Најсеверниот регион на Норвешка, Финмарк, побара од Европската комисија да одобри воспоставување временска зона со 26-часовен ден, објавија локалните медиуми. Локалните власти наведуваат дека ова барање, промовирано од градоначалникот на Вадсо, мал град во Арктичкиот круг во близина на руската граница, кое многумина го сметаат за бизарно, има цел да ги промовира локалните вредности, да го зголеми времето за семејството и да привлече нови жители ...

Претседателот на САД, Џо Бајден, вчера изјави дека го разгледува барањето на Австралија, Вашингтон да се откаже од гонењето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој јавно објави серија доверливи американски документи. – Го разгледуваме тоа, му одговори американскиот претседател на новинар кој се интересираше дали има одговор на барањето на Австралија да се прекине кривичното гонење на нејзиниот државјанин Американските обвинители бараат ...

Дали е навлезено корозивно руско или кинеско влијание во македонското предизборие? Концептот на „цивилна контрола на разузнавањето” и „демократска контрола на разузнавањето” во Македонија е вечна тема, уште од времето на реал-социјализмот. Случајот со „осуммината” од тогашното СВР, а денеска МВР, ја одбележа зората на македонската демократизација, а во македонската политичка историја во плурализмот буквално може да ја следиме преку шпионските ...

„Металците“ имаа одлично второ полувреме во кое се изборија за голема предност против тимот на Широки (85:69) пред реваншот за седум дена. Вечерва, аеродромци го одиграа првиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во АБА 2 лигата. Израмнето се играше во првите десет минути од овој четвртфинален дуел, првиот од двата предвидени помеѓу двата стари и добро познати ривали од оваа регионална конкуренција. МЗТ Скопје имаше минимална ...

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии. Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство. -Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме ...

Кошаркарските македонски шампиони од МЗТ Скопје вечерва ја почнува битката за кам-бек во силната регионална АБА-лига. МЗТ Скопје е домаќин на првата четвртфинална пресметка и тимот на Широки ќе го пречека во СЦ „Јане Сандански“. Македонскиот првак влегува во оваа пресметка решително и мотивирано. Инаку, на последната средба која не беше толку одамна, Широки во последниот меч од регуларниот дел во АБА2-лига славеше со 82-79. Плејофот се игра во ...

Врховниот суд во Аризона, САД, денеска го оживеа законот од 1864 година со кој се забрануваат речиси сите абортуси, симболична одлука со важни изборни импликации неколку месеци пред претседателските избори во оваа клучна јужна сојузна држава. Законот од пред речиси 150 години забранува секаков абортус од моментот на зачнувањето, освен ако животот на мајката не е во опасност. Силувањето и инцестот не се сметаат за валидни исклучоци, пренесе Хина. ...

Универзална сала со години чекаше да биде реконструирана, ама дочека пламине јазици да ја пеплосаат. Тешка судбина има легендарнава сала, не и се паднаа одговорни функционери за да ја реновираат како што беше планот. Каква ќе и е судбината во иднина? Што функционери сега ќе и „проречат“? Истрагата, треба брзо да покаже која беше причината што во вчерашната огнена стихија изгореа остатоците од некогашната Универзална сала која е во фаза на ...

Македонските деца во 21 век не можат да видат воз. Низ земјава ретко ги има во движење, па ако родител сака на дете да му покаже локомотива треба да го носи на некој слеп колосек каде чмае некоја стара машина. Да, да… тоа е реалноста во нашата земја во векот во кој Кина и Јапонија се натпреваруваат кој ќе направи набрз воз, па веќе ја минаа границата од 400 километри на час. Во исто време, во Македонија (пред неколку недели) нашиве успеаја возот ...

Бугарија ја доби преодната влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори. Народното собрание на вонредна седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години. Тоа е и првата влада која по неодамнешните уставни измени положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот, пишува бугарскиот сајт „Новините“. Претходно бугарскиот претседател ...

