
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



На Жизел Пелико, Французинката на чиј сега поранешен сопруг му се суди дека ја дрогирал и силувал и поканил десетици други мажи да ја силуваат, за првпат сведочеше во судницата. Жизел пред судот во Авињон изјави дека сака жените кои биле силувани да знаат дека „не е на нас да се срамиме – тоа е на нив“. „Сакам сите жени кои биле силувани да кажат: Мадам Пелико го стори тоа, можам и јас. Не сакам повеќе да се срамат“, рече таа, осврнувајќи се на ...
Криејќи се зад големо дрво, искусниот фоторепортер на новинската агенција АП Билал Хусеин ја насочил својата камера кон станбената зграда во Бејрут за која што израелската војска предупреди дека ќе биде мета. Додека проектилот паѓал од небото некое време подоцна, Хусеин и неговата камера биле совршено позиционирани за да ја документираат патеката на уништувањето. Во моментот на нападот зградата веќе била целосно евакуирана (Фото: АП) „Го слушнав ...
Македонија и македонскиот народ имаат огромно културно, фолклорно и материјално богатство кое мора да се продолжи и истражува од страна на новите генерции, им порача познатиот фолклорист Иван Котев на студентите по македонски јазик кои во Штип го изучуваат и предметот мит и фолклор. Котев вели дека досега има собрано над 60.000 фолклорни творби, што доволно зборува дека нашиот народ има големи творечки можности. Зборувајќи на темата „Фолклорот – ...
Се надевам дека за месец и пол ќе почне да се дава онколошка терапија во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје, рече вчера министерот за здравство Арбен Таравари. Последен пат кога најави можно отворање на Онколошката амбуланта во оваа болница беше на 22 јули, и тогаш рече дека за еден месец би требало да почне со работа амбулантата, но акцелераторот би се ставил во функција за шест месеци. Акцелераторот во „8 Септември“ беше ...
Освен поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилува уште девет осуденици, меѓу кои и арачиновците Акиф Рахмановски и Шенол Маслани. Акиф Равмановски, познат и како Акиф Јусуфи, бил осуден за поседување нелегално оружје, а е дел од истрагата како осомничен за вооружен напад на скопјанец од пред осум дена, додека сè уште бил затвореник во „Идризово“, објави „Телма“. Неговата затворска ...
„Не го фрлајте текстилниот заедно со комуналниот отпад кој завршува на депонија. Парчињата што може да се користат донирајте ги“, е пораката од еколошката хуманитарна акција во Босилово. Околу 3 тони текстилен отпад се собра во Општина Босилово. Домаќинствата текстилниот отпад го складираа во посебни контејнери, а облеката која што може да се реупотреби добро спакувана ја донираа за некому да му послужи. Во акцијата се вклучи и Ѓорѓи Зимбаков, ...
Уметникот и професор Беди Ибрахим на 28 октомври (20 часот) ја отвора ретроспективната изложба во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Изложбата содржи дела од сите творешки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 1980-тите години до денес. Куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски. „Ибрахим целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена, создавајќи ...
Кампањата на Доналд Трамп вложи жалба во Федералната изборна комисија (ФЕЦ) против британската Лабуристичка партија, обвинувајќи ја за грубо странско мешање во изборите во САД. Жалбата е заснована врз медиумските написи за контактите помеѓу Лабуристите и кампањата на Камала Харис и нивните волонтерски активности, тврдејќи дека тоа се незаконски придонеси. Би-Би-Си објави дека активисти на Лабуристичката партија учествуваат во кампањата за ...
Улицата Христо Татарчев во скопската Општина Кисела Вода два месеца стои раскопана и недовршена. Општината во август годинава почна со реконструкцијата на потегот од бензинската „Мечкаров“ до кружниот тек на последната автобуска станица на линијата 24. Во должина од 7.000 метри квадратни беше извададен стариот оштетен асфалт, и поставен само еден слој. Два месеца на улицата нема никаква градежни работи, па граѓаните возат по нерамен асфалт, а ...
