиерот Ентони ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стигна до полуфиналето на турнирот во Ираклион и освои 25 бодови со кои забележа напредок на ВТА-листата. Ѓорческа напредуваше за 11 позиции на ранг-листата, па сега се наоѓа на 178. место во светот, односно само осум позиции полошо од нејзиниот најдобар пласман во кариерата. Македонката оваа недела ќе одмори, а следната ја очекува настап на фјучерсот во Валенсија. Напредок на ВТА-листата забележа и ...
Стравичните сцени кои пристигнуваат од Палестина ја фрапираат светската јавност. Многумина повикуваат на мир. Има и многумина кои протестираат во знак на поддршка на Палестинците во Појасот Газа. Вчера такви протести имаше во Сараево, Белград и Подгорица. Насобраните граѓани носеа транспаренти со слогани: „Сараево страда поради страдањата во Газа“; „Ослободете ја Газа“… Во Подгорица учесниците на протестот побараа од својата Влада да воведе ...
Со победата над Холгер Руне на стартот на Завршниот АТП турнир во Торино, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ до крајот на годината ќе остане прв на АТП-листата. Тој повторно испиша историја, односно 400 недели прв на АТП листата, со тоа стана првиот кој поминал повеќе од 400 недели на тоа место. Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во првото коло од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 2:1, по сетови 7:6 (4), 6:7 (1) и 6:3. По оваа ...
Во рамките на мисијата „Транспортер 9“, во ниската орбита на Земјата беше лансирана ракетата Фалкон 9 со десетици минисателити, објави „Спејс икс“ на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер). Мисијата „Транспортер 9“ е деветти специјален лет на ракета „Спејс Икс“ во орбитата која носи десетици микро и наносателити за комерцијални и владини клиенти, пренесува новинската агенција „Танјуг“. „Фалкон 9“ беше лансиран од вселенската база Ванденберг во ...
Украина ќе има доволно енергетски ресурси за да ја преброди претстојната зима, но очекуваното зголемување на руските напади може да ги наруши мрежите за снабдување, изјави украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко. „Имаме доволно енергетски ресурси, мирни сме во врска со тоа“, изјави Галушченко за украинската јавна телевизија. -Прашањето е колку идните напади ќе влијаат на снабдувањето, додаде тој. Во изминатите неколку недели, ...
Владејачката коалиција на германскиот канцелар Олаф Шолц се согласи да ја удвои германската воена помош за Украина следната година на осум милијарди евра, објави Bloomberg News, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Доколку биде одобрено од парламентот во Берлин, каде што партијата на Шолц има мнозинство, зголемувањето ќе ги подигне германските трошоци за одбрана над целта од 2 отсто од бруто домашниот производ што ја ветија сите ...
Шпанската полиција уапси 121 лице, меѓу кои 118 мажи и три жени, во една од најголемите операции спроведени во таа земја против детска порнографија. Во рамки на акцијата извршени се 125 претреси и запленети се 946 уреди со 500 терабајти порнографска содржина со малолетници. При претрес на домовите и работните места на уапсените, одземени се 368 хард дискови, 427 ЦД-а и ДВД-а, 114 УСБ флеш драјвови, 37 мемориски картички, 60 компјутери, 47 ...
Фудбалерите на Вардар остнаа на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен загубија од Воска спорт (1:2). За разлика од Вардар, АП Брера Струмица против актуелниот шампион Струга ТЛ ја прекина серијата од девет натпревари без победа. Победи и тоа минимални, поладнево забележаа Гостивар и Шкендија. АП Брера славеше над Струга ТЛ со 2:1 со пто стави крај на серијата лоши резултати. Струмичани ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот во Ираклион, Грција. Нашата најдобра тенисерка загуби од Русинката Екатерина Макарова со 2-0. Во првиот сет беше неизвесно, се решаваше во тај-брејкот и на крајот Русинката беше поуспешна. Во вториот сет нашата тенисерка не успее да го следи темпото што го наметна противничката и го загуби со 3-6 и со тоа и мечот. Во финалето ќе играат Макарова и чешката ...
Глобалното затоплување петкратно ја зголеми брзината на топење на глечерите на Гренланд во последните 20 години, соопштија денеска научниците од Универзитетот во Копенхаген. Топењето на мразот на Гренланд предизвикува особено загриженост бидејќи древниот леден покривач, доколку целосно се стопи, има доволно вода за да го подигне нивото на морето за најмалку шест метри. -Студијата за илјада глечери во оваа област покажа дека стапката на топење ...
На една недела пред натпреварот со Македонија, селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети, го објави списокот на кандидати за настап. Составот на Италија за дуелите со Македонија и Украина: Голмани: Донарума, Мерет, Проведел, Викарио Одбрана: Ачерби, Бастони, Бонџорно, Калабрија, Камбиасо, Дармиан, Ди Лоренцо, Димако, Гати, Толои Среден ред: Барела, Бонавентура, Колпани, Кристанте, Фратези, Жоржињо, Локатели Напад: ...
Здравствениот систем во Појасот Газа е „на колена“, предупреди првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) во Советот за безбедност на ОН, посочувајќи дека половина од 36-те болници во енклавата „воопшто не работат“. -Ситуацијата на теренот е невозможно да се опише: болнички коридори полни со ранети, болни и луѓе кои умираат, полни мртовечници, операции без анестезија, десетици илјади луѓе кои се засолнуваат во болниците, рече ...
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден доби остри предупредувања од американските дипломати во арапските земји дека силната американска поддршка за воената кампања на Израел во Газа доведува до зголемен гнев кај арапската јавност кон Вашингтон, објави Си-Ен-Ен. Американските дипломати изразија длабока загриженост поради зголемениот гнев кон САД, откако Вашингтон „го поддржа правото на Израел да се брани по нападот на Хамас ...
Вкупно 250 илјади албански граѓани ја напуштиле државата во период од осум години, покажуваат податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за периодот од 2011-2019 година. Ако се направи пресметка излегува дека речиси по 100 албански граѓани секој ден заминувале од земјата. Овој податок беше изнесен на трибина организирана од Албанскиот хелсиншки комитет на на која се разговараше за предизвиците кои длабоко ја засегаат албанската популација: ...