
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра нерешено, без голови против силниот противник, селекцијата на Австрија во рамките на контролниот дуел помеѓу овие две селекции одигран во Риед. Натпреварот во Риед изобилуваше со многу трчање и борба на двете страни, беа пропуштени неколку добри можности и кај двете репрезентации. На крајот мрежите мируваа. Репрезентацијата на Македонија до 21 година пред пет дена беше поразена минимално ...
Намерата на власта да го даде на многугодишна концесија на странци хидроенергетски проект „Чебрен“ и натаму ја бранува јавноста. Нема ден да не се случи некое ново аргументирано укажување во однос на (не)оправданоста на овој потег кој се подготвува да го направи македонската влада на неколку месеци пред избори. Експерти и професори од областа на енергетиката се повеќе укажуваат на нови и нови фалинки во она што Владата го избрала како проект кој ...
Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски обезбеди полуфинале на Светското ВАКО првенство кое се одржува во Албуфеира, Португалија. Пласманот во полуфиналето носи најмалку бронза на Македонија на ова Светско првенство, но секако дека надежите се место во финале и борба за златниот медал. За пласман во финалето Бобан Илиевски ќе се бори со Елјан Алкишиев од Азербејџан. Денеска на СП настап ќе има и Климент Грозданоски, додека Андреа Костовска беше ...
Крадци минатиот викенд упаднале во магацин на логистичка компанија во Дуизбург, Германија и од него украле неверојатна количина на работи. Градската полиција во вторникот соопшти дека меѓу другото во магацинот недостасуваат 2.000 ЛЕД телевизори и 16.000 електрични четки за заби. Полицијата сега ги истражува индициите и ги разгледува снимките од надзорните камери, а во исто време апелира до можните сведоци да се јават затоа што, имено, крадците ...
Со турни – застани, со инциденти и на крај со голема упорност на најголемите партии (и од власта и од опозицијата) се донесе нов Деловник на македонското собрание. За многумина Деловникот се донесе без да се почитува Деловникот, ама работите си врват… Што подобро ќе има во парламентот со новиот деловник? Се чини, демократија која ќе трае пет дена ќе биде главното обележје на следниот пратенички состав во македонскиот парламент. За толкав ...
Екстремно отровна зелена мамба долга два метри избега од кафезот каде била чувана во Холандија, објави полицијата, предупредувајќи ги жителите да останат дома и под никакви околности да не се обидуваат да ја фатат змијата. Полицијата во јужниот град Тилбург соопшти дека сопственикот на мамбата синоќа ги предупредил дека една од змиите исчезнала. – Змијата е многу опасна. Каснувањето на зелената мамба е исклучително отровно. Во случај на ...
Девет лица се повредени во експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен, потврдија за локалните медиуми од косовската полиција. Инцидентот се случил во раните утрински часови во населбата Арбана во Призрен, кога две групи лица прво вербално, а потоа и физички се пресметале. – Рано утринава по расправија меѓу две групи луѓе на сточниот пазар во Призрен, во населбата Арбана, еден од осомничените фрлил бомба врз ранетите. Во експлозијата ...
Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански… и други најзначајни македонски револуционери немаше да остварат така големи и значајни дела ако до себе немаа верни соработници. Тоа најчесто биле луѓе со кои ги споделувале истите ставови, идеи, желба за слобода на македонскиот народ и со кои заедно се бореле. Таков верен и силен соработник бил Ефрем Чучков. Тој е македонски револуционер, војвода и учител кој бил еден од најблиските соработници на Гоце ...
Од 11 до 20 ноември во Будва, Црна Гора, се одржа Европското екипно првенство во шах, на кое настапија и репрезентациите на Македонија. Членот на ШК Алкалоид ИМ Тони Лазов беше дел од составот на машкиот тим и од селекторот Атанас Кизов доби задача да игра на четвртата табла, при што освои 6,5 бода и ги играше сите 9 партии. За 23-годишниот неготинчанец овој резултат ја донесе првата велемајсторска норма во неговата кариера, откако пред четири ...
Во изминатите пет години, од кога почна процесот на испитување на потекло на имот, познат како ветинг, од правосудниот систем во Албанија, заминале 347 судии и обивнители. Во моментов, комисијата во свои раце ги има досиејата на последните 95 судии. -Независната комисија за оценка (КПК), разрешила 240, додека 107 поднеле оставки пред, на почетокот или за време на контролата на нивното богатство и професионалност. Од друга страна 308 го поминале ...
