Еден грчки пратеник заврши во полиција, а друг е во болница по тепачката во парламентот во Атина во средата. Независниот пратеник Константинос Флорос – порано дел од екстремно десничарската партија Спартанци – го нападна пратеникот Василис Граменос од националистичката партија Грчко решение за време на жестоката дебата во парламентот за тужба за клевета. Парламентот расправаше за укинување на имунитетот на претседателот на Грчкото решение, ...

Колумна на Никола Тасев: Како денес да се случи, свежа ми е сликата кога Зоран Заев се фалеше дека во 2016 година срушил режим со пенкало! Леле колку беше благодарен на пенкалото… дури и го бакнуваше. Арно ама, потоа тој и неговите направија уште полош ненароден режим и вчера во Македонија пак се активираше истото пенкало. Овој пат ниту Заев, ниту Ковачевски, ниту Пендаровски не сакаат ни да го видат, а не пак да го бакнуваат. Оти пенкалото сега ...

Поранешниот тренер и стрико на тенисерот Рафаел Надал, Тони Надал, зборуваше за „АС“ пред стартот на Мастерсот во Мадрид. Неговиот внук, Рафа, во Мадрид ќе го одигра вториотпоследовен турнир, откако по долгата пауза настапи на турнирот од серијата 500 во Барселона, каде во второто коло беше поразен од Алекс Де Минор. Јасна е целта на Надал, овие турнири ги користи како подготовка за Ролан Гарос, турнир кој 14 пати го освоил во текот на ...

Во американската сојузна држава Тенеси пратениците усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат скриени пиштоли на училиште. Нацрт-законот беше одобрен со 68-28 гласови во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот претходно овој месец. Тенеси има жестока дебата за законите за оружје по минатогодишното пукање во училиште во Нешвил во кое загинаа три деца и ...

Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти израелската амбасада во Женева. -Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано, соопшти амбасадата. -Војниците само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место. ...

Екипата на ЦСКА Москва од која дел е македонската ракометарка Сара Ристовска издвојува победа над Звезда Звенигород од 30:26 во првиот натпревар во четвртфиналето во рускиот шампионат. Фаворитот имаше проблеми во првото полувреме кое му припадна на противникот со 13:12, но по паузата ЦСКА одигра на повисоко ниво, имаше подобри решенија во нападот, односно беше поефикасна и со 18:13 на крајот стигна до триумф од пет гола разлика. Македонската ...

Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот. Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, ...

Уапсен помошник на десничарски германски пратеник во Европскиот парламентот. Тој е уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина. Претходно три лица, осомничени дека шпионирале за Кина и договарале пренос на информации за технологија со потенцијална воена употреба се уапсени во Германија.Според обвинението, германските државјани работеле за кинеското разузнавање уште од јуни 2022 година. Од Пекинг велат дека извештаите не се ништо друго ...

Одличниот македонски музичар Горазд Чаповски одговара на 10 прашања каде треба да наброи по три работи… 1. Три најсреќни моменти во животот? -Тешко ми е да издвојам, но ако веќе морам, тоа е мојот прв концерт во холот на гимназијата „Никола Карев“. Ја помнам и неверојатната еуфорија која ме обзеде кога ја отворив кутијата со прекрасниот махагони „Крамер”, кој ми го подари чичко ми од Шведска. Сепак, ништо не може да се спореди со среќата со која ...

Се читаат ли доволно книги во Македонија? Има ли населението навики за тоа? Ова се прашања поттикнати од денешниов ден – Светскиот ден на книгата. Во книгите се скриени сите одговори, во нивните редови има кажувања и за непоставените прашања. Книгите го објаснуваат овој свет, а отвораат и нови, книгите се слободата на човекот… Поводот за одбележувањето на Светскиот ден на книгата кој е воспоставен на 23 април 1995 година, е споменот на големите ...

