По нападот врз Венецуела од САД, повторно расте загриженоста во Европа поради обновените изјави американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд. Загриженоста во Европа се зголеми по неодамнешната објава на социјалните мрежи на Кејти Милер, сопругата на високиот функционер на Белата куќа, Стивен Милер, и интервјуто кое Трамп го даде за весникот „Атлантик“. Во него, американскиот претседател го повтори своето долгогодишно тврдење: „Апсолутно ...

Семејството Арсовски е единственото што и денес се занимава со грнчарство во Злетово. Занаетот е во семејството повеќе од еден век, а браќата Мите и Љупчо Арсовски го наследиле од дедо им и татко им. Повеќе од 50 години тие се единствените активни грнчари во Злетовскиот Регион. Арсовски ја задржале старата работилница, фурната за печење грнчарски производи и нивата со глина од каде ја обезбедуваат основната суровина. Велат дека интерес за ...

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо рече дека апсењето на претседателот Николас Мадуро е „огромен чекор за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“. Мачадо, која лани се криеше со месеци, изјави дека е благодарна за акцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела. Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 изјави за „Фокс њуз“ дека на новата привремена претседателка Делси Родригез – која беше ...

Десет лица се прогласени за виновни за онлајн малтретирање на Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон. На судењето во Париз, тие беа обвинети за ширење лажни тврдења за нејзините пол и сексуалност, како и за давање злонамерни забелешки за 24-годишната разлика во возраста на двојката. На повеќето од обвинетите им беа изречени условни затворски казни до осум месеци, но еден беше осуден на затвор поради непојавување на ...

Соборениот претседател на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се изјаснија како невини при првото појавување во федералниот суд во Менхетн, повеќе од два дена откако беа заробени од американската војска во Каракас. Мадуро се изјасни како невин по сите четири точки од обвинението, вклучувајќи заговор за нарко-тероризам и поседување митралези и деструктивни направи. Тој му кажа на судот дека и натаму е претседател на ...

Соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро е превезен во судот во Менхетн, каде што ќе се соочи со обвиненијата поврзани со дрога и оружје, додека Советот за безбедност на Обединетите нации дебатира за легалноста на американскиот упад во Венецуела. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, кои беа заробени во саботата, беа одведени од вооружени чувари од притворот во Бруклин, по што со хеликоптер беа превезени до федералниот суд во Менхетн. ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) доби уште еден професионален пилот, а од Министерството за финансии има согласност за вработување на уште два пилота на противпожарните „ер-трактори“, соопшти директорот Стојанче Ангелов. Во ДЗС доаѓа пензионираниот армиски полковник Роберт Малезански, воен пилот кој во својата кариера има управувано и дејствувано со различни типови на летала меѓу кои и борбени авиони „галеб“, „супер галеб“, „миг“ 21, ...

Во Битола денеска беше испорачана и промовирана опрема за управување со цврст отпад, составена од 16 нови возила и голем број контејнери и канти, наменети за општините од Пелагонискиот и Југозападниот Регион. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека опремата е дел од регионалниот проект за управување со цврст отпад. „Со оваа опрема го подготвуваме системот за целосно функционирање на идната регионална депонија и центар за управување со отпад во ...

Почина проф. д-р Тодор Делипетров еден од основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Имаше 75 години. Делипетров беше професор на Факултетот за природни и техники науки на Штипскиот универзитет, а најмногу се задржа на Рударско-геолошкиот факултет. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот за физика, а потоа во областа на геофизиката докторирал на природно-техничките науки. Автор е на стотина научни ...

Сега влегуваме во пикот на сезоната на грипот и ќе трае во наредните две недели, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу. „Тоа е нормално во овој период од годината, да се зголемува бројот на пациенти кои бараат здравствени услуги поради грипот. Немаме некој алармантен број за да правиме дополнителни анализи и немаме индиции за дополнителни мерки“, рече министерот на прес-конференција за употреба на пиротехника. Според последниот ...

На новогодишната ноќ седум лица, од кои пет деца и двајца мажи во 50-ти години, се здобиле со повреди на рацете од испукани петарди. На дел од нив поради сериозноста на повредите им биле импутирани прстите. „На Ургентниот центар беа примени три деца, на Детска клиника два деца, а на Клиниката за пластична хирургија двајца возрасни мажи. За жал, дел од нив имаа сериозни повреди, поради што мораше да им биде извршена импутација на прстите“, ...