Осмата рунда во ракометната Суперлига го донесе на програмата вечното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, а по крајот на истото, финишот од сезоната ќе биде доста поинтересен. Битолчани имаа шанса со победа во Скопје уште вечерва да почнат до прослава на титулата и одбрана на трофејот кој го освоија лани, но за да стигнат до тоа, сега ќе немаат право на грешка во периодот кој следи. Вардар покажа карактер и ја искористи предноста од домашен ...

Се гледа дека имате големо чувство за боја. Вие можете да бидете одличен сликар, но тоа не значи дека сте и уметник. Уметник е само оној кој во своето дело внесува лична нота. Ако се задржите на својот терен и малку посериозно ги погледате вашите средновековни фрески, лесно ќе го најдете својот уметнички пат…, бил советот кој во 1930 година тогаш 29-годишниот млад македонски сликар Лазар Личеноски го добил од прославениот хрватски уметник Иван ...

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го освои првото место на квалификацискиот турнир во Молдавија и обезбеди пласман во елитната А дивизија во Лигата на нации на УЕФА, откако попладнево во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациите триумфираше над Велс со 2-1. На мечот против Велс Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во ...

Воените дејствија во Газа продолжуваат. Израел ќе постави 40.000 шатори за да ги смести стотиците илјади Палестинци, кои ќе ги расели од градот Рафа во Појасот Газа пред копнената офанзива врз тој град. Инаку, Рафа сега е дом на повеќе од еден милион луѓе, главно раселени Палестинци кои избегаа од другите области на Појасот Газа по нападите на израелската армија, од кои повеќето се жени и деца, пишува „Тајмс оф Израел“. Израелската армија тврди ...

Во посета на Кина е рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров. Неговиот кинески колега Ванг Ји истакна дека Кина и Русија ќе продолжат да се залагаат за инклузивна и просперитетна економска глобализација и против еднострани акции и протекционизам. Ји додаде дека Кина и Русија, како големи земји и постојани членки на Советот за безбедност на ОН, имаат важна меѓународна одговорност за решавање на итните прашања. Според него, Кина и ...

Изборната кампања веќе e во засилена фаза. Што ја одбележува? Подметнувања, црна кампања…, а кога се отвораат теми главна е: Уставот и уставни промени. Нема во Македонија други теми кои ги притискаат граѓаните? Само уште смена на Уставот остана за решавање? Нема митинг, средба со граѓани, интервју, а таа тема да не биде потенцирана и образложувана. Од петни жили се запнува тоа да биде најважното прашање. Се уште актуелниот претседател на ...

Колумна на Никола Тасев: Во предизборие често има една чудна појава – подисплашен политичар крева глас и покажува храброст. Просто да гледаш и да не веруваш дека функционеров е оној кој со години повеќе бираше да клечи, да е сервилен… Таквите чуда мора да се видат. Па ако треба и нека се плати. Затоа, му предлагам на СДСМ под итно да организира продажба на билети за изборните трибини на нивниот претседателски кандидат. Дури и цените мора да се ...

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс доби место во изборот на идеалната петорка на сезоната во Еврокупот. Плејмејкерот игра одлична сезона во која е главен играч на Париз кој стигна до финалето, па изборот и не е големо изненадување. Претходно Шортс беше прогласен за најкорисен играч во првото, десеттото и дванесеттото коло, но и во четвртфиналето и полуфиналето во разигрувањето за титулата. Во актуелната сезона Шортс има просек од 23.4 ...

Албанската полиција, уапсила 60-годишен жител на селото Белорта, кај Корча, поради шверц на ситен добиток од Македонија. -Финализирана е шифрираната полициска акција „повторувач“ за сузбивање на недозволената трговија со добиток. Кај селото Звезда во Малиќ уапсен е Д.Џ. (60) со претходно криминално досие од оваа област. Во возило пикап превезувал 28 глави ситен добиток (кози), без соодветната документација, што го прошверцувал од Северна ...

Канцеларијата за доктрина на верата во Ватикан денеска ја објави декларацијата „Дигнитас инфинита“ во која ја отфрла промената на полот, сурогат родителството и теоријата на родот. Во декларацијата се наведува дека „секоја интервенција за промена на полот, по правило, ризикува да го загрози единственото достоинство што едно лице го добило од моментот на зачнувањето“. За теоријата на родот, според која, родот е покомплициран и понепостојан од ...

