
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Државниот инспекторат за труд изрече опомена за Универзитетската библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола, за прекршок направен според Законот за заштита од вознемирање на работно место (ЗЗВРМ). Инспекторот ова го констатирал при извршен вонреден инспекциски назор во Библиотеката по пријава од м-р Јелена Петровска, програмската раководителка и библиотекарка-советник со долгогодишно професионално искуство, за наводи за мобинг на работното ...
САД ќе го земат Гренланд на овој или оној начин, кажа Доналд Трамп во своето обраќање во Конгресот ноќеска, при што го нагласи правото на островот на самоопределување. Обраќајќи им се на жителите на Гренланд, Трамп изјави: „Ние силно го поддржуваме вашето право да ја определите вашата иднина. Ако изберете така, ќе бидете добредојдени во Соединетите Американски Држави“. Тој потоа додаде дека Гренланд им е потребен на САД заради националната и ...
Доналд Трамп се спореди со Џорџ Вашингтон и се пофали дека за 43 дена направил повеќе од повеќето влади за четири или осум години во својот прв говор во Конгресот откако се врати во Белата куќа, што беше попречуван од некои демократски пратеници, а некои и ја напуштија салата. „Многумина веруваат дека ова е најуспешниот почеток на претседателски мандат во историјата на САД, а само што почнавме. Се забележува промена во националното расположение ...
Два месеца откако во јавноста излезе фотографијата на која позира со убиена мечка, Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на „Македонија пат“. На негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен. На 2 јануари,невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“ објави фотографија на која Дранго позира со убиена мечка. На фотографијата, за која се смета дека е од декември 2024 година, Дранго носи пушка со ...
Володимир Зеленски ги предложи првите етапи од завршувањето на војната во Украина и кажа дека е подготвен да го потпише договорот за минерали со САД и да работи под силно водство на Доналд Трамп. Иако призна дека неговата средба со Трамп не поминала како што треба, Зеленски нагласи дека е посветен кон мир. „Никој од нас не сака бесконечна војна. Украина е спремна да седне на преговарачка маса што е можно побрзо. Никој не сака мир повеќе од ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со авион на турската компанија „Фрибрд ерлајнс“ заминаа во Будимпешта на заедничката владина седница со владата на Виктор Орбан. Оваа турска компанија ги реализира чартер летовите на странските туристи за посета на земјава, кои ги организира германската компанија „РСД“. Овој проект на прес-конференција го најави премиерот Мицкоски во октомври минатата година и кажа дека со него ...
Најдебелиот пациент во Македонија има 288 килограми, кажа денеска д-р Ирфан Агмети од Научното здружение за обезност кое постои две години. „Кога го испрашавме пациентот за анамнезата, тој рече: ‘Јас случајно паднав, се повредив, се загрижив и затоа дојдов во Центарот за дебелина’. Секогаш мора да има мотивација кај пациентот да го посети Центарот за менаџирање на обезност. Таму работи тим, се почнува со пријателско интервјуирање со пациентот за ...
Европа да заземе поинтензивна улога во процес на постигнување на траен и одржлив мир во Украина, преку партнерство и сојузништво со САД, рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, по одржувањето на заедничката владина седница. Мицкоски кажа дека земјава има поддршка од Унгарија за што побрзо откочување на процесот за членство во Европската Унија. На седницата како што рече било ...
Украина вели дека има залихи на оружје за барем шест месеци, откако Белата куќа најави привремена пауза во американската воена помош. „Имаме доволно ресурси што можат да траат половина година и без постојана помош од САД, но, се разбира, ќе биде многу потешко“, изјави украинскиот пратеник Федир Вениславски, кој е член на парламентарниот комитет за одбрана. Доналд Трамп и вчера го искритикува Володимир Зеленски дека би требало да биде ...
Започна, но и веднаш беше одложено повтореното судење за трагичната смрт на тетовката Теодора Ристовска, која загина во сообраќајна несреќа во 2022. Судијата во Основниот суд во Тетово, Елведин Ферати, го одложи судењето поради отсуство на обвинетиот Менсур Пајазити и на неговиот бранител Александар Богдановски. Ова е повторено судење откако Основниот суд Тетово го осуди Пајазити на три и пол години затвор, па Апелацискиот суд во Гостивар му ја ...
