
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Шест тинејџери во Франција денеска ќе се појават пред судот зад затворени врати, обвинети за вмешаност во обезглавувањето на наставникот по историја Самуел Пати од страна на осомничен исламист во 2020 година во напад што ја потресе земјата. Наставникот им покажал на своите ученици карикатури од пророкот Мухамед на час за слобода на изразување, што налутило голем број родители муслимани. Муслиманите веруваат дека секое прикажување на пророкот е ...
Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија беше убедлива и во вториот пријателски натпревар одигран вчера во салата „Автокоманда“ во Скопје против соодветната селекција на Велика Британија, славејќи со 34-19. Првиот пријателски дуел со Велика Британија, кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, пред неколку дена Македонија го доби 36-17. На овие два меча, кои се одиграа во рамките на неделата на Европската ракометна ...
Американската полиција и федералните агенти трагаат по вооружен маж кој застрела и рани тројца студенти од палестинско потекло во Бурлингтон, Вермонт, за што истражителите се сомневаат дека е злосторство од омраза, соопштија органите за безбедност. Белец вооружен со пиштол пукал во тројцата млади на улица во близина на Универзитетот во Вермонт во саботата вечерта, а потоа побегнал. -Сите се на возраст од 20 години и примаат медицинска нега. ...
Милијарда евра скапиот хидроенергетски проект ХЕЦ „Чебрен“ се уште е топ тема во македонската јавност. Зошто? Па, нема одговори од Владата на многу прашања кои се наметнуваат… Се множат нејаснотиите, но одговорите не се даваат. По објавата на Владата дека е одбрана грчка фирма како иден концесионер и инвеститор кој ќе треба да вложи околу една милијарда евра за изградбата на браната, а ќе се здобие со 60-годишната сопственост при што Македонија ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека САД и ЕУ треба да ја прифатат реалноста и да излезат со „план Б“, бидејќи Русија нема да загуби. Орбан рече дека стратегијата на САД и ЕУ за финансирање на војната во Украина, со надеж дека малата загуба на бојното поле ќе доведе до промена на власта во Москва, е залудна. – Наместо да се обиде да го локализира конфликтот, Западот реши да го ескалира, правејќи го глобален, рече Орбан на настанот по ...
Првиот човек на соседна Србија, Александар Вучиќ, на медиумите изјави дека Бугарите негoдувале затоа што Србија е популарна од Бугарија во Македонија. За ова јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ гостувајќи на „ТВ Пинк“ и говорејќи за односите во регионот изјавил дека мисли „оти односите со Црна Гора се нешто подобри од порано, со Унгарија и Македонија најдобри во историјата и дека Бугарите ни замеруваат затоа што сме попопуларни од нив во ...
Томас Салве од Шведска работел како пилот 13 години иако немал дозвола за летање, пишува „Дејли мејл“. Бил копилот, потоа пилот и никој никогаш не се сомневал во неговите летечки способности. Тој беше уапсен во 2013 година во Холандија откако беше приведен на аеродромот во Амстердам додека со авион „боинг 737“ со 101 патник се подготвувал да полета за Анкара. Салме претходно имал само дозвола за управување со помали авиони, но и таа истечена. ...
Хамас – група означена како терористичка организација од САД и ЕУ- се согласи да ослободи 13 Израелци и седум странци на 25 ноември ноќта во замена за 39 Палестинци затворени од Израел, соопштија катарските и египетските посредници, пренесе агенцијата АП. Соопштението дојде откако Хамас синоќа го одложи ослободувањето на неколку часа, велејќи дека Израел ги прекршил условите од договорот за примирје. Израел негираше дека не се придржувал до ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас синоќа ја откри енигмата околу тоа кому му била наменета гестикулацијата со правењето на срце при прославата на голот за Наполи. Тој синоќа му донесе победа на Наполи на незгодното гостување кај Аталанта со 2-1 во 13. коло од Серија А. -Ова е и гол на Осимен, а не само мој. Не секој би ја додал топката во ситуацијата во која се најде Виктор, многумина би шутирале. Треба да размислуваме за ...
Најголемата санта мраз во светот почна да се движи откако беше „закотвена“ на дното на океанот повеќе од 30 години. Сантата А23а се одвои од брегот на Антарктикот во 1986 година, но речиси веднаш се насука во Веделското Море и стана еден вид леден остров. Со површина од речиси 4.000 квадратни километри, таа е двојно поголема од Лондон, а неговата дебелина е околу 400 метри. За споредба, лондонскиот Шард, највисокиот облакодер во Европа, е висок ...