Најбогатите 1 отсто испуштаат иста количина на јаглерод диоксид (CO2) како и најсиромашните две третини од населението на планетата, според новиот извештај на Оксфам. Во 2019 година, емисиите на јаглерод од најбогатите 1 отсто се зголемија на 16 отсто од вкупните светски емисии, што е еднакво на количината емисии произведени од најсиромашните пет милијарди луѓе. Извештајот на Оксфам, објавен во неделата и заснован на истражување на Стокхолмскиот ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката. Столтенберг се заблагодарил за гостопримството, велејќи дека Србија е важен регионален партнер. – Разговаравме и за можноста повторно да започнеме заеднички воени вежби. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата соработка, навел Столтенберг, пренесе „Блиц.рс“. Како ...
Вечерва македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид ќе го одигра својот четврти натпревар од групната фаза во ЕХФ Европската лига во Данска против Бјерингбро-Силкеборг. Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров, во третото коло во СЦ „Јане Сандански“ загубија од истиот противник со 31:23. – Се надевам дека ќе имаме подобра реализација, и во реваншот ќе покажеме поголема борбеност и поголема мотивираност, изјави Лазаров. По три кола во ...
Изминатиов викенд Скопје остана без три контејнера за фрлење комунален отпад. Беа запалени, при што едниот е целосно уништен, а два други претрпеле значителни оштетувања од пожарот. И вака е со години, периодично засилено, периодично со помал интензитет некој злонамерник ги пали контејнерите. До кога вака? Ќе биде ли фатен и казнет некој пироман? Инаку, екипите на градското ЈП „Комунална хигиена“ ја расчистиле локацијата, го замениле опожарениот ...
По тензиите и инцидентот во македонското Собрание синоќа изгласа нов Деловник за работа кој ќе важи од следниот парламентарен состав. Се донесе она што си договорија најголемите партии од власта и од опозицијата. Врз основа на примената на досегашниот Деловник се изгласа новиот правилник за работа при што вкупно 83 пратеници гласаа „за“, а двајца до Левица беа „против“. Со тоа, по претстојните избори, една од главните промени е дека во ...
Либанскиот Хезболах се пофали со серија напади со беспилотни летала, ракети и артилериски гранати во северен Израел, во близина на границата со Либан. Исто така, беше објавено дека артилерискиот оган бил насочен кон позициите каде што биле стационирани израелски војници во таа област. Со ракети Буркан биле погодени и неколку израелски воени позиции во близина на границата. Се наведува дека во нападите има и жртви. Израелската армија го потврди ...
Македонската фудбалска селекција вчера на арената „Тодор Проески“, одигра нерешено против репрезентацијата на Англија (1:1). Тоа е навистина добар резултат, особено ако се знае дека не така одамна Англија ни нанесе тежок пораз. Македонија поведе по пеналот што го изнуди Бојан Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Тој го удри со рака по лицето напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира. Прекршокот беше виден после долга анализа ...
Најмалку едно лице е убиено, а три други се повредени во пукање во супермаркет од ланецот „Волмарт“ во Биверкрик, во државата Охајo во САД, пренесува локална телевизија. Очевидци, во изјава за локалните медиуми, велат дека маж отворил оган со автоматска пушка. Полицијата веднаш интервенирала на пукањето и ја спречила понатамошната закана за јавноста. – Зградата е безбедна и во овој момент нема активна закана, се вели во полициската објава на ...
Бил близок пријател на македонскиот великан Гоце Делчев, бил во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, бил прв агитатор на македонската организација во западна Македонија, бил дел од социјалистите кои ја прифатиле опцијата за вооружено ослободување на Македонија, војувал во текот на Илинденското востание… Сето ова е собрано во 68-години долгиот живот на Никола Пегров – Русински, македонски револуционер кој цел својот живот го посветил на борбата ...
Англија доминираше во поседот во текот на целиот натпревар, особено тоа беше изразено во првото полувреме, кога Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот, но и со таква игра стигна до предност. Англичаните од големиот посед на топката, во првото полувреме не добија апсолутно ништо. Најблиску до гол беше Деклан Рајс кој во 14.минута ја погоди стативата. Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски, по ...
