
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Објавени се првите резултати од изборите одржани денеска во Хрватска. Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите. И ХДЗ и СДП најавија дека ќе почнат разговори за формирање на влада. За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје се изборија за место во полуфиналето на АБА2 лигата. Клубот од Аеродром доживеа пораз од Широки од 70:68 на соочувањето во Босна и Херцеговина, но благодарение на победата во првата средба од 85:69 обезбеди пласман во наредната фаза во која ќе ги одмери силите со Спартак Суботица. Најефикасен кај „металците“ беше Делалиќ со 18 поени, по 13 уфрлија браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а двоцифрен беше и Баковиќ со 10 ...
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји. -Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат ...
Во автобус на граничниот премин Брод босанско-херцеговската полиција идентификувала петгодишно девојче од Германија, жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ. -Обвинителот од Одделот за шверц и трговија со луѓе на Обвинителството на БиХ ги координира активностите во соработка со Службата за работи со странци на БиХ и Граничната полиција на БиХ, кои при контрола на стоки и патници на редовните автобуски линии на ...
Колумна на Никола Тасев: Случајно вчера го сретнав Миле, другар од средно. Уште оддалеку ми подвикнува: „Те гледам по телевизии и весници, кажуваш нешто таму за изборите. Јас да ти кажам порано гласав, ама сега сум ептен разочаран од состојбата во Македонија и нема да гласам. Уништија се и не сакам во тоа веќе да учествувам. А ти џабе збориш, оти сите се исти политичарите…“ „Чекај бре Миле, му велам, не е така. Баш оти си разочаран треба да ...
Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Бојан Трајковски, по завршувањето на кариерата, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за најинтересните моменти минати под обрачите. –Пред да влезам во кошарката бев активен во ракометот. Мислам дека и таму ќе направев одлична кариера и ќе бев добар лев бек. Сепак, работите се променија во 2001 година кога од ракометот сосема случајно влегов во кошарката и тука ...
Утрово во Хрватска почна спроведувањето на парламентарните избори на кои право на глас имаат над 3.771.000 избирачи во земјата и во странство. Главни конкуренти се владеачката десничарска партија ХДЗ и социјалдемократкста партија СДП. Актуелниот премиер од ХДЗ Андреј Пленковиќ е во потрага по трет последователен мандат за претседател на владата додека СДП, раководена од Пеѓа Грбин се обидува да извојива победа на левичарските и прогресивни ...
На почетокот на Втората светска војна во Македонија во 1941 година, кога имала само 14 години, станала младинска активистка, следната година веќе била партизанка во битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“, а во 1953 година, кога имала само 26 години била прогласена за Народен херој на тогашната Југославија. Тоа е најкратката историја на бестрашната Македонка, Фана Кочовска – Цветковиќ. Во цела Југославија таа ќе биде позната оти покажала ...
Градот Јанџин во покраината Јунан, јужна Кина, е единствен во светот по својот изглед кој е резултат на неговата географска положба. Имено, со својата должина од 1.416 километри важи за „Најтесниот град во светот“, бидејќи се наоѓа меѓу две големи планини, а по долината на реката Гуан и има две улици. Ова населено место се наоѓа во планинско подрачје, па највисоката точка е на 2.263 метри надморска висина, а најниската на 329 метри височина. ...
Големиот кошаркарски талент, Лука Дончиќ, ја доби наградата за најдобар стрелец во НБА во сезоната 2023/24, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето. Словенецот зад себе има брилијантна сезона, се наоѓа во потесниот круг за МВП наградата. Дончиќ имаше просек од 33,9 поени по натпревар, најмногу во НБА. Тој шутираше 48,7 отсто од поле, 38,2 отсто од три и 78,6 отсто од линијата за слободни фрлања. Дончиќ со 25 години е ...
Македонија има голем проблем со демографијата. Се помалку има бебиња, а и се повеќе има иселување од земјата. Едноставно, бројката на населението се топи забрзано. Сето ова се гледа низ многу примери, а највидливо е во училиштата. За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат најновите податоците кои ги објави Државниот завод за статистика. Од 976 основни училишта во 2021/2022 година, во 2022/2023 овој број се ...
Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ повеќе не е предводник на ЦСКА Москва. Рускиот клуб потврди дека е прекината соработката со стручњакот и веќе е промовирана неговата замена. Рајковиќ ја предводеше ЦСКА од летото 2022 година, минатата сезона беше победник по регуларниот дел од сезоната со рекорден број на победи (имаше вкупно 30, а рекордни 24 во низа). Во објавата на рускиот клуб е пренесен и ставот на македонскиот стратег, кој ...
Град Скопје кубури со средства за реализирање на поголеми проекти. Секое од досегашните градоначалнички раководства се жалеше дека во градската каса нема доволно пари за да се тргне во градежна офанзива. Добро. Но, се води ли доволно сметка каде одат парите кои ги има во градската каса? Се знае ли подетално за што се потрошени милионите евра кои ги имаше во градскиот буџет? Еве на пример познато е дека имаше две крупни исплати кои во 2019 година ...
Скопски ФК Работнички постигна голема победа против ФК Вардар. Семафорот на големиот градски стадион на крајот од натпреварот во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига покажа 2 – 0. Со оваа победа „романтичарите“ стекнаа добра позиција во битката за опстанок во елитното друштво. Кај Вардар ситуацијата е малку потешка. Првото полувреме помина без возбудувања и вистински акции за што можеби беше виновно и врелото сонце (натпреварот почна во ...
Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката на израелската амбасада во Лондон. Орли Голдшмит тврди дека во последните 45 години Иран се обидува да го нападне Израел преку посредници – Хезболах, Хамас и Хутите. -Иран го гледа Израел како западна земја која треба да се уништи. Ги слушаме нашите сојузници и го земаме предвид она што го велат, но на крајот ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен нема среќа околу нејзината втора кандидатура за истата функција. Се нешто и отвораат афери во Брисел. Една од главните теми во кулоарите на институциите на ЕУ изминативе недели е именување на германскиот европратеник Маркус Пипер за европски претставник за мали и средни претпријатија. Пипер важи за многу влијателен во редовите на неговата Христијанско демократска унија (ЦДУ). Духовите ...
Никола Митревски и неговиот Порто изборија дерби победа над Бенфика на Филип Талески во дерби средбата во плејофот во Португалија. Се одигра ефикасно на двете страни, а како пресудно се покажа изданието на домаќините во второто полувреме, фаза која ја добија со 19:15 што на крајот донесе конечно славје од 36:32. Еден од хероите беше ветеранот Митревски кој забележа 14 одбрани и притоа постигна два гола од исто толку обиди. Кај Бенфика, Талески ...
На министерот во Владата на Србија задолжен за односи со дијаспората, Ѓорѓе Милиќевиќ му било забрането да положи цвеќе и да запали свеќа на споменикот на жртвите од усташкиот логор Јасеновац, по што бил протеран од таму. Министерот Милиќевиќ на нивна покана бил во работна посета на Србите во околината на Новска. -По средбите со претставниците на Србите од локалното културно-уметничко друштво и руралните локални заедници, министерот и неговите ...
Лидерите на институциите на Европската Унија во објави на социјалните мрежи упатија остра осуда на иранските напади врз Израел. – Остро го осудуваме нападот што Иран го започна врз Израел. Мора да се направи се за да се спречи понатамошна регионална ескалација. Мора да се избегне натамошно крвопролевање, напиша претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во објава на Икс. Мишел воедно најави дека ЕУ заедно со своите партнери ќе продолжи ...
Г7 ќе одржи состанок по телефон во попладневните часови, дознава Скај њуз. Се очекува лидерите на Групата седум големи економии да разговараат за нападот на Иран. Г7 е составена од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а присуствуваат и претставници од Европската унија. Италија во моментов претседава со ротирачкото претседателство. Групата првично беше формирана во 1973 година за да ...
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека противвоздушната одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 проектили што Иран ги истрела синоќа врз Израел. Иран истрела стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел, како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, од кои повеќето беа пресретнати. Ова е прв пат Иран да изврши директен воен напад врз Израел, и покрај децениското непријателство кое ...
