Сириските безбедносни сили наводно убиле стотици припадници на верското малцинство алавити во насилствата кои траат на брегот на земјата, објави Сириската опсерваторија за човекови права (СОЧП). Таа вели дека се убиени повеќе од 700 цивили во 30-ина масакри, чија цел биле алавити, а стотици луѓе избегале од своите домови. Сирискиот лидер Ахмед ал-Шара повика на мир денеска. „Мора да ги зачуваме националното единство и домашниот мир. Можеме да ...

Северна Кореја првпат ја покажа својата подморница на нуклеарен погон, која е во изградба, оружје кое би можело да претставува значајна безбедносна закана за Јужна Кореја и САД. Државните медиуми објавија фотографии од она што беше опишано како „подморница на нуклеарен погон со стратегиски наведувани проектили“. Други детали за неа не се објавени. „Се чини дека ова поморско пловило е од класа 6.000 тони или 7.000 тони, кое може да носи десет ...

Во владата на Доналд Трамп се појавиле први незадоволства од работата на Илон Маск, кој го води Одделот за владина ефикасност. Државниот секретар Марко Рубио влегол во конфликт со Маск, кој почнал откако неговиот тим ја растурил Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која сега е под контрола на Рубио. „Њујорк тајмс“ објави дека тие директно се судриле на вонреден состанок на кабинетот одржан во четвртокот, на кој присуствувале ...

Ако не знаете, прашајте, ако сакате да дознаете, разговарајте со нас, oва е пораката на лицата со попреченост за рушење на табуата испратена од Националната конференција на жените со попреченост и жените од рурални средини одржана во Велес. На неа се слушнаа многу животни приказни посветени на жената и нејзините права во пресрет ан 8 Март. Ликовната уметница Роза Мојсовска е лице со попреченост. За неа 8 Март е од посебно значење. „На овој ден ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека ако јавноста е против со паркингот на Клинички центар да стопанисува фирмата од Албанија „Ѓока“, тогаш Владата нема да го потпише договорот. Премиерот кажа дека одредени медиуми шират невистини и конструкции и обвинувале неосновано. „Прво, направена е физибилити студија и таа така кажала и ние не можеме да одиме спротивно на тоа. Второ, беше распишан јавен оглас, на кој се јави само една компанија. ...

Што ќе ни се ружи кога немаме за леб, рекоа на денешниот марш по повод 8 Март. Организатор на маршот е Платформата за родова еднаквост, а се одржа под мотото „Нека јадат ружи“. Присутните маршираа од пред Универзална сала, по булеварот Партизански одреди, покрај Владата и преку мостот „Гоце Делчев“ до паркот Жена борец. „8-ми Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? ...

Каранфили се поставени во витрините на изложбата „Убавите жени на мојот народ“, која од вчера е изложена во Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје како симбол, како што вели Марина Мијаковска, една од авторките, дека жената не само што е нежна како суштество, туку е важна во општеството, ги создава и менува општествените случувања. Низ холот на Библиотеката изложени се манускрипти од првите македонски ...

Најмалку 14 луѓе загинаа, а 37 се повредени во денешниот руски воздушен напад врз источноукраинскиот град Добропилја и врз населено место во регионот Харкив. Добропилја, која се наоѓа близу Покровск, била нападната со балистички проектили, ракети и дронови, при што е оштетена осумкатна станбена зграда. Во градот во регионот Доњецк загинале 11 луѓе, од кои пет деца, а 30 се ранети. Министерството за внатрешни работи објави и за три смртни случаи ...

Жени од околните земји се најбројни за празникот 8 Март во Охрид. Низ центарот најмногу се слуша српски јазик, но има и туристки од Бугарија и Грција. „Уплативме тура од Белград за 140 евра со две ноќевања, појадок, вечера и вклучена свечена вечера со музика во ресторан. Сместени сме во хотел со три ѕвезди и задоволни сме од собите”, вели една туристка од Србија. Вечерва во повеќето ресторани во Охрид се организира прослава на 8 Март (Фото: ...

Суада Ибраимовска (23) е првата боксерка во историјата на кумановскиот бокс, а во моментот е единствена и во Македонија. Ибраимовска е членка на боксерскиот клуб „Куманово 84“ и ќе учествува на Светското првенство во бокс за жени, кое денеска започнува во Ниш. Таа ќе биде единствената претставничка на Македонија, која заедно со учеснички од 66 земји ќе се бори за што повисок пласман. Ибраимовска ќе се натпреварува во категоријата пеперутка, до ...

