Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Поројните врнежи од дожд во Охрид и околината предизвика поплави во куќите, подрумите и дворовите. Дел од улиците синоќа беа непроодни, а неколку автомобили беа заглавени од огромната количина вода. Граѓаните со лопати, вреќи и импровизирани брани се обидуваа да ја задржат надојдената вода и да го спасат својот дом и покуќнината. На терен интервенираа и екипите на јавните претпријатија со испумпување на водата, а се расчистуваат и свлечишта и ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека партијата нема да учествува на лидерската средба најавена од премиерот Христијан Мицкоски. Според Филипче, оваа средба е обид на Мицкоски да најде алиби за распишување предвремени парламентарни избори, што тој го опиша како сценарио смислено уште минатата година. Претседателот на социјалдемократите рече дека СДСМ нема да биде покритие за ваквите планови, кои според ...
Обилните врнежи од дожд и снегот што од синоќа паѓаше во Тетово предизвикаа неколку одрони и свлечишта од земја и камења, кои го блокираа локалниот пат што води од Тетово кон месноста Бањиче и до неколку села во повисокиот дел на Шар Планина. Освен што е затрупан патот и е прекинат сообраќајот на овој патен правец, одроните предизвикаа и штети на инфраструктурата поставена на патот. Најголемото свлечиште од земја и камења настана веднаш над ...
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер жестоко ја критикуваше американската надворешна политика под водство на Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се распадне во „дувло на разбојници“, каде што бескрупулозните земаат што сакаат. Реагирајќи на американската воена акција во Венецуела, кога беше заробен претседателот Николас Мадуро, Штајнмаер кажа дека светската демократија е нападната како никогаш досега. ...
Газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули денеска се пријави во затворот „Идризово“ за да почне да ја одлежува затворската казна од 10 години за страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци по превртувањето на негов неисправен автобус. Тогаш загинаа 16 патници, над 30 беа повредени. Директорот на „Идризово“ Зоран Јовановски потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК дека Белули е в затвор. Како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК на 1 декември 2025, Белули кој ...
Доналд Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни организации и групи, вклучувајќи многу кои се борат против климатските промени. Речиси половина од групите од кои се повлекоа САД се тела на Обединетите нации, меѓу кои и Рамковната конвенција за климатски промени и Меѓувладиниот панел за климатски промени. Белата куќа кажа дека ваква одлука била донесена зашто овие организации веќе не служеле на американските интереси и промовирале „неделотворни ...
Поради обилните врнежи дожд забележано е зголемување на водостојот на реките и излевање на повеќе водотеци во Преспанскиот Регион, што доведе до поплавување на поголем број куќи и дворни места, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен соопштија дека поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот ...
Венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабељо изјави дека 100 луѓе загинале во американскиот упад во земјата, кога беа заробени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Војската претходно ги објави имињата на 23-цата нејзини припадници кои загинале, а Куба ја потврди смртта на 32-ца нејзини војници и разузнавачи. Кабељо кажа дека Флорес се здобила со повреда на главата, а Мадуро имал повреда на нога. Новата ...
Американски имиграциски агент уби 37-годишна жена во Минеаполис, при што локалните власти ја отфрлија владината верзија дека тој реагирал во самоодбрана. Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека Рене Никол Гуд била насилна демонстрантка која се обидела да прегази агент на ИЦЕ. „Агентот несовесно ја користеше моќта што резултираше со нечија смрт“, изјави градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј. Ова уследи откако стотици агенти на ...
Доналд Трамп и неговите функционери активно разговараат за можна понуда за купување на Гренланд, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. „Тоа е нешто за што во моментов активно разговараат претседателот и неговиот национален безбедносен тим. Тоа не е нова идеја, претседателот беше јасен и отворен за тоа со светот“, кажа Ливит. И Данска и Гренланд постојано нагласуваат дека островот не е на продажба. Запрашана зошто владата на ...
Реки води потекоа низ улиците во преспанското село Љубојно поради денешните обилни дождови, носејќи со себе кал и земја од околниот рид каде летото во 2025 со гола сеча беше исечени 1.500 кубици даб од манастирската шума. „Доколку не се спречеше сечењето на дрвјата , ситуацијата ќе беше уште полоша. Ова се случува при секој дожд од летото, па наваму“, велат жителите на Љубојно. Сечата запре поради протестите на жителите кои траеја 4 месеци. ...