Во Македонија, 30,4% од децата на возраст 6-9 години живеат со вишок килограми. Од нив, 13,8% живеат со дебелина, а 4,4% со екстремна дебелина, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), на Светскитот ден на дебелината, 4 Март. Според ИЈЗ, дебелината претставува глобален предизвик кој ги погодува сите слоеви на општеството, без разлика на полот, возраста, социјалниот статус или населеното место. Во Македонија, како и ширум светот, се соочуваме со ...
Четириесет пациенти со дебелина ќе може да се оперираат преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) на Клиниката за дигестивна хирургија, рече денеска директорот на Клиниката, д-р Огнен Костовски. На денешната прес-конференција во чест на Светскиот ден на дебелината, министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека ќе можат да се оперираат пациенти ако се обезни и имаат индикација за операција. Пациентите ќе бидат регрутирани ...
Три пратенички на владејачката Српска напредна партија (СНС) се повредени откако во парламентот во Белград дојде до хаос, при што беа фрлени две шок-бомби. Инцидентот започна еден час по почетокот на редовната седница на парламентот, кога во салата беа активирани две шок-бомби и беа запалени факели, а опозицијата разви транспарент „Србија станува за да падне режимот“. Пратениците се гаѓаа со шишиња вода и јајца, а целата сала се исполни со чад. ...
САД подготвуваат план за можно олеснување санкции за Русија, додека Доналд Трамп се обидува да ги подобри односите со Москва и да ја заврши војната во Украина, изјавија двајца американски функционери. Белата куќа побарала од Стејт департментот и министерството за финансии да состави листа на санкции што би можеле да бидат олеснети, за што американски и руски функционери би разговарале во следните денови. Ова е дел од пошироките разговори со ...
Годинашните Оскари беа уште една одлична година за Канскиот филмски фестивал, со оглед на тоа дека „Анора“, кој освои пет награди меѓу кои најдобар филм, најдобра режија и најдобра актерка, лани победи во Кан и стана четвртиот добитник на Златна палма што освоил и Оскар за најдобар филм. Историјата покажува дека Академијата за филмска уметност и наука ги фаворизираше филмовите што ќе се прикажат на Венецискиот филмски фестивал, што се смета за ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска предложи план од 800 милијарди евра за зајакнување на одбраната на Европската Унија, со цел да се намали влијанието од можното раздвојување од САД и да се подобри воената позиција на Украина пред разговорите со Русија. Фон дер Лајен кажа дека огромниот пакет наречен „REARM Europe“ ќе биде претставен пред лидерите на 27-те членки на ЕУ на средбата во Брисел в четврток. Средбата ...
Охрид ќе добие Дневен центар за пензионери откако Општината реши да купи деловен простор во извршна постапка, а Советот одобри. Од локалната велат дека се одлучиле на ваков чекор оти не можеле да наплатат побарување од должник, па сега Општината ќе се стекне со имот чија купопродажна цена пола ќе ја плати, а пола ќе ја пребие од побарувањето. „Станува збор за должникот ‘Биг стоун’ ДООЕЛ од Струга. Ние имаме основно побарување од нив од 3.872.750 ...
Денеска на сила стапија новите американски царини од 25% за Мексико и Канада, додека целиот увоз од Кина ќе се царини со 20%, со што САД почнаа нова трговска војна со трите свои најголеми трговски партнери. Новите царини, кои би можеле да попречат речиси 2,2 трилиони долари во двонасочната трговија со САД, почнаа да се применуваат неколку часа откако Доналд Трамп кажа дека трите држави не сториле доволно за да го запрат протокот на смртоносната ...
Доналд Трамп ја паузираше целата американска воена помош за Украина по судирот со Володимир Зеленски минатата недела, по кој не беше потпишан договорот за ретки минерали, продлабочувајќи ја кризата помеѓу некогашните сојузници. „Претседателот Трамп беше јасен дека е фокусиран на мир. Сакаме и нашите партнери да бидат посветени кон таа цел. Ја паузираме и разгледуваме нашата помош за да се осигураме дека таа придонесува за решение на војната“, ...