28-годишниот Мајк Вила Фонсека, пратеник во данскиот парламент, во интервју за ТВ 2 признал дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа го прекршил кодексот на однесување на Умерената партија, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува Берлингске. Претседателот на партијата Ларс Локе Расмусен набрзо објави дека Фонсека треба да биде исклучен, по што самиот Фонсека реши да ја напушти партијата и да ...
Повеќе од половина милион луѓе во ЕУ умреле од загаден воздух во 2021 година, покажуваат податоците на Европската агенција за животна средина, а половина од смртните случаи, како што тврдат, можеле да се избегнат со намалување на загадувањето до препорачаните граници, пишува Гардијан. Истражувачите од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) припишуваат 253.000 предвремени смртни случаи на концентрациите на фините честички во воздухот ...
Астрономите забележаа огромна област на површината на Сонцето, прошарана со сончеви дамки, чија активност наскоро ќе биде насочена кон Земјата. На областа широка околу 200.000 километри, или 15 пати поширока од пречникот на Земјата, во наредните недели ќе има силни коронални масовни исфрлања, кои би можеле да ја „удираат“ Земјата и да предизвикаат геомагнетни бури, кои имаат потенцијал да ја нарушат радиокомуникацијата и да предизвикаат ...
Нужни се многу одговори од страна на власта околу намерата да се реализира Договорот за големиот хидроенергетски проект „Чебрен“. Изградба и давање под 60-годишна концесија на грчкиот инвеститор Владата упорно ја турка. Скоро секој ден излегуваат експертски анализи и сознанија од кои некои навистина треба добро да се проанализираат пред да се тргне во авантурата. Скоро сите експерти поставуваат едно прашање – зошто македонската влада запнала да ...
Колумна на Никола Тасев: Македонија требало да биде спокојна. Владата следната година ќе ја „градела“ со буџет од 5,5 милијарди евра. Најголем досега, иако немаше некој раст оваа година за да се оправда тоа големо трошење. Ама развоен ќе бил буџетот – така велат министрите. Треба ли да сме спокојни? Владата на ДУИ и СДСМ истото го кажуваа и лани – дека ќе имаме развоен буџет. Заедничко на сите досегашни буџети проектирани од оваа политичка ...
Една од насилните европски економии, односно норвешката економија влезе во рецесија. Норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезе во рецесија, при што странската побарувачка за гас опаѓа, покажаа податоците на норвешкиот завод за статистика, објави „Н1телевизија“. Норвешкиот БДП во периодот од јули до септември е намален за 0,5% во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад. Во првите три месеци од годинава ...
Пет лица, меѓу кои три деца, се пренесени во болница по сериозен инцидент во Даблин, соопшти ирската полиција. Инцидентот се случил вчера во центарот на градот нешто по 13:40 часот по локално време. Ирската телевизија „РТЕ“ објави дека повредите биле предизвикани од убодни рани. Ранети се маж, жена и три малолетни деца. По инцидентот во Даблин избија масовни нереди. Едно девојче и една жена се лекуваат со тешки повреди. Други две деца и еден маж ...
Четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, за да се овозможи ослободување на заложниците во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, официјално стапи на сила утрово во 7 часот по локално време. Првото ослободување на заложниците, кои се 13 жени и деца, се очекува околу 16 часот по локално време. За време на примирјето се очекува да бидат ослободени најмалку 50 од околу 240 заложници кои Хамас ги зароби на 7 октомври, во замена за ...
Талогот од кафе може да се користи во нов третман за Алцхајмеровa и Паркинсонова болест, покажува нова студија. Јаглеродните квантни точки базирани на кофеинска киселина, кои се направени од отпад од кафе, се покажаа ветувачки во третманот на невродегенеративните нарушувања. Евтините лекови помогнале да во заштитата од ефектите на Паркинсоновата болест во експериментите со епрувета кога болеста била предизвикана од пестицид наречен паракват, ...
Непознати разбојници го урнале ѕидот на продавницата „Оптика Мирковиќ“ во Подгорица и украле над 250 очила за сонце, чија вкупна вредност е околу 100.000 евра. За ова на социјалните мрежи јавноста ја информираше „Оптика Мирковиќ“. Според објавената фотографија, крадците во оптиката влегле со уривање на ѕидот од соседната зграда. – Додека работевме, избиравме колекции, гледавме нови модели, работеше и некој друг. Ова може да се види само на ...
