Завршницата во Купот на Македонија во кошарка стартуваше, а првиот ден го одбележа едно изненадување и три очекувани резултати. Во Гевгелија, најголемото изненадување го приреди тимот на Гостивар, кој беше подобар од ТФТ Скопје со 72:62. На преостанатите три четвртфинални натпревари немаше некои поголеми изненадувања, па така, Пелистер го совлада жилавиот Чаир 2030 со 76:72, домаќинот Кожув беше подобар од Куманово со 81:69, додека актуелниот ...
Пелистер имаше одличен почеток на натпреварот, поведе со 11-5, но потоа МЗТ врати со серија од 13-0 и го презема водството. На полувремето скопскиот тим водеше со убедливи 60-40. Во вториот дел МЗТ Скопје рутински го држеше водството за на крајот да слави со 103-88. Најефикасен на натпреварот беше Андреј Маслинко со 29 поени без промашување во ударите од поле, а Марин Петков додаде 14 поени кај аеродромци. Л. Стојановски заврши со 20 поени и ...
Финалето во кошаркарскиот Куп на Македонија кој го носи називот по легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур ќе биде одиграно денеска со почеток од 19 часот и 30 минути во салата „26ти Април“ во Гевгелија кога силите ќе си ги одмерат бранителот на трофејот МЗТ Скопје и на големо задоволство на домашната публика, Кожув. Домаќинот на турнирот, КК Кожув ги одреди цените за билетите кои ќе чинат 200 денари и истите ќе бидат ...
Гевгелија, 14 февруари 2025 (МИА) - Со убедлива победа над КК Пелистер Битола од 103-88 во Гевгелија, МЗТ Скопје обезбеди место во своето петто по ред, а вкупно 18-то финале во Купот на Македонија. Од самиот почеток аеродромци ја презедоа контролата врз натпреварот, а бековите со агресивна игра поставија темпо кое ривалот не можеше да го следи. Најефикасен беше Андреј Маслинко со 29 поени без промашување (10/10 од поле), Марин Петков додаде 14 ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје го надиграа Пелистер и обезбедија место во големото финале на Купот на Македонија. Клубот од скопски Аеродром славеше на крајот 103:88, разлика која можеше да биде и повисока ако металците не се опуштеа воо завршната четвртина. Инаку Пелистер тргна добро и поведе со 6-0, потоа водеше и со 11-5 по што бранителот на трофејот се впушти во акција, направи серија и го сврте резултатот за водство од 20-11 за да потоа да има ...
Пелистер не успеа да стигне до место во големото финале од Купот на Македонија откако нашиот вечерва во првата полуфинална пресметка беше поразен од МЗТ Скопје со убедливи 86:103. Слабата одбрана беше главна причина за убедливиот пораз на тимот од Битол во кој уште по првото полувреме имавме 20 поени негатива (40:60), период во кој целосно беше решен победникот во ова полуфинале. Пелистер одлично го отвори натпреварот, со шест поени во низа на ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје се првите финалисти на Купот на Македонија, откако во полуфиналето убедливо славеа над битолски Пелистер со 103-88. Актуелниот бранител на трофејот доминираше во текот на целиот натпревар и ја загуби само последната четвртина. Пелистер одлично отвори, но МЗТ Скопје брзо го пронајде посакуваниот ритам и ја доби првата четвртина со убедливи 28-19. Финалистот беше познат уште на полувремето, кога „аеродромци“ имаа водство ...