Доналд Трамп денеска ќе се сретне со Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос, додека американските претставници Стив Виктоф и Џеред Кушнер ќе бидат кај Владимир Путин во Москва за да разговараат за можен мировен план за Украина. Трамп вели дека завршувањето на војната е „разумно блиску“, повикувајќи ги двете страни да склучат договор. „Мора да ја запреме оваа војна. Верувам дека сега се во фаза кога можат да се здружат и да ...

Доналд Трамп објави дека САД разгледуваат можен договор за Гренланд откако вчера разговараше со шефот на НАТО, Марк Руте, на Светскиот економски форум во Давос и потоа се откажа од заканите за воведување нови царини за осум европски сојузници. Тој понуди малку детали за разговорите, што двајцата ги опишаа како продуктивни, но дипломатски извори изјавија за Си-Би-Ес дека со договорот не се исполнува барањето на Трамп за американска контрола ...

Доналд Трамп објави дека нема да воведе нови царини за осум европски сојузници, што требаше да стапи во сила на 1 февруари. Оваа мерка се однесуваше на Велика Британија, Франција, Германија, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска, кои отворено се спротивставија на неговите амбиции за преземање на Гренланд. „По многу продуктивен состанок со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, тие ја формираа рамката за иден договор во однос на ...

Европските крајнодесничарски и популистички партии се дистанцираат од Доналд Трамп поради воениот упад во Венецуела и неговиот обид за преземање на Гренланд. Администрацијата на Трамп им даде јавна поддршка на крајнодесничарските европски партии, со кои дели сличен став за прашања како имиграција и климатски промени, помагајќи во легитимирањето на движењата кои долго време се соочуваа со стигма дома, а сега се во подем. Во новата Стратегија ...

Европскиот парламент донесе одлука да се замрзне спроведувањето на трговскиот договор помеѓу Европска Унија и САД поради барањето на Доналд Трамп за преземање на Гренланд и неговите закани со нови царини. Договорот беше постигнат во Шкотска минатиот јули. „Немаше алтернатива освен да се суспендира одобрувањето на трговскиот договор помеѓу ЕУ и САД поради континуираните и ескалирачки закани на САД во врска со Гренланд. Со загрозувањето на ...

Доналд Трамп побара веднаш да почнат преговори за американско преземање на Гренланд, обраќајќи им се на присутните на Светскиот економски форум во Давос. Тој пристигна во Швајцарија со неколкучасовно доцнење откако на неговиот авион се појавил мал електричен проблем, поради што морал да се врати назад. „Имам огромна почит кон народите на Гренланд и Данска. Гренланд е огромна, речиси ненаселена и неразвиена земја која седи незаштитена. Таму ...

По неколкудневни конфликти, кога малку недостасуваше да дојде и до посериозен инцидент, Националниот парк (НП) „Шар Планина“ и економските оператори кои со ратраци носат скијачи во повисоките предели на Шар Планина, склучија договор со кој се регулира нивната работа на просторот на паркот. „Економскиот оператор по спроведен конструктивен дијалог и институционална координација, изрази целосна подготвеност за почитување на Планот за управување ...

Филмот „17“ не се занимава со барање одговори, не се занимава со обвинување, со морализирање, догматизирање, туку се занимава со тој одговор, односно тие луѓе, институции и тишини кои дозволиле такво нешто да се случи, девојка којашто отишла на апсолвентска екскурзија, се породила, го ставила бебето во корпа за отпадоци и се вратила назад на патувањето како ништо да не се случило, рече режисерката Косара Митиќ на денешната прес-конференција. ...

Изминатиов период поскапеа билетите за културните настани од програмите во неколку државни институции, како Драмскиот театар во Скопје, Филхармонијата и Националната опера и балет (НОБ). Овие институции се целосно финансирани од државниот буџет, од кој се исплаќаат програмите, вработувањата и материјално-техничкото одржување на објектите. Поскапувањето предизвика реакции дека овие државни институции со вакви цени им оневозможуваат на сите ...