Капакот на моторот на Боинг 737-800 во сопственост на Southwest Airlines падна за време на полетувањето во Денвер во неделата, што ја натера американската Федерална управа за авијација (FAA) да отвори истрага. Никој не беше повреден, а летот 3695 безбедно се врати на аеродромот во Денвер околу 8:15 часот по локално време во неделата и авионот беше одвлечен. Авионот Боинг со 135 патници и шест членови на екипажот се искачи на височина од околу ...

Изборната кампања ја дига температурата во Македонија. Се разжестија партиите, но не само со „врели“ понуди за иднината на земјата тику и со меѓусебни обвинувања, најави за тужби за клевета, најави дека ќе има одговорност… По само два дена откако тргна кампања од изборниот штаб на Стево Пендаровски најавија тужба за клевета откако најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека и тој стои зад шемата за фалсификување на документи и лажни ...

Македонските ракометарки убедливо ја совладаа Литванија со 34:24 (18:12) во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Денешниот триумф над Литванија беше без резултатско значење, откако Македонија уште во минатото коло го обезбеди учеството на континенталниот собир. Најефикасни во составот на Македонија беа Седлоска и Ризоска со по шест постигнати гола, ...

Српската полиција се уште трага по телото на малата Данка Илиќ. Осомничените за нејзиното убиство беа сослушани во обвинителството, по што судот им одреди 30-дневен притвор. Како што потсетува Телеграф.рс, осомничениот Срѓан Јанковиќ се бранел со молчење во обвинителството, додека Дејан Драгијевиќ го признал делото, а потоа рекол дека татко му и брат му помогнале да го сокрие телото. Во неделата стигна и информацијата дека неговиот брат починал ...

Големиот шумски пожар што вчера избувна во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, денека е локализиран, откако пожарникарите и во текот на ноќта продолжија со гаснењето, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, интервенираат 186 пожарникари со 12 пешадиски тима, 38 возила и четири хеликоптери, од кои еден е за координација, а доцна синоќа на островот пристигнаа и ...

Првото летечко такси без возач може да полета во Велика Британија во рок од две години според владините планови, кои исто така предвидуваат редовна испорака на беспилотни летала за медицински цели до 2027 година. Министерството за транспорт го објави својот акционен план за иднината на летовите, според кој летечки такси без екипаж ќе бидат воведени до 2030 година. Планот до крајот на деценијата, исто така, предвидува редовна употреба на ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Македонија. Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, ...

Вчера околу 18 часот и 30 минути во каменоломот на мостарската компанија ХП Инвестинг д.о., во населбата Бијела кај Мостар настанало свлечиште кое предизвикало три автомобили да паднат во езерото, потврдија за Бљесак.инфо од МВР на БиХ. „Во езерото се гледаат два автомобили, а третиот се претпоставува дека е или на дното на езерото или под одронот“, изјави за споменатиот портал портпаролот на МУП ХНЖ Људевит Мариќ. Прво беше објавено дека едно ...

Еурофарм Пелистер му зеде скалп и на Алкалоид. Шампионот со седум од седум го заврши првиот круг од плеј-офот во Суперлигата, откако извојува убедлива победа над вицешампионот од 25-35. Филип Кузмановски и на овој натпревар беше еден од најдобрите ракометари на „зелено-белите“. Тој го анализираше дуелот со Алкалоид и најави уште поборбен Еурофарм Пелистер во иднина. -Можеби некои натпревари ги игравме послабо, можеби противниците беа подобри, но ...

Академикот и доскорешен претседател на МАНУ, Љупчо Коцарев, во интервју за бесплатниот неделник „Македонско Ехо“ истакна дека „Македонија е поробена земја, а за тоа исклучиво се виновни македонските политичари“. Тој посочи и кои се најкрупните 2-3 грешки кои се направија во Македонија во последните 30 години: –Материјалната деградација (неправедната приватизација и уништувањето на повеќето јавни институции во Македонија, вклучувајќи ги ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
31%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.12
46%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
1.03
50%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
42%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.63
31%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
0.0
61%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
4.02
41%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
27%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
31%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.6
41%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
8.23
43%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75