Илон Маск ја изгуби титулата „најбогат човек во светот“ од коосновачот на Оракл, Лари Елисон. Богатството на Елисон скокна за 101 милијарда долари на 393 милијарди долари по неверојатно силниот извештај за заработка на Оракл во вторник вечерта, надминувајќи ја нето вредноста на Маск од 385 милијарди долари, според Блумберг. Оракл (ORCL) објави зголемена побарувачка за капацитетот на својот центар за податоци од клиенти на вештачка ...

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) да изврши декласификација или делумна декласификација на документите поврзани со актуелниот случај, со цел јавноста да биде целосно информирана. „Јас ќе го повторам барањето, дека овој надзор се прави од интерес на јавноста и на граѓаните и тие треба да ни бидат императив во нашето работење како пратеници, како претставници на народната власт. Не ...

На рочиштето за „Онкологија“ денеска сведочеше Јулија Мациевска, мајката на младата Адријана Начевска, која почина пред три години по лекување на скопската Онколошка клиника. Таа, повикана како прв сведок во процесот за „Онкологија“, низ солзи ја опиша борбата на својата ќерка и обвини дека токму несоодветната терапија ја довела до смрт. „Во докторот Нино гледавме спас, верувавме како во Господ. Но наместо лекување, добивме тивко убиство,“ ...

Жена од Прилеп тешко повредена откако во неа удрил автомобил при влез во катна гаража. -На 09.09.2025 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од с.Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската ...

Самостоен инспектор од СВР Битола е пријавен за „оддавање службена тајна“, откако неовластено проверувал податоци од системот за оружје и фотографии од службениот компјутер споделил со неповикано лице. – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Б.Ј. вработен како самостоен инспектор во Отсек за прикриени човечки извори на информации во ОКРА при СВР ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми. „Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира дека континуираното палење на депонијата Вардариште претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина. Во своето обраќање до јавноста тие истакнуваат дека секојдневното загадување со штетни гасови, чад и канцерогени честички ја загрозува почвата, водата и воздухот во Скопје и пошироко. „Граѓаните кои живеат во близина на депонијата, како и сите жители на ...

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја е многу близу до вооружен конфликт, всушност најблиску од Втората светска војна наваму, пренесе „Скај њуз“. Тој соопшти дека Полска побарала активирање на Член 4 од НАТО и нагласи дека земјата очекува поконкретни чекори, а не само декларативна поддршка и изрази на солидарност. Членот 4 на Северноатлантската алијанса овозможува секоја земја-членка да покрене дискусија за безбедносна ...

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, на прес-конференција изјави дека Вардариште и Дрисла денес се симболи на распадот на системот за управување со отпад, а ВМРО-ДПМНЕ четири години не понудиле никакво решение за овој проблем. „По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво ...

Вчеравечерта, групата туристи кои поминаа патешествие на патување во Истанбул, се врати во Македонија. Некои од нив посочуваат дека патувале 38 часа откако имаа проблем со автобусот, па тој се поправал со часови, за по нивно инсистирање, да се прати друго возило. Истовремено, гомпанијата „Ганиќ-Ексклузив“ со кои патувале, посочуваат дека непотребно се созадвала негативна слика за нивната агенција, оти сите патници биле расположени и насмеани ...

Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и актуелен претседател на Градската организација на СДСМ, Ѓорги Галетановски, се огласи по неодамнешниот инцидент, благодарејќи им на пријателите и колегите за поддршката. „За жал, некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што стварно не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова ...

Македонскиот филм „Силјан“, во режија на Тамара Котевска и продукција на „Конкордиа“ (Concordia), е избран како официјален кандидат на Македонија за наградата „Оскар“ во категоријата Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, која е призната и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Во составот на комисијата беа: претседателот и ...

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни регистарски таблички. Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, потврди дека сите институции ќе мора да ги заменат табличките до крајот на годината. Првичниот рок од 15 септември е продолжен до 29 септември, а како конечен датум се споменува 31 ...

И денешното рочиште во Основниот суд во Струга за случајот со Јилдз Веапоска од Дебар не се одржа. Наместо разгледување на извештајот од супервештачењето, постапката повторно беше стопирана поради барањето на одбраната за изземање на судијата кој го води процесот. Родилката, која по породување со царски рез во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, видно потресена излезе од судницата. Таа изјави дека повеќе нема ни здравје ни ...

Д-р Ненад Лазаров саркастично реагира на мерката за црвени таблички за службените возила, со порака дека транспарентноста треба да важи и кога се трошат службени картички во кафани или при потпишување фактури на сметка на институциите. Табличкиве сообраќајни црвени на службени коли ок, ама треба и службените картици коа се штракаат у кафана или фактура коа се потпишуе на име на институција, да прекинуе музика и на озвучење химната на ...

Во депонијата Дрисла кај селото Батинци утрово избувна пожар кој сè уште е активен. Оганот се шири од внатрешноста на депонијата, а како што соопштија од Центарот за управување со кризи, во моментов во гаснењето учествуваат само противпожарни екипи со возила. Проценето е дека интервенција од воздух може да ја влоши состојбата и да предизвика појава на нови жаришта. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко ...