Повотрно е вандализирана црквата „Пресвета Богородица“ во липковското село Матејче, прогласена за културно наследство во опасност. Непознати лица овојпат го прекопале подот на црквата, а извадиле и дел од оловниот лим кој остана на покривот на централната купола на манастирската црква. За уништувањето на вредното културно и црковно наследство соопшти Кумановско-Осоговската епархија преку социјалните мрежи, откако член на црковниот одбор во ...

Во САД е стрелан маж од Јужна Каролина обвинет дека до смрт ги претепал родителите на својата бивша девојка, што е прво извршување на смртна казна на овој начин во земјата во последните 15 години. Бред Сигмон бил стрелан ноќеска од тројца анонимни доброволци од државниот затворски систем, кои пукале во неговите гради со специјално направени куршуми. Сигмон (67) бил осуден за бруталното убиство на Дејвид и Гледис Ларки во 2001, кои ги претепал со ...

Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата на медицинските власти на Ново Мексико. Хекман (95) починал во својот дом во Санта Фе од срцево заболување потпомогнато од Алцхајмеровата болест во напредна фаза, додека Аракава (65) починала од хентавирусен белодробен синдром, респираторно заболување предизвикано од изложеност на заразени глодари. И нејзината смрт ...

Тројца Бугари кои живееле во Велика Британија се прогласени за виновни бидејќи биле дел од руски шпионски синџир во режија на бившиот менаџер на германската фирма за финансиски услуги „Вајаркард“, Јан Марсалек, соопшти лондонската полиција. Катрин Иванова, Вања Габерова и Тихомир Иванчев се осудени за шпионажа по тримесечното судење пред Централниот кривичен суд бидејќи биле пониски членови на шестчлената група, се вели во соопштението на ...

Во Основниот суд во Куманово денеска започна главната расправа на судењето на градежната инспекторка Лидија Трајковска (60), која е обвинета за примање поткуп откако во ноември минатата година беше фатена додека зема мито од 4.000 евра од кумановски градител. Пред почетокот на расправата адвокатот на Трајковска двапати се обиде да го одложи судењето, еднаш со барање за изземање на претседателот на Советот Саша Ѓорѓевик и судијата Мирсад Сурои, а ...

1 „Ако барате начин да ја напаѓате Владата за нешто што не се се случило, тогаш може и да измислуваме работи“, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање како за стопанисување на паркингот во Клиничкиот центар е избрана фирма од Албанија? Кој измислува? Неговиот министер за здравство Арбен Таравари, кој кажа дека на тендерот е избрана фирмата „Ѓоку“ од Албанија што единствена се пријавила на тендерот. Кој ја напаѓа Владата? ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека не јаде банани, одговарајќи на новинарско прашање за владината набавка на 600 килограми банани. Дополнително, Мицкоски рече дека периодов пости, како и голем дел од неговите колеги од Владата, бидејќи е месец на рамазански и велигденски пости. „Прочитав и јас во некои медиуми дека се набавени 600 килограми банани. Јас банани не јадам, конкретно. Но, ќе го проверам сето тоа дали е така. Но, ако е ...

Трамп рече дека „многу размислува“ за санкции и царини за Русија со надеж дека ќе изнуди решение за војната во Украина. Тој во објавата на неговата социјална мрежеа „Трут соушал“ рече дека санциите и царините би можеле да останат „додека не се постигне прекин на огнот и ФИНАЛЕН ДОГОВОР ЗА МИР“. „До Русија и Украина, дојдете на маса веднаш, пред да биде предоцна“, додаде Трамп. Објавата следи додека Трамп се соочува со критики за зголемен ...

Две лица загинаа во собраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање. Тешката сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14 часот, СВР Штип заедно со истражна екипа од Основното јавно обвинителество извршија увид на самото место. Според полицијата, се судриле „пежо“ и „фолксваген“ при што едно од возилото се запалило, а двајцата возачи починале на самото место. Интервенирале и противпожарните единици. Истражните ...

Прес-конференцијата за јубилејните активностите по повод 80-годишнината на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола и проектите финансирани од државата, прерасна во обвинувања за известувањето на САКАМДАКАЖАМ.МК за случувањата во институцијата. Светлана Талеска, претседателка на Дисциплинската комисија на Библиотеката, која на прес-конференцијата беше заедно со менаџерскиот тим, јавно ја критикуваше нашата дописничка од ...