Од обилните врнежи од дожд во Битола се излеа реката Курделес, што предизвика поплави на повеќе улици. Најкритично е кај старата фабрика „Прогрес“, а под вода е и улицата Македонска фаланга, односно старата Иво Лола Рибар, сè до Железничката станица и дел од патот кон граничниот премин со Грција. Поплавен е и дел од селото Кравари во Битолско. Под вода се улици и земјоделски површини, а жителите стравуваат дека водата ќе навлезе и во нивните ...
Поради поплавени станбени објекти на улицата Прилепска во Кичево, евакуирани се 60 лица во спортската сала „Христо Узунов“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради обилните врнежи, од ЦУК апелираат граѓаните ако имаат потреба или забележат проблеми да ги пријават на бројот 112. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека како последица на врнежите од дожд во текот на денов, зголемување има на водостојот на скоро ...
Кипар по вторпат го презема ротирачкото претседателство со ЕУ, во период на сериозни геополитички предизвици. За разлика од 2012 година, Европа денес се соочува со војната во Украина, кризата на Блискиот Исток и зголемена глобална нестабилност. Во следните шест месеци, Кипар ќе претседава со министерските состаноци и ќе посредува меѓу земјите-членки. Напорите за насочување на блокот кон поголема автономија – а воедно и отворен кон светот – ќе ...
Нови информации откриваат дека ризикот од пожар во подрумскиот бар „Ле Констеласион“ во Кран Монтана, Швајцарија каде на 1 јануари загинаа 40 лица главно на возраст од 14 до 25 години, а над 116 беа повредени, бил познат со години пред трагедијата. За време на новогодишната ноќ 2019–2020, вработен во барот ги предупредил гостите да внимаваат на запаливата пена на плафонот, според видеото емитувано на швајцарската државна телевизија РТС. ...
САД се обидуваат да запленат нафтен танкер под руско знаме со врски со Венецуела, по повеќе од двонеделна потера низ Атлантикот и во момент кога руска подморница и воен брод се наоѓале во близина, изјавија денеска две американски официјални лица за Ројтерс. Заплената, која би можела да ги зголеми тензиите со Русија, следеше откако танкерот, првично познат како „Бела-1“, се протнал низ американската поморска „блокада“ на санкционирани танкери ...
Пет отсто од речиси 3 илјади ученици на 15 и 16-годишна возраст пријавиле дека користеле канабис барем еднаш во животот, 4,3% во последната година, додека 2,6% пријавиле употреба во последниот месец од истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Терминот „канабис“ се однесува на хашиш и марихуана. Извештајот на ИЈЗ е насловен „Европски проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги во Македонија“ и е објавен на 22 ...
Не е земен ниту оштетен материјал од државен и јавен интерес во вчерашната кражба во Архивот на Град Скопје, кој се наоѓа на улица Московска, ни изјави директорот на Државниот архив на Македонија, Димитар Богески. Кражбата ја извржиле тројца тинејџери на возраст од 17 до 19 години. Архивот во Скопје е одделение на Државниот архив, кое работи на улицата Московска бр. 1 во Скопје. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека „на ...
Кина денеска остро ја критикуваше планираната интервенција на американскиот претседател Доналд Трамп во нафтената индустрија на Венецуела. „Скандалозната употреба на сила против Венецуела од страна на САД и барањето да управува со нејзините нафтени ресурси според принципот ‘Америка на прво место’ претставуваат вознемирување, кршење на меѓународното право и штета на правата на венецуелскиот народ, изјави портпаролот на Министерството за ...
Западна Европа денеска се подготвува за повеќе снег и мраз, а првата именувана бура во годината, Горети, го погоди атлантскиот брег на континентот. Повеќе летови беа откажани, железничките услуги беа прекинати, а патиштата блокирани додека бурата Горети се движеше низ регионот. Силен снег го зафати парискиот регион кога се раздени денеска, додека јужниот дел на Велика Британија веројатно ќе биде најтешко погоден утре и задутре. ...