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Јавното обвинителство и обвинителот Љубомир Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери, иако, како што наведуваат, постојат индиции и сомнежи за сериозен криминал и корупција. „Јавноста има право да знае што се случува со случајот ‘Рекет 2’ и зошто јавниот обвинител Коцевски сè уште го прикрива. Коцевски да не молчи за случајот ‘Рекет 2’, во кој ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, објави на социјалните мрежи дека Арбен Фетаи поседува безбедносен сертификат за државна тајна, иако има двојно државјанство. Според Законот за класифицирани информации, лица со двојно државјанство не смеат да добијат сертификат од највисоко ниво. Мојсоска истакна и дека постојат опструкции во работата на пратениците кои вршат надзор, како од страна на владини директори, така и од власта. -Јас (член ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски останува на своето тврдење дека фестивалот „EXIT“ во иднина би се организирал и во Македонија, или поточно во главниот град, Скопје. – Уште една потврда дека кај мене зборот е збор! Скопје е мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура. Град кој пулсира и дава енергија. И заедно ќе успееме во тоа! ...

Полските вооружени сили соборија неколку беспилотни летала што навлегле во нивниот воздушен простор за време на руски воздушен напад врз Украина. Официјалните власти во Варшава соопштија дека се работи за сериозно нарушување и чин на агресија. Според Оперативната команда на полската армија, руските дронови континуирано го нарушувале воздушниот простор на Полска, што било оценето како реална закана по безбедноста на населението. „По наредба ...

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги презентирав во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедноснитеслужби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата ...

„Ќе победиме силно!“ , вели Орце Ѓеорѓиевски и додаде: Вечерва сме во Ѓорче Петров, помеѓу својот народ, на завршниот настан од караванот за идеи и предлози. Со моите драги пријатели и силна поддршка уште од самиот почеток – сегашниот и иден градоначалник Александар Стојкоски и Бојан Стојаноски, заедно со нивниот одличен тим, убеден сум дека тука во Ѓорче ќе оствариме историска победа. Она што го видов вечерва, масовноста, енергијата и ...

Славе Андонов, актуелен и кандидат за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа. Андонов зборуваше за отворање на ново матично одделение во општина Василево, и истакна дека претходно тоа било проблем за жителите на општина Василево. Тој додаде и дека направил се во рамки на неговите надлежности како градоначалник. ,,Ова беше навистина голем проблем за граѓаните на нашата ...

Патници од Македонија со страв се враќале кон Македонија по туристичка посета на Истанбул, бидејќи се појавиле проблеми со исправноста на автобусот. Тие тврдат дека возилото постојано прегревало, а возачот морал да застанува за да се олади моторот. Компанијата „Ганиќ-Ексклузив“ за „Скопје1“признава дека имало проблеми со автобусот, иако ако се слушнат снимките може да се воочи дека претходно претставник оттаму ги убедува патниците да ...

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, свесно ја доведува јавноста во заблуда со тврдења дека светскиот фестивал EXIT ќе се сели во главниот град ако тој победи, обвинија денеска од СДСМ на прес-конференција. Кандидатката за советничка во Град Скопје, Катерина Цаневска Арсовска, рече дека по оваа изјава веднаш следел демант од организаторите на EXIT, кои истакнале дека ниту за 2025, ниту за 2026 година нема ...

Во СВР Скопје било пријавено дека во период од три месеци од гробно место на Градските гробишта во Бутел биле одземени две бронзени бисти, а полицијата работи на расчистување на случајот. На 08.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки ...

Во раните утрински часови на улица „Владимир Комаров“ во Скопје бил запален влез на стан, при што огнот ја зафатил само вратата, а повредени лица нема. Денеска (09.09.2025) во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје. Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема. Полициски службеници од ...

На последното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, што се одржа минатиот викенд во Кавадарци, српската пејачка Марија Шерифовиќ се најде во центар на внимание не само поради настапот, туку и поради една неочекувана реакција кон публика. Додека пееше и се движеше меѓу публиката придружувана од обезбедувањето, девојче од првите редови се обиде да посегне по нејзиниот микрофон. На тоа, Шерифовиќ збунето ја погледна и се слуша како ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција обвини дека СДС признале дека вршеле прислушување и следење преку Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР). „СДС најпрво треба да се извини за пет години следење на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, кои заедно со нивните семејства биле под константна присмотра на службите. Откако ќе се извинат, треба да го повикаат Виктор ...

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78, ЕУРОДИЗЕЛ ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
45%
1007
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
48%
1008
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
35%
1007
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
47%
1007
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
7.0
43%
1007
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
49%
1006
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
5.66
48%
1004
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
48%
1007
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
28%
1006
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
54%
1005
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
37%
1006
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
53%
1005
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Цинк

0.00

Платина

68063.13

Иридиум

253540.09

Сребро

2786.34

Калај

55.66

Бакар

13.33

Паладиум

47776.01

Родиум

320703.70

Злато

151086.58

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.61

Кобалт

45.39