Новак Ѓоковиќ уште еднаш доби големо признание, наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на светот за 2023 година. Феноменалниот српски тенисер сето тоа го заслужи по фуриозната година во која триумфираше на три од четирите грен слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен), а славеше и на три Мастерси, како и на завршниот турнир. Ѓоковиќ петти пат во кариерата е прогласен за број еден во светот на спортот. Најдобриот тенисер на сите ...

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, се „за жалење“ бидејќи Иран дејствуваше во самоодбрана, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан. Тој во објава на платформата Х, напиша дека е „за жалење“ што ЕУ толку брзо одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што ...

Шефот на израелската воена разузнавачка агенција поднесе оставка поради неуспехот за нападот на Хамас на 7 октомври, соопшти војската. Генерал-мајор Ахарон Халива стана првиот висок функционер што се повлече поради неговата улога во најсмртоносниот напад во историјата на Израел. Халива во октомври рече дека тој е виновен што не успеал да го спречи нападот на Хамас што ја уништи фалената одбрана на Израел. -Тоа утро сфатив дека е готово. Кога ...

Македонија има синови кои заслужуваат да им се навраќаме и поклонуваме секој ден. Еден од таквите синови е големиот македонски револуционер Јане Сандански. „Да живееш значи да се бориш. Робот – за слобода, а слободниот – за совршенство“, натпис е кој и денеска стои на надгробната плоча на Јане Сандански пред неговото почивалиште кај Роженскиот манастир во близина на градот Мелник во Бугарија. Натписот го одразува она на што својот живот го ...

На 24 април, македонските граѓани ќе излезат на првиот круг на изборите за Претседател на Македонија. На гласачките ливчиња ќе имаат избор меѓу седум кандидати коишто претходно ги исполнија условите за да претендираат на највисоката функција во земјава. Редакцијата на весникот „Македонско Ехо“, сакајќи да даде свој придонес во што подобро претставување на претседателските кандидати, како и што подобро гласачите да ги видат разликите меѓу ...

Милионерот Мајк Белк намерно се одрече од својата успешна компанија, од своите милиони и стана бездомник заради експеримент за да докаже дека е способен да почне од нула и да заработи милион долари за 12 месеци. Пред четири години, среде пандемијата на КОВИД-19, Белк го оставил својот милионски бизнис и се откажал од сите бенефити кои ги имал во животот и почнал живот како бездомник. Ја испразнил својата сметка, се збогувал со семејството и ...

Еурофарм Пелистер играше под притисок по вчерашната победа која ја оствари Вардар над Тиквеш, но актуелниот шампион позитивно одговори и денеска се врати на првото место на табелата. Битолчани имаа на хартија тешко гостување во Охрид, но во 10-то коло од плејофот покажаа класа и славеа уверливо со 22:29 крај езерото. Пелистер го диктираше темпото од самиот старт и се погрижи за предност од три гола на полувреме (11:14), а потоа во клучниот ...

Пет ракети биле истрелани вчера од ирачкиот град Зумар кон базата на американската армија во североисточна Сирија, соопштија два ирачки безбедносни извори. Ракетниот фрлач бил прикачен на задниот дел на мал камион паркиран во пограничниот град Зумар, велат изворите. Камионите се запалиле кога на небото се појавиле воени авиони. „Засега не можеме да потврдиме дека камионот бил бомбардиран од американски воени авиони“, изјави неименуван воен ...

Претставничкиот дом на САД со широка двопартиска поддршка вчера го усвои пакетот од 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван, со што долго оспоруваното законодовство од страна на републиканските тврдокорни е на пат кон Сенатот, пренесува Ројтерс. Законодавството вклучува 60 милијарди долари за тековната војна на Киев против инвазијата на Москва, како и 26 милијарди долари за Израел и хуманитарна помош за цивилите во конфликтните ...

Колумна на Владимир Величковски: Прва задача е како да се воспостави ред и функционалност во една малубројна и поделена држава? Кој да ни каже и да го спроведе тоа кога сите мислат на грабеж и личен интерес. Кој е загрижен дека долго време пропаѓа, порано респектираниот Музеј на Македонија, но не само таа институција. Денеска емоциите ни се врзани за опожарената Универзална сала подигната во 1963 година. Таа стана симбол на солидарноста ...