Од сефот на Јавното претпријатие (ЈП) „Паркови и зеленило“ во Скопје е урадено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според билтенот на МВР, на 5 јануари околу 9 часот во СВР Скопје, од „Паркови и зеленило“ е пријавено дека во периодот од од 2 до 5 јануари во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговара за „низа опции“ за заземање на Гренланд, меѓу кои и употреба на војската, соопшти Белата куќа. Белата куќа изјави за „Би-Би-Си“ дека заземањето на Гренланд – полуавтономен регион на Данска, која е членка на НАТО, е „приоритет на националната безбедност“. Изјавата следеше по неколку часа откако европските лидери издадоа заедничка изјава во која ја поддржуваат Данска, која се спротивставува на ...
Венецуела ќе им испорача на САД до 50 милиони барели нафта, најави американскиот претседател Доналд Трамп кој самиот ќе ги надгледува приходите. Само неколку дена по американската воена интервенција во Каракас, Трамп изјави дека директно интервенира во нафтената индустрија на Венецуела и ја обезбедува контролата врз приходите од продажбата на нафта. Венецуела ќе им испорача на САД меѓу 30 и 50 милиони барели (еден барел има 159 литри) ...
Руските претставници во 2019 година посочија дека Кремљ би бил подготвен да се откаже од својата поддршка за Николас Мадуро во Венецуела во замена за одврзани раце во Украина, според Фиона Хил, советничка на претседателот Доналд Трамп во тоа време. Русите постојано ја споменуваа идејата за „многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“, рече Хил за време на конгресното сослушување во 2019. Нејзините коментари повторно се појавија ...
Десет дена откако не добиле одговор од надлежните институции за одлуката за ретроактивно оданочување на приходите остварени од странство од 2020 година наваму, граѓаните кои некогаш работеле во американските бази во Ирак и Авганистан повторно излегоа на протест пред канцеларијата на Управата за јавни приходи (УЈП) во Куманово. Тие велат дека и за време на празниците добиле даночни решенија за 2020 година, со кратки рокови за плаќање и со ...
Русија денеска го поздрави назначувањето на Делси Родригез за привремена претседателка на Венецуела, нарекувајќи го чекор за обезбедување мир и стабилност во услови на „очигледни неоколонијални закани и странска вооружена агресија“. „Цврсто инсистираме дека на Венецуела мора да ѝ се гарантира правото да ја одреди својата судбина без какво било деструктивно надворешно мешање“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни ...
Гренланд му припаѓа на неговиот народ и само Данска и Гренланд можат да одлучуваат за прашања што се однесуваат на нивните односи, соопштија денеска лидерите на Германија, Франција, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска во заедничка изјава. „Кралството Данска, вклучувајќи го и Гренланд, е дел од НАТО“, предупредуваат европските лидери со оглед на територијалните претензии на американскиот претседател Доналд Трамп. Затоа, како ...
Унгарскиот режисер Бела Тар, кој го режираше филмот „Сатантанго“ од 1994 – седумчасовен еп за падот на комунизмот во Источна Европа – почина денеска на 70 години, соопшти националната новинска агенција МТИ. Најпознатото дело на Тар е адаптирано од роман на нобеловецот за литература Ласло Краснахоркај, со кого често соработуваше. Дебитирајќи со филмот „Семејно гнездо“ (1979), Тар ја започна својата режисерска кариера со краток период на она ...
Кимберли Гилфојл, новата амбасадорка на САД во Грција и поранешна свршеница на синот на претседателот Трамп, Доналд Трамп Џуниор, лани во ноември слета во Атина со приватниот авион на грчко-американски бизнисмен мултимилионер. Таа е и поранешна сопруга на гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом, а кога му ги предаде своите дипломатски акредитиви на грчкиот претседател, Константин Тасулас, му кажа дека претходно била во Грција на „прекрасен ...
Не се извршени безбедносни инспекции од 2019 година во швајцарскиот бар што се запали на Нова година, при што загинаа 40 лица главно на возраст од 14 до 25 години, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на градот Кран Монтана. Над 119 лица се повредени. „Длабоко ни е жал. Немавме индикации дека проверките не се извршени“, изјави градоначалникот Николас Феро за отсуството на противпожарни проверки помеѓу 2020 и 2025 година, но ...