Израелската армија објави видео на Х, за кое тврди дека покажува тунел на Хамас долг 55 метри кој се наоѓа на длабочина од 10 метри под болницата Шифа. Овој тип на врати се користи од страна на терористичката организација Хамас за да ги спречи израелските сили да влезат во командните центри и подземните средства што му припаѓаат на Хамас, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ). – Влезот во тунелот содржи одбранбени ...
Нови инциденти во парламентот на Албанија каде денеска во рок од пет минути со мнозинство гласови беше усвоен буџетот за 2024 година, но седницата ја одбележаа пратениците од опозицијата кои активираа димни бомби. Рама по инцидентот искоментира дека „опозицијата го допрела дното“, поддржувајќи го поранешниот премиер Сали Бериша односно како што го нарече „лице барано од правдата“. Веднаш штом започна седницата, пратениците од опозицијата ...
Владеачката партија СДСМ, очигледно, многу брзо ги расчисти дилемите и силните предупредувања кои ги доби во јавноста околу градењето на најголемиот хидроенергетски проект „Чебрен“. Сдсмовсците денеска соопштија дека градбата ќе стартува, дека странскиот инвеститор ќе вложи 1 милијарда евра, дека ќа има капацитет од 333 мегавати, дека државата ќе има 30-процентна сопственост… Ова значи дека сериозните аргументирани опомени од експерти не вродија ...
Македонската фудбалска репрезентација вечер на Националната арена „Тодор Проески“, ја пречекува една од најдобрите светски селекции, односно репрезентацијата на Англија. Со овој натпревар за Македонија завршува квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2024. Македонија ќе заврши на претпоследното место во Ц групата, a Англија пред две рунди го обезбеди првото место. Во пресметката со Англија, Македонија влегува по убедливиот пораз од Италија во ...
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно ги помина квалификациите за влез на главниот Челинџер 75 турнир во јапонскиот град Јокохама. Тој утринава во последниот круг од квалификациите го победи кинескиот тенисер Јан Баи. Првиот сет го освои кинескиот тенисер Баи со 6:4, а вториот му припадна на Македонецот со 7:5. При нерешени 1:1 во сетови Баи го предаде мечот. Претходно во првата квалификациска рунда Ивановски со 3:6, 6:4 и 7:5 го ...
И Киев и Москва беа цел на непријателски беспилотни летала завчера, кои беа пресретнати од противвоздушна одбрана. Ова го соопштија одделно украинската и руската страна, наведувајќи дека нема жртви, а пренесува „Франс прес“. – Обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објекти на територијата на Руската Федерација е спречен, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Дронот е уништен со помош ...
Македонија е во тешка криза. Власта слабо се снаоѓа во сето тоа. Затоа и почнаа протест по протест, едно незадоволство го сменува другото… Те пензионери, те административци, те медицинари… се на улиците, пред министерствата, пред Владата. Ваква е сликата која што последниве недели се гледа како во Скопје, така и во други македонски градови. Граѓаните протестираат незадоволни од малите плати, од растот на цените, од опаѓањето на животниот ...
Ништо ново кај феноменалниот српски тенисер – Новак Ѓоковиќ. Тој синоќа пак покажа дека е најдобар тенисер на светот на сите времиња. За многумина Новак е и воопшто најдобар спортист на денешницата. Тенискиот гениј со ново маестрално издание стигна до триумф на АТП-шампионатот во Торино. За противник го имаше одличниот Јаник Синер кој мораше да му признае на Ѓоковиќ дека е најдобар. -Му честитам на Ѓоковиќ за сите освоени титули. Ти си голема ...
Македонската фудбалска репрезентација денес на Арената „Тодор Проески“ ќе ја пречека Англија во последното коло од квалификациите за Европското. Иако Македонија е без шанси за пласман продадени се сите карти за натпреварот. Токму затоа денес од ФФМ информираа дека сите навивачи кои имаат купено билети за натпреварот мораат да бидат порано пред стадионот бидејќи вратите за влез ќе бидат затворени 30 минути пред почетокот. – Драги навивачи и ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата рекордна 400-та недела на врвот на АТП-листата, повеќе од 12 години откако првпат се искачи на врвот. Ѓоковиќ во голем стил ја прослави својата 400-та недела на врвот на АТП ранг-листата, обезбедувајќи го рекордниот осми број еден на крајот на годината и освојувајќи ја рекордната седма финална титула на Мастерсот победувајќи го Јаник Синер во финалето во Торино. – Тоа е прилично добро ...