Главна забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата е македонскиот јазик, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Освен Бугарија, ниедна друга членка на ЕУ немала забелешки за овој документ. Според Мицкоски, ова уште еднаш покажува дека проблемите со Бугарија се многу подлабоки и дека немаат врска со исполнувањето на Копенхагенските критериуми за членство во ЕУ. „Досега бевме воздржани бидејќи сето она за што ги предупредивме ...

Доналд Трамп му се закани на колумбискиот претседател Густаво Петро по американската акција за фаќање на Николас Мадуро во Венецуела, а за кубанската влада кажа дека веројатно самата ќе падне наскоро. Бројни држави го осудија американскиот упад во Венецуела, при што владите на Шпанија, Бразил, Чиле, Куба, Уругвај и Мексико заеднички соопштија дека тоа е опасен преседан за мирот и регионалната безбедност. „Венецуела и Колумбија се многу болни, ...

Во Охрид е во тек уредувањето на Холандскиот парк, на почетокот од езерскиот кеј во близина на каналот „Студентчишта“. Поставено е ново детско игралиште, кое до пред неколку месеци беше речиси целосно уништено, како и нови клупи, нови дрвени лежалки за одмор и корпи за отпад. Поставено е ново детско игралиште кое беше речиси целосно уништено пред неколкку месеци. (Фото: СДК.МК) Во октомври 2025, охрискиот градоначалник Кирил Пецаков, најави ...

Доналд Трамп изјави дека не верува оти Украина ја нападнала резиденцијата на Владимир Путин во северна Русија, како што тврди Москва. „Не верувам дека таков напад се случил. Нешто се случило во близина, но немало врска со тоа“, кажа Трамп. Информацијата за наводниот напад во регионот Новгород прв ја прошири рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој на 29 декември кажа дека Украина употребила 91 дрон, кои биле соборени од ...

Кубанската влада објави дека 32 Кубанци загинале во американската акција за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас. Куба кажа дека 5 и 6 јануари ќе бидат денови на жалост во чест на загинатите. Кубанската влада не даде многу детали, освен дека загинатите биле припадници на кубанските вооружени сили и разузнавачки агенции. „Верни на своите одговорности во врска со безбедноста и одбраната, нашите сонародници ја ...

Претседатателот на Венецуела Николас Мадуро денеска попладне ќе се појави во судот во Њујорк, повеќе од два дена откако беше заробен во брзата акција на американските сили во Каракас. Тој ќе се соочи со обвиненија поврзани со дрога и оружје, вклучувајќи заговор за нарко-тероризам. Неговата функција ја презеде потпретседателката Делси Родригес, на која Доналд Трамп ѝ се закани дека „ќе плати уште поголема цена од Мадуро ако не ја направи ...

Без разлика каде бев, не постои чувство што ќе ми го замени овој настан пред домашната публика, ова е мојата најголема гордост, рече режисерката Тамара Котевска на синоќешната свечена премиера на нејзиниот документарен филм „Приказната за Силјан“ во полниот салон на Македонскиот народен театар (МНТ). Филмот од 15 јануари ќе се прикажува во скопското кино Синеплекс, а потоа и низ Македонија. Екипата на филмот доби големи овации од публиката. ...

Ние како Влада апсолутно стоиме зад потезите и аргументите на нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски откако вчера венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше уапсен. Прашан зошто Македонија веднаш даде поддршка за апсењето на Мадуро кога дел од европските земји рекоа дека со овој напад се крши меѓународното право, Мицкоски рече дека истите тие земји молчеле кога се кршело ...

Пожарот во југозападен Берлин, кој остави десетици илјади луѓе без електрична енергија, веројатно е резултат на напад на крајната левица, соопштија официјални лица. Компанијата за електрична енергија „Штромнец Берлин“ претходно соопшти дека целосното враќање на струјата би можело да трае до 8 јануари. Таа денеска соопшти дека напорите за враќање на електричната енергија се во тек, при што околу 35.000 домаќинства и 1.900 комерцијални субјекти ...