Австрискиот претседател Александер фан дер Белен побара од актуелниот канцелар Карл Нехамер да формира нова коалициска влада, иако неговата конзервативна Народна партија изгуби од крајнодесничарската Партија на слободата на изборите минатиот месец. Антиимиграциската, проруска Партија на слободата освои 29% гласови и нејзиниот лидер Херберт Кикл изјави дека тој би требало да ја води идната влада. Сепак, сите други партии ја отфрлија можноста да ...
Сто пациентки од Клиниката за онкологија 2 месеца чекаат за скен на коски на Институтот за патофизиологија, а оттаму им рекле дека немаат изотопи, кажа денеска Ана Марјановиќ од Здружението „Хема-онко“ пред појадокот за пациентите на Клиниката. „За скен на коски во овој момент чекаат 100 пациентки кои се од Онкологија, со приоритетни упати препратени на тоа испитување, поради продолжување на терапијата. Што значи дека додека исптитувањето не се ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова потпишала намалување на казната на ексградоначалникот на Битола Владимир Талески, осуден на 7 години за вршење организиран криминал со превозот на ученици од Битола. Информацијата ја објави ТВ21 и за оваа одлука на Силјановска-Давкова нема официјално соопштение. Затоа, не се знае ни кога излегува од затвор, дали веднаш, веќе е дома, или треба уште малку да одлежи. Членови на комисијата за помилување ...
Програмата за развој УНДП на Обединетите нации и Општина Штип го реализираа проектот за зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната економска и социјална состојба на Ромите. Во рамките на овој проект, денеска во Штип во зелената област на месноста Мирјанина Црква, каде што главно живеат Роми, беше отворен еко-парк за деца и возрасни, со уредени патеки, клупи и детски и спортски игралишта. УНДП и претставници на ОУ ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет за назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, откако кај нив стигнала анонимна претставка со наводи дека е незаконски именуван на функцијата. „Предметот е прераспределен кај член на комисијата и по обезбедени докази и изготвена документација, ќе донесеме соодветна одлука за којашто ќе биде информирана и јавноста“, изјави за ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска одржа прес конференција на која беше јавно презентирана одлуката на Судскиот Совет која претставува важен чекор за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија. Судскиот совет на 10 октомври донел одлука да ја казни судијката од Граѓанскиот суд Скопје Јованка Спировска-Панева со дисциплинска мерка – јавен укор, зашто ги истера новинарите од судницата за време на спорот за ...
Владиката Петар е годинешниот добитник на највисокото признание на Општина Прилеп, наградата „3 Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на градот од фашистичката окупација. На митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Петар, според образложението на Комисијата која одлучуваше за наградите, Златната плакета за животно дело му се доделува поради „огромна ревност и оданост за верата и затоа што тој секогаш ...
Пругите кон Кочани и Кичево ќе причекаат додека повторно по нив возат возови, а ќе чекаат и патниците кои ги користеа услугите на Македонски железници да патуваат за овие правци. Пругите кон Кичево и Кочани се без воз од мај 2021. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски во Велес кажа дека причината за прекинот не е малиот број патнички возови и локомотиви, туку малиот број патници. „Пругата кон Кочани и Кичево нема железнички ...
Партијата Левица денеска до Обвинителството поднела кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши, поради блокадата на Законот за бранителите. Законот за бранителите е заглавен во собраниска процедура, откако претседателката на комисијата за труд и социјала Илире Даути одлучи да не свикува седница за предложениот закон, т.е. да го блокира. „Во ваква ситуација кога претседател на комисија решава да не свикува седница по одреден ...
Јужна Кореја предупреди дека би можела да испрати оружје во Украина, како одговор на наводното распоредување севернокорејски војници во Русија, што го негираат и Москва и Пјонгјанг. Сеул на овој начин сака да ја притисне Русија да не ја вклучува Северна Кореја во војната во Украина. Јужна Кореја е загрижена дека Русија би можела да ѝ даде софистицирани технологии на Северна Кореја, со кои би можела да ги унапреди нуклеарната програма и развојот ...
На Клиниката за радиотерапија и онкологија не се внесуваат податоци за вредноста на лековите примени преку донации, што влијае на целосноста на податоците во Билансот на состојба, е една од забелешките во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР). „Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето на приемот и издавањето на лековите од аптека до ...