Откривањето на огромна неексплодирана бомба од Втората светска војна денеска предизвика транспортен хаос во Париз, кој вклучува прекин на брзите железнички врски со Лондон и Брисел и затворање на виталната патна артерија во францускиот главен град, запирање на најфреквентната железничка станица во Франција, отежнување на плановите за патување на патниците за викенд. Хаосот се прошири од железничката до патната мрежа, при што париската полиција ...

Жител на тетовска Шипковица управувајќи со моторно возило удрил во количка во која седело 15-месечно дете кое со своите родители минувале на пешачки премин. Од СВР Тетово соопштуваат дека иако возачот избегал од местото на настанот, набрзо бил пронајден, а против него ќе бидат преземени соодветни мерки. „На ден 06.03.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ЈНА се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило ...

Во длабока тага се собравме за да му оддадеме почит на колегата Самоил Стојановски. Неговото прерано заминување остави празнина во театарот, но и во нашите срца, рече Жарко Спасовски, директор на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, на комеморацијата посветена на актерот кој почина на 3 март на 54 години. „Кога плачеме за смртта на актерот кој починал, плачеме за сите денови, претстави и моменти кои заеднички сме ги минале во ...

Не може да го менуваме нашето стратешко партнерство со САД со секоја промена на тамошната администрацијата, велат од Министерството за надворешни работи за коспонзорството на американската резолуција за Украина во Обединетите нации, во која не се спомнуваше дека Русија извршила агресија и не се бараше повлекување од земјата. Иако коспонзорството на резолуцијата е спротивно од резолуцијата и ставот на Европската унија, од МНР велат дека и ...

Паркирањето на Клиничкиот центар „Мајка Тереза “ во Скопје ќе поскапи од 30 на 50 денари за 1 час, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Призма вчера објави дека компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје. Таравари за БИРН потврдил дека оваа албанска фирма со јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот во наредните 20 години. На огласот, кој беше распишан на 15 ...

Милијардерот Илон Маск, како шеф на Оддел за владина ефикасност (ДОГЕ), отпушта илјадници владини службеници во САД. Сега претседателот Доналд Трамп, реагирајќи на зголемените критики за курсот на Маск, го повикува да дејствува претпазливо. „Велиме скалпел наместо секира“, напиша Трамп на својата платформа „Tрут соушал“. Тој го пофали Одделот на Маск како „неверојатен успех“. Кратењата се неопходни, но прецизноста е важна за да се задржат ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и понатаму одбива да се извини за навредите кои од собраниската говорница на 27 февруари ги упати кон пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Димитриеска-Кочоска на пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, која го искористи законското право да постави пратеничко прашање на седницата во Собранието, наместо да ѝ одговори ѝ рече дека таа нема право во прашањата да спомнува мајки и семејства, ...

Наредните денови Албанија ќе го блокира ТикТок поради загриженоста за безбедноста на децата, изјавија за „Политико“ од кабинетот на премиерот Еди Рама. На крајот на декември, Рама ја најави едногодишната забрана, откако во ноември, 14-годишно момче беше убиено од друг ученик по расправија што ја имале на социјалните мрежи. На ТикТок притоа се појавија видеа во кои малолетници го бранат убиството. „Ние кажуваме што правиме и го правиме она што го ...

После 400 години, Државната поштенската служба на Данска, „ПостНорд“, ќе престане да испорачува писма на крајот на 2025, поради падот на обемот на писмата за 90 отсто од почетокот на векот. Од 4.600 вработени, 1.500 работници се соочуваат со губење на работното место. Од почетокот на јуни, ќе бидат тргнати 1.500 поштенски сандачиња во Данска. Министерот за транспорт Томас Даниелсен изјави дека писмата сепак ќе се испраќаат и примаат бидејќи „има ...

Општина Штип денеска до Министерствата за култура и за локалната самоуправа достави проект за реставрација на Тврдината Исар со кој аплицира за средства по вториот повик на Владата за капитални инвестиции со пари од кредитот од Унгарија. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов кажа дека проектот е на Националната установа (НУ) Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип и предвидува комплетна реставрација и реконструкција на сите ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
35%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
36%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
42%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 20ᴼ
4.12
38%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.9
30%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
71%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.47
48%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
61%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
26%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
4.12
40%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
6.69
100%
1014
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762