Министерот за одбрана Владимир Падрино Лопес изјави дека војската ѝ даде поддршка на потпретседателката Делси Родригес да биде привремена претседателка на Венецуела. Таа беше поставена на функцијата од Врховниот суд по американската воена акција во која беа заробени претседателот Николас Мадуро и првата дама Силија Флорес. „Војската го отфрла кукавичкото киднапирање на Мадуро и неговата сопруга по ладнокрвното убиство на голем дел од неговиот ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио не сакаше директно да каже дали Куба е следната цел на администрацијата на Доналд Трамп, но призна дека кубанската влада е голем проблем. Тој кажа дека Кубанците, а не Венецуелците го чуваа Николас Мадуро пред неговото апсење вчера. „Мислам дека се во голема неволја. Не сакам да зборам кои ќе бидат нашите идни чекори и каква е нашата моментална политика во тој поглед, но не е никаква мистерија ако ...

Венецуела се уште официјално не го објавила бројот на жртви во вчерашниот американски напад, во кој беа заробени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија. Повикувајќи се на неименуван венецуелски функционер, „Њујорк тајмс“ објави дека загинале најмалку 40 луѓе, вклучувајќи цивили и припадници на вооружените сили. САД вчера кажаа дека воената акција била внимателно и прецизно планирана неколку месеци токму со цел да се ...

Во Македонија дневно питачат повеќе од 2.000 деца, го минуваат денот на улица а во Скопје стотина деца се по крстосниците од булеварите. Ова го покажуваат податоците на граѓанската организација „Градиме иднина“. За овие четири години работа на организацијата, 145 деца од улица се отстранети и се згрижени во групни домови или згрижувачки семејства. „Нашите истражувања покажаа дека секојдневно во градовите на Македонија питачат две илјади деца, ...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро пристигна во притвор во Њујорк по вчерашната молневита акција на американската војска за негово заробување во Каракас, по која Доналд Трамп кажа дека САД привремено ќе ја водат земјата и ќе ги преземат нејзините огромни нафтени резерви. По акцијата во која беше исклучена струјата во дел од Каракас и беа нападнати воени објекти, Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа префрлени со брод и авион во ...

Летовите низ Грција беа прекинати утрово поради технички проблем во Информативниот регион за летови во Атина, што влијаеше на пристигнувањата и полетувањата на аеродромот во Атина и на регионалните аеродроми. Се чини дека проблемот е поврзан со радиофреквенциските системи на контролниот центар што работи во рамките на Управата за цивилно воздухопловство. Радиофреквенциите што го опслужуваат засегнатиот контролен центар се надвор од функција. ...

Американските нафтени гиганти остануваат тивки по тврдењето на Доналд Трамп дека тие ќе вложат милијарди и милијарди долари во обновата на венецуелската нафтена индустрија по заробувањето на претседателот Николас Мадуро. „Шеврон“, единствената американска нафтена компанија која и натаму работи во Венецуела, кусо соопшти дека е посветена на почитувањето на релевантните закони и прописи. Трамп кажа дека огромните резерви на нафта на Венецуела ...

Швајцарската полиција идентификуваше уште 16 жртви на пожарот во Кран-Монтана во новогодишната ноќ, меѓу кои се и 14-годишно девојче од Швајцарија и двајца 15-годишници. Вкупно деветмина од нив имаат помалку од 18 години. Полицијата кажа дека меѓу жртвите има државјани на Швајцарија, Италија, Романија, Турција и Франција. Уште осум тела беа идентификувани вчера, со што нивниот број се зголеми на 24. Швајцарските обвинители вчера соопштија ...

Доналд Трамп кажа дека акцијата за фаќање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се вклопува во неговите приоритети „Америка на прво место“ и ја оправда со доктрина создадена пред повеќе од 200 години. „Американската доминација во западната хемисфера веќе никогаш нема да се доведува во прашање“, кажа Трамп. Тој појасни дека воената акција е во согласност со Доктрината Монро, именувана според петтиот американски претседател Џејмс Монро, ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ќе консултира експерти за тоа што ќе значи за Тумбе Кафе ако се направи пат од другата страна до таканаречениот Златен Рид. Таму пред 13 години, во време на ексградоначалникот Владимир Талески, беа продадени над 40 парцели, за кои сопствениците платија даноци и комуналии, а уште немаат инфраструктура. Тумбе Кафе е препознатлива зелена зона уште од турско време, но зад неа е дел од касарната каде се ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.63
43%
1019
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
54%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.45
55%
1018
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.59
32%
1020
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.06
43%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.19
72%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
43%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.98
35%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
0.22
33%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
2.24
52%
1018
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
1.79
45%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
4.05
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Родиум

249168.29

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Калај

50.56

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Иридиум

233896.68