Вработен во Основниот суд во Гостивар бил уапсен под сомнение дека побарал 100 евра поткуп. Тој за тие пари требал да поништи судска казна од 200 евра и шестмесечна забрана за управување возило која ја добило лице од Гостивар. Судскиот службеник е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело Примање поткуп. „На 20.01.2026 во 20.10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А. Ј. (49) од ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кажаа дека нема да се сретнат со Доналд Трамп за време на Светскиот економски форум во Давос, а оттаму си заминал и францускиот претседател Емануел Макрон. Трамп со тричасовно доцнење пристигна во Швајцарија откако по првичното полетување се појавил електричен проблем на неговиот авион „Ер форс уан“, па мораше да се врати назад и повторно да ...

Дивиот растителен свет во Преспа е контаминиран со 19 различни пестициди, најмногу има во околината на Претор и Ресен, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД). Од сите анализирани пестициди, со најголема концентрација се издвојуваат aцетамиприд, mириметанил и pираклостробин, во чии упатства пишува дека се користат и за третман на овошни насади. Податоците се од истражувањето во рамки на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо ...

Еден милиони евра е тендерот кој Град Скопје го склучи со приватна фирма за чистење на снегот од улиците низ градот. Договорот за ангажирање на специјални возила за зимско одржување на сообраќајници е склучен на 29 октомври лани со фирмата „Нексос инженеринг“ од Скопје. На тендерот имало две понуди, а договорот е склучен за период од 24 месеци. Граѓани се жалат дека утрово улиците во Скопје не биле исчистени навремено, односно не се ...

Жителите на Киев собираат снег за вода дома, спијат со ракавици, капути и капи, се греат на гасни шпорети и поставуваат шатори внатре за да ја преживеат најстудената и најтемна зима во речиси четиригодишната војна. „Кога нема електрична енергија, нема ни греење, тоа значи дека станот замрзнува“, рече Антон Рибиков, татко на две мали деца. Тој рече дека еден од неговите синови неодамна добил пневмонија откако температурите во станот паднале на ...

Здружението на судии инсистира на спроведување темелна, прецизна и транспарентна истрага за случајот со притворениот судија од Апелациониот суд во Скопје. Тие велат дека надлежните органи мора да ги утврдат сите релевантни факти и околности, вклучително и можноста во случајот да биле инволвирани и други лица. Од Здружението велат дека истражувањето на овој случај не смее да биде селективно и мора да се спроведе со целосна почит кон законските ...

Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување координатори во двата клучни енергетски капацитети во државата. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК „Битола“ и Владимир Пејоски во РЕК „Осломеј“. Од ЕСМ соопштија дека ваквите мерки се преземени „во насока на динамизирање на инвестициските планови и интензивирање на активностите за обезбедување стабилно производство ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека прифатил да се приклучи на Одборот за мир во Газа, предводен од Доналд Трамп, откако неговиот кабинет го критикуваше составот на телото кое треба да ја надгледува работата на палестинската технократска влада. Одборот во почетокот беше замислен како мала група светски лидери, но владата на Трамп го прошири неговиот концепт и покани повеќе од 60 држави. Трамп навести дека овој Одбор дури би ...

Откако Судскиот совет денеска експресно му го одзеде имунитетот на судијата од Апелациониот суд Скопје Ѓоко Ристов, судија на претходна постапка од Кривичниот суд му одреди куќен притвор. За Ристов, кому во неделата дома му најдоа соѕидани во дупка од ѕид 350.000 евра, непријавени и со неоправдано потекло, обвинителката не ни барала ефективен, туку куќен притвор. Тој сам се пријавил пред судијата за претходна постапка, не пошла полиција по ...

Едно лице загина, а 37 се повредени во втората железничка несреќа во Шпанија во последните неколку дена. До несреќата дошло кога патнички воз удрил во потпорен ѕид кој паднал на пругата близу Барселона, по што излетал од шините. Противпожарните служби на Каталонија кажаа дека сите патници се извлечени од возот, а во несреќата загинал машиновозачот. Петмина од повредените се во сериозна состојба. Несреќата се случи во услови на силно невреме ...

Доналд Трамп ќе доцни со доаѓањето на Светскиот економски форум во Давос откако неговиот авион морал да се врати назад еден час по полетувањето. Од Белата куќа кажаа дека се појавил „мал електричен квар“ на претседателскиот авион, поради што тој се вратил во својата база во Мериленд, а Трамп по еден час полетал со друг авион за Швајцарија. „По полетувањето, екипажот идентификувал мал електричен проблем и од голема претпазливост било одлучено ...

Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому обвинителка од ОЈО за организиран криминал во семејната куќа на неговите родители во Неготино, во ѕид му најде соѕидани 350.000 евра, непоткрепени, денеска е сослушан од неа. Таа му ги предочила прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за ...

Шестгодишно девојче е единствениот член на нејзиното семејство кој ја преживеа железничката несреќа во Шпанија во неделата вечер, во која загинаа најмалку 42 луѓе. Таа била пронајдена како оди сама по пругата откако нејзините родители, брат и братучед загинаа во судирот на два воза во јужна Шпанија. Таа била на семејно патување за да го гледа мјузиклот „Кралот лав“ во Мадрид. Девојчето, чие име не е официјално објавено, претрпело само мала ...

Данска е подготвена да разговара со САД за прашања поврзани со безбедноста и економијата на Гренланд, но не и за суверенитетот, изјави данската премиерка Мете Фредериксен во услови на зголемени тензии со Доналд Трамп. „Можеме да преговараме за сè. Но, не можеме да преговараме за нашите фундаментални вредности – суверенитетот, идентитетот на нашите земји и нашите граници, нашата демократија“, изјави Фредериксен во данскиот парламент. Нејзините ...

Темата за корекцијата на цените на услугите што ги пружаат јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Паркинзи“ од Битола денеска повторно беше отворена на работната средба меѓу директорите и градоначалникот Тони Коњановски. Од Општината соопштија дека на средбата со директорот на „Нискоградба“ Зоран Талевски, меѓу другото, се разговараше и за „корекција на цената на услугите кои ги дава ова јавно претпријатие, а која е во надлежност на ...

Памела Андерсон, Ченинг Тејтум, Ејми Адамс, Жилиет Бинош, Ел Фанин и Сандра Хилер се ѕвездите кои играат во филмовите во главната конкуреција за престижната Златна мечка на годинашниот Берлински фестивал. Директорката на фестивалот, Триша Татл, денеска ги претстави кандидатите за главната награда на Берлиналето, еден од најзначајните филмски фестивали во светот заедно со Кан и Венеција. 76. издание на фестивалот ќе се одржи од 12 до 22 ...

Српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ изјави дека рускиот мнозински сопственик на Српската нафтена индустрија (НИС) се согласил да ги продаде акциите на унгарската енергетска групација „МОЛ“ откако се најде под американски санкции. Договорот треба да биде одобрен од американската влада, додека единствената српска нафтена рафинерија се обидува да избегне уште едно затворање. „‘МОЛ‘ и ‘Газпром Нефт‘ се согласија за основните ...

Основниот суд во Штип го осуди 38-годишниот штипјанец С. М. на 7 и пол години затвор за кривичното дело Убиство во обид, по член 123 став 1 од Кривичниот законик. Пресудата е неправосилна, а осудениот се обидел да ги убие мајката и братот на неговата сопруга. Според пресудата, на 3 август 2025 во населбата Баби во Штип домаќините за зетот С. М. приредиле гозба зашто со сопругата се вратиле од Германија, но настанала расправија по која тојја ...

Советот на јавни обвинители на денешната седница го избра Анел Фидоски за нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Фидоски ја доби поддршката со седум гласа „за“ од членовите на Советот. Неговото обвинителско портфолио ги вклучува предметот за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, како и случајот „Тенковски делови“. Овој процес, воден против поранешниот премиер Владо Бучковски, заврши ...

На 22 јануари во 19 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Сули ан ќе има изложба на фотографии и проекција на документарен филм кои беа реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, во соработка со Гете Институтот во Скопје и поддршка на Универзалната сала. Како дел од проектот беа реализирани пет работилници по видео, фотографија, историја, книжевност и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на САД да ги држат рацете подалеку од Гренланд, а ако Доналд Трамп ги реализира заканите со царини за осум европски земји за да ја принуди продажбата на Гренланд, Европската Унија ќе возврати со непоколеблив, обединет и пропорционален одговор. Таа, сепак, кажа дека му подава рака на американскиот претседател за продлабочување на соработката во арктичкиот регион. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.69
53%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
2.68
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.89
71%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.12
48%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.36
64%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.48
89%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
48%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.33
47%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
46%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.58
59%
1017
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
51%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
4.29
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Бакар

12.33

Калај

50.56

Паладиум

38195.09