Образовниот систем во Македонија колабира: се реформира, се расформира, се деградира… Има уште објаснувања, ама и овие „слики“ се доволно „силни“ за да се вклучи алармот кој треба ќе го разбуди поспаното државно тело кога е во прашање овој многу важен општествен сегмен. Во многу училишта фали инвентар, нема модерни табли, проектори, кабинети и други посовремени нагледни средства. Учебници, кој има, кој нема. На тие што имаат учебници многу ...
отици луѓе се евакуирани од трговски центар во Сиднеј по масовно прободување со нож. Најмалку четири лица загинаа, а неколку се ранети, објави „news.com.au“. Според непотврдени информации напаѓачот бил застрелан. Во тек е полициска операција во прометниот трговски центар во близина на плажата Бонди поради сомневање за прободување на повеќе лица, се вели во извештајот. Двајца сведоци изјавија за Ројтерс дека се слушнале истрели. Државната ...
Не може претседател на држава да тера по свое или како ќе му кажат странците, а да бара обединување на граѓаните околу одлука што ќе ја донесе. Тој треба прво обединето со другите да ги носи важните одлуки, па потоа врз нивното реализирање да се направи обединување на граѓаните, ни вели скопјанецот Васил Седуммината претседателски кандидати засилено тераат кампања низ Македонија. Ветувањата се различни, но имаат и нешто заедничко во настапите ...
Нема ден во Македонија, а да се не случат повеќе пожари на отворено. Центарот за управување со кризи сето тоа педантно го евидентира. Но, дали државните и општинските институции педантно (читај исполнително) работат за да нема толку многу пожари? Еве на пример денеска ЦУК извеснува дека во изминатото деноноќие регистрирани се 20 пожари на отворено, од кои три се уште се активни. Тоа е загрижувачка бројка. -Пожарникарите од Македонска Каменица ...
Македонија во деновите кога го „живее“ својот подем и благодет доби опомени од светски институции дека не и врви добро работата. Чудно!? Во деновите кога властите на митинзи ни кажуваат дека многу направиле за Македонија и дека се е подобрено во земјава, прво – американската организација „Фридом Хаус“ во својот извештај за минатата година ја окарактеризира земјава како „цикличен хибрид“, која назадува во својот демократски развој, а истиот ден и ...
Македонскиот фудбал е завиен во тага. Ненадејно почина Дашмир Беари селекторот на македонската репрезентација во фудбал до 17 години. Беари е добро познато име на нашите терени, човек кој има работено во повеќе домашни клубови, извесно време беше и во Саудиска Арабија во тимот Ал Раед. Тој имаше и неколку ангажмани во нашите млади селекции, последниот му беше како предводник на репрезентацијата до 17 години. Неговото срце престана да чука во 50. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите дека францускиот претседател побарал Србија да воведе санкции кон Русија. -Макрон рече дека мораме да воведеме санкции кон Русија и дека ова е уцена. Дозволете ми да ви го повторам ставот што го искажавме осум дена по почетокот на конфликтот во Украина, тој важи и денес, вели Вучиќ. Иако е мала по население, сепак е голема во душа. -Србија е горда на својата позиција, иако е мала по ...
Запленета огромна количина на кокаин во Турција. Имено, турската полиција заплени 608 килограми кокаин, што е трета по големина заплена на тој вид дрога во историјата на земјата. Ова го соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Дрогата, главно во течна форма, е запленета во операција спроведена во три провинции, објави Јерликаја на платформата Х. Запленети се и речиси 830 килограми хемикалии кои се користат за ...
Бездомните кучиња стануваат „домаќини“ во одделни скопски населби. Не испраќаат наутро кога одиме на работа, не дочекуваат доцна попладне, ако има ноќни прошетки и тие се тука, ако одите до продавница ќе ги сретнеме пак… Главниот скопски плоштад „Македонија“ одамна е локација на која постојано ги има, цела глутница секојдневно може да се забележи кај Новата железничка станица, групи има и во Аеродром околу ТЦ „Бисер“, кај поранешната слаткарница ...