Зад Итан Хап се неколку одработени тренинг-сесии со нашиот национален тим. Треба да биде од голема помош на оние наши, условно кажано, високи играчи кои треба да бидат заштита на нашиот рекет, на нашиот кош во овој прв ФИБА „прозорец“ од новииот циклус од квалификациите, сега за пласман на Европското првенство во 2025 година. Овој 27. годишен кошаркар, како што вели, со потекло од Илиноис, полека се аклиматизира на новите „услови за работа“. ...

На денешниот квалификациски натпревар против Естонија, за македонската репрезентација ќе дебитира новиот натурализиран кошаркар Итан Хап. За разлика од претквалификациите, стручниот штаб на чело со Александар Јончевски одлучи дека сега ни е потребен висок играч, па Ти Џеј Шортс доби поштеда, а местото за натурализиран играч ќе го пополни кошаркарот на Гран Канарија. Хап веќе се приклучи на подготовките и ги откри своите први впечатоци од ...