Премиерот Христијан Мицкоски предложи да се примени формулата од Преспанскиот договор за одложено дејство и со уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, во неговиот говор на 20. Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите. Тој кажа дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа ќе биде последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за шест месеци од сега нема да се бара ...
Државната комисија за жалби по јавни набавки да се распушти по брза постапка и да се избере нова од страна на новото парламентарно мнозинство, изгласаа денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од нивната коалиција, за предвремено прекинување на мандатот на членовите и на претседателот на овој независен државен орган. „Ваквиот упад во работата на институциите кои по својот модел треба да бидат независни од централната власт, претставува опасен ...
Добро е што Клиниката за детски болести презема одредени чекори, се надевам дека ќе се разбуди совеста и кај менаџментот на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари во врска со смртта на 14-месечното девојче кое почина на 5 октомври. На 18 октомври, Клиниката за детски болести соопшти дека се суспендирани од работа двајцата здравствени работници – доктори-специјалисти кои на 3 ...
Ракометарот на Вардар Вуко Борозан можеби нема да настапи на утрешниот натпревар од Европската лига против Порто откако во Скопје го нападнале улични кучиња. Веста ја потврди тренерот Владо Неданоски, кој кажа дека црногорскиот играч по инцидентот завршил в болница. „Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан беше нападнат од кучиња додека се шетал со своите деца и заврши в болница. Бранејќи се од кучињата, заработи ...
Западен Балкан оствари забележителен напредок на евроинтегративниот пат неодамна, откако од Самитот на Берлинскиот процес (14 октомври) произлегоа нови договори, а Албанија и формално ги почна пристапните преговори со втората меѓувладина конференција на 15 октомври, се вели во анализата на тинк тенкот Советничка група за политики за Балканот во Европа (БиЕПАГ). Албанската влада ја зацврсти преговарачката позиција и покрај повиците за ...
Германската полиција разоткри пицерија во Диселдорф која служела пица со доза на кокаин. За да ја добијат, муштериите требало да ја нарачаат пицата број 40 во менито. „Тоа беше една од најпродаваните пици“, изјави директорот на полицијата Михаел Граф фон Молтке. Тој кажа дека полицијата првпат добила дојава за ова од сомничави инспектори за храна во март. Кога полицајците од одделот за дрога почнале да ја набљудуваат пицеријата, тие откриле дека ...
Спортската сала „Партизан“ во скопската Општина Карпош речиси една година е реновирана, но стои заклучена. Реконструкцијата заврши лани во декември и тогаш свечно ја отворија градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и тогашниот премиер Димитар Ковачевски. Оттогаш поминаа десет месеци, а салата сè уште не е во функција и стои затворена. Проблемот е што салата уште не е приклучена на парно греење и не е опремена со потребни реквизити. ...
Шеф на јапонската полиција лично му се извини на Ивао Хакамада за неколкуте децении страдање и погрешната пресуда, поради која голем дел од животот помина во затвор, чекајќи на извршување смртна казна. Сега 88-годишниот Хакамада конечно беше ослободен минатиот месец во окружниот суд во Шизуока, кој кажа дека обвинителите соработувале за да лажираат и подметнат докази против него за четирикратно убиство во 1966 година, принудувајќи го да ја ...
Владимир Путин оваа недела ќе собере повеќе од 20 шефови на држави за да го покаже зголеменото влијание на незападниот свет, но и дека изолацијата наметната поради војната во Украина не делува. Рускиот град Казан од денеска до 24 октомври ќе биде домаќин на самитот на БРИКС, блок формиран од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, на кој во меѓувреме му се придружија и Египет, Етиопија, Иран и Обединети Арапски Емирати, а поканета е и ...
Александар Вучиќ објави дека нема да оди на самитот на блокот БРИКС, што ќе се одржува од 22 до 24 октомври во рускиот град Казан. Србија сепак ќе има министерска делегација на самитот, што ќе ја предводи потпретседалот на владата Александар Вулин. Вучиќ појасни дека не може да оди на самиот зашто го чекаат бројни меѓународни средби. „Кога добив покана во август, им реков дека договарам средба со полскиот премиер Доналд Туск и тој доаѓа. Имам и ...