Почина човекот кој се самозапали пред судот во Њујорк каде што му се суди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави NBC News. Максвел Азарело бил „прогласен за мртов од болничкиот персонал“, потврди полицијата за NBC News. Времето на смртта не е дадено. Азарело, маж во средината на 30-тите години од Сент Августин, Флорида, фрлал памфлети со теорија на заговор во воздух пред да се самозапали вчера во област наменета за ...

Списокот за исполнување на желби и соништа во Македонија станува ептен долг. Го пишуваат и соопштуваат партиите во предизборитето. Во списокот има се и сешто. Само треба некој да побара или функционерите да „пуштат машта“ и ете ти го смисленото во приоритетите за идните 4 години. Последен кој допиша нешто во долгата колона на желби кои ќе бидат исполнети е вицепремиерот и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ. -Ветуваме дека во наредниот мандат ...

Колумна на Ивица Боцевски: Чуму му е речникот на поделбите на Стево Пендаровски? Во сите свои настапи актуелниот претседател зборува за две Македонии, манихејски ја оцрнува едната Македонија (опозициската), а ја воспева другата (владината), враќајќи не во втората половина на претходната деценија кога еден неранимајко, Зоран Заев, користејќи го истиот тој политички речник, ја однесе земјата во амбис. Во моментов, најудобна местоположба за мене би ...

Изборната кампања зоврива, но зовриваат и проблемите на граѓаните. Има ред партиски митинзи, па ред протести на незадоволни граѓани. На митинзите и собирите од власта се слуша дека се е добро и дека ќе биде уште подобро ако останат да владеат и по изборите. На протестите незадоволните граѓани, вработени во одделни претпријатија и институции кажуваат дека има многу проблеми кои не се решени. Веќе четврти ден протестираат и штрајкуваат околу 400 ...

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“. Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир. Претходно вчера, заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека ...

Македонската женска ракометна репрезентација ги дозна своите противнички во групната фаза на Европското првенство. Нашата селекција се најде во група со Шведска, Унгарија и Турција, а со оглед на тоа што имаме земја домаќин, турнирот ќе го играме во Дебрецин. Инаку, овој континентален собир ќе се одржи во три земји, Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28 ноември до 15 декември и е првиот на кој ќе настапат 24 репрезенации. Нашата селекција, која ...

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни медиуми објавија рано денеска дека нивните сили ги уништиле беспилотните летала. Ова се случува неколку дена откако Иран изврши одмазднички напад со дрон врз Израел. Извор изјави за Ројтерс дека САД не биле вклучени, но дека Израел ги информирал пред нападот. Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека ...

Како и кој се ја конципира надворешната политика на Македонија? Ова прашање повторно е актуелно, оти излегоа на површина различни ставови кај министри од ДУИ и СДСМ околу важни прашања: Отворен Балкан, а и резолуцијата во ОН за Сребреница. Имено, министерот за надворешни работи Бујар Османи изненади со најава дека ќе бара од Владата да го разгледа учеството на Македонија во Отворен Балкан – иницијатива од која веќе корист имаат и државата и ...

Објавени се првите резултати од изборите одржани денеска во Хрватска. Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите. И ХДЗ и СДП најавија дека ќе почнат разговори за формирање на влада. За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје се изборија за место во полуфиналето на АБА2 лигата. Клубот од Аеродром доживеа пораз од Широки од 70:68 на соочувањето во Босна и Херцеговина, но благодарение на победата во првата средба од 85:69 обезбеди пласман во наредната фаза во која ќе ги одмери силите со Спартак Суботица. Најефикасен кај „металците“ беше Делалиќ со 18 поени, по 13 уфрлија браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а двоцифрен беше и Баковиќ со 10 ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
69%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.03
70%
1019
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.67
65%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
91%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
47%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
41%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
66%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
0.89
68%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75