Полицијата објави дека 40-годишен германски државјанин е возачот на автомобилот што денеска се заби во пешаци во југозападниот германски град Манхајм и тој беше уапсен на самото место. Бројот на загинати порасна на двајца, а уште десет луѓе се примени во болница со повреди. „Уапсениот маж е единствениот осомничен за овој инцидент. Нема докази дека уште некој е вмешан“, соопшти полицијата. Уапсениот возач е во болница. Сојузниот министер за ...
Можностите, предизвиците и способностите на жените со попреченост и жените од руралните средини беше темата на националната конференција „Заедно сме посилни“, што денеска се одржа во Велес. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се обрати со говор насловен „Имаме недовршена работа“. „Нема хендикепирани лица, има хендикепирани држави, меѓу кои сè уште е и нашата. Бидејќи луѓето не препознават дека другите на друг начин ги изразуват своите ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 28-годишен жител на Неготино осомничен дека го демнел градоначалникот на Неготино Горан Стојанов. На барање на јавниот обвинител, судот во Неготино определи притвор за осомничениот, соопшти Обвинителството. „Во периодот од 12.09.2024 до 25.02.2025 година осомничениот, преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на ...
Најмалку едно лице загина откако автомобил се заби во пешаци во центарот на германскиот град Манхајм. Овој инцидент следува само две недели по сличен напад во Минхен, кога загинаа двајца луѓе. Видео објавено на социјалните мрежи покажува повредени луѓе како лежат на земја. Еден локален сајт објави дека во инцидентот учествувал црн џип, кој со голема брзина удрил во група луѓе. Полицијата не објави детали, освен што ги советуваше луѓето да го ...
За година или година и пол ќе биде воведен електронски индекс на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, најави ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, пред отворањето на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ која денеска ја организираше Сојузот на синдикати на УКИМ за пет години од неговото основање. Ректорката рече дека УКИМ овој месец почнува со целосна дигитална трансформација. ...
Поврзувачката порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија во Скопје е дивоградба и треба веднаш да се урне бидејќи се наоѓа во зона со прв степен од заштита, велат од Конзерваторскиот центар Скопје. Откако на 26 февруари градоначалникот на Општина Чаир Висар ја помовираше портата од челик и стакло, стручен тим од Конзерваторски центар извршил увид на локацијата и констатирано е дека станува збор за бесправна градба, која никако не може да биде ...
Непосредно пред да му биде поведена дисциплинска постапка дека сомнително повлекол четири обвиненија и пред да биде суспендиран и оддалечен од работното место, обвинителот Јове Цветановски од Вишото јавно обвинителство Скопје, ја блокирал Дисциплинската комисија која му поведе постапка. Ова Цветановски го направил според правилник за поднесување дисциплинска одговорност на обвинители, кој дозволува и конфликт на интереси, да ја блокира ...
По вонредниот самит на европските лидери во Лондон за војната во Украина, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека секој нов договор за поддршка на Киев мора да биде заснован на сила, а секоја нација мора да придонесе на најдобар начин, преземајќи одговорност и зголемувајќи го својот дел. Стармер рече дека лидерите на самитот се согласиле за четири важни чекори: Францускиот претседател Емануел Макрон испрати порака преку социјалните мрежи во ...
Франција и Велика Британија предлагаат делумно едномесечно примирје помеѓу Русија и Украина, што би се однесувало на воздушни и поморски напади и напади врз енергетската инфраструктура, но не и на копнените борби, објавија францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. „Вакво делумно примирје би овозможило да се утврди дали рускиот претседател Владимир Путин е навистина посветен на примирје. И ...
Во име на САД, државниот секретар Марко Рубио ѝ честиташе на Бугарија по повод 3 Март – Денот на ослободувањето, нагласувајќи ја силната соработка меѓу двете земји. Во соопштението на Стејт Департментот се вели дека пријателството и соработката меѓу владите продолжуваат да растат по 122 години дипломатски односи. Рубио ја истакна важноста на изградбата на нови нуклеарни реактори со американски дизајн во Бугарија, кои ќе ја зголемат стабилноста и ...
Почина актерот Самоил Стојановски, еден од носечките глумци на репертоарот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, соопшти институцијата. Имаше 54 години. Роден на 3 ноември 1970 во Скопје, тој беше дел од македонската актерска сцена повеќе децении. „Од 2003, па до неговиот последен аплауз во декември годинава, беше вработен во Велешкиот театар“, велат оттаму. Играше во претставите „Будење“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во ...