Воздухопловни експерти изјавија за АП синоќа дека руската противвоздушна одбрана најверојатно е одговорна за соборувањето на азербејџанскиот патнички авион над Казахстан еден ден претходно. Во падот загинаа 38 лица, а сите 29 преживеани беа повредени. Авионот Embraer 190 на Азербејџан ерлајнс бил на пат од главниот град на Азербејџан Баку кон рускиот град Грозни во Северен Кавказ кога излетал од патеката од сè уште неразјаснети причини и се ...

За новогодишната ноќ, односно ноќта вторник кон среда 31 Декември 2024, кон 1 Јануари 2025 година, и во среда на 1 Јануари 2025 во текот на денот, особено на планините и на Скијачките центри времето ќе биде претежно сончево и тивко, додека по котлините ќе биде магливо, со намалена видливост, како и со ниска облачност. И во Скопскиот регион за новогодишната ноќ, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини ќе биде ведро и ...

Припадниците на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во битки со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна синоќа се прошири преку проукраинските канали на социјалните мрежи, а утринава ја потврди и јужнокорејската разузнавачка агенција. Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг испрати свои војници во Русија за да помогнат во борбата против ...

Еден цивил е убиен за време на силно гранатирање и напади со беспилотни летала на руските сили во украинскиот пограничен регион Суми, соопштија локалните власти рано утринава. Руските сили изведоа 169 напади врз пограничните области и населени места во регионот во текот на изминатиот ден, објави регионалната администрација на областа на својот канал Телеграм. Регистрирани се вкупно 311 експлозии. Жртвата е 59-годишен маж во населбата ...

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените власти под контрола на Хамас. Истиот извор објави дека меѓу жртвите има пет членови на персоналот на блиската клиника во Беит Лахиа: педијатар, лаборант, техничар и двајца болничари. Веста ја потврди директорот на болницата Камал Адван Хусам Абу Сафија. Информациите не беа независно проверени, а израелската ...

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека израелските воздушни напади врз меѓународниот аеродром во Сана во Јемен, пристаништата на Црвеното Море и електраните се алармантни. Израел потврди дека вчера погодил неколку цели поврзани со проиранските Хути во Јемен, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во Сана. Медиумите блиски до Хутите ...

Скопјанка сподели фотографии низ кои алармира за внимателност кај граѓаните кои живеат во Капиштец. Таа посочува дека крадци се обиделе да упаднат во нејзината куќа. „Во Капиштец кружат крадци, денес околу 19 часот пробуваат да влезат по домови“, објави скопјанката, која сподели и фотографии. Screenshot Засега не е познато дали овој обид за упад е пријавен во МВР. Во предновогодишниот период, кога граѓаните заминуваат на зимување и прослави, ...

Артан Груби не е државјанин на Албанија. Нема ниту запис во албанскиот службен весник кој би покажал дека Груби се здобил со нивно државјанство, објавува истражувачката мрежа БИРН. Тие контактирале со кабинетот на албанскиот претседател од каде добиле потврда дека Груби нема нивни пасош. „Артан Груби нема албанско државјанство“, изјави за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја. Истовремено, министерот за внатрешни ...

На 5 дена до Новата година, Град Скопје конечно ја објави програмата за прославата на најлудата ноќ на градскиот плоштад „Македонија“. Како што е наведено во соопштението, на градскиот плоштад ќе настапат „Sarah Mace & The Girlzz“, магичната „Љубојна“, рок-групата „Ареа“ и бендот „Нокаут“. Забавата започнува во 19.30 часот. Организаторот компанијата „Спектаклум” посочува дека се пријавиле и биле израни на конкурс. За минатогодишниот дочек ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија. За претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, м-р Гена Теодосиевска, Дејан Георгиевски, Жарко Башески, Оливера Наковска Бикова и ...