Холандскиот премиер Марк Руте најверојатно ќе биде заменет со екстремниот десничар и ЕУ скептик Герт Вилдерс, откако неговата Партија на слободата (ПВВ) освои 37 од 150 места во парламентот, јавува Ројтерс. Вилдерс ќе почне да преговара со Народната партија за слобода и демократија (ВВП) предводена од Дилан Јесилгоз и Новиот социјален договор (НСЦ) на Питер Омчиг. Тие заедно би можеле да иимаат 81 претник во Парламентот, доволно да формираат ...
Се врати ли министерот за информатичко општество во Македонија од службениот пат во странство? Да бе, јавноста се интересира овој министер каде е. Ете, баш без него не можело да стаса предлогот на работната група за намалување на функционерските плати. Така барем во понеделникот вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на јавноста и објаснуваше зошто се уште не е готов предлог на решението за намалување на фунционерските плати. ...
Корупцијата го поклопи македонското општество. Надлежните постојано кажуваат дека се борат против неа, формираат комисии, назначуваат дури и министри и вицепремиери за антикорупција, па и за добро владеење, па тврдат дека тоа е приоритет на полицијата, на јавните обвинители, но… Македонија има и специјална Антикорупциска комисија. Сега треба да се случи нов момент во ова тело. Од денеска во македонско Собрание се водат интервјуа со 42 пријавени ...
Од 30 во 50 ракети денеска биле истрелани од Либан, односно од позициите на Хезболах кон Горна Галилеја, регион во северен Израел, што е најголемиот баражен напад од почетокот на борбите на северната израелска граница. Поради нападите израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц се закани дека она што се случува во Газа може да се случи и во Либан. Како што јавија локалните медиуми на хебрејски јазик, нема извештаи за повредени луѓе ...
Ракометен трилер во Битола. Еурофарм Пелистер синоќа во драматичен и изедначен натпревар доживеа пораз во Лигата на шампионите. Унгарскиот тим Пик Сегед славеше со 28:27, со голот на неколку секунди пред крајот на натпреварот. Ракометарите на Пелистер му дозволија на противникот да стекне предност и потоа мораа да го стигнуваат конкурентот во текот на целиот натпревар. Највисоката предност на унгарскиот тим изнесуваше четири гола. Финишот беше ...
Со создавањето на новата македонска држава, чиишто темели се удрија на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година веднаш тргнаа и реализирања на важни работи и приоритети. Една таква работа е и создавањето на Народната библиотека „Свети Климент Охридски“ за која Антифаштичкото собрание на народното ослободување на Македонија донесе одлука на денешен ден, пред 79 години, на 23. ноември 1944 година. Едноставно, уште додека се водеа борбите, ...
Во моментов светот има залихи на шеќер за 68 дена за да ги задоволи своите потреби. Ова е голем пад во однос на 106 дена, кога резервите почнаа да се намалуваат во 2020 година, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство (УСДА), кои вчера ги објави „Еуроњуз“. Како што е наведено, залихите се на најниско ниво од 2010 година, поради што оваа стока, широко користена во многу индустрии, моментално се тргува по највисока цена ...
Холивудската агенција за посредување „УТА” ја прекина соработката со глумицата Сузан Сарандон како нивна клиентка, откако таа говореше на пропалестински митинг околу војната Израел-Хамас овој викенд, потврди претставник на агенцијата за „Дедлајн“ (Deadline). Оскаровката присуствуваше на неколку собири за „поддршка на Палестина“, охрабрувајќи ги и другите да проговорат во таа насока. На еден собир Сарандон рече дека „американските Евреи, кои се ...
Функционерот на Хамас Муса Абу Марзук во интервју за телевизијата „Ал Џезира“ изјави дека привременото примирје меѓу Хамас и Израел ќе стапи на сила утре во 10 часот. Договорот беше одобрен и од израелската влада. Соопштението доаѓа откако Израел постигна договор со Хамас за четиридневен прекин на огнот и ослободување на најмалку 50 од околу 240 заложници кои Хамас ги заплени на 7 октомври, во замена за ослободување на 150 малолетни и ...
Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера поднесе предлог-закон за „заштита на националниот суверенитет“ до парламентот за да се брани од, како што го нарече, несоодветно политичко мешање странски поединци или групи. Законот доаѓа во време кога националистот Орбан, кој постојано е во судир со Европската Унија за демократските права во Унгарија во изминатите 13 години, ја засили кампањата на својата партија пред изборите ...