Кикбоксерот Бобанчо Илиоски, беше избран за најдобар спортист на Македонија. „Ја имам честа и оваа година да бидам избран за најдобар спортист на Македонија и да добијам признание од премиерот Христијан Мицковски. Убаво е за нас, спортистите, кога има луѓе кои го следат и поддржуваат нашиот труд. Ова признание ми дава мотив за работа и гордо да ја претставувам Македонија на најголемите кик-бокс сцени низ целиот свет“, напиша тој. ...

Уапсен е Артан Ајрули, сопственик на фирмата „Ритрон Копи“ од Куманово. Неговото апсење доаѓа по проширувањето на истрагата за злоупотреба во Државна лотарија, за што се обвинети Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби, кои веќе се во бегство. Со потпис на директорот Перпарим Бајрами, од 2022 до 2024 година се исплаќале лажни фактури подготвени од газдата на „Ритрон Копи“, Артан Ајрули. Бајрами со народни пари плаќал телевизори, ...

Затворени се 5 приватни научни институти, а кај 15тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, вечерва информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. „Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив“ не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има. „Тоа што се отпочна случај за адитивите кои се користени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да ...

Општина Центар, во петок 27 декември организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на Боемска 1. Во петок, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува ...

Денеска во 07.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 24-годишниот М.Р. од Куманово. Тој бил затекнат во деловен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово додека се обидувал да одземе пари и предмети, по што се обидел да избега преку прозорец, при што се здобил со повреди. М.Р. бил пренесен во Општа болница Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна ...

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ. Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот ...

Денеска во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 26-годишниот К.Ј. од Скопје, кој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски ...

На денешната седница на пратенички прашања во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески упати три прашања до премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. Во однос на првото прашање, Јаулески истакна дека по преземањето на власта во 2017 година, од кланот Муртино-Зајас, се правеше груба партизација на институциите и безбедносните сили во државата. „Дали има нови моменти во насока на расветлување на овој случај и дали ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат. На средбата, двајцата министри истакнаа дека посетата претставува уште една потврда за пријателските и добри односи меѓу двете земји. Тие ја потенцираа подготвеноста за натамошно продлабочување на севкупниот дијалог во функција на унапредување на билатералната ...

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати апел до Владата да го прифати предлогот на СДСМ, ДДВ за основните прехранбени производи, да се укине, односно да се намали од 5 на 0%. Владините политики со кошнички за наводно пониски цени на основните прехранбени производи, дожевеаја дебакл. Тоа и вие го признавте, иако вината се обидовте да ја префлите на трговците сакајќи да ...

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. „Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време ...

„Во изминатиот период од 2017-2024 година, според Светска банка, македонската економија растела во просек со 1,1% годишно. Честопати од оваа говорница зборував дека да не постои влада, да не постои државна управа, економијата сама од себе ќе расте повеќе од 1,1% во просек годишно. Она што ме интересира е она коешто беше објавено, она коешто е добро и позитивно, а тоа е дека конечно БДП не е 1%, како 7 години секоја година по еден процент“, ...

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на Председател на Управен одбор- Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела, Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено ...

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За ...

Вчера во 08.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба, во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат 54-годишниот Б.Ќ. од Скопје, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Поврзани вести преку ...

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат. Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од КЗ. Пријавениот, како началник на Одделение за обезбедување на Влада ...

Крајно време е политиката да се тргне од образованието, зошто ако продолжиме вака нема да одиме нагоре. Нашите ученици на ПИСА и ТИМСС нема да бидат меѓу последните, туку последни. Дајте конструктивни сугестии за пакетот закони кој треба да се изгласа во Собранието, наместо да се фокусирате само на јазикот и химната. Ова го потенцираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од собраниската говорница како одговор на прашање ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а се однесува на доцнењето на повратот на ДДВ кон компаниите и кога планираат да ги исплатат овие средства. Во продолжение интегрален текст на прашањето: „Почитувана министерке Димитриеска-Кочоска, додека Владата се фали со унгарскиот кредит како решение за поддршка на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
56%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
75%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1012
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
62%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
59%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52